Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.963
6.057
Skopje
Само за потсетување:
In many countries, including those in the European Union and Australia, car manufacturers are legally required to ensure the speedometer never shows a speed lower than the vehicle's actual speed.
To comply with this, manufacturers intentionally calibrate the speedometers to read slightly higher than the true speed (usually by 5-10%)

UNECE Regulation 39
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
^
Изгледа е вистина.
Вчера уклучив темпомат на булевар извозев некои 200 метри подесен на 50, а на инфотејнмент екранот врзан со GPS ми покажува 46.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042
Инаку патот Катланово - Велес е 70-80 заради тоа што е тесен, со кривини, надвозници и многу места за застанување.

Види, најголемиот проблем на Катланово - Велес е неговата конфигурација. И да не се кривините, пропаднатите преклопи на мостовите и неколкуте црковни објекти по пат, доволно е што е буквално исклесан во растресит рид.

Секој дожд има одрони. Можам само да замислам како било забавно (</sarcasm>) кога функционирал како единствен, двонасочен коловоз.

Тоа што таа конфигурација делува како влажен сон на секој wanna-be тркач кој возел симулатори не помага.

Најдобриот совет што сум го добил за возење уште пред 20+ години е "Скопје - Велес вози го многу внимателно, и користи ја левата летна само кога мораш да претекнеш и само ако имаш прегледност".

Бројот на сообраќајни незгоди на таа делница како последица на поставеноста на патот беше поголем само на стариот пат кон Гевгелија.
 

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Сега се ми е појасно за возачиве од овде кога не знаат дека брзината на брзинометарот не е реалната/вистинската. И дека по GPS (и реално) секогаш е 4-5 km/h помала.

Чекај да им кажеме дека исчитувањето на брзината е зависна и од големината на бандажите/гумите.
Мозочен удар ќе добијат.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Иронијата е дека баш со споделување на овој линк, ти правиш argumentum ad hominem.

Јасно ти реплицирав со аргумент изваден од статијата дека има помалку тешки несреќи, што е една од целите на ваков систем. Тоа што го имплицираш и споделуваш ти е цитат од особа со недоволен кредибилитет (шеф на смена) и лимитирани податоци (неколку дена, привикнување на систем итн), а пак повторно ја побива твојата теза.

Така што јас ти дадов аргумент, ти ми даваш ваква реплика без аргумент. Отвори си го википедиа линкот и прочитај што си споделил повторно.
Мислењето е автоматски споено:

Ама првин треба (на сите) да им овозможат добар мобилен прием и интернет конекција. Не може два дена да имаат пристап до интернет, три дена да немаат и некој да очекува дека тие ќе следат дали им е пишана казна.
Не е обврска на државата да обезбедува комуникациски канали на оние што кршат закон. Тие особи едноставно може да не го кршат законот и потоа на планина без интернет нека живеат. Нема никаква издржаност ова што го зборуваш.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042
Чекај да им кажеме дека исчитувањето на брзината е зависна и од големината на бандажите/гумите.

Ова е интересно. Се помислив од каде јас знам дека брзината е зависна од дијаметарот на гумите. Не можев да се сетам дали некој ми кажал или некаде сум прочитал, а речиси сум сигурен дека такво нешто немаше како информација во тек на моето полагање.

99% информацијата ми е во глава откако утврдив дека за возилото морам да имам различни димензии на тркала по сезона од причини кои се банални (летни веќе имав, зимски челични немаше во истата димензија) па речиси на сите сајтови од типот "will it fit my car" таа информација е со црвено назначена.

Сакав да речам - ако управувач на моторно возило никогаш не бил во можност / со потреба да менува димензии на тркала или гуми, може нема да биде ни свесен дека има таква поврзаност со мерењето на брзината. Состојбата на сообраќајната култура е резултат на, помеѓу другото, и недостаток на образование.

Anyway, I digress.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Јас мислам дека основна геометрија се учи уште во 6-то одделение и не ми е верно дека некој не знае од што зависи обем на кружница. Ама изгледа дека многу луѓе не ни знаат што е кружница и дали тркалото е тркалезно односно кружно.
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.031
1.842
Скопје
Јас мислам дека основна геометрија се учи уште во 6-то одделение и не ми е верно дека некој не знае од што зависи обем на кружница. Ама изгледа дека многу луѓе не ни знаат што е кружница и дали тркалото е тркалезно односно кружно.
ех колку уште се во заблуда што значат бројките на гумите, поготово од постарите генерации :) .. не е проблем обемот во случајов, туку соодносот на фелна со гума, кога се менуваат големини на фелни најчесто, треба нели соодветно да се земе точен страничен профил на гумата за да остане целото тркало во спецификации за брзинометарот.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Не е обврска на државата да обезбедува комуникациски канали на оние што кршат закон. Тие особи едноставно може да не го кршат законот и потоа на планина без интернет нека живеат. Нема никаква издржаност ова што го зборуваш.
Таман работа, ама обврска на државата е да ги извести - на начин што ќе биде без сомнеж за примањето на известувањето - сите што се обвинети (и/или казнети).

Во моментов не постои законска одредба која ги присилува граѓаните да користат интернет. Така да обезбедување нешто како што е интернет конекција и уреди за комуникација, тоа навистина не е обврска на државата. Но државата секако има обврска за уредно известување без дискриминација на никој па и на тие што ете не користат интернет и уреди за комуникација. Небитно од кои причини не користат.

Мора да се забележи дека твојот предлог „нека одат на планина да живеат“ е она што е вистински неиздржано... И одредена доза надмено. Можеби и помалку глупаво, ама сепак ќе го регистрираме како хумор. :)
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042
Јас мислам дека основна геометрија се учи уште во 6-то одделение и не ми е верно дека некој не знае од што зависи обем на кружница. Ама изгледа дека многу луѓе не ни знаат што е кружница и дали тркалото е тркалезно односно кружно.

Верувал ти или не, целта не ми е банализација.

Една работа е да знаеш што е π, друга работа е да знаеш како точно се мери брзината на движење на автомобилот во однос на искористеност на сензори.

Тоа што тебе ти е банално за размислување, некому му е вон памет затоа што решил, најверојатно и со право, дека ќе и верува на (1) спецификацијата на возилото, (2) законските регулативи под кое е увезено и (3) хомологацијата направена од стручно лице.

Но добро. Луѓето се глупи, ние тука сме просветлени, сите имаме поминато по 300,000 километри на сите контитенти на светот освен каде што физички не може да се вози, и притоа немаме ниту една санкција за прекршување на сообраќајни правила.

Таман работа, ама обврска на државата е да ги извести - на начин што ќе биде без сомнеж за примањето на известувањето - сите што се обвинети.

Tru dat.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
И уште една работа. Мора да се задржи пресумпцијата на невиност ако некој побара постапка за докажување на истата. Пошто во моментов има и грешни внесови во податоците, па прекршоци од едни стигаат кај други. А секогаш е можно некој и да ја „малку“ да ја модифицирал содржината на таблиците.

Има полно случаи каде луѓе се жалат на вакви работи, не возеле а им стигаат опомени. Додека не се расчисти ова не би смеел системот да иде live. И додека не разработат метод каде ќе може да се побара увид во снимките во вакви случаи.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Имам чувство дека тие што се бунат дека се добиваат казни само преку СМС/имејл се истите тие што реално живеат на едно место, а во лична карта се водат на друго. Е тоа се тие луѓе "не може да ги заебеш".
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Којзнае, ама прилично сигурно е дека таквите не се активни корисници на интернет па веројатно појма немаат за дискусијава овде.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Којзнае, ама прилично сигурно е дека таквите не се активни корисници на интернет па веројатно појма немаат за дискусијава овде.
Зошто? Тоа не се сиромашни луѓе, туку од X причини прават така - страв од казни па вака мислам ќе избегнат, наследство, данок итн.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
...затоа што решил, најверојатно и со право, дека ќе и верува на (1) спецификацијата на возилото, (2) законските регулативи под кое е увезено и (3) хомологацијата направена од стручно лице.
Ти како учесник во сообраќајот воопшто не мора да разбираш ни Г од геометрија. Но државата мора да ги стандардизира методите според кои ќе казнува за прекршоци или ако во реалниот свет има реален офсет меѓу покажаните и реалните брзини тогаш државата мора тој факт да го земе во предвид. Понатаму ако е факт дека во реалниот свет ниеден инструмент не е 100% точен, а тоа Е факт, тогаш државата мора и тоа да го земе во предвид и да постави одреден процент на толеранција за грешки.

Во спротивно ќе бидат затрупани од судски случаи. Ако не се најде некој попаметен таму, па да им посочи на овој лесно предвидлив момент.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Инаку според последниот попис - мобилен имаат 90% од домаќинствата, а автомобил 66% од домаќинствата.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Зошто? Тоа не се сиромашни луѓе, туку од X причини прават така - страв од казни па вака мислам ќе избегнат, наследство, данок итн.
Јас не мислам дека таквите (преварантите) се мнозинството што ќе бидат оштетени од инсистирањето на вакви известувања. Мнозинството оштетени ќе бидат тие кои од Х прични навистина не користат интернет, и не на начин на кој може да примаат информации.

Тоа што е во ред (можеби), е со одредени административни помали трошоци да се мотиваат да преминат на електронски комуникации. Тоа што не е во ред, е да бидат дискриминирани.
Мислењето е автоматски споено:

Инаку според последниот попис - мобилен имаат 90% од домаќинствата, а автомобил 66% од домаќинствата.
Кои се шансите - статистички гледано - да има реален преклоп помеѓу тие 10% што не користат интернет, со тие 66% што користат автомобил?

Па немој ти се молам, не ли гледаш како ние ги пазиме малцинствата во оваа држава. Дури и сексуални малцинства кои не се ни 1% од населението... Ама овде некако е во ред да се дискриминира (потенцијално) цела десеттина од населението? :)
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Јас не мислам дека таквите (преварантите) се мнозинството што ќе бидат оштетени од инсистирањето на вакви известувања. Мнозинството оштетени ќе бидат тие кои од Х прични навистина не користат интернет, и не на начин на кој може да примаат информации.

Тоа што е во ред (можеби), е со одредени административни помали трошоци да се мотиваат да преминат на електронски комуникации. Тоа што не е во ред, е да бидат дискриминирани.
Мислењето е автоматски споено:


Кои се шансите - статистички гледано - да има реален преклоп помеѓу тие 10% што не користат интернет, со тие 66% што користат автомобил? :)
Вие кажете кои се шансите :) Цело време правиме муабет за некои...<1% од населението (?), кои ниту еден член од форумов не ги познава туку само теоретизира дека постојат. Еве јас не сум засегнат со ова и признавам дека немам толку емпатија кон овие граѓани како што имате вие. А можеби правото ви е хоби?
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.323
11.882
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Место butthurt дискусии и мерење фалуси, затрупување на темата со лични убедувања и препукувања, нека ви биде секое мислење со предлог што треба да се направи, како што и доликува на една ИТ заедница, да немаме чувство дека сме на Кајгана форумот, па можеби некоја од вашите идеи ќе ја прочита и некој важен фактор па и ќе ја примени некаде. Вака е само нонсенс. Буквално сте како начитани тинејџери.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Вие кажете кои се шансите :) Цело време правиме муабет за некои...<1% од населението (?), кои ниту еден член од форумов не ги познава туку само теоретизира дека постојат. Еве јас не сум засегнат со ова и признавам дека немам толку емпатија кон овие граѓани како што имате вие. А можеби правото ви е хоби?
Па друже веројатно направив добра паралела. :)
Ни јас немам никаква емпатија (напротив) против лгбт фриковите кои не се ни ~1% ама сепак сите колективно им дозволуваме секакви права. Ете и во училиште ни ги учат децата на такви срања.

Понатаму, во источна Македонија на повеќето места воопшто нема Албанци ама сепак се инсистира на целосна двојазичност па дури и во бројот на вработените по општините да се запази тој „нивниот“ процент.


Кога ние „толерантното“ мнозинство сето тоа го толерираме, толку ли ни е проблем државата одреден процент од населението за сообраќајни прекршоци да биде известувано на традиционален физички/писмен начин на известување?
Мислењето е автоматски споено:

И нема „ние/вие“. Сите НИЕ сме во иста каша овде... Да не го заборавиме тоа. :-/
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.571
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Па друже веројатно направив добра паралела. :)
Ни јас немам никаква емпатија (напротив) против лгбт фриковите кои не се ни ~1% ама сепак сите колективно им дозволуваме секакви права. Ете и во училиште ни ги учат децата на такви срања.

Понатаму, во источна Македонија на повеќето места воопшто нема Албанци ама сепак се инсистира на целосна двојазичност па дури и во бројот на вработените по општините да се запази тој „нивниот“ процент.


Кога ние „толерантното“ мнозинство сето тоа го толерираме, толку ли ни е проблем државата одреден процент од населението за сообраќајни прекршоци да биде известувано на традиционален физички/писмен начин на известување?
Мислењето е автоматски споено:

И нема „ние/вие“. Сите НИЕ сме во иста каша овде... Да не го заборавиме тоа. :-/
Да и откако ќе го воведат и тоа, ти ќе прашаш зошто не е двојазично и ќе поднесеш иницијатива на Уставен Суд. Еј да, еве сега им дадов идеја и на друга група граѓани да реагира и да го КУТНЕ овој штетен закон.
Ајде доста беше не опомена Даниел, му се смачило да чита трачарење.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.185
16.293
Верувал ти или не, целта не ми е банализација.

Една работа е да знаеш што е π, друга работа е да знаеш како точно се мери брзината на движење на автомобилот во однос на искористеност на сензори.

Тоа што тебе ти е банално за размислување, некому му е вон памет затоа што решил, најверојатно и со право, дека ќе и верува на (1) спецификацијата на возилото, (2) законските регулативи под кое е увезено и (3) хомологацијата направена од стручно лице.

Но добро. Луѓето се глупи, ние тука сме просветлени, сите имаме поминато по 300,000 километри на сите контитенти на светот освен каде што физички не може да се вози, и притоа немаме ниту една санкција за прекршување на сообраќајни правила.



Tru dat.
Не сфаќам што сакаш да кажеш со последниов коментар и во каква релација е со војот претходен. Што ти е примедбата? Дека дури и корисникот да се придржува на сите спецификации и хомологации пак може мерењето на брзината да излезе од граница или што?
Мислењето е автоматски споено:

ех колку уште се во заблуда што значат бројките на гумите, поготово од постарите генерации :) .. не е проблем обемот во случајов, туку соодносот на фелна со гума, кога се менуваат големини на фелни најчесто, треба нели соодветно да се земе точен страничен профил на гумата за да остане целото тркало во спецификации за брзинометарот.
Во принцип не ни мораат да знаат што значат бројките на гумите, затоа постои технички преглед за моторни возила кои ставаат потпис од двајца инспектори и печат од станицата со која даваат дозвола возилото да влезе во сообраќај. Таман работа ако се ослонувавме на популацијава да знае што прави, особено со комплицирани теми како димензија на гуми и бандажи.
Но факт е дека и овој систем потфрлува кај нас и тоа дебело потфрлува, во тој случај таквите шофери кои не знаат зошто биле казнети за пречекорување на брзината за 2км/ч а се сигурни дека возеле на граница според брзиномер, ќе можат самите да отидат на технички преглед или на овластен сервис да им ја проверат колата. Повторно не ми изгледа ова како проблем,
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.042
Ти напоменувам дека тоа што ти можеби мислиш дека е општо познато на многумина може да им е надвор од опсег на размислување.

И тоа не значи дека се глупи или незаинтересирани.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.793
12.803
Skopje
www.wemaxa.com
Да не биде темата стринска само, ај малце и АјтиМајти:

1765276472166.png
Tattile Smart Speed претставува интегрирана патна камера од професионална класа што комбинира ANPR модул, high-speed image acquisition, радарски модул за мерење брзина и вградена edge-processing платформа. Уредот е конструиран како затворен систем со IP66 алуминиумско куќиште и работна температура од -20С до +60С. Оптичката секција користи dual-camera архитектура. Првата камера е wide FOV модул за контекстуална сцена. Втората камера е narrow FOV модул за табличката. Типична големина на сензорот кај Tattile ANPR единиците се движи од 1/1.8" до 2/3" CMOS, зависно од верзијата. Сензорот е back-illuminated CMOS со глобален или rolling shutter, оптимизиран за IR осветлување на 850 nm или 940 nm. Резолуцијата најчесто се движи од 2 до 5 мегапиксели по модул, со максимална frame rate од 60 fps во high-speed режим. Објективите се фиксни или заменливи во зависност од нарачката. Типичната фокусна должина за ANPR канал е од 12 mm до 25 mm, што ја дава потребната тесна перспектива и геометриска компресија за јасно читање на таблички на растојанија до педесет метри. Контекстуалниот канал користи пократка фокусна должина, најчесто од 4 mm до 8 mm. Aperture (отвор на бленда) вредностите варираат, но најчесто се f/1.4 до f/2.8 за максимална светлосна чувствителност при ноќни услови. IR illumination модулите се интегрирани под исто куќиште. Се користат high-power IR LED матрици, оптимизирани за краток пулсен режим синхронизиран со shutter-от на камерите. Синхронизацијата минимизира motion blur и ги намалува рефлексиите. LED диодите се контролираат преку интерен драјвер со температурен фидбек за стабилност и автоматска калибрација. Опсегот на осветлување најчесто е до четириесет метри ефективен ANPR домет. Обработката на сликата се врши на самиот уред преку вграден ARM-based SoC или x86 embedded платформа, зависно од генерацијата. Уредот извршува локални алгоритми за ANPR, vehicle detection, speed calculation и scene analysis. Firmware-от обезбедува real-time сечење на кадар, auto-exposure, adaptive gain и корекција на IR осветленост. Камерата прави локална валидација пред да испрати event за да се намали оптоварувањето на централниот сервер.


Комуникациската структура е дизајнирана за работа со централизирани системи за надзор. Уредот користи ги следните канали:

• Ethernet 1 Gbps како основен интерфејс
• или fiber SFP модул во специфични инсталации
• Encrypted API протокол за испраќање на events, ANPR data и image packets
• FTP, SFTP или HTTPS upload во зависност од интеграцијата
• SNMP telemetry за мониторинг на температура, напон и статуси
• NTP синхронизација за прецизно темпирање на брзински пресметки


Системот комуницира со central server преку event scheduling. Камерата креира event packet што содржи ANPR string, confidence score, timestamp, GPS или координати од надворешен модул, брзина од радар компонентата и две до три слики. Packet-от се испраќа преку secured channel до контролниот центар каде што се врши секундарна валидација и архивирање. Firmware-от овозможува real-time remote diagnostics и update преку OTA механизам. Аголот на поставување е критичен параметар. За ANPR модулот се користи вертикален агол од десет до триесет степени во зависност од позицијата на патот. Хоризонталниот offset обично е низок за да се избегне дисторзија на табличките. Wide FOV модулот ја следи целата лента или повеќе ленти. Narrow FOV модулот е насочен прецизно кон зоната каде што IR пулсот е најсилен. Оперативните карактеристики вклучуваат авто-калибрација по стартување, компензација за вибрации од мостови и рафинирана експозиција при силно сонце. Edge-processing слојот работи со look-up табели, контрастна анализа, color suppression и IR reflectance профили за подобра читливост. Уредот е дизајниран за континуирано функционирање. Вградените temperature sensors го контролираат грејачот и вентилаторот. Power input најчесто е 12 V или 24 V DC, со заштита од пренапон и пречки на линија. Системот функционира како целина што комбинира оптичка точност, контролирано IR осветлување и прецизно темпирање. Камерата е оптимизирана за урбани и автопатски услови и е наменета за стабилна работа во различни климатски сценарија.

Маани/недостатоци и технички лимити:
Системот е чувствителен на силни рефлексии. Кога ќе се појави високоинтензивен одблесок во IR спектар, CMOS сензорот може да влезе во преосветлена зона. Во такви услови ANPR алгоритмот добива слика со локално преосветлени пиксели и го намалува т.н confidence score. Овој ефект е забележлив при ниско сонце, влажни таблички и силно полирани површини. IR модулите работат со пулсен режим. Ако осветлувањето не ја покрива рамномерно целата табличка, алгоритмот за контраст може да генерира т.н slab character separation. Се забележува и пад на перформанси при густа магла, снежни наноси и силен дожд поради расејување на IR светлина. Кај моделите со rolling shutter се појавуваат артефакти при висока релативна брзина или вибрации на монтажата. Геометриската деформација може да влијае на читањето на карактерите и на точноста на контурите што алгоритмот ги анализира. Иако системите користат high-sensitivity CMOS, динамичката опсежност е пониска од врвните broadcast сензори. При ситуации со силен контраст, темните региони губат детали, додека светлите области заситуваат. Ова го прави уредот чувствителен на нагли промени на осветлување, на пример при влез или излез од сенка. Системот бара прецизно дефиниран агол. Ако монтажата има неправилен vertical или horizontal offset, ANPR алгоритмите имаат поголема грешка поради перспективна дисторзија. Ова е честа слабост при мостови што имаат вибрации или при монтажи направени без alignment tools. Вибрации од мостови, метални конструкции или силни ветрови влијаат на острината. Вградената стабилизација е ограничена. Долготрајни вибрации предизвикуваат micro-blur што го намалува OCR квалитетот. Поради принципот на доплерски мерења, радарскиот модул е чувствителен на одбивање од околните метални објекти. Во тесни урбани улици може да дојде до multipath ефекти што ја намалуваат точноста на мерењето. Системот има филтри, но не може целосно да ги елиминира сите сценарија. Внатрешниот процесор работи со фиксен computational budget. Кога има голем број возила или брза смена на сцени, firmware-от може да намали резолуција во одредени циклуси. Ова се прави за да се зачува стабилноста, но создава варијации во квалитетот на кадрите. Tattile системите испраќаат повеќе слики и metadata кон централен сервер. Ако мрежата има jitter или пад на пропусност, уредот се префрла во delayed event mode. Во овој режим event-ите се складираат локално и испраќањето е одложено. Ова не влијае на очноста, но влијае на latency и може да го забави back-end обработувањето. При високи надворешни температури IR LED диодите ја намалуваат излезната моќност за да избегнат прегревање. Ова го намалува ефективниот домет на осветлување. CMOS сензорите исто така генерираат поголем noise при топло време, што влијае на ANPR точност. Некои серии имаат документирани случаи на auto-exposure miscalibration по долг континуиран работен период. Камерата преминува во состојба со неправилни gain вредности, што предизвикува потемни или пресветли кадри. Проблемот се решава со remote reset, но претставува реална оперативна слабост. Системот генерално работи добро со класични таблички. Но рефлективните нанофилмови, перфорирани акрилни заштити и одредени декоративни фолии создаваат IR scatter. Тоа ја намалува читливоста и ја зголемува веројатноста ANPR да врати невалиден код. Кога мрежата е недостапна подолг период, локалниот buffer се полни. При целосно полнење камерата преминува во режим со ограничено снимање каде што event-ите се зачувуваат со пониска резолуција. Силен дожд создава „IR flare“ на капките во воздухот. Силниот снег создава „hot spots“ на кадарот поради рефлексија на пулсната IR светлина. Ваквите состојби значително ја намалуваат способноста за детекција.
 

Атачменти

  • 1765276439068.png
    1765276439068.png
    189,8 KB · Прегледи: 7

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Да и откако ќе го воведат и тоа, ти ќе прашаш зошто не е двојазично и ќе поднесеш иницијатива на Уставен Суд. Еј да, еве сега им дадов идеја и на друга група граѓани да реагира и да го КУТНЕ овој штетен закон.
Ајде доста беше не опомена Даниел, му се смачило да чита трачарење.
Сега прејудицираш дека контрам за сметка на контрањето само по себе... Што не е фер од тебе а посебно пошто сметам дека добро си ги аргументирав ставовите. Зошто сметам дека добро си ги аргументирав ставовите? Пошто не се демантирани. Ни најмалку. :)
Мислењето е автоматски споено:

предлог што треба да се направи...
Еве еден предлог од мене. Барање всушност: Ако не фотографски ама како текстуален оутпут треба прекршоците јавно да се објавуваат на државен веб сервис. Само со регистарски броеви, не со лични имиња. Регистарски броеви и краток опис на прекршокот.

И ова да се дешава во реално време, со минимален делеј отако прекршокот ќе биде регистриран во системот.



Се надевам не мора да објаснувам зошто е ова потребно. :)
И дека е релативно лесно за реализирање.
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно