Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Прво јас го немам видено телефонот а верувам ни ти за да судиме релевантно. Второ, членот опиша и сликаше што е проблемот. Трето го примиле на сервис со неговото објаснување, значи има некоја мака.
А по тебе ако е така како вика корисникот што е ако не недостаток? Фичр да не е можеби?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Ако одобрат Самсунг замена на нивна добра воља, а ако не...баш ме интересира пред ДПИ како ќе биде објаснувањето за uniformity. :)
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Mobico е овластен сервис за Самсунг телефони и таблети. Законски - немаш обврска да прифатиш сервис, можеш да инсистираш продавачот да ти го среди дефектот, а дали они ќе го носат некаде тоа е нивни проблем. Обично е побрзо со овластен сервис, ама тоа е на добра воља на купувачот.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Ако одобрат Самсунг замена на нивна добра воља, а ако не...баш ме интересира пред ДПИ како ќе биде објаснувањето за uniformity. :)
Ете ќе видиме овластен сервис што ќе каже. Со самото прифаќање во сервис да го разгледаат, нешто има. Инаку зошто би го примиле ако така треба да изгледа и е нормално?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
deni.mitev

user
7 октомври 2014
1.024
1.027
И да го однесе во телеком , тие ќе го пратат таму после 1 недела и пак исто.

Мобико се океј, за што телефон се работи?
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Ете ќе видиме овластен сервис што ќе каже. Со самото прифаќање во сервис да го разгледаат, нешто има. Инаку зошто би го примиле ако така треба да изгледа и е нормално?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
На барање на клиент мора да го примат уредот на сервис.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
На барање на клиент мора да го примат уредот на сервис.
Да ама на прием мора да видат дали тоа што го бара е навистина така, дали има нешшто од тоа што тој го збору, или нема ништо такво и тоа е само "фичр". Абе нема што да се натегаме, кога не сме виделе и двајцата. Ете сервис ќе каже. Па и Свети Самсунг не е безгрешен да му се плукнам.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.950
8.448

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.133
Отворен и вклучен не може да го замени. Мора да одобри сервис.
Тоа кај вас во Анхоч.

Јас последно земав лаптоп од Нептун за фирма, го отворија таму и констатиравме дека физички е се ок.
Кога го однесов дома, забележав light bleed при инсталација на Windows, испадна дека е некој дефект на екранот и недоволен QC.

Го вратив истиот ден (отворен, чепкан), ми дадоа нов директно во продавницата.

Затоа следен пат пак кај нив ќе зимам, фала на инфо.
Мислењето е автоматски споено:

Да ама на прием мора да видат дали тоа што го бара е навистина така, дали има нешшто од тоа што тој го збору, или нема ништо такво и тоа е само "фичр". Абе нема што да се натегаме, кога не сме виделе и двајцата. Ете сервис ќе каже. Па и Свети Самсунг не е безгрешен да му се плукнам.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Абе лаже членот, сака да го врати зашто виде позитивни рецензии за Apple Vision Pro и затоа собира пари. Одма го откри @SiPy` стар лисец е он.
Мислењето е автоматски споено:

Дали ќе важи гаранцијата во тој случај?
Мислам дека премногу те бунат имињава на сервисиве. Самсунг нема свој сервис, има овластени сервиси кои се викаат X или Y. Се додека го носиш телефонот во овластен сервис, без разлика како се вика, не ја губиш гаранцијата.

Не се фаќај толку за Мобико, знам името им е како маалска мобилара
 
Последна промена:

imortel

hello world
18 февруари 2012
197
312
Скопје
Во државава бедно ни треба едукација за вакви работи. Значи ако купуваш уред од било која продавница Нептун,Сетек, Анхоч, итн, и тој има видлив дефект, истиот треба да го вратиш во таа продавница за тие потоа да го испратат до нивниот овластен или официјален, наречете го како сакате СЕРВИС.

Ти во случајов си направил нешто како: Да си купил Опел од Аутомакедонија кој патем е овластен дистрибутер и сервис, и наместо да го однесеш кај нив да видат што се случува со твојот НОВ автомобил, ти си го однел кај локален механичар.

Ајде да се надеваме дека Мобико ќе го средат овој проблем и долго ќе те служи уредот.
Од Телеком ми рекоа да го однесам директно во Мобико за да се забрза процесот, бидејќи и тие истото ќе го направеле само вака ќе биде побрзо, а и блиску ми беше. Дури и од Телеком им се најавија дека ќе дојдам за веднаш да го погледнат уредот.
Од Мобико ми рекоа дека мора да го однесат во Самсунг, бидејќи немале како да го тестираат.
Еве сега ќе чекам одговор.
Четврто, корисникот користел с22У и очигледно има претстава како треба да изгледа добар екран.
Точно така, екранот во споредба со S22U беше како ефтина кинеска реплика.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.720
3.392
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Од Телеком ми рекоа да го однесам директно во Мобико за да се забрза процесот, бидејќи и тие истото ќе го направеле само вака ќе биде побрзо, а и блиску ми беше. Дури и од Телеком им се најавија дека ќе дојдам за веднаш да го погледнат уредот.
Од Мобико ми рекоа дека мора да го однесат во Самсунг, бидејќи немале како да го тестираат.
Еве сега ќе чекам одговор.
Тогаш се извинувам, супер штом така можело. Јас мислев дека ако одиш сам на своја глава дека нема да ти важи гаранција. Научив нешто ново денес.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Тоа кај вас во Анхоч.

Јас последно земав лаптоп од Нептун за фирма, го отворија таму и констатиравме дека физички е се ок.
Кога го однесов дома, забележав light bleed при инсталација на Windows, испадна дека е некој дефект на екранот и недоволен QC.

Го вратив истиот ден (отворен, чепкан), ми дадоа нов директно во продавницата.

Затоа следен пат пак кај нив ќе зимам, фала на инфо.
Мислењето е автоматски споено:

Абе лаже членот, сака да го врати зашто виде позитивни рецензии за Apple Vision Pro и затоа собира пари. Одма го откри @SiPy` стар лисец е он.
Мислењето е автоматски споено:

Мислам дека премногу те бунат имињава на сервисиве. Самсунг нема свој сервис, има овластени сервиси кои се викаат X или Y. Се додека го носиш телефонот во овластен сервис, без разлика како се вика, не ја губиш гаранцијата.

Не се фаќај толку за Мобико, знам името им е како маалска мобилара
Слободно купувај кај сакаш. Моето мислење се базираше на ЗЗП и нема потреба од ароганција.

Членот добиваше погрешни насоки и погрешно го толкуваа законот, ништо повеќе од тоа. Малку смири си ја ароганцијата.
 
28 јануари 2017
2.072
4.760
Ресен
Се двеумам меѓу А и S серија.

Дали А серија би ме траел долго како и S во поглед на издржливост на хардвер?

Дали батериите издржуваат исто на долг рок или рикаат побрзо?

Некој што користел најнови А и S, дали главната камера се разликува ептен драстично во секојдневие?
Од А серија ги имам дома скоро сите последниве години, А5 , А50, А52, А52s и последно А54.

Хардверски не трае колку S во смисла на брзина и флуидност али затоа имаш 2 телефони да смениш од А серијата за цената што ќе платиш S.

Кај батериите немам осетено разлика, сите си тeраат барем 4-5 години, S23 држи исто ако не и повеќе од А52s.

Камерата во дневни услови е слична (S23 со A54), селфито е барем дупло полоша кај А серијата, S23 има х3 зум камера а А54 макро.
S23 исто така во апликацијата за камера ги има pro photo и pro video, А серијата не.

Лично за мене, од Note 8 се префрлив на A52s, х2 беше подобар во сè 52ката ама и доста разлика во години беа.
Од А52s на S23 кој го работам во light mode, побрз е да ама за некој како мене што не цепидлачи, двата си ја бркаат работата.
Најголема предност за мене е големината (некогаш е заебано за прсти ќебапи), тежината и безжичното полнење кое ми фалеше премногу од времето на Note 8 кој не виде кабел и уште држи цел ден со лесна работа.

Ако те интересира нешто повеќе или ти требаат примери, слободно пиши.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Од А серија ги имам дома скоро сите последниве години, А5 , А50, А52, А52s и последно А54.

Хардверски не трае колку S во смисла на брзина и флуидност али затоа имаш 2 телефони да смениш од А серијата за цената што ќе платиш S.

Кај батериите немам осетено разлика, сите си тeраат барем 4-5 години, S23 држи исто ако не и повеќе од А52s.
Потврдувам горе кажано и се сложувам.
S23 исто така во апликацијата за камера ги има pro photo и pro video, А серијата не.
Има бе на А54 зашто така викаш??? Иди во камера и доле смени кај модови на more...и ќе ги видиш.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
28 јануари 2017
2.072
4.760
Ресен
Потврдувам горе кажано и се сложувам.

Има бе на А54 зашто така викаш??? Иди во камера и доле смени кај модови на more...и ќе ги видиш.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Го повлекувам пишаното, сега проверив дури и на А52s ставиле, можеби сум јас нешто грешка дека никогаш немало.

Сум ги помешал брзините со RAW...
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
Ви благодарам. Веќе бев решил да земам А54. Но видов дека за месец-два ќе излезе А55 со метални рамки. Па ќе почекам само за тоа.
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
@gokica јас како корисник на А54 можам да ти кажам дека е WIN WIN го убивам секој ден од зборење и 5г интернет и тоа со 2 сим картици смрт нема телефонот за парите кои е платен.
Ќе кажам само едно не споредувај S серија со A серија но за парите кои го купив телефонот ми е ТОП и не би го заменил за ништо бидејќи ми е телефон за работа.
Го користам со 2 броја 2 вибери за двата броја и компаниски програми и емаилови и што ли уште не.
Значи ти сега ќе го купиш за поефтино јас го купив ганц нов беше скап дека го земав одма кога излезе али не се каам воопште.
 
Sapphire

user
11 ноември 2015
1.207
810
Некој да не знае кога ќе биде испорачана втората тура телефони од промоцијата што беше од 26ти до 30ти?
 
Martin Arsov

hello world
17 октомври 2016
234
126
Ви благодарам. Веќе бев решил да земам А54. Но видов дека за месец-два ќе излезе А55 со метални рамки. Па ќе почекам само за тоа.
Да , ама не верувам дека цената ќе биде под 26к. Не е исто 17 и 25 илјади.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
Да , ама не верувам дека цената ќе биде под 26к. Не е исто 17 и 25 илјади.
Да и мене тоа ми текна. Но не ми е нешто ептен итно. А и можеби А54 ќе падне уште некој денар наредниов период.
 
ljupce

hello world
8 ноември 2011
191
137
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Една консултација ако може. Што би препорачале од кај да се земе S24U?
Од грција со поврат на данок - како иде таа постапка?
Или од другарите од Чаир?
И има ли поента да се почека уште малку дали ќе паднат цените или тоа е тоа?
 
Ali G

hello world
28 мај 2023
218
299

Доколку под чекање малку ти е 1 месец не верувам да паднат многу, можда 2-3000, доколу не ти е итно и би почекал 5-6 месеци ќе паднат 10000/12000 сигурно.
 
TexasUS

user
25 февруари 2017
1.316
1.339
Една консултација ако може. Што би препорачале од кај да се земе S24U?
Од грција со поврат на данок - како иде таа постапка?
Или од другарите од Чаир?
И има ли поента да се почека уште малку дали ќе паднат цените или тоа е тоа?
Од грчка Plaisio ти враќаат 19-20%.
 
ljupce

hello world
8 ноември 2011
191
137
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Другарите од Чаир ledikom имаат многу добра цена споредено со Грчка макар и без данок
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно