Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Топлотни пумпи - Дискусија

Seekey

read-only
11 август 2016
36
60
Кога купувате ТП, внимавајте дали има вградено ел. грејачи, бидејќи на пониски надворешни температури ќе се вклучат и значително ќе потрошат ел. енергија,
Ако сте во можност бирајте сплит (не моноблок) ТП без вградени грејачи.
Нема врска дали е со вграден грејач или не, бидејќи можеш да гo сетираш на која температура е дозволено да се вклучи back-up електричниот греач, јас лично го ставив на -13C и се надевам дека никогаш нема да се вклучи бидејќи нормално многу повеќе ќе троши.
Мислењето е автоматски споено:

Во прво си, нема потреба за сите соби.

Има мн добар AI мод (weather compensation) се вика и тука автоматски си се подесува температурата на водата во зависност од температурите внатре и надвор. Ова уште останува да го пробам бидеќи ќе треба да извлечам кабел од сензор/термостат од дневна соба до пумпата. Мн работа е моментално и немам толку време, ама штом најдам време ќе пробам и ќе пишам (веројатно ќе го оставам за наредна сезона ова).

Вака нешто
Најдобро е да не мешаш внатрешни термостати со работа на пумпата. Скоро сите пумпи кои се со надворешна единица можат да работат со Weather Compensation mode наместо фиксна температура на водата бидејќи имаат мерач на температура токму во надворешните единици. Тешкотијата е да ја погодиш кривата на Weather Compensation за твоите потреби, мене ми требаше тестирање и мењавање околу 8-9 дена за да дојдам до 21-22C констатно дома, без употреба на термостати.

Термостат од што имам читано и ми имаат препорачувано, да се подесат да гасат циркулациони пумпи кога ќе сакаш да падне температурата, или врзани за сандачето за подното греење за да гасат/палат. Меѓутоа нема смисла ако ја погодиш големината на пумпата, конфигурацијата и weather compensation идеално е да ти работи 24/7.
Референци:

1739530513880.png
 
Последна промена:

Seekey

read-only
11 август 2016
36
60
Моето искуство со топлотна пумпа, инсталирана и пуштена во употреба на 1 ноември 2024...
Како и повеќето од вас, почнав со истражување, читање и учење за најдобри опции, модели, каква пумпа, колкава пумпа, какви грејни тела итн.

Доста ми помогнаа :

Спецификации на објект

  • Куќа на 3 спрата со вкупна квадратура околу 310 m2
  • 2 спрата радијатори (105m2 + 90m2)
  • 1 спрат подно греење (120 m2), ладење со фенкојлери
  • Надворешна изолација стиропор 10cm 17 килски
  • Поткровје изолација 15 cm стаклена волна + 15 cm камена волна
  • PVC прозори REHAU ЕURO 70 со Uf вредност до 1,3 W / m2 K и REHAU SYNEGO со Uf вредност до 0,94 W/m2 K
  • Висина од под до плафон варира од 2.3m висина до 3.1м висина во секоја просторија различно
  • Потреба за топла санитарна вода - бојлер кој е загреван од топлотната пумпа

Инсталација

Надворешна единица Panasonic Aquarea T-CAP 16kW WH - UX16HE8 (сплит топлинска пумпа)
HP.jpg

Внатрешна единица Panasonic Aquarea WH-SXC16H9E8 + болјер 300l + бафер 200l.

IUNIT.jpg

Моделот на пумпата е меѓу поскапите кај нас, го одбрав според препораки и гледање спецификации и тестирања и сертификати од тела како Eurovent, итн. Меѓутоа моделот дали е Midea, LG, Samsung, Ariston, Mitsubishi, Panasonic не е толку битно колку што е битна правилната инсталација, изведба и големина на пумпата - да не е преголема или премала.

Подесување и искуство
Презадоволен сум од досегашното искуство и целата изведба, првиот месец, беше сетирана на фиксна температура на вода, па морав да ја менувам температурата цело време во зависност од дали ми е претопло или преладно.
Имаше учење и штелување но успеав да ја сетирам на weather compensation mode (автоматски прилагодува температура на вода според надворешна температура = ти не се замараш), со крива од околу 0.5
  • 42C температура на вода кога е -10C надворешна температура
  • 25C температура на вода кога е +15C надворешна температура
Референца за крива: Understanding Your Heat Curve for Optimal Air Source Heat Pump Performance | IMS Heat Pumps

1739533881589.png

Добивам констатни 21.5C во сите простории, предходно се греевме на котел на пелети и разликата е огромна, значително помала потрошувачка имам, во комбинација со 0 замарање (купување пелети, одржување, чистење, итн.) и тотален комфорт. Доплатив за Wi-Fi модул кој што праќа информации на Panasonic cloud и дозволува контролирање на функции на пумпата преку мобилна апликација, искрено откако го сетирав ова не ја ни отварам мобилната апликација, се работи 24/7 перфектно, но сепак препорачувам да се земе ова бидејќи сервисерите имаат пристап во реално време за се што се случува online, па лесно можат да откријат проблем или да го подобрат работењето на пумпата.

Пример во моментов, на +10C надворешна температура, температурата на водата е 30C, што е премалку за радијатори но бидејќи работат 24/7, и објектот е убаво изолиран, просториите се 21-22C собна температура со одлична ефикасност на потрошена енергија.

(30C = температура на вода за во грејни тела, радијатори, 42C = температура на болјер за санитарна топла вода)
nnlEJSS0.jpg

Месечна потрошувачка

Месечната потрошувачка ќе зависи кај секого од
  • Потребите, големината на објектот
  • Грејните тела (подно > радијатор > фенкојлер)
  • Kолку степени ви е пријатно дома да ви бидат просториите
  • Колку правилно е изведена инсталацијата на целиот систем
  • Колку точно е погодена големината на топлотната пумпа, моделот, итн.
  • Други фактори како проветрување, ладни точки, итн.

Кај мојот случај, од ноември па до сега, просекот на сметките е 13000 денари месечно за струја, за 3 спрата греење, реално премала сума од околу 4500 денари по спрат месечно (обрнете внимание и на мерилото за струја и состојбата на kWh во висока и ниска тарифа, не само на сметките кои доаѓаат). Дури верувам дека и со 12kW топлинска пумпа наместо 16kW ќе ми беше добро, но тоа е друга тема за дискусија.

Потрошувачка за месецов (жолта боја е за греење, црвена од болјер за топла санитарна вода):

фебруари.jpg

Избор и барање понуда

При избор на топлотна пумпа и големина, потребно е горе наведениве информации да ги знаете за вашиот објект, но во уште повеќе детали:
  • Висина на под до плафон во секоја просторија
  • Доколку имате веќе инсталирано радијатори, каков тип се и колкави се во секоја просторија? Односно кој е капацитетот на радијаторот, што поголем толку подобро кога се работи за топлотни пумпи бидејќи температурата на водата може да биде пониска и да емитира топлина подолго време = поголема ефикасност. Експерти во областа треба да ви потврдат дали радијаторите се соодветни или треба промена на радијатори / додавање уште.
  • Доколку немате инсталирано радијатори, одлучете дали сакате радијатори, фенкојлери, подно греење, се има свои предности и недостатоци и различна цена, за тоа може да истражите посебно и да се консултирате со фирми или инсталатери.
    • Доколку сакате подно греење, плочки под се најефикасното решение.
  • Слободен простор надвор за надворешна единица на топлотна пумпа без никаква попреченост на возух неколку метри пред пумпата.
  • Слободен простор за внатрешни единици - машинска просторија (доколку се работи за split а не monoblock пумпа), фирмиве кај нас 95% сакаат да инсталираат и Бафер (buffer tank) од многу причини, на пример инсталатерите не се сигурни за точната големина на пумпата па се штитат со Бафер. Тоа зема простор како бојлер, така да голема е веројатноста да ви треба машинска просторија/подрум/котлара.
  • Дали имате потреба да биде инсталиран болјер за топла санитарна вода кој што ќе биде греен од пумпата?
  • Размислете да го решите и ладењето со топлотната пумпа, јас успеав да решам 1 спрат со фенкојлери додека другите 2 си имаа веќе постоечки клими и радијатори.
Испратете детален документ со сите овие наведени информации, скици, грејни тела, итн. за да добиете најточна што може пресметка за големина, бидејќи на крајот на денот најбитно е тоа и изведбата.

Пишете ако треба за што и да ве интересира ако можам ќе помогнам.
 
Атачменти

  • ноември.jpg
    ноември.jpg
    72,3 KB · Прегледи: 22

KostaGj92

read-only
9 јануари 2023
8
6
Здраво на сите.
Гледам многу луѓе се задоволни од користење на ТП принцип воздух вода за греење на радијатори. Дали може @SaleSk @Seekey да ми дадат контакт број од изведувачи и бренд на топлинска пумпа.
Исто така добредојдена е препорака за што е најдобро да се изведе за спрат од куќа, 85 квадрати, веќе поставени радијатори од претходно парно ма струја но моментално не се користи. Изолација надворешна стиропор 10цм, нов покрив со изолација. Моментално се греам со 2 клими инвертер и трета за догревање но температурата никако да надмине дома 22 степени и секако, на сметките се одразува тоа што работат константно.

Edit: Која јачина би ја препорачале на ТП. 16kw? И ајде на ум не се разбирам ништо во врска со ова
Фала ви
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492

Јас во моментот греам околу 100-110 квадрати и имам топлотна од МИДЕА. Земав 16кв заради тоа што во план ми е да го приклучам и другиот дел од куќата кој има уште 60-тина квадрати, но отом потом. Сплит систем, овој:

Надворешна единица

Внатрешна единица

Ти веројатно би можел да поминеш за 80 квадрати и со 12, ама сепак консултирај се со некој што има поголемо искуство и тоа го работи професионално.
Меѓу другото имам поставено и бафер од 60 литри + водата од радијаторите која што е сосема доволна, можеше и без бафер да се оди, ама решив да одам заради понатаму со плановите, каде што или ке биде подно или фенкојлери, здравје...

Топлотната ја земав преку сервисот на КиК, што се наоѓа во Кисела Вода:
K&K
а исто така они ми ја изведоа инсталацијата и приклучувањето.

Дома температурата ми е сетирана на 23 степени дење ноќе во просториите, водата на чилерот на 45. Се се регулира преку собен термостат. Не е преку криви или слично заради тоа што немам време да седнам и да експериментирам, а и веројатно разликата во цена би била +/- 500 денари, а тоа многу многу не ми влијае во моментот на буџетот. Секако е добро како опција.
Кога почнува сезона и паѓа температурата, се пали автоматски, кога нема потреба не се ни уклучува.
Бојлер немам закачено, некако ми е ноусенс да закачам бојлер на топлинска и количина од 100л.
Имам бојлер кој грее на сончев колектор и во овие ладни денови температурата стига и до 45 степени што секако е иста како што ми е сетирана топлотната.
Ако е преладно, свичам со еден клик на проточен, и завршувам работа. Разликата во крајната сметка само проточен да се користи не е поголема од 500 денари.
:)
 
KostaGj92

read-only
9 јануари 2023
8
6
Јас во моментот греам околу 100-110 квадрати и имам топлотна од МИДЕА. Земав 16кв заради тоа што во план ми е да го приклучам и другиот дел од куќата кој има уште 60-тина квадрати, но отом потом. Сплит систем, овој:

Надворешна единица

Внатрешна единица

Ти веројатно би можел да поминеш за 80 квадрати и со 12, ама сепак консултирај се со некој што има поголемо искуство и тоа го работи професионално.
Меѓу другото имам поставено и бафер од 60 литри + водата од радијаторите која што е сосема доволна, можеше и без бафер да се оди, ама решив да одам заради понатаму со плановите, каде што или ке биде подно или фенкојлери, здравје...

Топлотната ја земав преку сервисот на КиК, што се наоѓа во Кисела Вода:
K&K
а исто така они ми ја изведоа инсталацијата и приклучувањето.

Дома температурата ми е сетирана на 23 степени дење ноќе во просториите, водата на чилерот на 45. Се се регулира преку собен термостат. Не е преку криви или слично заради тоа што немам време да седнам и да експериментирам, а и веројатно разликата во цена би била +/- 500 денари, а тоа многу многу не ми влијае во моментот на буџетот. Секако е добро како опција.
Кога почнува сезона и паѓа температурата, се пали автоматски, кога нема потреба не се ни уклучува.
Бојлер немам закачено, некако ми е ноусенс да закачам бојлер на топлинска и количина од 100л.
Имам бојлер кој грее на сончев колектор и во овие ладни денови температурата стига и до 45 степени што секако е иста како што ми е сетирана топлотната.
Ако е преладно, свичам со еден клик на проточен, и завршувам работа. Разликата во крајната сметка само проточен да се користи не е поголема од 500
Ако им го покажам ова пишаново на КиК ќе знаат ваљда што сакам да направам хахахаха
Иначе, не знам што е бафер и како и за што се употребува. Може ли подетално околу тоа.
Другото горе доле разбрав.
Иначе и ја сум дома со проточни бојлери и искрено ми се намали сметката зс стеуја откако сменив од традиционален бојлер.
Така да искрено се надевам дека и топлинската ќе ми намали сметка
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Па јас со електричен котел плаќав скоро тродупло повеќе него сега.
Бафер ти е на еден начин бојлер кој складира загреана вода, и потоа се распределува кон другиот систем, односно системот со грејни тела, или просто кажано резерва на топла вода. Ама ти викам, треба да се пресмета колку литри вода имаш во системот, и дали реално имаш потреба од бафер. По мене е ок да се има за да не се прави стрес на топлотната пумпа.
 
gagmkd

read-only
6 септември 2015
26
19
gagmkd's setup  
Processor & Cooler
CPU Core i7-4790 Quad 3.6GHz LGA 1150 8MB
Motherboard
GIGABYTE z97-HD3
Storage
Samsung 850 Evo 250GB + HDD 3.5" 500GB Hitachi SATA2 7200rpm
PSU
TM500W
RAM
Kingston HyperX Savage Memory 8GB DDR3 1600MHz
Video card
ASUS-STRIX-GTX 960 DC2-2GD5
Case
CoolerMaster k350
Mouse
Steelseries Sensei RAW + QCK Heavy
Audio
Sennheiser HD 429
Monitor
Samsung S22D300NY LED
OS
Windows 8
Zdravo decki, momentalno sum pred vseluvanje vo nov stan i dojde red za razmisluvanje za opciite za greenje i ladenje.
Situacijata e sledata, vo stanot vekje ima instalacija za toplinska pumpa (taka mi kaza investitorot jas ne se razbiram ic vo ova) prikaceni se slikite od instalacijata, kako i cevkite do site sobi (3) kade sto pretpostavuvam treba da imam fenkojleri. Citajki niz forumot i onaka od logika mi nema smisla mnogu toplinska pumpa samo so fenkojleri a bez podno greenje, istoto bi mozelo da se dobie so split sistem 1 nadvoresna edinica i 3 fenkojleri.

Moeto prasanje e, dali nekako ovaa instalacija moze da se iskoristi za split sistem ili sum primoran da kupam toplinska pumpa i da koristam fenkojleri? Vekje parketot e namesten taka da nema moznost sega za podno, sto znaci taa opcija otpagja. Isto taka po proekt e predvideno da ima protcen bojler, a ne bojler od toplinskata pumpa sto znaci vo mojot slucaj jas ne bi go koristel celosniot potencijal na toplinskata pumpa a bi bil "primoram" da ja stavam.

Koe e vaseto mislenje? IMG_5958.jpeg
 
Атачменти

  • IMG_5960.jpeg
    3,2 MB · Прегледи: 45
  • IMG_5962.jpeg
    2,7 MB · Прегледи: 39
  • IMG_5964.jpeg
    2,6 MB · Прегледи: 36
  • IMG_5967.jpeg
    2,9 MB · Прегледи: 36

AfterMaxify

hello world
18 септември 2012
211
180
Поздрав дечки ќе пробам да бидам краток и да добијам конкретен совет од тие што имате познавања.
Објект -> спрат + поткровје (кое не се грее активно). - МОМЕНТАЛНО Котел на пелет 23KW.
Сакам ТП решение само за греење за првиот кат користејќи го истиот систем подното + радијаторите.
Имам изолација фасада 10цм, дупли пвц прозори, изолација на кров.

Спрат 1 -> 120м2 целосна инсталација подно низ сите соби + радијатори низ сите соби. (Овој спрат би сакал да го греам низ целото зимо со тоа што активно ќе се греат 100м2)
Поткровје -> 70м2 отворен простор има инсталирано 4 радијатори. (Поткровјето би го греел во ретки случаи кога имам гости, се на се цирка 10 дена во годината така да не ми е битно).

Имам и клими на поткровје и на првиот спрат.
Бојлерот ми се грее на соларно и поврзан е на котелот за пелет.
Што препорачувате да се инсталира конкретно и дали е исплатливо на мојов setup? Разгледував буџет брендови: GREE, COOPER&HUNTER, MIDEA или AirOSD. Фала на одвоеното време на секого што ќе се потруди да даде мислење.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.645
19.408
Фала на одвоеното време на секого што ќе се потруди да даде мислење.
Ова не е прашање за на форум.Се што ќе ти се каже овде ќе те одведе на погрешен траг а трговците ќе ти продадат тоа што ќе побараш.

Стручно лице ти треба тебе. Пумпата не ти е главен проблем.
 
monthax

read-only
13 јануари 2025
1
0
Здраво дечки, гледам многу добри коментари за инсталација на топлотна пумпа со постоечки радијатори.
Сакав да прашам што мислите за ова во случај кога куќата е постара и без добра изолација.

Станува збор за куќа на два спрата од по 80 квадрати. Куќата е реновирана и со ПВЦ прозорци но без изолација од надвор, и стара изолација во кровот што сигурно е опадната. Моментално има радијатори и котел на нафта, но поради цената на нафтата ова станува веќе не функционално. Ограничени сме со греење на пократки периоди, и поради лошата изолација цела топлина се губи. Сегашното потрошување е околу 2000 евра годишно за нафта, со штедливо користење. Ако се користи како што треба би било повеќе од тоа. Има една инвертер клима на горниот спрат што скоро успева и да го загрее, само поради поставеноста не се грее една соба добро.

Што мислите дека е подобро за ваков тип на куќа со лоша изолација, дали топлотна пумпа со постоечките радијатори или додавање на уште една или мулти сплит инвертер на долниот спрат.

Секој совет е добредојден. Ви благодарам однапред.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
837
1.288
Терај со 2/3 буџет клими. И собирај пари за изолација. Чим грееш краток период, климата на турбо мод, бања ќе направи за краток период.
Доколку ставиш ТП, за класичен радијатор ќе треба водата да е потопла, и ќе ти треба бафер, и добиваш повисока сметка.
 
AfterMaxify

hello world
18 септември 2012
211
180
Здраво дечки, гледам многу добри коментари за инсталација на топлотна пумпа со постоечки радијатори.
Сакав да прашам што мислите за ова во случај кога куќата е постара и без добра изолација.

Станува збор за куќа на два спрата од по 80 квадрати. Куќата е реновирана и со ПВЦ прозорци но без изолација од надвор, и стара изолација во кровот што сигурно е опадната. Моментално има радијатори и котел на нафта, но поради цената на нафтата ова станува веќе не функционално. Ограничени сме со греење на пократки периоди, и поради лошата изолација цела топлина се губи. Сегашното потрошување е околу 2000 евра годишно за нафта, со штедливо користење. Ако се користи како што треба би било повеќе од тоа. Има една инвертер клима на горниот спрат што скоро успева и да го загрее, само поради поставеноста не се грее една соба добро.

Што мислите дека е подобро за ваков тип на куќа со лоша изолација, дали топлотна пумпа со постоечките радијатори или додавање на уште една или мулти сплит инвертер на долниот спрат.

Секој совет е добредојден. Ви благодарам однапред.
Како што ми кажаа мене погоре, нема да добиеш овде одговор, во глобала нема да добиеш ни одговор од монтери профитери приучени што ќе доаѓаат дома кај тебе. Јас поминав низ ова, идат гледаат, сите со иста понуда 16кв/18кв пумпа и 200-300Л бафер. На основни прашања како пресметување топлотна загуба на објектот, греење со крива, зонирање, дали баферот да се користи како хидрауличка скретница или волумизер се чудеа како телиња... Сумите што ги кажуваа беа како да сакам да изградам хидроцентрала, а не да вградам систем за греење.
На крај ги земав работите во свои раце, седнав, прочитав, истражував, највеќе искрено ми помогна тоа што случајно се запознав со човек од Холандија што се бави баш со ова и навистина знае како се ова функционира и со негова помош сам си направив сетап...

Бидејќи не добив одговор на мојот пост ќе одвојам малку време да ти одговорам.
Прво околу топлинската пумпа, самиот уред и самата монтажа се скапи. Имате огромна инвестиција на почеток. Топлинските пумпи се најефикасни кога работат на средна температура (30-40 степени). Затоа и подното греење во комбинација со топлотна пумпа е најкомфорно и економично во исто време.
Новите пумпи кои користат R290 достигнуваат 70-75 степени што е одлично за радијаторско греење, но тоа е нивна максимална температура, а главната поента на топлинската пумпа е да почне со силен погон и постепено да паѓа во модулација и да ја одржава потребната температура на вода, со тоа и да троши што е можно помалку, а не да работи со 2/3 капацитет и да троши значително повеќе енергија.
Топлинска пумпа на лошо изолиран објект во комбинација со радијаторско греење според мене е неисплатлива инвестиција и мислам дека нема да ги видите благодетите од неа.
Наједноставно објаснето ќе направите огромна инвестиција со пропратни високи месечни трошоци за греење.
Поентата на топлинската пумпа е висока инвестиција но економично греење во иднина.

Го прочитав постот и според мене во вашата ситуација рационално би било да инвестирате 500-1000 еур во бекап клима. Парите за топлотна пумпа подобро постепено да ги инвестирате во подобрување на изолација (кровна и ѕидна). Така ќе добиете два благодети односно ќе имате 2 инвертер уреди кои произведуваат 2-3 пати топлина во споредба со потрошената електрична енергија и ќе добиете подобра изолација односно помала загуба на топлина во вашиот објект.
Кога ќе ја зголемите изолацијата, објектот ќе губи помалку топлина и со самото тоа инвертерите ќе можат да работат подолг период во модулација или со пониска фрекфенција на компресорот (помала потрошувачка). Ќе имате континуирано греење 24/7.
Имајте предвид дека циклусите на систем за греење кој се гаси ноќно време допринесуваат наредниот ден околу 30% од потрошувачката да е само потребна енергија за да се надокнади температурната разлика што во периодот на ноќта се изгубила.

Не го отфрлајте котелот на парно, можете да го користите во периоди кога ниските температури траат па да догревате со него.(Веќе сте инвестирале пари во него нема причина да го исфрлите)

Климите инвертер се најевтин и најисплатлив метод за греење доколку гледаме вложено-добиено. Да воздухот е по сув и комфорот не е на исто ниво, но земајќи во обзир дека со мала инвестиција добивате ефективно економично греење, вашиот џеб ќе ви биде благодарен.

*Ова е мое мислење и одговор на вашето прашање, не сум професионалец и не мора да значи дека сум во право, само сакам да помогнам...
 
7 февруари 2013
952
1.091

Скоро истите муабети со мајстори, комплетно се сложувам!
Јас лично отидов со два мулти сплит системи, 7 внатрешни, две надворешни единици.
Бидејки во сите соби рамномерно грејат, искрено, немам ни проблем со сув воздух, решено и греење и ладење.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
837
1.288
Како што ми кажаа мене погоре, нема да добиеш овде одговор, во глобала нема да добиеш ни одговор од монтери профитери приучени што ќе доаѓаат дома кај тебе.
Мислам дека исто му одговорив на форумџијата, со 3 реченици. :D
На крај ги земав работите во свои раце, седнав, прочитав, истражував, највеќе искрено ми помогна тоа што случајно се запознав со човек од Холандија што се бави баш со ова и навистина знае како се ова функционира и со негова помош сам си направив сетап...
Може да ми кажеш кој е твојот сетап, или доколку имаш напишано, посочи ми каде е постот.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.235
1.203
Здраво дечки, гледам многу добри коментари за инсталација на топлотна пумпа со постоечки радијатори.
Сакав да прашам што мислите за ова во случај кога куќата е постара и без добра изолација.

Станува збор за куќа на два спрата од по 80 квадрати. Куќата е реновирана и со ПВЦ прозорци но без изолација од надвор, и стара изолација во кровот што сигурно е опадната. Моментално има радијатори и котел на нафта, но поради цената на нафтата ова станува веќе не функционално. Ограничени сме со греење на пократки периоди, и поради лошата изолација цела топлина се губи. Сегашното потрошување е околу 2000 евра годишно за нафта, со штедливо користење. Ако се користи како што треба би било повеќе од тоа. Има една инвертер клима на горниот спрат што скоро успева и да го загрее, само поради поставеноста не се грее една соба добро.

Што мислите дека е подобро за ваков тип на куќа со лоша изолација, дали топлотна пумпа со постоечките радијатори или додавање на уште една или мулти сплит инвертер на долниот спрат.

Секој совет е добредојден. Ви благодарам однапред.
Имаш доста канали на YT каде што се може да се научи доста.

https://www.youtube.com/@HVACEducationHub - дечкото е од Хрватска
https://www.youtube.com/@HeatmasterMarijan - чуден лик ама објаснува доста теми

Бафер никако, само како волумизер на поврат , директно да се врзе на радијаторско греење ова се генерално советите од каналиве.
 
AfterMaxify

hello world
18 септември 2012
211
180
Мислам дека исто му одговорив на форумџијата, со 3 реченици. :D

Може да ми кажеш кој е твојот сетап, или доколку имаш напишано, посочи ми каде е постот.
9КW топлинска, 60L бафер. На баферот имам бајпас вентил за да можам да го користам и како волумизер и како бафер или комплетно да го елиминирам од системот, во зависност од тоа како ми одговара. Зониран систем со опција да користам само подно, само радијатори и комбинација подно со радијатори. Греам околу 120м2 моментално топл. пумпа подесена на крива спрема надворешната температура. Дома е константно околу 24 степени. Просечно во потоплиов период околу 15квч дневно троши. Очекувам сега со падот на температурите да се зголеми на околу 25-30 квч. на ден. За сега сум многу задоволен.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
837
1.288
Браво. Се надевам имаш вентилоконвектори (некои ултра тивки) па да имаш и ладење во летен период.
Дали некој ти има правено балансирање на системот после одредено време?
И која е вкупната (финална) цена на инвестицијата? Јас би сакал подно+вентилоконвектори за 100м2.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно