Lazarko
hello world
- 28 ноември 2017
- 343
- 1.159
Копајќи по рудниците каде обично и се практикува дигитална археологија, имав среќа да најдам машина која била користена како сервер во интернет кафе во 90'тите. Кога ми кажаа дека била употребувана како „сервер,“ скептикот во мене очекуваше при „дисекцијата“ да најдам некој Celeron на 300 Mhz, 2'1 гига диск и BXcell матична плоча (една од најлошите матични во историјата на персоналните компјутери).
Но, пријатно се изненадив кога ја отворив и го видов следното:
Матична: Gigabyte Ga-6BXD - Dual Slot I Motherboard, 440BX Chipset, максимум 1GB Sdram меморија.
Процесор(и) 2x Pentium II, 400mHz (Deschutes)
Графичка: S3 Virge Agp + Voodoo2 Pci 12 mb.
Звучна: Yamaha A151-A00 YMF719
HDD и CdRom веднаш ги отстранив и ги заменив со нови.
Меморија: Имаше 64, ставив 256 мега рам.
Компјутерот (секако)беше во лоша состојба, кулерите на процесорите беа сосема заглавени, а според датата на фајловите на дискот, последен пат била вклучена 06.07.2000 година.
Прекрасната плоча имаше неколку потечени електролити, кои ги среди еден пријател од Анхоч, додека јас правев план како да ја „оживеам“ оваа машина во нејзината полна слава.
Прво што решив да направам, откако спремив 20 гига Western Digital диск и Sony DVD-rom, беше да додадам уште една картица A-Trend Helios 3D Voodoo 2 за да се добие VooDoo 2 SLI!
За среќа имав иста таква како што имаше во куќиштето кога пристигна во мојот дом. Веројатно A-trend бил бренд кој во 90'тите се носел често во Македонија. Претпоставувам дека Diamond, Creative i Orchid биле доста поскапи.
A-Trend Helios 3D Voodoo 2 го следи референтниот дизајн на 3dfx. Има 12 мега меморија. Инаку Voodoo 2 е чипсет базиран (и многу сличен) на Voodoo 1, со тоа што додаден е втор чип (TMU) како додатен boost за обработка на текстури. Исто така, зголемени бил Clock Speed на чиповите, кои добиле можност за адресирање повеќе меморија.
Подоцна VooDoo 2 е „унапреден“ во single card верзија позната под името Voodoo Banshee (која ја има во PCI и AGP изведба).
Графичката S3 Virge, која има лоша репутација дури и како 2d акцелератор решив да ја сменам со Diamond Stealth III S540, која е во AGP изведба и има S3 Savage 4 чип, со 16 мега меморија.
Околу звучната картица се мислев помеѓу оригиналната Yamaha A151-A00 со OPL-SA Chipset, ревизија (YMF-719-S/OPL3-SA3C)
И помеѓу Av310 Audio Excel CMI8330A:
И двете карти се „клонови“ на Sound Blaster Pro стандардот на звучни картички, но Yamaha-та има подобра миди репродукција, па затоа се одлучив за неа.
Додека ја чекав плочата ги заменив кулерите на процесорите и го исчистив компјутерот и напојувањето како што е редот:
Откако плочата пристигна поправена и спремна за битка, нештата почнаа да го заземаат својот природен лик:
За конечно да се добие ликот кој оваа машина навистина го заслужува:
Потоа можеше да почне инсталација на оперативен систем и забавата. Машината работи како Ѕвер! Ги јаде како мали деца игрите од 1996-2000'та. Радости!
Ви благодарам што ја споделувате носталгијава со мене и што одвоивте време да прочитате за оваа вредна „дрим“ машина.