Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Деблокирајте ги блокираните сајтови во школо

Корисно или Некорисно !?

  • Корисно

    Гласови: 8 38,1%
  • Некорисно

    Гласови: 13 61,9%

  • Вкупно гласале
    21

stole_pesov

lurker
25 април 2008
530
17
techhub.mk
Како да ги деблокирате блокираните веб-сајтови во школо користејќи преведувачки услуги

unblock-websites.jpg

Всушност овој метод не претставува деблокирање на сајтот туку едноставно заобиколен пат до содражината на сајтот.

Тоа заобиколување се прави со помш на алатки кои овозможуваат преведување на цела веб страна како Translate a web page сервисот на google.

Инструкции:
1. Отидете на Translate a web page

2. Изберете на кој јазик саката да го преведете сајтот. Например ако сајтот е на aнглиски тогаш изберете
Translate from: "Било кој јазик" Translate into: English

3. Внесете ја адреста на сајтот.

4. Учелиштето ќе мисли дека се наоѓате на сајт за преведување што е нормална активност, и вие нема да бидете блокирани.

Имa уште неколку методи можам да ви ги кажам и нив но незнам колку сте заинтересирани за вакво туторјалче па ставив анкета да добијам на некој начин feedback.

Поздрв !!!
 
Commie

poweruser
27 октомври 2007
4.722
221
www.foxmediahouse.com
еве ти мој личен фидбек... која страна ти треба тебе у школо што е заклучена со OpenDNS? Дали таа страна ќе ти помогне да научиш нешто? (се разбира не затоа страната е блокирана) Ќе џаболебариш по интернет нема да слушаш што ти кажува наставникот. Земете учете не туку киснете по фејсбук на школските компјутери. Можам да кажам најголема грешка направена во училиштата беа токму тие компјутери со кој никој ништо не научи туку само училиштата влегоја во загуба со нивното одржување, а учениците во уште поголема загуба поради тоа што наместо да учат одат на интернет и непотребни веб страни кој нема да ги научат ништо.
 
Точно !...

Се согласувам.

Ова го напишав за тие што имаат потреба од такво нешто.
Сите сме различни со различни сфаќања и мислења некој само одат на школо затоа што така требало а не дека саакат (ова туторјалче е за таа категорија на ученици ).
нека правшто сакат тоа си е нивно право.

My solution, Their problem
 
Goran123

lurker
25 јуни 2010
954
160
Тие компјутери ќе беа многу корисни, ако имавме малку поинаков менталитет. На пример, компјутерите би се користеле само за време на лабораториски вежби, кога компјутер и/или интернет е потребен за практично прикажување на работите кои што се учат. Ако не е потребен интернет, истиот нема да го има на компјутерите во моментот кога се користи лабораторијата за време на практичната настава. Исто така, во лабораторијата би се влагало само со посебна ID картичка и пин, со што би се имало евиденција кој кога влегол и што правел (доколку се случат некакви зезанции, да се има евиденција), и би можело да се влезе 24/7. Ама кај нас тешко ова, одма ќе најдат начин како да ги "стопат" навечер.
 
HyperFreak

hello world
28 март 2011
66
9
еве ти мој личен фидбек... која страна ти треба тебе у школо што е заклучена со OpenDNS? Дали таа страна ќе ти помогне да научиш нешто? (се разбира не затоа страната е блокирана) Ќе џаболебариш по интернет нема да слушаш што ти кажува наставникот. Земете учете не туку киснете по фејсбук на школските компјутери. Можам да кажам најголема грешка направена во училиштата беа токму тие компјутери со кој никој ништо не научи туку само училиштата влегоја во загуба со нивното одржување, а учениците во уште поголема загуба поради тоа што наместо да учат одат на интернет и непотребни веб страни кој нема да ги научат ништо.
Морам да те цитирам во ова бидејки грешиш.И тоа многу грешиш.Не секој седи на фб, не секој не внимава на час.Кај мене училишниот компјутер го користам како root без никакво блокирање на страници и за разлика од оние шти ги спомнуваш во товјот пост јас не дремам на фб.Напротив, голем дел од материјалот што го учиме по предметите го имам на десктопот и во секое време ми е достапен за прегледување и повторување.Благодарение на тоа што имам root успеав да си инсталирам прегледувач за .pdf фајлови а со тоа можност да прегледувам материјали од интернет кои не сум можел да ги прегледувам досега,Со промената на неколку работи root пристапот ми овозможи да ја зголемам брзината на интернетот и побрзо да пристапам до бараните информации.Секој гледа на работите индивидуално и не секој седи на фб или пак игра игри и не внимава на час.:)
 
D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535

Браво за тебе, ама не е секој како тебе и не е кај секој root компјутерот па може секоја страна да се отвара и да инсталира што сака...
 
HyperFreak

hello world
28 март 2011
66
9
Браво за тебе, ама не е секој како тебе и не е кај секој root компјутерот па може секоја страна да се отвара и да инсталира што сака...
Поентата ми беше дека ако фејсбук е деблокиран тоа немора да значи дека на него се седи цела ден и не се внимава на час.
 
S

Sukhoi

Гостин
Јас не користам прокси, али моите другари да (за да отворат rs.ikaraim.com). Незнам страв ме да не фатат тие таму од Скопје, пошо има ли некој кошто надгледува што се работи во мрежата.
Инаку форумов не го блокирале, како и многу други коишто ги читам јас (хардвер, софтвер) али кајгана, мотика, бадијала-сликај се :))
 
D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
Поентата ми беше дека ако фејсбук е деблокиран тоа немора да значи дека на него се седи цела ден и не се внимава на час.

Нејќам да се карам, а и не сум таква личност, јас сакав да кажам дека не се сите како тебе дека не седат на Facebook кога им е одблокирана...

Јас не користам прокси, али моите другари да (за да отворат rs.ikaraim.com). Незнам страв ме да не фатат тие таму од Скопје, пошо има ли некој кошто надгледува што се работи во мрежата.
Инаку форумов не го блокирале, како и многу други коишто ги читам јас (хардвер, софтвер) али кајгана, мотика, бадијала-сликај се :))

Овој форум не блокиран дека не е забавен, не го посетуваат многу ученици, а и од форумов може да се научи нешто + нема warez, нема порнографија и ред други работи, заради кои мора да бидат блокирани страниве...
 
WikiLeaks

hello world
10 февруари 2011
204
9
Кај мене на школо, фејсбук е одблокиран и цел ден сме на него. Тоа може да го потврди и @Nakolce. :D :D :D
 
Cika

poweruser
8 декември 2009
2.771
1.642
Што му се секирате секако сеа ќе заврши школската година.
 
anti-spam

hello world
9 септември 2010
200
10
Некаде во универзумот
се согласувам со Commie, најголема грешка беше воведување на компјутерите во образованието.
блокирани се страните за социјална дружба, порнографските сајтови, сајтовите за флеш игри.... ама пак постојат милион начини да се одблокираат или да се заобиколат блокадите(прокси, админ и рут пристап и други за кои не би сакал да дискутирам.). инаку порано имаше еден сајт zaebiskolo.com и на него имаше секакви работи за...па за заебување на школото:))и мислам дека добра работа сторија од министерство што го блокираа сајтот и казнија креативецот ама сеуште има траги од него. на пример јас имам еден ворд документ најден на гугл со наслов „Како да станеш администратор на линукс убунту“ и во него полно експлоити, команди и што уште не што му овозможиле на обичниот корисник со рестрикции(како учениците)да ги добијат сите права и со тоа да ги злоупотребат компјутерските системи. Така да ученици фатете се за книга и оставете ги другите работи.
П.С тој документот беше копија од веб сајтот напишан погоре.
 
ChemicalAngel

lurker
24 ноември 2008
822
230
Се знае ливче моливче, и учителката со стапче во рака, така се учи, не вака сите се разгалени и оди најди им го крајот
 
HyperFreak

hello world
28 март 2011
66
9
Мислам дека отидовме предалеку со темава, темата е да разговараме дали информацијата е корисна како и пршања поврзани со истата а не за тоа дали требало да има компјутери или пак не.
 
M

mariomako

Гостин
Епа вака момци, најубаво сменете DNS серверите од опенднс и ставете од Т-Хом или Гугл, и завршена работа, ем побрз интернет, ем одлобкирани страни
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно