Скоти
user
- 15 октомври 2013
- 1.281
- 2.387
Епа видиш, тоа е делумно неточно. Точно е дека Илон е футурист ама неточно е дека се маркетиншки причините. Причините се дека челикот не се витка во благи и заоблени форми, а особено таа легура која ја имаат развиено тие. Формата мора да е со долги и прави форми со нагли прекршувања под поостар агол.Изгледот на Cybertruck е таков од маркетиншки причини, газдата им е идеологист, фура Марс филм и очигледно е дека му работи тоа.Инаку немаше да се пишува толку.
И мене ми е релативно грд али тоа е небитно... и други производи ми се грди па ирелевантно е тоа за нивните купувачи
Мислам дека имале сеуште простор да го направат да изгледа поблизу до стандарден облик на камионет. Но сепак ја оставиле таа сајберпанк линија со цел да се издвојат од конкуренцијата ко демек футуристичен, интерпланетарен производ од иднината.Епа видиш, тоа е делумно неточно. Точно е дека Илон е футурист ама неточно е дека се маркетиншки причините. Причините се дека челикот не се витка во благи и заоблени форми, а особено таа легура која ја имаат развиено тие. Формата мора да е со долги и прави форми со нагли прекршувања под поостар агол.
Секако е чекор напред кон некоја промена која за несреќа барем кај камионетите изостанува веќе 8 деценииМислам дека имале сеуште простор да го направат да изгледа поблизу до стандарден облик на камионет. Но сепак ја оставиле таа сајберпанк линија со цел да се издвојат од конкуренцијата ко демек футуристичен, интерпланетарен производ од иднината.
Дури се сомневам дека можеби и не е толку сериозен производ туку некое богаташко хоби. И онака во последно време Елон прави чудни потези кои го држат неговото име во тренд. Како што ете го купи твитер и го преименува.
Ама кој го знае што му се врти низ глава.
Го изгледав видеото, рекламно е. Но и на тоа видео и тие после него, главната поента беше дека е постартен и побрз од порше и од останатите пикапи. Ги јаде за доручек. Затоа и тоа го поставив како прашање, затоа што таа карактеристика е тотално небитна за камионче, напротив.Го изгледа ли видеото на промоцијата на пикапот? Ги уништи сите тегначи. Буквално ги дроби во секој поглед.
За жал никој не ги изгледа видеата од првиот пост за да збори за технологијата што ја користи пикапов.
Баш идејата е да не биде 100 години стар изглед на пикап. Туку да биде нешто друго. И конечно е друго и тоа друго е одлично. Развојните тимови кај конкуренцијата веќе работат на нешто што ќе биде како сајбертрак, ама да бе биде такво туку заоблено, и ќе биде такво, ама наместо лимарија ќе биде од рециклирана пластика. Тие што ќе продолжат да прават пикапи со истиот изглед од пред 100 години, нема да продаваат.Мислам дека имале сеуште простор да го направат да изгледа поблизу до стандарден облик на камионет. Но сепак ја оставиле таа сајберпанк линија со цел да се издвојат од конкуренцијата ко демек футуристичен, интерпланетарен производ од иднината.
Дури се сомневам дека можеби и не е толку сериозен производ туку некое богаташко хоби. И онака во последно време Елон прави чудни потези кои го држат неговото име во тренд. Како што ете го купи твитер и го преименува.
Ама кој го знае што му се врти низ глава.
Кога ќе заглави некој во некоја кал треба нешто што е стартно и што има сила за тегнење да го извади (и себе да се извади).Го изгледав видеото, рекламно е. Но и на тоа видео и тие после него, главната поента беше дека е постартен и побрз од порше и од останатите пикапи. Ги јаде за доручек. Затоа и тоа го поставив како прашање, затоа што таа карактеристика е тотално небитна за камионче, напротив.
Дап. Само друже тоа секогаш е така, за се и за сешто. Нормално е да има про и контра, за било што а разликата е во тоа кој колку може да си го аргументира ставот.Мислам дека во голем дел и идеолошките преференци играат улога врз мислењето на луѓето. Зборувам и за Про и за Контра таборот.
Тесла не е мерџо/волксваген/хонда/тојота или друго германско/јапанско ауто. Механичките делови ќе испопукаат по сите шавови далеку пред батериите да стигнат им откажат... Или ти мислеше дека се шегуваат кога кажуваат „нема потреба од менување батерии“.Прашањево ти е налик:
Зошто би менувал дупната гума.
Ретко кој македонски купувач ќе купи електрично возило на ново. Сите ќе земеме некое што прешло 150/200к км. Можда нема двомасен или дизни, ама има батерии.
Дап, велат ~85% полнење за 20тина минути. Импресивно, но тоа е сеуште 20 пати подолго отколку што јас мојот резервоар го полнам 100%.![]()
Cybertruck charge time is 20 minutes at 350kW V4 Supercharger as Tesla splits the battery in 400V units
To achieve fast Cybertruck charging on the current non-800V infrastructure, Tesla splits the battery in packs, just like phone makers do. Tesla promises 128 miles of added range for 15 minutes of Cybertruck charging which beats the Model Y charging speeds.www.notebookcheck.net
Шегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?Ефикасноста не е Тесла шема, него е.... како да ти кажам, број еден тема за размислување на секој инженер од Джејмс Ват па до денес и тоа нема да се смени во наредните 500 години, доколку ги има.
Не најдовме колку чини, затоа што е тотално небитно. Зошто би било важно колку чини? И зошто би ја менувал батеријата, тоест батериите.
Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки.Не е топ 17 инчниот монитор, ебено фантастичен е. There!
Тек ќе прележуваат детски болести, ќе откриваат суспензии, тракција, и топла вода... Што е нормално за нови компании, тоа што не е нормално е да дадеш онолку пари за бета производ.
Дап. Само друже тоа секогаш е така, за се и за сешто. Нормално е да има про и контра, за било што а разликата е во тоа кој колку може да си го аргументира ставот.
(и мислам дека сакаше да кажеш лични преференци и bias, она со идеологијата звучи многу... радикално)
Тесла не е мерџо/волксваген/хонда/тојота или друго германско/јапанско ауто. Механичките делови ќе испопукаат по сите шавови далеку пред батериите да стигнат им откажат... Или ти мислеше дека се шегуваат кога кажуваат „нема потреба од менување батерии“.
Деловите во првите 100 години ќе бидат астрономски скапи, итн.
Ако си на ниет подобро земи некое EV (или подобро, хибрид) од германски/јапански произведувачи. Макар деловите ќе бидат попристапни.
Дап, велат ~85% полнење за 20тина минути. Импресивно, но тоа е сеуште 20 пати подолго отколку што јас мојот резервоар го полнам 100%.
Koлку такви 350kW V4 Supercharger единици ги имаат достапни? И поважно, колку такви полначи ги има овде? Колку возила имаат продадено и планираат дека ќе продадат во догледно време? Колку аута ќе се натпреваруваат за место на полначите, и колку ќе треба да се чека само за да се дојде на ред?
Да резимирам: Немаат инфраструктура за смена на парадигма, и во догледно време нема ни да има. Не се случајни сите тие видеа со ентузијасти како дремат покрај аута пуштени на полнење на дизел генератори на струја. А као ќе напуштаа фосилни горива. Лудило. И електричната енергија од што се добива, треба да извадам графикон за да покажам дека обновливите извори на енергија се минискулно мал дел од производството?
Цената на возилата, и цената на користење (сервисирање во овластени сервиси кои ги има малку и се скапи, потрошни делови, менување батерии кога ќе дојде редот), сето тоа е астрономски скапо. Луѓето најчесто ги купуваат со дебели субвенции, што се пари земени од нас мнозинството/работниците. Понатаму во оваа фаза на развојот на батеријската технологија и на цената на производство, целата работа е бесмислена. Се работи од една страна за помодарство и кypч, а од друга страна има политички аспект и обид за намалување на зависност од државите кои продаваат фосилни горива. Што и да е, за нас како крајни корисници целата работа е бесмислена и прескапа. Барем за повеќето нас. Не можам да зборувам за тебе ама секако за мене е, прескапа и бесмислена.
Шегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?
Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки.
(нема да биде тешко, колку што гледам од бројот на фанови на нивните аута)
Тек ќе прележуваат детски болести, ќе откриваат суспензии, тракција, и топла вода... Што е нормално за нови компании, тоа што не е нормално е да дадеш онолку пари за бета производ.
Дап, ама ги игнорираш другите 85% од репликата... И суштината на целата дискусија.Да побрзо е да полниш гориво тоа никој ме го негира, муабетот ми беше дека не мора ни до 85% да иде, за 10 на минути можеш да дојдеш до 50 на проценти.
Хејтаме?Не е врв на автомобилизмот ова туку нова гранка на автомобилизмот кон која речиси сите главни брендови се приклучија и доста субвенции се дадоа за купување вакви автомобили. Нешто ко што е и онаа иницијатива за мотори на хидроген.
Македонски купувач со 5000 евра во џеб ќе си земе Голф 5 дизел од увоз и нема што да гледа по електрични возила а за волја на вистината ваквите највеќе хејтаат.
Зошто никој не се жали на ова? Ваљда пошто нема државни субвенции за ТВ, часовници, и телефони... Чекај... ОК, освен за државна администрација.Маркетот е полн со производи што имаат мани: OLED, Foldables, AR/VR, Smartwatch па дури и Smartphone своевремено. Што требаше, да престанат со производство ?
Дап, ама ги игнорираш другите 85% од репликата... И суштината на целата дискусија.
Мислењето е автоматски споено:
Хејтаме?
Или не ни е сеедно од нас да земаат пари за субевенционирање на привилегии за најбогатите и побогатите да се кypчат (со недоквакани концепти и технологии кои примарно се користат како статусен симбол)?
Зошто никој не се жали на ова? Ваљда пошто нема државни субвенции за ТВ, часовници, и телефони... Чекај... ОК, освен за државна администрација.![]()
Имам едно бројче од геријатрија да ти пуштам во случај да ти затребаШегаџија... Или да не доби на лото а не кажуваш, а? А? А?
Следно може ги уништат Apple, само треба да продолжат и РС корисниците да ги убедат дека тој монитор е најдоброто нешто после измислување леб сечен на кришки.
(нема да биде тешко, колку што гледам од бројот на фанови на нивните аута)
Ако ова е футуристичен изглед, дај жити се во минатото да се вратиме.Да, изгледот е футуристичен. Тоа е целата поента.
Единствена апликација која за камиони може да успее е да се користи мотор на бензин или нафта како генератор кој ќе ја полни батеријата и од батеријата електро моторите ќе работат. Позитивно од тоа е што потрошњата значително ќе се намали, али сепак ќе мора да има мотор на внатрешно согорување. Тоа РАМ го прави, со новиот Рамчарџер кој треба да искочи негде 2025та.
Тоа е типично Plug-In Hybrid Vehicle, како што е Тојота или Сукузи Hybrid.Ова прв пат го гледам и малце ме буни...
Како може двојна конверзија на енергија да биде поефикасна? Од физика коефициент на полезно дејство е секој пат < 1 што значи каков год систем да имаш дел од енергијата се губи најчесто во топлинска енергија итн, пошто нели секој мотор загрева...
Овде конвертираш гориво во кинетичка енергија за генераторот да ја конвертира во електрична енергија што потоа се конвертира во кинетичка енергија од електромоторите наместо директ да ја употребиш кинетичката енергија од моторот на внатрешно согорување.
Нешто малце прогуглав но пак не ми се склопуваат коцките зошто RAM тврди дека е ова поефикасно?