Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Препорака за клима

Razor-mk

hello world
7 јули 2013
147
71
Здраво дечки.

Сакам да купам клима за околу 25 квадрати, примарно ќе ми е за грење на дневна.

Изолација е средна, пвц прозорци но без фазада.

Буџет некаде до 50000 мах 60000.

Од сетек добив препорака MIDEA Extreme Save PRO SOLSTICE + KIT
EZ-18RD6-I/MX4H-18RD6-O

Ми наброја 300 работи со кои располагала, меѓутоа ја сум за самсунг некако не им верувам на брендот.

Секако добредојден сум за совети и препораки.
Благодарам
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.057
1.144
Куманово
Имаш буџет за Јапонска 3.5kW само избери си кој модел и опции ти одговараат (Mitsubishi HR35/SF35, Toshiba RAS13, Daikin F35.. а имаме и добра тема и слична потреба (може да се читне искуства на други членови)

за 25 квадрати? школски пример како да за***ш некого
 
Razor-mk

hello world
7 јули 2013
147
71
30-35 квадрати сум утнал се извинувам.

Барав слична тема ама не најдов се извинувам.

Работата е што незнам каква ми треба, а вака од гуглање пазарот е преплавен со марки на клими со еден куп опции секако тие опции не се реални....

Воедно барам и Аспиратор вграден црн да не отварам тема друга
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.370
2.793
Имаш буџет за Јапонска 3.5kW само избери си кој модел и опции ти одговараат (Mitsubishi HR35/SF35, Toshiba RAS13, Daikin F35.. а имаме и добра тема и слична потреба (може да се читне искуства на други членови)

за 25 квадрати? школски пример како да за***ш некого

па ете 35 биле, што ако е појака, поубаво ќе грее, потрошња иста.
 
Razor-mk

hello world
7 јули 2013
147
71
А што има врска ако појака клима да кажеме 5.5 кв или еве клима наменета за 35 квадрати се стави во просторија од 25 квадрати
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.057
1.144
Куманово
па ете 35 биле, што ако е појака, поубаво ќе грее, потрошња иста.
А што има врска ако појака клима да кажеме 5.5 кв или еве клима наменета за 35 квадрати се стави во просторија од 25 квадрати

Во темата има дискутирано доста за димензионирање и секој си го знае просторот и претходното греење/ладење кој капацитет имал и кој бил резултатот. Во 25 квадрати таа 18ка има да работи на кратки циклуси, секое стартување на компресорот повлекува повеќе струја, наместо бешумно и рамномерно ќе работи како он/оф систем. Вреди да се прочешла подлабоко.

Саглам Јапанска 4.2kW би била идеална за новата површина.
 
35 квадрати со лоша изолација ако е рецимо тешко да ги грее добро со 3.5кв
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно