Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

malloy

read-only
4 декември 2015
23
34
Абе се прекршија. Според Панче уште летиска требаше да биде, па есеноска, па еве до 15ти Јануари.... Ете баш така. Како замислува Панче, слушни го на подкастот.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Ќе се одложува додека не изготват закон без дупки. Сериозни се во намерата да го имплементираат овој систем на создавање сообраќајна култура што е за поздрав.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Јас како провинцијалец сакам прво во Скопје да се постават, пошто во другите градови не можеш да развиеш над 140 од семафор до семафор. Еве дојди во Гостивар и пробај да возиш брзо како што возиш во Скопје, ако успееш добиваш кафана.
За ова се сложувам, ама и ти си во утка. Прашај ги тие од Гостивар што секој ден доаѓаат во Скопје зошто по Партизанска и по Илинденска возат со 20 до 30 km/h, па јбг не се во Гостивар?
Прашај ги зошто од Маџари, Автокоманда, Аеродром, ТЦ источна капија кога си одат во 15:30 дома во Гостивар возат низ Центар, Партизанска, Илинденска, Ѓорче Петров, кога многу поедноставно е преку заобиколница да отидат. Ем башка од таму нема да го гњават сообраќајот ноз Скопје.
Пун QR ми е од тетовски, гостиварски коли што гњават низ скопје во гужвата а јас од Аутокоманда до Карпош заради нив ги возам тие 7,5km за саат и пол. Човече возам 5km/h - брзина на пешак.
Прашај ги и напиши го овде одговорот. Или инструкторот кога ги учел им рекол: вози полека и сигурен си. Познавам лик кој положи возачки испит возејќи со комисија во град во внатрешноста, ликот возеше во прва брзина цело време!!! Инструкторот му рекол да не брза.

Чисто информативно, пред повеќе години, имам видено во Гостивар повеќе возила со гостиварски (и швајцарски) таблици кое поминуваа со голема брзина (жалам што немав доплер за да му ја мерам брзината). улица Борис Кидриќ, Гоце Делчев и уште една паралелна на Гоце Делчев. Нешто работевме по тоа улиците, па моравме да бараме асистенција од полиција... јбг, може си бил многу мал.

А навечер? Сите тие „мирните“ и бавни возачи од тетово и гостивар лудуваат по партизанска, илинденска, октомвриска ревилуција во скопје... на кружниот тек кај хубо палат гуми со дрифтање...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Нема прогрес со вакви реакционерни дискусии. НЕМА. А најмалку очекувам од прогресивни компјутераши ваква дискусија.
Само се повторуваш и ги игнорираш аргументите.
Споредуваш праќање СМС пораки од неколку карактери, со маил комуникација. Баби и жаби. Тебе тоа ти звучи смешно едноставно затоа што си израснал со тоа. За многу други тоа е непремостлив проблем но ти не се ни обидуваш да се ставиш во нивните чевли. Внуци? Па „внуци“ прво немаат сите а второ внуците ќе почнат да бегаат од обврски после кратко време (ако не и предвреме). Имаш и не толку стари луѓе кои едноставано не користат информатички технологии, ниту па смартфони.

Тоа од технички аспект, а од логички и аналитички аспект гледано?
100% ја промашуваш поентата... Прогрес? Ма каков прогрес, они само сакаат да можат евтино и брзо да испраќаат казни пошто знаат каков неспособен крш сервис е Пошта. Сега ти/ни одговара да има брзи и многу казни за да престане лудилото по улиците, ама утре истово ќе се користи и за други (генерално неповолни) работи.

Пошто не е крш само Пошта, целата држава ни е крш. Ќе има на пример извршители појавување од нигде никаде за банални ситници кои луѓе нема ни да знаат дека ги направиле, не па дека требало да платат некои ситни казни. Сето ова има потенцијал за големи срања и треба да има се свесност за тоа.

Нека казнуваат со автоматски систем, ама не може да очекуваат дека Македонија е некоја утопија со информатички едуцирана популација.
Мислењето е автоматски споено:

Немаш телефон или емаил адреса ако си стар, или ако си глуп.
Во двата случаи не треба да те пуштат да возиш.
Дали стари или глупи, тоа се веројатно стотици илјади граѓани... Да ги исклучиме од сообраќај значи? После ти ќе идеш да копаш канали или да ораш нива за нив, или ќе ги превезуваш до нивите, до работните места?

Или да ги еутанизираме ако не, да не сметаат во новата „прогресивна“ држава?
Одговорно размислување, и навистина многу реално.
 
Последна промена:

@Lokvan Не ми ја разбра поентата со (не)прибирањето на податоците за известување за сообраќаен прекршок споредено со зонското паркирање или не сакаш да ја разбереш. А упорно тераш социјала за некоја група на технолошки заостанати луѓе. Такви има и ќе ги има. Ако не се придржуваат на правилата - ќе бидат санкционирани.

А колкава е таа група што ја штитиш? Во државава имало во третото тромесечје од 2024 година вкупно 2.095.819 активни претплатници на мобилна телефонија (еве ти го изворот на бројката: https://aek.mk/wp-content/uploads/2024/12/Информации-за-состојбата-на-пазарот-за-елктронските-комуникации-во-мобилна-и-фиксна-телефонија-за-третиот-квартал-од-2024-година.pdf) . 1.732.063 претплатници имаат интернет на мобилните телефони. Да ги цитирам бројките на фиксни линии?
Еве што пишува Завод за статистика за број на население во 2023 година: 1.826.247 (еве ти го изворот на податокот: Државен завод за статистика)

ОВА СЕ ФАКТИ.

Кои тоа аргументи ги игнорирам?

Едноставна математика потврдува дека статистички целото население има мобилни телефони, а некои од нив имаат и повеќе броеви.

Кога почнуваш да се занимаваш со мене, а не ме познаваш, треба да знаеш дека бев полнолетен кога почнаа да се појавуваат во Македонија Спектрум, Галаксија, Комодоре. Израснав со џамлии, точаци, моторчиња, чатали, фудбал на мали голчиња. Не сум израснал со тоа што го викаш (комуникациите).

Баш ме интересира која е таа твоја категорија на „не толку стари луѓе кои едноставано не користат информатички технологии, ниту па смартфони“ А тие луѓе управуваат ли возила? Беснеат ли по улиците? Поминуваат на црвено светло? Газат пешаци на пешачки премин?

Ако си толку добро информиран за системот што ќе биде воспоставен, дали знаеш дека овие информации ќе ти бидат испратени за да можеш да ја платиш казната во рок од 8 дена (50%) и за да можеш да провериш дали имаш неплатени казни (па и да ги платиш) пред да излезеш надвор од државата (дали ќе можеш да излезеш со неплатени казни?).

Јас редовно ги плаќам моите обврски према државата. Еве убав начин државата да ги натера неплаќачите да си го регулираат долгот.
Еве убав начин државата да го смири аздисувањето во сообраќајот. Тие што аздисуваат во сообраќајот имаат и скапи коли, скапи мобилни телефони и електронски адреси. А од нив страдаме сите.

А ти (и останатите неколкумина), продолжи да бараш влакно во јајцето, дупка во законот и да тераш инат со кого стигнеш.

И дали знаеш што значи тоа што си напишал: „Одговорно размислување, и навистина многу реално.“? Да или Не. Јас мислам НЕ.

Ме боли QR за тие што немаат мобилен телефон.
Ме боли QR и за тие што немаат електронски (e-mail) адреси.
Ги изело времето.
Купуваат денови на планетава.
Ти губи си го времето со нив.
 
Последна промена:
18 август 2019
1.219
1.193
Мислам дека ако нешто не користиш, можеш да кажеш дека не користиш. Имаш и доказ дека стварно не користиш.
А поради оштетен слух не знам колку е изговор да не користиш телефон. Ако е за така, не ни треба да возиш со оштетен слух.

За мејл точно, да, мада мислам дека тоа ќе е опционално.
Само едно да ви кажам. Глув човек може да управува со возило од Б категорија. Барем така беше кога јас полагав.
А тоа што вие сакате веднаш да удрите по некого без да имате познавање од проблематиката е ваш проблем, не е мој. Типичен пример за полуписмени.
Мислењето е автоматски споено:

Ова е стварно неверојатно што го читам.
Замисли, сакаме во Европска унија, сакаме напредок во земјата, им се восхитуваме на германците, жабарите, швеѓаните чии општества се скроз дигитални, ама проблем било меил адреса да се има во Македонија, јер вчера ги измислија меил адресите???? Одиме во чекор со времето така што не користиме интернет во 2024-та година?
Абе ако си глуп, луд, будала, последно нешто што треба да правиш е да возиш кола, а да не зборувам па да вреѓаш некој што сака да ги мрдне работите од мртва точка.

Каде бе со муабетиве бе луѓе кадееее? Да ја држиме државата во заложништво ради некој неписмен што не сака да научи меил адреса да отвори?
И сега луѓе на 60-70 години ќе учат да работат со електронска пошта?
А јас онака глуп и будала веќе 50 години возам кола.
Немаш телефон или емаил адреса ако си стар, или ако си глуп.
Во двата случаи не треба да те пуштат да возиш.
Јас сум стар и глуп.
Претпоставувам дека ти не си стар, ама самиот кажуваш дека си глуп.
Мислењето е автоматски споено:

Патем пред да пробаш да го заобиколиш ова погоре со некаков изговор, само да знаеш дека твоја обврска е да ги ажурираш твоите податоци на живеење. ;)
Која е врската на податоците на живеење со телефон и мејл?
Мојата лична карта се совпаѓа со местото на живеење.
И не пробувам да заобиколувам прописи. Ретко плаќам казни, ама никогаш не сум ги молел да ми опростат. Сум погрешил, сум платил. Ама никој не може да ме натера да купувам скап телефон, згора на сѐ, мрежната покриеност е ужас.
Јас лично прилично добро се снаоѓам со техниката, ама познавам мал милион луѓе кои воопшто не се разбираат и користат телефони со копчиња за да можат да се јават кај децата. А се јавуваат со притискање на едно (меморирано) копче.

И сега овде се нашле некои пицопевци кои немаат претстава кој процент од популацијата е над 60 години, па мрсат муда.
 
Последна промена:

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
706
1.007
Ако се воведе ова автоматски може да се распушти собрание . Сите имаме телефони нели, една апликација и секој може да гласа по сопствено убедување. Нема што таму патни трошоци и шницли по 50 денари во бифето.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Многу коментари а ни еден за насловот на темата.

Почнаа ли да казнуваат или не? Да се спремам психички.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.785
33.896
roka.mk
Ќе соберат база на податоци, па кога ќе им ја хакнат, па кога ќе си ги најдеме податоците на дарк веб за 50 долари, па кога ќе ги купи некој индиец па кога ќе ти пушта дека пратката ти е на царина треба да се плати, па кога ќе ти извади брз кредит некој со твоите податоци... системот ви е прекрасен.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Мене не ми е јасно која е потребата од ангажирање на "врвни" експерти за правење на законско решение во врска со камерите и регулацијата на сообраќајот. Да е Панче ербап, би отишол до Софија би видел како тоа функционира, би го препишал бугарскиот закон и решен проблем.

Само што на крај на денот казните ќе важат само за одредена група на граѓани и пак ќе имаме несреќи по улиците, дивеење и бахатост.

Ме интересира дали некогаш казниле полицаец паркиран на тротоар со приватно возило и флуоресцентен елек на седиште поставен како знак за предупредување (не пипај - кола на полицаец).
 
18 август 2019
1.219
1.193
Ме интересира дали некогаш казниле полицаец паркиран на тротоар со приватно возило и флуоресцентен елек на седиште поставен како знак за предупредување (не пипај - кола на полицаец).
Казниле... Ама во Германија.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.132
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

Не е под наводници затоа што некои од тие експерти ги знам и верувал или не, немаат врска со партија. Башка ова е започнато од претходната власт, оваа продолжува.
Инаку не може да се препишуваат законите затоа што секој системски закон е поврзан со друг закон кој го имаме и секако со уставот.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Не е под наводници затоа што некои од тие експерти ги знам и верувал или не, немаат врска со партија. Башка ова е започнато од претходната власт, оваа продолжува.
Инаку не може да се препишуваат законите затоа што секој системски закон е поврзан со друг закон кој го имаме и секако со уставот.
Од толку експерти кои се врзуваат со секоја политичка гарнитура сме на дното од Европа. Но тоа е друга тема.

Бугарија го има препишано својот закон за движење по патиштата од Шведска.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Инаку не може да се препишуваат законите затоа што секој системски закон е поврзан со друг закон кој го имаме и секако со уставот.
Во ред е дека не можат да се препишуваат законите. Ама можат да се земат како појдовна точка и да се приспособат спрема нашите услови и закони.
Конкретно со телефонот и мејлот, ниту устав, ниту закон предвидува дека секој мора да ги има. А за да донесат таков закон, најпрво морат да донесат закон за информатичко описменување на населението. Како што од седумдесеттите има закон за задолжително основно образование, сега треба да донесат закон за задолжително информатичко образование и задолжително поседување (и користење) на телефон. И воедно во руралните средини да постават мрежна покриеност. Верувале или не, сеуште има реони каде мрежата е никаква. Кај мене за среќа Телеком малку ја засили, инаку со А1 не може да се работи.

Знам дека ова нема да им се допадне на оние кои за себе мислат дека се писмени и паметни, ама состојбата на теренот е таква. Не сакаат да сфатат дека во Македонија 30% од населението е над 60 години. Ама младоста е таква, не размислува подалеку од себе.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: thrw

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
А колкава е таа група што ја штитиш? Во државава имало во третото тромесечје од 2024 година вкупно 2.095.819 активни претплатници на мобилна телефонија (еве ти го изворот на бројката: https://aek.mk/wp-content/uploads/2024/12/Информации-за-состојбата-на-пазарот-за-елктронските-комуникации-во-мобилна-и-фиксна-телефонија-за-третиот-квартал-од-2024-година.pdf) . 1.732.063 претплатници имаат интернет на мобилните телефони. Да ги цитирам бројките на фиксни линии?
Еве што пишува Завод за статистика за број на население во 2023 година: 1.826.247 (еве ти го изворот на податокот: Државен завод за статистика)

ОВА СЕ ФАКТИ.

Кои тоа аргументи ги игнорирам?
Нема да спорам тоа тоа наведеното се факти, спорам колку од тоа се „смартфони“ а колку „глупфони“. Спорам колку од тие корисници знаат нешто повеќе од јавување на броеви и отварање на апликација до социјалната мрежа по избор, итн. Спорам дека на таквите и кога некој ќе им инсталира маил клиент, дека таквите корисници не знаат да користат маил, и дека за кратко време ќе бидат преплавени со спам. Итн, итн. Таквите корисници не се способни да користат маил.

Едноставно го спорам твоето толкување на тие факти од кои почнуваш ама доаѓаш до погрешен заклучок.

Јас редовно ги плаќам моите обврски према државата. Еве убав начин државата да ги натера неплаќачите да си го регулираат долгот.
Еве убав начин државата да го смири аздисувањето во сообраќајот. Тие што аздисуваат во сообраќајот имаат и скапи коли, скапи мобилни телефони и електронски адреси. А од нив страдаме сите.
Како уште не разбираш дека не сум против мерките, нека има мерки. Мене тука само ми смета тоа што известувањето по маил ќе се смета за „официјално си известен“ со сите правни последици од тоа.

Инаку и јас сум за средување на сообраќајот. Ваљда едно сто пати го повторив тоа досега.

Ме боли QR за тие што немаат мобилен телефон.
Ме боли QR и за тие што немаат електронски (e-mail) адреси.
Ги изело времето.
Купуваат денови на планетава.
Ти губи си го времето со нив.
Еден куп се што имаат и смартфони, па и некој маил акаунт имаат ама никогаш не го отвориле ниту знаат да го отворат. Тоа се можеби стотици илјади граѓани, и не сите се стари луѓе. Има и прости работници, купишта такви... И тука е прашањето, ако ги исклучиш од сообраќајот (со тоа на некој начин и од општеството): Тогаш кој ќе ги извршува нивните работи прости ама потребни работи?
Пошто тоа сигурно нема да сме јас и ти, и другите што се прават силни без да анализираат макар еден два чекори после таквата одлука.

Дај разберете веќе еднаш дека ова не е заради регулирање на сообраќајот. Пошироко и поголемо е...
Мислењето е автоматски споено:

Дури и настрана тоа што (како што кажа Фаталити), дека базите за кратко време ќе завршат не само на dark web туку и на обични сајтови. Си се пребарал ли некогаш самиот себе? Со име и презиме, да видиш и тебе и скоро сите што ги познаваш, дека скоро сите сме објавени со лични податоци на повеќе сајтови со адреса и фиксни телефони? Некои genealogy сајтови демек за наоѓање роднини, ама наплаќаат пари за да ти дадат повеќе податоци или за да те тргнат од базата. Нормално без да ти гарантираат дека нема да те вратат за некоја година, а повеќе такви сајтови се.

Што мислиш од каде се искочени сите тие информации? Да, од истата таа „способна“ држава која ова со мејловите го прави само затоа што не е способна да си ги среди основните сервиси како Поштата.

Поддржувај ти слободно „прогрес и напредок“, само утре немој да се чудиш на татко ти или друг близок ако му дојдат извршители за некоја баналност, на пример затоа што паркирал некаде каде не знаел дека е зона со плаќање... Тоа додека уживаш во стотиците мејлови спам, и обидите за скам.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Само се повторуваш и ги игнорираш аргументите.
Споредуваш праќање СМС пораки од неколку карактери, со маил комуникација. Баби и жаби. Тебе тоа ти звучи смешно едноставно затоа што си израснал со тоа. За многу други тоа е непремостлив проблем но ти не се ни обидуваш да се ставиш во нивните чевли. Внуци? Па „внуци“ прво немаат сите а второ внуците ќе почнат да бегаат од обврски после кратко време (ако не и предвреме). Имаш и не толку стари луѓе кои едноставано не користат информатички технологии, ниту па смартфони.
Нема поента од барање на проблем таму кај што го нема. Тие еден процент од имбецили нека немаат возила или нека плаќаат целосни казни плус извршители. Totally fine by me. Останатите ние 99% мора да одиме напред, природната селекција нека го реши проблемот.
Мислам, грубо звучи ама со соочуваме со груби проблеми кои мораме брзо да ги решиме.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
И сега луѓе на 60-70 години ќе учат да работат со електронска пошта?

Јас сум стар и глуп.
Не ми е целта да те навредам, ама морам некако да кажам: Нека ти влезе во таа стара и глупа глава дека не е проблем за поголемиот дел од од 60-70 годишниците да научат да прочитаат меил.
Пак ќе звучи грубо ама ќе кажам: тие 60-70 годишници кои се стари и глупи веројатно возат возила од по 15-30 години старост кои и онака не се за во сообраќај иако „фантастично“ ги одржуваат. И така се со една нога во **** и се мал процент од населението, не прават големи километражи, па глупаво е само заради тие да страда цела популација. Нека одат под возот тие ако се неспособни, јебига.
Мислењето е автоматски споено:

Знам дека ова нема да им се допадне на оние кои за себе мислат дека се писмени и паметни, ама состојбата на теренот е таква. Не сакаат да сфатат дека во Македонија 30% од населението е над 60 години. Ама младоста е таква, не размислува подалеку од себе.
Тоа работи во две насоки. Знаеме дека ова нема да им се допадне на оние кои се стари, глупи и неписмени ама состојбата на теренот е таква, мора да се направи жртва за да се оди понатаму. Не сакаат да сфатат дека 70% од населението е под 60 години. Ама староста е таква, не размислува дека времето прошло и дека светот веќе не се врти околу нив.
Мислењето е автоматски споено:

И да незнаат како да креираат емаил или да комуницираат преку емаил адреса, по првата казна сите ќе научат.
Овој прост народ за жал учи само со стап.
Апсолутно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Нема поента од барање на проблем таму кај што го нема. Тие еден процент од имбецили нека немаат возила или нека плаќаат целосни казни плус извршители. Totally fine by me. Останатите ние 99% мора да одиме напред, природната селекција нека го реши проблемот.
Мислам, грубо звучи ама со соочуваме со груби проблеми кои мораме брзо да ги решиме.
Кажав веќе, ова не е заради регулирање на сообраќајот. Пошироко и поголемо е...
Тоа прво, а второ тоа се многу повеќе од 1% од населението туку се можеби и стотици илјади и обично се концентрирани во групата работници кои работат прости и физички работи (тие што не се стари пензионери). Кога ќе ги исклучиш раквите работници од сообраќај, ги исклучуваш и од општеството.

И повторно: Кој ќе ги работи тие прости физички работи?
Пошто јас сигурно нема. Ти ќе се нафатиш ли? :)
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.132
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Најголемите простаци што не се во пензија и 90% од пензионерите се врвни познавачи на Фејсбук, ама проблем ќе им било мејл да отворат.
Вака и за вадење пензии од банкомат се зборуваше (како ќе научеле, што ако има пензионер без прсти и слично) па откако им воведоа 50 денари провизија вадење на шалтер, 95% од пензионерите ги вадат парите од банкомат.
Мислењето е автоматски споено:

Од толку експерти кои се врзуваат со секоја политичка гарнитура сме на дното од Европа. Но тоа е друга тема.

Бугарија го има препишано својот закон за движење по патиштата од Шведска.
Добро и што ти вели логиката на тебе? Опозицијата е за, власта не само што е за туку со месеци зборува дека ќе воведе вакви казни, луѓето големото мнозинство се за, ама еве полека оди ова со законот? Немаме некој да преведе од бугарски?
 
18 август 2019
1.219
1.193
Нема поента од барање на проблем таму кај што го нема. Тие еден процент од имбецили нека немаат возила или нека плаќаат целосни казни плус извршители. Totally fine by me. Останатите ние 99% мора да одиме напред, природната селекција нека го реши проблемот.
Мислам, грубо звучи ама со соочуваме со груби проблеми кои мораме брзо да ги решиме.
Значи вие „неимбецилите“ сте над останатите. И не сте 99'%, туку многу, многу помалку.
Пред уставот и законите сите сте исти, не можете вие да бидете привилегирани.
Не ми е целта да те навредам, ама морам некако да кажам: Нека ти влезе во таа стара и глупа глава дека не е проблем за поголемиот дел од од 60-70 годишниците да научат да прочитаат меил.
Пак ќе звучи грубо ама ќе кажам: тие 60-70 годишници кои се стари и глупи веројатно возат возила од по 15-30 години старост кои и онака не се за во сообраќај иако „фантастично“ ги одржуваат. И така се со една нога во **** и се мал процент од населението, не прават големи километражи, па глупаво е само заради тие да страда цела популација. Нека одат под возот тие ако се неспособни, јебига.
Можеби не ти е целта да ме навредиш, ама сепак навредуваш. Навредуваш огромен дел од населението. Ако ти си израснал во годините кога телефоните и компјутерите беа присутни, има голем дел од населението на кои тоа им е непознаница. Дури и со оваа порака навредуваш. Возеле стари возила (од каде знаеш), па уште да одат под воз. До каде мислиш да тераш со твојата препотентност?
Тоа работи во две насоки. Знаеме дека ова нема да им се допадне на оние кои се стари, глупи и неписмени ама состојбата на теренот е таква, мора да се направи жртва за да се оди понатаму. Не сакаат да сфатат дека 70% од населението е под 60 години. Ама староста е таква, не размислува дека времето прошло и дека светот веќе не се врти околу нив.
Според тебе старите треба да ги носиме на кланица. Така правиме со кравите. А да помислиш дека еден ден (можеби) и ти ќе бидеш стар?
Јас не велам дека светот се врти околу старите. Останува на младите. Ама не можеме да ги казнуваме старите само затоа што се стари и растеле во некое друго време.
И да незнаат како да креираат емаил или да комуницираат преку емаил адреса, по првата казна сите ќе научат.
Овој прост народ за жал учи само со стап.
Ова веќе е бисер над бисерите. Удри, казнувај, буџетот треба да се полни.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.530
3.132
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Замисли кога вовеле пишани договори колку се бунеле оние што не знаеле да читаат. Зошто да читаме, како да се потпишуваме, не е ли веќе доволно да си пружиме рака? Инаку без гајле, и за нив нашле решение - полномошно, потпис со отпечаток од прст итн.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно