1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Гораст и новата емисија (GG TV)

Дискусија во форумот 'GGTVMK' започната од B^nDIT, 26 Август 2013.

  1. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,832
    3,948
    5 Јули 2013
    Одлични сте дечки! Фала што се одлучивте да го правите ова, идејата е одлична, опуштена атмосфера, интересни информации.
    Ако некој од вас прати турнири Dota 2/SC 2, би можел да коментира кога се играат да пренесувате/стримате добри партии, би било интересно. Или да поканите некој дота гејмер, заразен со неа комплет што прати се и да коментира тој :D
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Колку го шиткате Диабло колекторс-от? Пошто нигде не можам да најдам. :D
     
  3. architect

    architect
    Unstoppable

    1,938
    2,317
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Одлични сте момци, идејата е одлична и топ функционирате како тим. Mуабетиве ви се лајт, баш онака опуштено и како за прва емисија перфектно. :D
    Ајде сега чекаме подлабока анализа за Borderlands да направите пошто играва излегува нареднава недела :D
     
  4. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Топ!!! Само стајте буби, лошо се слушате. И како не ми текнало дека NBA 2k15 е уствари за кладилница :)))
     
  5. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    323
    621
    16 Февруари 2012
    Машко
    Добар почеток за поздравување и почит.

    Има многу простор за подобрување, еве ги моите сугестии:

    - Водители: треба да бидат на исто ниво, Гораст е забавен за гледање и слушање, останатите двајца не се на задоволителното ниво. Секоја емисија/шоу го прават водителите. Бобан и Данко едноставно немаат харизма да водат емисија (нити ги познавам луѓето нити пак сакам да навредам некого, тоа е мојот прв впечаток). Разбирам дека се тука за техничка поддршка и за да бидат "упатените" но тоа треба да се прави со малку повеќе живост и да се додаде забава и хумор.

    - Најава и теми поставени од претходно (барем начелно). Атмосферата ја водите да биде опуштена, но никој нема ни да примети ако имате скриени потсетници за концептот на емисијата. Темите на разговор од претходно, макар и еден ден, може да ги најавите па дури и да добиете сугестии/совети од гледачите претходно. Недозволиво е тој што треба да збори за некоја техничка област да го заборави името, да се збуни и да незнае соодветно да објасни (пример AMD Mantle API).

    - После објавувањето направете пресек и опис на емисијата во сегменти по секунди (пример NBA2K15 15:30, Windows 10 47:25 итн, линк како тоа изгледа од долгогодишни подкастер-и http://diablo.incgamers.com/blog/comments/diablo-3-podcast-148-seasoned-first-weekend). На овој начин тие што подоцна сакаат да гледаат ќе ги видат темите за кои што е разговарано и ќе можат да прескокнат до тој дел или до таа игра ако тоа ги интересира.

    - Прва емисија е, премногу траеше, максимум 90 минути.

    - Гости, и тоа секоја емисија барем по 1 - експерт за одредена игра и на тоа да се посвети барем пола емисија или 30 минути. Да се навлезе во сржта и да се слушнат работи кои нормален (casual) играч нема шанси да ги знае. Кланови/мафија/мали финти и многу други интересни работи за слушање може да се дознаат само од луѓе што играат некоја игра 5+ саати дневно.

    Само напред, очекувам долгогодишно емитување.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    На prichina, gamon, Necromancer и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Се реализира како што се најавуваше, тоа е добро :).

    1. Една камера само, напорно изгледа за подолго гледање. Треба минимум 2 камери. Знам дека е пилот проект и дека техничката поддршка е скапа, посебно за пренос во живо, сепак има аматери видеографи кои за добра друженка најверојатно би се понудиле да помогнат.

    2. Аудиото беше ужасно. Во најмала рака бум-сталак над гостите со монтиран микрофон на него но и тоа не е баш најидеално, секој зборува со различен тоналитет и динамика, потребни се lavalier (буби) на секој гостин со индивидуално контрола. Ова, најлесно се решава со уреди од типот: ZOOM H4N, Zoom H6, Tascam DR100 итн. Прашајте во Artist (http://www.artist-macedonia.com/mex/pocetna_strana.php) за поддршка на ова поле.

    3. Позадината е напорна, премногу елементи и бои. Јес да е најверојатно кај некој дома снимано но размислете да ја растеретите. Ја би бел бакдроп со 2 рефлектори на него и еден LCD екран со инфо. (пример:
    View: https://www.youtube.com/watch?v=G7H3Ysc__Yw&list=UUDkJEEIifDzR_2K2p9tnwYQ
    )

    4. Се сложувам со @ivsss, гостите немаа харизма, иако беа најверојатно доста упатени сферата на интерес. Не е секој за пред камера. Исто така малку студиски бон-тон не би било на одмет, поглед во камера и сл, многу важно за интеракција со публиката. Но за ова пак треба и повеќе камери.

    Со среќа почетокот во секој случај, темава ќе биде богата со сугестии и се надевам некои ќе бидат прифатени. Материјал за ваква емисија има на тони и се надевам ќе прерасне во една голема и долготрајна друженка.
     
    На prichina, tomaso, Necromancer и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Погоре фатив некоја забелешка дека емисијата била „стриктно гејмерска“, и сега гледам забелешки за „харизмата“ на водителите...

    Во врска со првата забелешка, twitch.tv е СТРИКТНО ГЕЈМЕРСКА платформа. Според мене, се што би било НАДВОР од гејмерска содржина би било offtopic. Сосема на место беше дискусијата за Windows 10, но повеќе во контекст на нова верзија DirectX 12 и што значи тоа за ИГРИТЕ.

    Втората забелешка: тие што ја посочивте, веројатно не сте дремеле многу на twitch - избегнувам да генерализирам, но на twitch стримаат гејмери, а зборот „гејмер“ не е баш синонимен со „харизматичен бог со сребрен јазик“. Факт е дека популарноста на голем дел од каналите на twitch се должи на забавноста и харизматичноста на водителот/ите, но според мене, не е неопходна, се додека содржините се доволно квалитетни и/или информативни.

    Исто така, не заборавајте дека подкастов тераше во живо, без ригидна скрипта, и, добога, првпат им беше - ќе бидат бар неколку месеци за да се навикнат на ваков медиум.
     
    На 7n00dle7 и architect им се допаѓа ова.
  8. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,247
    24 Март 2009
    Машко
    Браво дечки, одлично. Ми се допаѓа што опфативте и софтвер, хардвер, само така.
     
  9. architect

    architect
    Unstoppable

    1,938
    2,317
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Критики на место но малце полабаво, прв пат им е треба да им се прости. Во поглед на она како се развива шоуто според критиките очекувате вие некоја емисија каде се ќе биде перфектно и каде би се прочитале информации на тој начин пренесуваајќи се на публиката без грам емоција. Гејмер е она што они ние вие го живееме т.е. моментот кога ќе сретнеш друг гејмер за соодветен наслов пр. дота и отвараш дискусија лабаво со размена на информации за скил ајтем или па нешто што си видел кај друг па го споделуваш како некое големо откритие. Така јас го гледам ова шоу, а дефинитивно што фали е по некој експерт за одреден наслов каде би стапил во контакт со публиката како горе наведеното или во превод " тој и тој лик со таа и таа комбинација на ајтеми е каунтер на тој и тој лик на тој и тој дел од мапата тука треба да ставиш вард за да ги разбиеш и слично". Не очекувајте класична емисија а она што вчера го направија момците беше одлично со простор за напредок и создавање едно катче каде ние гејмерите би уживале.
    И да, следниот стрим очекувам Бордерлендс детално објаснување и креирање на стим група каде би имале преглед кој што игра на тој начи наоѓаајќи и другарчиња за мулти плеер на соодветен наслов п.р. borderlands pre sequel и слично :D зашто кога се повеќе е позабавно а и полесно се поминуваат одредени делови од играта.
     
    Последна промена: 8 oктомври 2014
    На goaty и kirev им се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    10,020
    9,653
    24 Јуни 2009
    Машко
    Секоја чест, респект и за пофалба, верувам дека критиките се добронамерни, но како и да е за првенче е повеќе од одлично !
     
  11. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    931
    1,426
    6 ноември 2007
    Тоа "гостите" што ги викате се уствари двајца што се стварно разбираат у сверата за која зборат.
    Гораст им е воѓа и филер. Ако сакате комеди шоу од тројца Горасти идете гледајте скечеви од К-15.
    Дечките гледам дека се добро упатени и ја следат гејминг сцената.
     
    На goaty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    864
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Следниот пат пуштете го дечкото од лево да се доискаже а не ностоп да му се уфрлате во моабетот :p :D
     
    На Necromancer и 7n00dle7 им се допаѓа ова.
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,198
    7,119
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Честитки и од мене, мада уште не сум нашол време да ја изгледам. Да ви биде среќна и долговечна.
     
  14. 7n00dle7

    7n00dle7
    Gaining Experience

    559
    348
    26 Февруари 2012
    Машко
    Да да, дефинитивно не го третирајте како лепрозен дечкото од лево иако суште не може женска да си фати!!! (не го познавам дечкото, тоа за женската беа зборови на ГораЗД)
     
  15. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Се мислам еден ден Гораст ако зајде постал стил ќе извади тефтер со имиња/прекари и сл. со наслов ГораЗД :).

    Кој го тоа Гораздеше Горастот :)

    П.с. Дечкото што играл Хало многу...дај, тоа игра ли е :). Капа доле за Quarantine, тоа беа времиња.
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,469
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Не се многу 2 саати и 15~16 минути ?
     
  17. Zarko

    Zarko
    Intern

    38
    6
    22 Јуни 2010
    Чатот беше хаотичен, ама се згазив од смеа, ваљда прв пат шо гледам на македонски вакви заебанции ... :)

    Невр д лес, фино беше, дискусиите беа ок, за оние кои велат дека треба шоумени да ја водат емисијава, не би се сложил, ок е вака, имаш јинг јанг комбо, Гораст прави заебанции, овие двајцава нешо потехнички објаснуваат сериозно, таман е.

    Конкретно за игриве што имаше дискусија ме нервираше кога се разговара за мејнстрим бљувотини како ЛоЛ, или досадни спортски игри како 2к15, али тоа е, за вкусовите не се разговара :)

    Терајте така, ви пожелувам огромен успех
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tegla

    Tegla
    Gaining Experience

    196
    357
    19 Јуни 2014
    Машко
    Супер беше!

    Мене па обратно од сугестиите погоре, ми се допаѓаат рандом муабети и поопуштена атмосфера наспроти скриптирана емисија. Спонтаноста ми е побитна.
     
    Hristijan_95, RagingDemon и на goaty им се допаѓа ова.
  19. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Дечки честито за емисијата. Лично ме бендиса, дечките се разбираат во гејмингот и мислам дека интересно се надополнуваат. Кнап со време, ама ќе пишам дополнителни мислења со идеи и предлози.

    Секоја чест, и ви посакувам многугодишен успех!
     
  20. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Честитки од мене прво за проектот што го започнавте за поздрав е ова шо го правите во Македонија podcast strimovate :)
    Twitch ви е одличен медиум за гејминг емисија.Некој погоре ви спомна на steam да се рекламирате по групите ова обавезно да го направите ќе добиете публика плус.
    Е сега емисијата како прво ме бендиса концептот опуштено лабаво нека продолжи вака.Убаво е што вметнавте муабети за новиот Windows,directx 12...
    Ова се битни и интересни новини убаво би било да ги има во секоја емисија.Соговорниците ти беа технички одлично подковани.Интересно е да се води таква дискусија барем за мене.Сепак ова е за гејминг првенстевно ама сепак убаво сте направиле што го опфаќате и хардверот кој е многу битен фактор за доживувањето на игрите.Чекам отпаковање на стриксот наредна емисија и кратка рецензија да се порадваме малку :)
    Читнете ги критиките и наредната емијсија ќе се подобрите секако само и да ја ограничите на време малку нема да е лошо сепак 2 саати не се малку време.Јас на youtube ве гледав и тоа на два пати.
     
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Преку све можам да поминам, не сум некој што бара многу мани. Ама преку лошо аудио не :(
     
  22. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Одлично беше. Баш разновидна содржина и особено ми е драго што опфативте и нешто друго освен игри(мислам на хардверот и десетката). Сметам дека и тоа ги засега гејмерите, и ја прави емисијата уште поинтересна сепак стварите се поврзани. Во иднината квалитетот на стримингот би сакал да се подобри( поголем битрејт?).
    И да соговорниците се супер, баш се потковани од областа и така треба.
     
  23. tomi

    tomi
    Guru

    9,818
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    @skullmonkey Мислам дека го знам местово, ако е тоа во подземјето, тогаш си избрал право место. Сеуште не ја гледав цела така на брзинка смотав, утре завршувам со работа па ке се релаксирам и на раат ке ја изгледам. Во секој слуцај браво за ова што го направи.
     
  24. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,760
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Коа ке излезе на јутуб?
     
  25. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...