ARMac
senior
Епа гледате ли сега колку е непрактично тоа правило.. Од една страна викате да се бришат огласите со безобразно високи цени, а од друга страна членот што ја огласил графичката за нормална цена е советуван да одрезервира и да ја зголеми цената. И ај сега @toshex најди му НЗС?
Огласи си се огласи, состојбата на пазарот ја диктира цената и тоа е тоа, нема врска дали е на форум, во огласник или на пазар.
Дечкото што продаваше 1060 за 8000 ќе останеше или веќе останал без графичка. Неупатен, мисли човекот апгрејд да си прави.
Графичката 99.8% ќе се препродадеше.
Ако е фер цена за пријател тогаш не би била огласена тука. И ако продавачот е сигурен во добрите намери на купувачот сеедно ќе се договореше по ПП.
Јас сум против забраната. Нека се тргне како комјунити да се изјасниме кога нема смисла некој оглас. И екстремно скап и екстремно ефтин.