Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Бувљак Пазар, Канта Пазар - Искуства

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.479
7.737
Скопје
www.facebook.com
Вредната роба се купува во 4/5 часот сабајле.
Шатори ли треба да се поставуваат за да ги чекаме ко ќе дојдаат да донесаат роба?
Патем бев во 06 часот јас знаеќи каков е принципот. Значи тоа што го видов го напишав.
Бувљакот не е веќе тоа што било со годините наназад. Сега повеќето е само профитирање од паркинг местата.
 

vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
Шатори ли треба да се поставуваат за да ги чекаме ко ќе дојдаат да донесаат роба?
Патем бев во 06 часот јас знаеќи каков е принципот. Значи тоа што го видов го напишав.
Бувљакот не е веќе тоа што било со годините наназад. Сега повеќето е само профитирање од паркинг местата.

Се согласувам за профитирањето од паркинг места. И не е точно дека за “добрата” роба треба во 4-5 сабајле да не се лажеме, секој пазарџија отвара кога стигне и кога му се станува и повеќето идат таму накај 6-6:30 а прекупците чекаат од 5 за да не им избега нешто :ROFLMAO:

Има некои што доаѓаат во 8 и само во недела, некои само во Куманово идат пошто неќат во калта во Скопје да се мацаат.

Не е тоа што беше дефинитвно ама пазарџиите се тие истите како што кажа ти, шемата со откупување на робата секогаш била иста.

Не можете да начекате ствари затоа што пазарџиите пишуваат на вибер кога имаат нешто добро и си тргаат на страна за кој ќе сака и тоа не стига никогаш да се изложи, поготово злато и саати има фаци со тестери и лупи доаѓаат таму и неможеш да се тепаш со нив.

Јас идам понекогаш пошто ми е забавно и најчесто со друштво па ако нешто улета топ ако не бар си утепал некој саат на муабет и прошетка иако има и поубави места за тоа :ROFLMAO:

Еве ти на пример интересна играчка за 300 денари сосе филм само не знаеле да го монтираат..
 

Атачменти

  • 4074de12-89e9-44e8-9ce8-f4116c3a20e2.jpeg
    4074de12-89e9-44e8-9ce8-f4116c3a20e2.jpeg
    236 KB · Прегледи: 53

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.479
7.737
Скопје
www.facebook.com
Не можете да начекате ствари затоа што пазарџиите пишуваат на вибер кога имаат нешто добро и си тргаат на страна за кој ќе сака и тоа не стига никогаш да се изложи, поготово злато и саати има фаци со тестери и лупи доаѓаат таму и неможеш да се тепаш со нив.
Не ме влечаат мене такви работи, претежно сум хобист и си сакам ретро техника. Ама за жал и преценета стана и таа техника таму. Сега плус на све тоа ако се иде специјално само за таму треба да се издвое сума од 100че за гориво и уште 50че за паркинг место. За муабетење и друштво собирање може и пред згради да се собере друштво или пред некое малско дуќанче на пивце.
Секој што би купил е околу 30-40% од тие што ќе појдаат таму а и за да се исплате на сето тоа треба да биде барем над 1000че потрошено за да си вкалкулира сите тие трошоци погоре и за да биде колку толку ќар. Споредбата ми беше Бувљак наспорти Тему.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
758
1.173
Шатори ли треба да се поставуваат за да ги чекаме ко ќе дојдаат да донесаат роба?
Патем бев во 06 часот јас знаеќи каков е принципот. Значи тоа што го видов го напишав.
Бувљакот не е веќе тоа што било со годините наназад. Сега повеќето е само профитирање од паркинг местата.
Ладно е сега, не излегуваат сите продавачи. Голем дел од нив се отидени во Германија/Швајцарија, и купуваат роба. Малку да затопли, и ќе биде подобра ситуацијата.
За локацијата, тоа е.
Србите викаат: Боље ишта, него ништа.
 

vladimir171

lurker
15 ноември 2007
630
449
@Pane24 Нема споредба меѓу тему и канта пазар :ROFLMAO:

Јас идев претежно за стари конзоли за моја лична колекција и за делови ама почнаа да ми вадат ebay цени а последниот ми отвори линк од галерија за да ми спореди цена за игра и тоа е тоа си викате фала и двајцата и го одминуваш.

Викаат во Србија имало добар пазар може треба да се посети некогаш, ако некој бил или знае локација нека сподели.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
758
1.173
Во Србија има 2 јаки пазари:
1. Во рума.
2. Во шабац.(права фешта е ова)

Мерак ми е и на двата да одам, па се надевам ќе се оствари некогаш.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.479
7.737
Скопје
www.facebook.com
Во Србија има 2 јаки пазари:
1. Во рума.
2. Во шабац.(права фешта е ова)

Мерак ми е и на двата да одам, па се надевам ќе се оствари некогаш.
Тоа може само да се иде со 3-4ца и да се делаат трошоци за гориво и патарини, инаку све е изводливо.
 

kolesk

lurker
6 февруари 2016
758
1.173
Рума е во војводина, а Шабац е шумадиски реон. Врти сучи 500/600 км има во еден правец.

Инаку, во право сте, интернетот ги "смени" продавачите. Сега одма ти вади телефон и ти вика, гледај колку е во Германија, или пак, антиквитет/олдтајмер е.

Во врска со продавачите, голем дел отидоа во Куманово (недела), бидејќи во Скопје скоро месец дена немаше пазар, и мораше луѓето да се снаоѓаат. И останаа таму, бидејќи е јак пазар. Само врти/сучи, ладно е уште сабајле, и слаба е излезеноста.
Мај е најдобар месец. После идат одмори и многу топло време, и тапа е пазарот.
 

G4M3R

user
26 јуни 2012
1.078
1.378
Одамна замре и умре тоа што беше бувљак-бувљак, сега како што се спомнува, грото е се препродажба и со сосема различни цени од порано.

Инаку имав одено со години, редовно вторник и петок бев таму. Кога имаше исправни напојувања за 50-100ден, бренд звучници, аудио опрема, засилувачи од класични па се до за во кола по 200-300ден, повеќето исправни тек тук некое со рикнат осигурач(лесно и ефтино за поправка), брда рачен алат, разни електроники, траснформатори, антиквитети, итн... Буквално ако отидеш со 500ден едвај се враќаш дома од работи и дрангулии. Но тоа време е одамна отидено во историјата.

После надојдоа „нашите“ и почна цаката со рано сабајле да купуваат од рестово и инстантно на нивна тезга да препродаваат х5. Тогаш и се загуби целата поента.
На лице место гледав препродавачи како доаѓаат само со шаторско крило под рака, собираат што вреди, и одма распостелува и препродава.

Друга толпа почна со увоз од „горе“, фрлени и раскршени ел. алати, увезени тука и со „почетни“ цени од 3000-8000ден. Па на крај дојде ред и со излог на фејк макити, девалт, милвоки, пропратени со пазарски фори да ти убута дека е оригинал...
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно