55" 4K, буџет што знам, до кај 3-4К. Не би да инвестирам премногу бидејќи и онака не го користам многу.
Само ќе почне да кочи за 4-5 години после надградби и ажурирања.
Го имам кај другар и е толку специфично добар за пофалба зошто не прави проблем со ниту еден уред кога се поврзува за далечинско управување. Функционира и со „Apple“ и со „Android“ телефони и уреди без многу тешкотии.
Се согласувам, со тоа што ќе ја жртвуваш батеријата на лаптопот за потреби на телевизор. Исто така ќе ти биде потребно бар лаптоп од 2015 наваму за да нема мани при работа со видеа и филмови за високи резолуции, исто така и филмови што се „bluray“ формати каде уште повеќе прават товар на процесорот.Кај мене телевизорите се сите со Андроид систем, верувај ми дека не го користам многу тој ОС освен некој филм пуштање на ТВ пред легнување. Подобро ти е да си врзеш некој лаптоп со сјебан екран на него отколку да даваш дополнително пари за некои гомца.
Ако е за геријатрија или деца што сакаат да гледат што им дојде следно во албумот за гледање, ќе врши работа мојот предлог.