Јас кога бирав веш машина ова најмногу го гледав, покрај тоа колку собира и колкава гаранција има... Конкретно гледав да троши што повеќе вода.Грешка ми е математиката.
Не штедат само струја, штедат и вода. И на 5-7 години колку што ќе ја работиш, се собира доста. За мала разлика во цена, се исплати поеколошката.
Сериозно, не сакам јас и семејството да носиме облека со неисплакнати хемикалии заради некакви „зелени“ агенди за штедење вода.
1 кубик вода кошта смешни пари, а додека го зборуваме ова ЈП Водовод има накај ~50% загуба во преносот на истата мрежа со азбестни цевки која не е сменета од пред 70+ години. Тоа во услови каде животен век на спомнатите азбестни цевки е некаде 50-60 години. Потоа почнуваат забрзано да се распаѓаат, за што сведочат и зачестените потреби од репарации на сегменти од мрежата.
Малку офтопик, ама мислам дека страшно слабо јавноста е запозната со овие факти.