Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Особено паркирањето на една лента. Од Плоштад Македонија, речиси до Мост Гоце Делчев има катастрофа од паркирање по малите улички. Не ми пречи паркирањето, нека има, но узурпацијата на пешачките површини е без усул. А особено што во Карпош Принцот Комшија ги зема сите тротоари, им стави онакви коси граничници за да може и кола да се поткачи и тоа и се случува - секаде колите завршија на пешачките површини. Со обезбедување на првата лента за паркирање (НАСЕКАДЕ) ќе се овозможи станарите да здивнат малку од гужвата плус ќе овозможи лесно воведување на зонско паркирање (ако со лична карта добиваш бесплатно паркирање во зоната) па Шити Мол нема да може да ги узурпира околните паркиралишта (како се осмелија да воведат наплата на паркирање???? за да им стојат празни паркинг местата ама затоа НИВНИТЕ МУШТЕРИИ од цела Македонија и околината да паркираат низ цел Карпош???).
Паркирањето не е човеково право. Ниту возењето автомобил. Животот е. Никој никому не смее да му одземе живот. Или право на слободно движење.
(Откако ќе се изнајде буџет за да се направат подземни сообраќајници, надземните целосно ќе се предадат на пешаците а под земја што сакате правете)
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Зона во која деца играат на улица, максимална брина на движење 6км/ч.

21) знакот „подрачје на смирен сообракај" (318.1) означува место во населба од каде се влегува во подрачје во кое не треба да се вози побрзо од брзината на пешаченье односно 10 км/час, во кое пешаците имаат предност пред возилата и во кое е дозволена игра на деца.

Цели маала во Виена се вака обележани на секое уличе. Емтое.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Викаш тоа е решението, такви знаци да се стават по булеварите?
Па дури може и тоа. Иако реков да се блокираат лентите со овозможување на паркирање. А по малите улички да бидат подрачја на смирен сообраќај. Додека не се најде буџет да се направат подземни улички каде што пешаците нема да имаат пристап.
Но треба да ги прашаме родителите на децата што изгинаа, што мислат они, дали вредат овие знаци секаде да се стават или да тераме вака...
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Се е тоа во ред... Освен паркирањето на лента.
Треба што повеќе ленти, но тоа не значи брзо да се вози на нив. Треба да го пуштат тој автоматскиот систем како прво. Инаку некој и на една/две ленти пак ќе прави проблеми ако мисли дека „нема да го фатат“, но после неколку (или после доволно) казни на секој ќе му дојде умот. Вака работи тоа коцкарското кај нив.

Или најлевата лента да ја остават строго само за автобуси од јавен превоз.

Или да се купат дронови со противтенковски проектили, и со автоматско гаѓање на секој што вози над 80км/ч (а не е брза помош или полиција). :)
Мислењето е автоматски споено:

Повеќе ленти значи поголем bandwidth на сообраќајот... Kaде има поголем проток, на PCIe 2.0 или на PCIe 3.0?
DwWoCqp.jpeg
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@DarthJe5us

^^ Ова ваљда е некоја специјална врста на хумор... Треба да бидеш специјален за да разбереш. :)

Мислењето е автоматски споено:

Особено паркирањето на една лента. Од Плоштад Македонија, речиси до Мост Гоце Делчев има катастрофа од паркирање по малите улички. Не ми пречи паркирањето, нека има, но узурпацијата на пешачките површини е без усул. А особено што во Карпош Принцот Комшија ги зема сите тротоари, им стави онакви коси граничници за да може и кола да се поткачи и тоа и се случува - секаде колите завршија на пешачките површини. Со обезбедување на првата лента за паркирање (НАСЕКАДЕ) ќе се овозможи станарите да здивнат малку од гужвата плус ќе овозможи лесно воведување на зонско паркирање (ако со лична карта добиваш бесплатно паркирање во зоната) па Шити Мол нема да може да ги узурпира околните паркиралишта (како се осмелија да воведат наплата на паркирање???? за да им стојат празни паркинг местата ама затоа НИВНИТЕ МУШТЕРИИ од цела Македонија и околината да паркираат низ цел Карпош???).
Паркирањето не е човеково право. Ниту возењето автомобил. Животот е. Никој никому не смее да му одземе живот. Или право на слободно движење.
(Откако ќе се изнајде буџет за да се направат подземни сообраќајници, надземните целосно ќе се предадат на пешаците а под земја што сакате правете)
Проблемот е што... Овде се е проблем. Се е отидено докy*ца. Има закони, не се спроведуваат. Или се спроведуваат многу ретко и многу селективно. Се дешаваат срања, гинат луѓе. Обичните луѓе се огорчени, нормално, и толку се очајни што се спремни и на секакви „решенија“ само за нешто да се промени.

Овде решението не е толку сложено, само треба законите да се спроведуваат.
Ништо без тоа, ништо без спроведување на законите.

Не треба намалување на број на ленти. Не треба фантазирање за некакви подземни сообараќјници (аман, тогаш метро може да направат ако веќе направат тунели долу под земја - ама тоа на Свети Никад, а веројатно ни тогаш)... Тоа што очигледно овде нема да се деси, нема да се деси. Но може и треба законите да се спроведуваат. Тоа ќе направи разлика.

Имаме камери. Некаде има и мерачи на брзина. Ни треба систем кој камерите ќе ги користи да гледа поминување на црвено светло, и други прекршоци, и треба да генерира казни кои ќе идат директно дома кај прекршителите (или барем кај газдите на колите). Треба и мерење брзина, накачиш над 50 км/ч (+5 до 10%) и автоматски казни. Тоа ќе направи разлика.

И најпосле секој има право на мислење, ама ајде да ги аргументираме тие мислења. Едно е на споредна улица да поставиш еден правец за паркирање и да ја направиш едносмерна... Ама на булевар да блокираш една цела лента и за третина да го угушиш и онака умрениот проток на сообраќајот - извини ама тоа е сулудо. Колку и да си револтиран од сиве срања што се дешаваат, треба да се соочиш со фактот дека блокирање ленти на булевари не е решение... Пошто на крај кога нема да има сообраќај пак и пак разни идиоти ќе прават срања, како тој Васил што го прегази девојчето.
Дали се две или три ленти тоа нема да значи многу за спречување на идиотите да прават идиотски работи. Но ако законите се спроведуваат, тогаш идиотите ќе бидат спречени да убиваат недолжни луѓе. Баш затоа ни треба автоматски систем, пошто полицијата очигледно нема никаква намера да си ја работи работата.
 
Последна промена:

coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki
За жал, нема една единствена мерка што значително ќе подобри некој аспект од сообраќајот, без притоа исто толку да влоши друг. Овде децениски се работи со цел максимален профит и минимално земање во обѕир на вистинско и одржливо урбано планирање. Треба широкоопфатни мерки во сите полиња и неселективно спроведување на законите. Во последно време се повеќе метастазираат сите лоши работи во општествово и трагични случки како Фросина ќе „оправдуваат“ мерки од очај и гнев, како што спомна @Lokvan. На пример густината на сообраќајот ќе се намали кога ќе има јавен превоз на којшто реално ќе може да се потпреме. Не е решение уште ленти да се додаваат, ниту па има простор за тоа. Се има покажано тоа дека не го дава потребниот ефект. Ниту пак да се намалуваат со паркирање во една лента, кое веќе е спроведено во Тетово, на некој начин. Не во една, во една и пол, а некогаш и во две ленти. Одете видете како е. Со скопскиот метеж, ова ќе биде ужас. Една лента за паркирање, а уште една каде ќе биде нарушен сообраќајот од тие што паркираат, влегувајќи или излегувајќи од паркинг местото. Ете се спомнаа голем број казнети што возеле без возачка. Тоа треба кривичен прекршок да биде. Нешто слично на поседување нелегално оружје. Си пивнал или си земал нешто? Вози се со такси или нека те вози некој близок. 0 толеранција за алкохол и дроги и најстроги казни за седнување позади волан во компромитирана состојба. Ете таква една пијана будала ја удри сестра ми и од ударот заврши во ограда. Среќа добра е и нема трајни повреди, ама сега без кола е. Доаѓа увидна полиција на лице место, постапувајќи по пријава дека пијан возач предизвикал сообраќајка со штета и повредени и замислете, нема дрегер со нив... Значи закони и прописи си има, само не се спроведуваат, а најчесто и кога се спроведуваат се селективни...
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Ете се спомнаа голем број казнети што возеле без возачка. Тоа треба кривичен прекршок да биде. Нешто слично на поседување нелегално оружје. Си пивнал или си земал нешто? Вози се со такси или нека те вози некој близок. 0 толеранција за алкохол и дроги и најстроги казни за седнување позади
волан во компромитирана состојба.
Целосно се сложувам.
Ама не ова судство да дели „најстроги казни“. Опни го 10 години во затвор, еб* му го животот, втората беља доживотен, оти не е за на улица...
Ете таква една пијана будала ја удри сестра ми и од ударот заврши во ограда. Среќа добра е и нема трајни повреди, ама сега без кола е. Доаѓа увидна полиција на лице место, постапувајќи по пријава дека пијан возач предизвикал сообраќајка со штета и повредени и замислете, нема дрегер со нив... Значи закони и прописи си има, само не се спроведуваат, а најчесто и кога се спроведуваат се селективни...
Не мора да го тестираат на улица, штом е пијан - едно време ги носеа на токсикологија да направат анализа на крв. Зошто тоа не сте барале?
Зошто не сте пријавиле во внатрешна контрола дека дошле не спремни на увид?
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki
Не мора да го тестираат на улица, штом е пијан - едно време ги носеа на токсикологија да направат анализа на крв. Зошто тоа не сте барале?
Зошто не сте пријавиле во внатрешна контрола дека дошле не спремни на увид?
Го однесоа во државна (каде што беше и сестра ми на преглед, со брза помош) и му земаа крв и урина, со што имам сомнеж дека ќе се заташка работата бидејќи едно време го снема од местото на настанот, а и дознав дека ургирал... Не можев на се и сешто да внимавам во моментот. Дали да ја гледам сестра ми кога плачеше, се тресеше и се жалеше на болка во главата или да го чувам овој нечовеков и да ја контролирам полицијата... Значи во болница им земаат примероци и полицајците ги земаат и се тестираат во полициска лабораторија. Е сега можеш да замислиш колку моменти има тука за превара... Уште чекаме записник, ете и тоа е едно нешто што не функционира како што треба, со месеци (6 отприлика) луѓе чекаат записници, а законски мислам дека треба за 2 недели најкасно да биде изготвен. Наводно немаат доволно луѓе..
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Сонувајте спроведување на закони. А до тогаш само физички пречки со цел одвојување на пешачкиот од сите други видови сообраќај. Толку
 
StefanPetrov

lurker
5 април 2016
525
910
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
За жал, нема една единствена мерка што значително ќе подобри некој аспект од сообраќајот, без притоа исто толку да влоши друг. Овде децениски се работи со цел максимален профит и минимално земање во обѕир на вистинско и одржливо урбано планирање. Треба широкоопфатни мерки во сите полиња и неселективно спроведување на законите. Во последно време се повеќе метастазираат сите лоши работи во општествово и трагични случки како Фросина ќе „оправдуваат“ мерки од очај и гнев, како што спомна @Lokvan. На пример густината на сообраќајот ќе се намали кога ќе има јавен превоз на којшто реално ќе може да се потпреме. Не е решение уште ленти да се додаваат, ниту па има простор за тоа. Се има покажано тоа дека не го дава потребниот ефект. Ниту пак да се намалуваат со паркирање во една лента, кое веќе е спроведено во Тетово, на некој начин. Не во една, во една и пол, а некогаш и во две ленти. Одете видете како е. Со скопскиот метеж, ова ќе биде ужас. Една лента за паркирање, а уште една каде ќе биде нарушен сообраќајот од тие што паркираат, влегувајќи или излегувајќи од паркинг местото. Ете се спомнаа голем број казнети што возеле без возачка. Тоа треба кривичен прекршок да биде. Нешто слично на поседување нелегално оружје. Си пивнал или си земал нешто? Вози се со такси или нека те вози некој близок. 0 толеранција за алкохол и дроги и најстроги казни за седнување позади волан во компромитирана состојба. Ете таква една пијана будала ја удри сестра ми и од ударот заврши во ограда. Среќа добра е и нема трајни повреди, ама сега без кола е. Доаѓа увидна полиција на лице место, постапувајќи по пријава дека пијан возач предизвикал сообраќајка со штета и повредени и замислете, нема дрегер со нив... Значи закони и прописи си има, само не се спроведуваат, а најчесто и кога се спроведуваат се селективни...
Се сложвам со се шо пиша ама те моламмм почни да користиш ентер за да имаш помали параграфи оти скренвам ко ќе видам вака, wall of text :ROFLMAO:
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Па дури може и тоа. Иако реков да се блокираат лентите со овозможување на паркирање. А по малите улички да бидат подрачја на смирен сообраќај. Додека не се најде буџет да се направат подземни улички каде што пешаците нема да имаат пристап.
Но треба да ги прашаме родителите на децата што изгинаа, што мислат они, дали вредат овие знаци секаде да се стават или да тераме вака...
Знаци и останата сообраќајна сигнализација има, барем на булеварите е сѐ како треба означено.
Ама знаците не спречуваат дивеење по улиците.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Знаци и останата сообраќајна сигнализација има, барем на булеварите е сѐ како треба означено.
Ама знаците не спречуваат дивеење по улиците.
Знаците НЕ се доволни. Столпчињата спречија паркирање на тротоари. Паркирани коли во прва лента ќе служат како лежечки полицајци, т.е. ќе го спречат дивеењето. Ќе го подобрат паркирањето во малите улички. Ќе им зголемат промет на душаните заради подобар пристап. Да не споменувам пополнување на општински буџет НАМЕСТО од градежни дозволи! Кој е приходот на Општина Центар од сите возила по Партизанска? Нула. Со паркирање тоа ќе се смени.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Знаци и останата сообраќајна сигнализација има, барем на булеварите е сѐ како треба означено.
Ама знаците не спречуваат дивеење по улиците.
Дивеење спречува само казни, неселективни.
 
stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
21) знакот „подрачје на смирен сообракај" (318.1) означува место во населба од каде се влегува во подрачје во кое не треба да се вози побрзо од брзината на пешаченье односно 10 км/час, во кое пешаците имаат предност пред возилата и во кое е дозволена игра на деца.

Цели маала во Виена се вака обележани на секое уличе. Емтое.

Toa e, во Германски свет ја даваат брзината како 6км/ч, али ние стално брзаме :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Toa e, во Германски свет ја даваат брзината како 6км/ч, али ние стално брзаме :)
На Варшавска во Тафталиџе има таков знак од кружниот тек кај гимназијата Ѓорѓи Димитров до после школото Јан Амос Коменски. По цела должина. Не сум видел до сега да пишат казна некому... Емтое.
(а да се стави паркирање и тоа КОСО по цела должина од десната страна? и двете страни да бидат со наплата? ем буџетот ќе се полни со нешто друго освен градежни дозволи, ем ќе се забави сообраќајот, ем комшиите раат ќе паркираат, не вака со тепачки и ставање шеќер во резервоари ако си му паркирал на „неговата“ улица...)
 
Сакаш да кажеш зонско паркирање?
Лично сум голем противник на тој начин на крадење пари од народот. Еве зошто:
Тоа е една од поголемите глупости што е измислена за легално крадење пари од народот.
1. Претходно немало доволно места за паркирање, со зонско исто ќе нема доволно места за паркирање, ама ќе плаќаш за него. Локалните жители пак ќе вртат кругови околу населба додека да најдат место за паркирање, исто како и без зонско. Пак ќе има тепачки и шеќер во резервоар.
2. За користење на паркинг местата се наплаќа пари а не се чистат и одржуваат местата.
3. За користење на паркинг местата се наплаќаат пари без одговорност. Не дај боже гранка од дрво да ти падне врз кола, некој да ти ја оштети колата, ќе добиеш оштета... (аха, жими мајка, од двете подолгото)

Буџетот на општините се полни и по други основи... процент од даноци по милијарда основи. А со зонско се полни касата на јавно претпријатие.

Него, мислам дека правично решение е доделување (откупување) на градежното земјиште околу старите згради (процесот почна пред 20+ години и го стопираа) и обврзување на сопствениците на становите да паркираат во тоа земјиште. Исто како што е за новите згради. Оти во овој момент старите згради имаат земјиште само под зградата, без двор. Правно, жителите во старите згради немаат пешачки пристап од улица, оти земјиштето околу нив (дворот) е туѓо (државно) и никаде не е заведено ограничување, службеност за да може да се пристапи до својот имот од улица.
Ем башка, за Карпош ќе му се затнат апетитите на комшијата стевча да сади зграда на секое празно место.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
0. Јас дискутирам од аспект на безбедноста на пешаците. Тоа се дополнителни бенефити кои што ги споменав.

1. Не е мој проблем што луѓе не купуваат гаражи или ги пренаменуваат дворовите па ги узурпираат пешачките површини. Не постои уставно право на паркинг место.

2. Ќе мора да ги обележат. Како што стои во Законот за безбедност на сообраќајот - паркинг место мора да биде обележано. Ако си паркиран во линии - тогаш е карта за паркирање. Ако газиш или си надвор на необележано место - казна од полицаец.
Не како бандитите од ПОЦ.

3. Купи си гаража, двор или паркирај во затворен паркинг простор. Сити мол на пр.

Не го сфаќам ова. Во секој случај не ме ни засега зашто си имам место во гаража.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
1. Претходно немало доволно места за паркирање, со зонско исто ќе нема доволно места за паркирање, ама ќе плаќаш за него. Локалните жители пак ќе вртат кругови околу населба додека да најдат место за паркирање, исто како и без зонско. Пак ќе има тепачки и шеќер во резервоар.
За ова многу грешиш.

Кај мене откако ставија зонско секогаш имаше паркинг за станарите. Исто и на многу други места.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Проблемот е што... Овде се е проблем. Се е отидено докy*ца. Има закони, не се спроведуваат.
Точно. Појасно не може ни да биде.
Додека овде во Виена размислувам дали е рационално да купувам кола, пошто чини 1200-2000 евра годишна регистрација, дали два пати ќе се качам во неа во годината, во Македонија размислувам дали да ја регистрирам или да ја продавам третата кола, за недај боже да не ми затреба мене или на некој близок.

Што е разликата, во Виена е глупост да поседуваш кола освен ако не мораш секојдневно да одиш во дрг град и немаш време за патување со воз кој секогаш функционира, скоро е бесплатен и ни минута не доцни. Во македонија е проклетство да се качиш во јавен сообраќај, такси не постои а автобусите се циркузи, да не го коментирам истото, па затоа ми требаат три коли. Дополнително има преку 28.000 камери низ градот, буквално нема шанси да направиш прекршок и да не бидеш казнет. Башка што луѓето се едуцирани уште од градинка како треба да се однесуваат во сообраќајот како пешаци, велосипедисти и возачи и сите исто се однесуваат без исклучок. И тука не функционира многу онаа глупост доказ за ова или доказ за она. Абе ако некој те пријави си паркирал како кретен, доаѓа и те казнува полиција, нема бркање правда вака било или онака. Те казнат ли си плаќаш. те пријават ли те казнуваат. Па ти потруди се како знаеш и умееш за да не те пријават. Ако не знаеш и не умееш ќе се научиш (и меил адреса ќе отвориш и ќе научиш и апликација за се живо да користиш, ако не гитла на село таму).
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.234

Во Виена покрај тоа што не се исплати да имаш кола, навистина е ретардирано да возиш покрај онаков јавен превоз.

Иначе, ако си приметил, има пензионери волонтери кои патролираат. Пиле не оставаат да прелета :)

Нашиве, пак, итри и покварени како што се, казната му ја оставаат на најблискиот швабо. Овој по автоматизам фино лепо оди и си уплаќа без да провери.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
За ова многу грешиш.

Кај мене откако ставија зонско секогаш имаше паркинг за станарите. Исто и на многу други места.
Јас кај што живеам, нема шанси да начекаш паркинг пред зграда, а зонско е. Е сеа јебига, има ресторан, 5 кафичи наоколу + палма. Едвај наоѓам да се паркирам. Некогаш паркирам дури во Гостивар.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Пак си ја навртевте на шоферската воденица. Зонското го спомнав како дополнителен ќар. Инаку главно дека колите ќе се симнат од тротоарите. На коловозите. Обележани со бели ленти. Како одбрана поради дивеењето на возилата. И плус пешаците ќе бидат заштитени со еден ред паркирани коли. А кој сака паркинг нека си купи гаража. Не е фер некој да дава илјадници евра а друг да извољева дека немал место каде да ја смести колата. Или нека не купува кола. Или нека купи стан/куќа каде што има паркинзи. Не може и јаре и паре.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Знаците НЕ се доволни. Столпчињата спречија паркирање на тротоари. Паркирани коли во прва лента ќе служат како лежечки полицајци, т.е. ќе го спречат дивеењето. Ќе го подобрат паркирањето во малите улички. Ќе им зголемат промет на душаните заради подобар пристап. Да не споменувам пополнување на општински буџет НАМЕСТО од градежни дозволи! Кој е приходот на Општина Центар од сите возила по Партизанска? Нула. Со паркирање тоа ќе се смени.
Не се доволни, ама ти цело време мантраш знакот па знакот, во Виена знаци имало по улиците. Има и кај нас, ама никој не ги рецка.
Ниту па паркирани коли ќе спречат дивеење.
А да казнуваа(т) ревносно и неселективно за непрописно паркирање, немаше да има потреба од столпчиња. Ете како никој не паркира на тротоарот пред влада, а нема столпчиња?
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно