Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Tesla Cybertruck

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.387
Ти викам јас, најубаво да не коментираме и постираме ништо за камионетов, најубаво да го прифатиме како најдобар на пазарот и то је то.
Иначе, мене на ова ми личи

kontejner.jpg
Мислењето е автоматски споено:

И маичка да си нарачате, да не заборајте :ROFLMAO:
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.679
3.290
Ај еден про контра осврт:
Против ЕВ.
Уште пред години кога прв пат слушнав за електрични возила помислив дека полнење батерии би било ужасно, ама затоа сигурно би можело некако да се направи замена на батерии ко замена на плински боци. Враќаш празна, земаш полна и тераш...
Верувам дека ако има начин да се унифицираат лежиштата за батерии, ќе се отвори пазарот многу повеќе.
Ќе се продаваат возилата без батерија (ко што купуваш обична кола и можеш да ставаш гориво каде сакаш).
Може да ти се понуди со некоја минимална батерија (ко што идат лаптопиве со 8гб рам и 256диск, па си апгрејдуваш на 64+2/4). Тоа би било супер (ако на никого не му текнало, еве мојов изум нека иде за добробит на човештвото).
Ќе има батерии што ќе испорачуваат многу и веднаш и со нив ако ќе креваш 100 за 2 секунди, а други ќе креваат за 10, ама ќе траат подолго и ќе бидат поефтини или ќе траат само 100км и ќе си ги полниш дома навечер на ефтина...

Верувам дека на крајот на векот ЕВ е еколошки поштетно од класично возило со внатрешно согорување (за сега).
Верувам дека се интересна опција но никако еколошка.

Од друга страна, факт е дека нема доволно струја за сите возила да бидат на струја. Еко измамата е друга тема.

Механички верувам дека се во голема предност (што помалку делови тоа подобро и помалку расипливо)

Ако се запали, не сакаш да си блиску до ЕВ, во него па ич.

Е сега за моделов конкретно:
Шасија од толку цврст метал е одлично и ужасно.
Супер е при мали грепки.Веројатно и исправање на каросерија ќе биде мисловна именка. Нема алат што ќе го обработи и корегира лимот (бар нема кај обичните мајстори). Тешко ако си заглавен во кола која пожарникари треба да ја отворат, а алатот им е послаб од твојата кола.
Толку високо подвозје нема кај конкуренцијата. Го прави одличен за секаков терен (иако не е баш теренец, аглите за влез/излез тука се многу битни). Но сепак е подобар од конкуренцијата.
Главен пазар е америка. Тие обожаваат статистики и компарации на бројки. Тука се битните ставки: носивост, влечност. Цената е ниво на другите кога ќе се изедначат карактеристиките.
Со тоа што за тие пари добиваш нешто што другите не го имаат како опција. Нерѓосувачки челик + ненормално високо подвозје + автономно возење + отпорност на куршуми + најрадикалниот дизајн.
Математиката е едноставна. Старите лендровери се користеа за одење каде што ништо друго не оди и не поминува. Ова (можеби) е тоа. Да видиме како ќе се однесува на ладно (0/-20) и ќе знаеме дали воопшто има конкуренција или не е конкуренција.
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
424
709
Ако некој сака да се постави супериорен во дискусијава ред е да каже кој е, со што се занимава и какви допирни точки има со механика како и што поседува/тестирал од возила и врз основа на што го изградил мислењето.
Во спротивно треба да се држи човек до разговорна етика и почитување на мислењето на соговорникот а не овци, волни, контејнери, убеди ме дека, ништо не знаете, итн...

Не е врв на автомобилизмот ова туку нова гранка на автомобилизмот кон која речиси сите главни брендови се приклучија и доста субвенции се дадоа за купување вакви автомобили. Нешто ко што е и онаа иницијатива за мотори на хидроген.
Македонски купувач со 5000 евра во џеб ќе си земе Голф 5 дизел од увоз и нема што да гледа по електрични возила а за волја на вистината ваквите највеќе хејтаат.

Изгледот на Cybertruck е таков од маркетиншки причини, газдата им е идеологист, фура Марс филм и очигледно е дека му работи тоа. Инаку немаше да се пишува толку.
И мене ми е релативно грд али тоа е небитно... и други производи ми се грди па ирелевантно е тоа за нивните купувачи

Маркетот е полн со производи што имаат мани: OLED, Foldables, AR/VR, Smartwatch па дури и Smartphone своевремено. Што требаше, да престанат со производство ?
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.387
Да извадеа ваков дизајн друг производител досеа 2500 мемиња ќе имаше за мајтап за изгледот на лименкава ама пошто од Маск е ова кој ќе го окупира Марс футуризам е.
Немам ништо против него чак што више и многу ми се свиѓа како си се ебава со ботовите на Твитер али целава фама околу овај камионетов е претерано маркетингшка.
Мене лично како концепт целиот камионет тип на возило не ми се свиѓал од секогаш али ова делува пресмешно.
 
hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
У Куманово Тесла или било кое елктрично ауто не се купуе.
Ауто кое не брчи не е ауто. Замислете БМЊ, Ремус ауспух и тој се чуе од Куманово до Скопје, сви знаев дека ти возиш.
Курназлк е опасна работа.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.219
16.370
Изгледот на Cybertruck е таков од маркетиншки причини, газдата им е идеологист, фура Марс филм и очигледно е дека му работи тоа.Инаку немаше да се пишува толку.
И мене ми е релативно грд али тоа е небитно... и други производи ми се грди па ирелевантно е тоа за нивните купувачи
Епа видиш, тоа е делумно неточно. Точно е дека Илон е футурист ама неточно е дека се маркетиншки причините. Причините се дека челикот не се витка во благи и заоблени форми, а особено таа легура која ја имаат развиено тие. Формата мора да е со долги и прави форми со нагли прекршувања под поостар агол.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.387
Челикот се витка итоа како во благи и заоблени форми, посебно нерѓосувачкиот челик, години работам во таква индустрија, ова тие што го развиле не знам дали се витка, ама па ај ак не се витка да го пуштиме во продажба ваков ко оригами.
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
424
709
Епа видиш, тоа е делумно неточно. Точно е дека Илон е футурист ама неточно е дека се маркетиншки причините. Причините се дека челикот не се витка во благи и заоблени форми, а особено таа легура која ја имаат развиено тие. Формата мора да е со долги и прави форми со нагли прекршувања под поостар агол.
Мислам дека имале сеуште простор да го направат да изгледа поблизу до стандарден облик на камионет. Но сепак ја оставиле таа сајберпанк линија со цел да се издвојат од конкуренцијата ко демек футуристичен, интерпланетарен производ од иднината.

Дури се сомневам дека можеби и не е толку сериозен производ туку некое богаташко хоби. И онака во последно време Елон прави чудни потези кои го држат неговото име во тренд. Како што ете го купи твитер и го преименува.
Ама кој го знае што му се врти низ глава.
 
Секако е чекор напред кон некоја промена која за несреќа барем кај камионетите изостанува веќе 8 децении
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.433
5.590
Го изгледа ли видеото на промоцијата на пикапот? Ги уништи сите тегначи. Буквално ги дроби во секој поглед.

За жал никој не ги изгледа видеата од првиот пост за да збори за технологијата што ја користи пикапов.
Го изгледав видеото, рекламно е. Но и на тоа видео и тие после него, главната поента беше дека е постартен и побрз од порше и од останатите пикапи. Ги јаде за доручек. Затоа и тоа го поставив како прашање, затоа што таа карактеристика е тотално небитна за камионче, напротив.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.679
3.290
Осеќам дека форумов остарел. Новите работи се грди...?
Мислам дека имале сеуште простор да го направат да изгледа поблизу до стандарден облик на камионет. Но сепак ја оставиле таа сајберпанк линија со цел да се издвојат од конкуренцијата ко демек футуристичен, интерпланетарен производ од иднината.

Дури се сомневам дека можеби и не е толку сериозен производ туку некое богаташко хоби. И онака во последно време Елон прави чудни потези кои го држат неговото име во тренд. Како што ете го купи твитер и го преименува.
Ама кој го знае што му се врти низ глава.
Баш идејата е да не биде 100 години стар изглед на пикап. Туку да биде нешто друго. И конечно е друго и тоа друго е одлично. Развојните тимови кај конкуренцијата веќе работат на нешто што ќе биде како сајбертрак, ама да бе биде такво туку заоблено, и ќе биде такво, ама наместо лимарија ќе биде од рециклирана пластика. Тие што ќе продолжат да прават пикапи со истиот изглед од пред 100 години, нема да продаваат.
Да, изгледот е футуристичен. Тоа е целата поента.

Ко да слушам зошто ајфонот е цел екран, а нема копчиња за броеви и за букви. Па гледај колку добро тоа го прават нокиа и блекбери. Екранот ќе биде кршлив па што ако носиш ракавици...
Мислењето е автоматски споено:

Го изгледав видеото, рекламно е. Но и на тоа видео и тие после него, главната поента беше дека е постартен и побрз од порше и од останатите пикапи. Ги јаде за доручек. Затоа и тоа го поставив како прашање, затоа што таа карактеристика е тотално небитна за камионче, напротив.
Кога ќе заглави некој во некоја кал треба нешто што е стартно и што има сила за тегнење да го извади (и себе да се извади).
Сакаш да имаш спортска кола и пикап? Епа во едно ги имаш двете.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.817
6.517
SK
Мислам дека во голем дел и идеолошките преференци играат улога врз мислењето на луѓето. Зборувам и за Про и за Контра таборот.
Дап. Само друже тоа секогаш е така, за се и за сешто. Нормално е да има про и контра, за било што а разликата е во тоа кој колку може да си го аргументира ставот.
(и мислам дека сакаше да кажеш лични преференци и bias, она со идеологијата звучи многу... радикално) ;)

Прашањево ти е налик:
Зошто би менувал дупната гума.
Ретко кој македонски купувач ќе купи електрично возило на ново. Сите ќе земеме некое што прешло 150/200к км. Можда нема двомасен или дизни, ама има батерии.
Тесла не е мерџо/волксваген/хонда/тојота или друго германско/јапанско ауто. Механичките делови ќе испопукаат по сите шавови далеку пред батериите да стигнат им откажат... Или ти мислеше дека се шегуваат кога кажуваат „нема потреба од менување батерии“. :p

Деловите во првите 100 години ќе бидат астрономски скапи, итн.
Ако си на ниет подобро земи некое EV (или подобро, хибрид) од германски/јапански произведувачи. Макар деловите ќе бидат попристапни.

Дап, велат ~85% полнење за 20тина минути. Импресивно, но тоа е сеуште 20 пати подолго отколку што јас мојот резервоар го полнам 100%. :)

Koлку такви 350kW V4 Supercharger единици ги имаат достапни? И поважно, колку такви полначи ги има овде? Колку возила имаат продадено и планираат дека ќе продадат во догледно време? Колку аута ќе се натпреваруваат за место на полначите, и колку ќе треба да се чека само за да се дојде на ред?

Да резимирам: Немаат инфраструктура за смена на парадигма, и во догледно време нема ни да има. Не се случајни сите тие видеа со ентузијасти како дремат покрај аута пуштени на полнење на дизел генератори на струја. А као ќе напуштаа фосилни горива. Лудило. И електричната енергија од што се добива, треба да извадам графикон за да покажам дека обновливите извори на енергија се минискулно мал дел од производството?

Цената на возилата, и цената на користење (сервисирање во овластени сервиси кои ги има малку и се скапи, потрошни делови, менување батерии кога ќе дојде редот), сето тоа е астрономски скапо. Луѓето најчесто ги купуваат со дебели субвенции, што се пари земени од нас мнозинството/работниците. Понатаму во оваа фаза на развојот на батеријската технологија и на цената на производство, целата работа е бесмислена. Се работи од една страна за помодарство и кypч, а од друга страна има политички аспект и обид за намалување на зависност од државите кои продаваат фосилни горива. Што и да е, за нас како крајни корисници целата работа е бесмислена и прескапа. Барем за повеќето нас. Не можам да зборувам за тебе ама секако за мене е, прескапа и бесмислена.

Ефикасноста не е Тесла шема, него е.... како да ти кажам, број еден тема за размислување на секој инженер од Джејмс Ват па до денес и тоа нема да се смени во наредните 500 години, доколку ги има.
Не најдовме колку чини, затоа што е тотално небитно. Зошто би било важно колку чини? И зошто би ја менувал батеријата, тоест батериите.
Шегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?

Не е топ 17 инчниот монитор, ебено фантастичен е. There!
Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки. :p
(нема да биде тешко, колку што гледам од бројот на фанови на нивните аута)

Тек ќе прележуваат детски болести, ќе откриваат суспензии, тракција, и топла вода... Што е нормално за нови компании, тоа што не е нормално е да дадеш онолку пари за бета производ.
 
Последна промена:

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.509
31.966
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Дап. Само друже тоа секогаш е така, за се и за сешто. Нормално е да има про и контра, за било што а разликата е во тоа кој колку може да си го аргументира ставот.
(и мислам дека сакаше да кажеш лични преференци и bias, она со идеологијата звучи многу... радикално) ;)

Тесла не е мерџо/волксваген/хонда/тојота или друго германско/јапанско ауто. Механичките делови ќе испопукаат по сите шавови далеку пред батериите да стигнат им откажат... Или ти мислеше дека се шегуваат кога кажуваат „нема потреба од менување батерии“. :p

Деловите во првите 100 години ќе бидат астрономски скапи, итн.
Ако си на ниет подобро земи некое EV (или подобро, хибрид) од германски/јапански произведувачи. Макар деловите ќе бидат попристапни.

Дап, велат ~85% полнење за 20тина минути. Импресивно, но тоа е сеуште 20 пати подолго отколку што јас мојот резервоар го полнам 100%. :)

Koлку такви 350kW V4 Supercharger единици ги имаат достапни? И поважно, колку такви полначи ги има овде? Колку возила имаат продадено и планираат дека ќе продадат во догледно време? Колку аута ќе се натпреваруваат за место на полначите, и колку ќе треба да се чека само за да се дојде на ред?

Да резимирам: Немаат инфраструктура за смена на парадигма, и во догледно време нема ни да има. Не се случајни сите тие видеа со ентузијасти како дремат покрај аута пуштени на полнење на дизел генератори на струја. А као ќе напуштаа фосилни горива. Лудило. И електричната енергија од што се добива, треба да извадам графикон за да покажам дека обновливите извори на енергија се минискулно мал дел од производството?

Цената на возилата, и цената на користење (сервисирање во овластени сервиси кои ги има малку и се скапи, потрошни делови, менување батерии кога ќе дојде редот), сето тоа е астрономски скапо. Луѓето најчесто ги купуваат со дебели субвенции, што се пари земени од нас мнозинството/работниците. Понатаму во оваа фаза на развојот на батеријската технологија и на цената на производство, целата работа е бесмислена. Се работи од една страна за помодарство и кypч, а од друга страна има политички аспект и обид за намалување на зависност од државите кои продаваат фосилни горива. Што и да е, за нас како крајни корисници целата работа е бесмислена и прескапа. Барем за повеќето нас. Не можам да зборувам за тебе ама секако за мене е, прескапа и бесмислена.

Шегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?

Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки. :p
(нема да биде тешко, колку што гледам од бројот на фанови на нивните аута)

Тек ќе прележуваат детски болести, ќе откриваат суспензии, тракција, и топла вода... Што е нормално за нови компании, тоа што не е нормално е да дадеш онолку пари за бета производ.

Да побрзо е да полниш гориво тоа никој не го негира, муабетот ми беше дека не мора ни до 85% да иде, за 10 на минути можеш да дојдеш до 50 на проценти.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.817
6.517
SK
Да побрзо е да полниш гориво тоа никој ме го негира, муабетот ми беше дека не мора ни до 85% да иде, за 10 на минути можеш да дојдеш до 50 на проценти.
Дап, ама ги игнорираш другите 85% од репликата... И суштината на целата дискусија.
Мислењето е автоматски споено:

Не е врв на автомобилизмот ова туку нова гранка на автомобилизмот кон која речиси сите главни брендови се приклучија и доста субвенции се дадоа за купување вакви автомобили. Нешто ко што е и онаа иницијатива за мотори на хидроген.
Македонски купувач со 5000 евра во џеб ќе си земе Голф 5 дизел од увоз и нема што да гледа по електрични возила а за волја на вистината ваквите највеќе хејтаат.
Хејтаме?
Или не ни е сеедно од нас да земаат пари за субевенционирање на привилегии за најбогатите и побогатите да се кypчат (со недоквакани концепти и технологии кои примарно се користат како статусен симбол)?

Маркетот е полн со производи што имаат мани: OLED, Foldables, AR/VR, Smartwatch па дури и Smartphone своевремено. Што требаше, да престанат со производство ?
Зошто никој не се жали на ова? Ваљда пошто нема државни субвенции за ТВ, часовници, и телефони... Чекај... ОК, освен за државна администрација. :oops:
 
Последна промена:

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.509
31.966
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Дап, ама ги игнорираш другите 85% од репликата... И суштината на целата дискусија.
Мислењето е автоматски споено:

Хејтаме?
Или не ни е сеедно од нас да земаат пари за субевенционирање на привилегии за најбогатите и побогатите да се кypчат (со недоквакани концепти и технологии кои примарно се користат како статусен симбол)?

Зошто никој не се жали на ова? Ваљда пошто нема државни субвенции за ТВ, часовници, и телефони... Чекај... ОК, освен за државна администрација. :oops:

Од тел сум шанса нема да куцам долго xd
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821
Сеа коа ќе почнат плин да им монтираат у Куманово, одма иљада Тесли ќе донесат по плацовите... До тогаш вака, ќе се кубури со 3-4 Тесли низ град
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.219
16.370
Шегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?

Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки. :p
(нема да биде тешко, колку што гледам од бројот на фанови на нивните аута)
Имам едно бројче од геријатрија да ти пуштам во случај да ти затреба :ROFLMAO: дај не зезај, 2024 година е, ит из абаут тајм нешто да се смени.
Сеа, може не е најдобар тој монитор, може е IPS 75Hz, ако му ставеле 165Hz IPS со подобра калибрација на бои би било боље :LOL:

А шо па леб сечен на кришки е добра работа, какви пршути има таму, сланини, сирења, ракија, пиво со колбаси :p
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.817
6.517
SK
Шо ти е гајле и шеес херца да е, кога на тие јабучарите ќе им направиме филм дека е „најбољи“: „Нашата 17ка е подобра од нивнта 27мица, a aко нарачете во следниве два часа ви следува модел со специјална дупла ретина ™ дисплеј“. По намалена цена од 99 кома 8 илјади денари (можност за плаќање на рати, без многу камата).

Ќе иде како алва! :D
Дури може и на тие со теслите да им се ували како „надградба“ на фабричкиот монитор (со гратис средување на каблите, да не висат по шал таблата).
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.509
31.966
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.376
2.798
Сајбертракот ќе биде играчка за богати деца, за работа никогаш нема да го биде пошто батеријата се троши многу кога влече. И тој домет предвиден магично го снемува. Единствена апликација која за камиони може да успее е да се користи мотор на бензин или нафта како генератор кој ќе ја полни батеријата и од батеријата електро моторите ќе работат. Позитивно од тоа е што потрошњата значително ќе се намали, али сепак ќе мора да има мотор на внатрешно согорување. Тоа РАМ го прави, со новиот Рамчарџер кој треба да искочи негде 2025та.

kolesk

lurker
6 февруари 2016
815
1.257
Роднина имам по америките, тишлер е.
Ниту он, ниту негов комшија (механичар) имаат/користат форд ф150 или друг камионет. И он, а и повеќето мајстори, си имаат комбе.(има коцкасти комбиња кај нив) Вратите на клизање му се. :D

пс : да знаете какви машини в8 има по америкита. Реже звук, се се тресе, набива адреналин, они за шуштало ми се фатиле. (се шалам дечки, не репетирајте)
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
424
709
Единствена апликација која за камиони може да успее е да се користи мотор на бензин или нафта како генератор кој ќе ја полни батеријата и од батеријата електро моторите ќе работат. Позитивно од тоа е што потрошњата значително ќе се намали, али сепак ќе мора да има мотор на внатрешно согорување. Тоа РАМ го прави, со новиот Рамчарџер кој треба да искочи негде 2025та.

Ова прв пат го гледам и малце ме буни...
Како може двојна конверзија на енергија да биде поефикасна? Од физика коефициент на полезно дејство е секој пат < 1 што значи каков год систем да имаш дел од енергијата се губи најчесто во топлинска енергија итн, пошто нели секој мотор загрева...
Овде конвертираш гориво во кинетичка енергија за генераторот да ја конвертира во електрична енергија што потоа се конвертира во кинетичка енергија од електромоторите наместо директ да ја употребиш кинетичката енергија од моторот на внатрешно согорување.
Нешто малце прогуглав но пак не ми се склопуваат коцките зошто RAM тврди дека е ова поефикасно?
 
Тоа е типично Plug-In Hybrid Vehicle, како што е Тојота или Сукузи Hybrid.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно