Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.607
19.334
Ако си во куќа каква сакаш изолација имај треба да пуштиш греење за зграда е различно.
Поентата му е дека е греота уште отсега да палиш дрва. И стварно е така.

Згора на се на олку топло време оџаците не влечат и дрвата не согоруваат добро
 
Borsa

user
10 октомври 2011
1.183
907
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Дечки очигледно се разбирате доста во клими. Една молба да ми предложете модел за инвертер клима за 19м2 дневна (собата нема изолација), со некоја пристапна цена!
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Дечки очигледно се разбирате доста во клими. Една молба да ми предложете модел за инвертер клима за 19м2 дневна (собата нема изолација), со некоја пристапна цена!

А ако сакаш поефтина варијанта ова

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.555
3.011
Дечки очигледно се разбирате доста во клими. Една молба да ми предложете модел за инвертер клима за 19м2 дневна (собата нема изолација), со некоја пристапна цена!
Ти пишал @mdeni, не е лоша оваа за 500 евра.
Евентуално можи да побараш и некоја мидеа или вивакс, не поголема од 3.5 kW.
Не ризикувај со некој ефтин кинез, особено ако ти е за примарно греење.

Испратено од телефоно.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.379
Па не седиш надвор :)
Ако на ова време имате потреба да вклучувате греење или сте многу зимурличави или ви треба подобра изолација.
19 степени е во станот ако не уклучам клима во 6 попладне. Ако 19 ти е топло тогаш со монтка седиш внатре. Локација Охрид, иначе сите што ги знам низ Охридов што се греат на клими и со добра изолација и пвц ми рекоа дека пуштале навечер греење.
Иначе викендов бев Богданци, еден од потоплите градови во МК и таму пуштаа клима навечер после 7 зошо жените им се смрзнаа
Мислењето е автоматски споено:

Јас ја палам секоја вечер околу 21 до кај 6 наутро часот без разлика какво е надвор. Не дозволувам ѕидовите да ми се изладат.
Наместена е на 24 па нека си одлучи самата дали треба да работи или не. По графициве гледам дека до кај 02 повеќето не работи отколку што работи. Потоа работи(ла) повеќе и почесто до кај 6:00.

Потоа сонцето си ја брка работата а таа на тајмер се гасни потполно.
Може потопло е кај тебе. Кај мене жена ми веќе во 6 чим зајде сонцето ми вика пали климата ладно ми е.
Во спалната палам во 22 и работи до кај 00. Сабајлево кога станав беше 17 степени. На север е спалната и становите под мене и над мене не се греат.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.406
5.559
19 степени е во станот ако не уклучам клима во 6 попладне. Ако 19 ти е топло тогаш со монтка седиш внатре. Локација Охрид, иначе сите што ги знам низ Охридов што се греат на клими и со добра изолација и пвц ми рекоа дека пуштале навечер греење.
Иначе викендов бев Богданци, еден од потоплите градови во МК и таму пуштаа клима навечер после 7 зошо жените им се смрзнаа
Мислењето е автоматски споено:

Може потопло е кај тебе. Кај мене жена ми веќе во 6 чим зајде сонцето ми вика пали климата ладно ми е.
Во спалната палам во 22 и работи до кај 00. Сабајлево кога станав беше 17 степени. На север е спалната и становите под мене и над мене не се греат.
Кај мене моментално низ цела куќа е 22 степени без греење. До сабајле најниско до 21 паѓа.

Ако кај тебе со вечерно греење наутро ти е 17 степени, имаш сериозни губитоци на топлина.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.379
Кај мене моментално низ цела куќа е 22 степени без греење. До сабајле најниско до 21 паѓа.

Ако кај тебе со вечерно греење наутро ти е 17 степени, имаш сериозни губитоци на топлина.
Не се грее нон стоп спалната плус преку цел ден е отворена вратата према тераса и одма се лади просторот. Иначе не, климата одма ја затоплува собата и работи со 200-240 вати после само 20тина минути ама немам потреба сега да ја греам нон стоп спална на северна страна, впрочем и неможам да спијам во многу топло.
Иначе и кај моите е така како кај тебе околу 21 степен, во стан се со изразита јужна позиција и феноменална изолација, ама 21 малце им било и во 7-8 навечер пуштаат до 24 степени да стигне.
Преку ден Охрид е макс 20 степени отоа во 3 часот. Моментално во 22 часот е 11 степени.
 
Атачменти

  • 20221026_220850.jpg
    20221026_220850.jpg
    1.005,7 KB · Прегледи: 34
Последна промена:

Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.182
19 степени е во станот ако не уклучам клима во 6 попладне. Ако 19 ти е топло тогаш со монтка седиш внатре. Локација Охрид, иначе сите што ги знам низ Охридов што се греат на клими и со добра изолација и пвц ми рекоа дека пуштале навечер греење.
Иначе викендов бев Богданци, еден од потоплите градови во МК и таму пуштаа клима навечер после 7 зошо жените им се смрзнаа
Мислењето е автоматски споено:

Може потопло е кај тебе. Кај мене жена ми веќе во 6 чим зајде сонцето ми вика пали климата ладно ми е.
Во спалната палам во 22 и работи до кај 00. Сабајлево кога станав беше 17 степени. На север е спалната и становите под мене и над мене не се греат.
Кај мене најниско што имам видено е 22 степени, станот е на југо исток го тепа сонце цел ден.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.607
19.334
Неизолиран стан е потопол од неизолирана куќа. Дупло!
Криминално е да споредуваш изолиран стан со неизолирана куќа.

Ако имаш бинго да те греат одозгора, одоздола и до тебе можеш да врвиш и со калорифер
 
18 август 2019
1.237
1.220
Ако имаш бинго да те греат одозгора, одоздола и до тебе можеш да врвиш и со калорифер
Овој одозгора не те грее. Само „краде“ топлина. А одоздола добиваш подно греење (ако имаш бинго).
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.379
Кај мене се работи за зграда градена во 90-тите со сендвич изолација и добра пвц дограма. 90 квадрати стан, југ-исток експозиција и становите под мене, над мене и до мене не се греат, воопшто, празни се нон стоп.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Овој одозгора не те грее. Само „краде“ топлина. А одоздола добиваш подно греење (ако имаш бинго).
Не, не. Иако краде, сепак „краде помалку“ ако се грее. Краде многу повеќе ако не грее.
 
Charlie00

read-only
11 август 2020
23
15
Сеуште држи 23 степена кај мене преку цел ден и досега не сум ја пуштал.
Лани пуштав по два три саата пред легнување од ноември а целосно ми почна грејната сезона на 15 дек.
Ако се задржи вака и овој ноември ке е супер.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Сеуште држи 23 степена кај мене преку цел ден и досега не сум ја пуштал.
Лани пуштав по два три саата пред легнување од ноември а целосно ми почна грејната сезона на 15 дек.
Ако се задржи вака и овој ноември ке е супер.
Браво, па ти си бил прав икономист! Претпоставувам идеална изолација и лепенка до станови други? Ти паднала секирата во мед. :)

View: https://youtu.be/6-vqA6jKDOo?t=951
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.607
19.334
Како и да е. Седењето во стан или куќа си има свои предности и мани.

Има тренд, односно имам забележано, кај новите градби носечките столбови се поставуваат од внатрешна страна (зад циглите) и максимално се одбегнуваат еркери.

Она што останува изложено е плочата која подоцна лесно се решава со изолација.

Терасите се нужно зло. Тие, заедно со еркерите, прават најголем проблем.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.379
Добро бе сите во Гевгелија ли живеете па не паѓа под 23 навечер? До 5 степени слегуваше деновиве утринската во Охрид.
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Добро бе сите во Гевгелија ли живеете па не паѓа под 23 навечер? До 5 степени слегуваше деновиве утринската во Охрид.
Иста ситуација е кај мене у Скопје. Преку ден се движи околу 23-23.5, навечер најниско што паднало е 21.

Стар стан, без изолација на ѕидови ама со нови прозори и врати. Веројатно има голема улога што е југо-западно ориентиран на едната страна па добар дел од денот го фаќа сонце. Прва зима ќе ми е тука, ќе видиме како ќе е декември-јануари :)
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.607
19.334
Добро бе сите во Гевгелија ли живеете па не паѓа под 23 навечер? До 5 степени слегуваше деновиве утринската во Охрид.
Во Прилеп гледам дека температурата паѓала до 6 степени минативе денови.

Минативе два-три дена ниеднаш не ми се уклучила климата која е наместена на 24 (освен како што кажав некаде од 03 до кај 06)

Не можам да се сетам дека не сме грееле во овој период на годината, барем од 15:00 натаму.

За Петков ден имало снег и мраз. А ова не толку одамна (cca 12 години)
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Добро бе сите во Гевгелија ли живеете па не паѓа под 23 навечер? До 5 степени слегуваше деновиве утринската во Охрид.
Пред месец дена кога почнав да ја палам помалата клима во спална некои утра температурата паѓаше и до 2/3 степени (локација Штип). Деновиве паѓаше до кај 6/8 степени, а гледам за наредните денови за Штип дека ќе се спушта и под тоа. Спалната ми е на север, сонце воопшто не ја фаќа и температурата знае да се спушти до 20 степени. Станува збор за стан во нова зграда со 10см изолација, на прв спрат, под мене е маркет, над мене не топли никој, граничи со празен стан и има две надворешни страни. Сега за сега пред спиење во спалната се пали климата да поработи 2-3 часа (HR25 брзо стоплува, подесена на 24 степени со 2 брзина и откако ќе постигне 23 степени работи на 160W). Дневниот простор каде е поголемата клима гледа на запад и попладне се стоплува од сонцето. Овде ми е програмирана од 5 до 7 часот автоматски да се пали, вратите се сите отворени да дува секаде. Мора да се догрева по малку, летово беше супер, на ладење воопшто не пуштав.
 
Случно и кај мене. Сношти греев до кај 00 часот, сабајлето кога станав во 7 беше 20 степени рамно во дневната. Пуштив да се стопли до кај 23 и брзо постигнува и ја гасам кај 10 часот наутро. Жена ми работи од дома и реално под 23 не се седи на стол цело време а да не осетиш дека ти е ладно, плус се работи за женска особа.
Слично и кај колега, сестра му работи од дома, од 13 до 21 часот и нон стоп и е вклучена климата, во куќа со 10цм изолација и солидна дограма али собата е на север.
Мислењето е автоматски споено:

Иста ситуација е кај мене у Скопје. Преку ден се движи околу 23-23.5, навечер најниско што паднало е 21.

Стар стан, без изолација на ѕидови ама со нови прозори и врати. Веројатно има голема улога што е југо-западно ориентиран на едната страна па добар дел од денот го фаќа сонце. Прва зима ќе ми е тука, ќе видиме како ќе е декември-јануари :)
И кај мене е иста ситуацијата. Постар стан без изолација( добро ете сендвич изолација) со пвц дограма со 3 стакла, југ, сонце го тепа од 12 часот попладне додека не зајде, ама становите под мене и над мене не се греат. 2 надворешни ѕида во дневната и плус другите 2 внатрешни повторно не се греат па не крева над 19.5 степени преку ден.
 
Charlie00

read-only
11 август 2020
23
15
Браво, па ти си бил прав икономист! Претпоставувам идеална изолација и лепенка до станови други? Ти паднала секирата во мед. :)

View: https://youtu.be/6-vqA6jKDOo?t=951
Од сите страни се станови, отворен само кон југ. Преку ден се грее од сонцето
image.jpg

Еве за лани од 15 дек само што почнав со мерачот од 28
8B8A831C-A513-4A48-BA13-7EEE21BB473F.jpeg
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.168
3.219
Струмица
Климата спие скоро недела дена заради летните октомвриски денови, а ова е минималец од сношти. Куќа од шеесетите, втори спрат, исток уште неам лепено стиропор (пече сонце пола ден) а другите се со 5цм. Ова лето реновирав цел спрат со гипс/глет и се затворија сите процепи од кај шо може да дише, плафонот од горе има стаклена волна над трската, ја оставив ламперијата и на неа се врза гипс картон конструкцијата. ПВЦ комплет цел спрат.
Џамови и врати оваа седмица се отвараат од 10 сабајле, се затвараат додека надвор не почне да паѓа под 22Ц.
Со 10цм од надвор мислам дека ќе ми треба клима само за Декември, Јануари и Февруари.
 
Атачменти

  • min-temp.jpg
    min-temp.jpg
    67,7 KB · Прегледи: 34
  • temp.jpg
    temp.jpg
    70,6 KB · Прегледи: 34
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно