- Ја почнал/а темата
- #1
stefan007
Intern
- 27 јуни 2007
- 395
- 2
Го прочитав ова и многу ме израдува па мислам дека треба да го покажам и тука
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе ги казни операторите ако од утре - 1 јули на своите корисници не им ја понудат можноста да се префрлаат кај други оператори, а да го задржат стариот мобилен или фиксен број. На пример, услугата преносливост на броеви значи дека претплатникот може да го смени мобилниот оператор и да го задржи префиксот 070/071, 075/076, 077/078, кој е карактеристичен за мрежата која дотогаш ја користел. Целта е да овозможи поголема конкуренција на телекомуникацискиот пазар, бидејќи мобилните и фиксните оператори ќе треба со поевтини и поквалитетни нови услуги да ги задржат оние претплатници кои досега не заминале кај друг оператор зашто не сакале да го променат бројот.
"Сите оператори од мобилната и фиксната телефонија неделава ги потсетивме дека рокот за комерцијален почеток на услугата е од 1 јули, како и дека, во спротивно, регулаторот ќе го искористи законското право да ги казни со 4 до 7 отсто од приходите остварени минатата година", информираат од Агенцијата.
Од АЕК велат дека во тестирањето на услугата во изминативе 15-ина дена учествувале и Телеком, "Т-Мобиле Македонија" и "Он.тел", но најмногу напредок е постигнат со третиот мобилен "Вип оператор". "Космофон" и вајмакс операторот "Некском", како и некои други воопшто не пројавиле интерес да се вклучат и да видат дали системот функционира.
За најавите од Македонски телеком дека до ноември годинава нема да стартуваат со преносливост на броеви, од Агенцијата одговараат дека нема да толерираат одложување, бидејќи Телеком и останатите доминантните мобилни оператори уште лани писмено ја информирале дека се подготвени за воведување на преносливост на броеви.
Согласно правилникот за преносливиот на броеви, последен термин за старт на услугата е август годинава.
извор ВЕСТ
Секоја чест за одлукава време беше :bravo::bravo::bravo::bravo: