Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Страв од AI или страв од сопственото незнаење?

Rufflesaurus

hello world
16 јуни 2018
251
541
Скопје
davorminchorov.com
Имам побајаги искуство со Ларавел и веројатно ако и јас самиот се водам по логиката на некакви архитектонски пуристички принципи ќе треба да се сложам со тебе. Но ко што реков и ко што и Тејлор Отвел самиот има нагласувано многу пати, тој не го има направено фрејмворкот by the book следејќи некои строги правила за архитектури и патерни. Го има направено фрејмворкот за да на девелоперот му биде максимално интуитивен и да може девелоперот што побрзо да шипува ствари. Од друга страна ниту некој може да ти забрани да направиш своја архитектура во Ларавел (да речеме хексагонална архитектура се со цел за DDD).

Друго, ако Тејлор Отвел, кој самиот за себе кажува дека е само PHP или фулстек дев успеал сам да го напише Forge, тогаш човекот се надминал самиот себе си. Инаку Forge e алатка или платформа за менаџирање и оркестрација на сервери, која во моментов е заменета или активно се заменува од страна на Laravel Cloud и не е производ кој очекуваш да биде креиран исклучиво од еден PHP dev.

На крај краева ниту мораш да го користиш Ларавел, секогаш е тука Симфони и дури и можеш да си изградиш свој фрејмворк по твоја мерка, со пакети кои му требаат само на твојот проект.
Не ми беше муабетот за фрејмворкот, тоа е друга тема за колку е полн со лоши дизајн избори и колку е лимитиран за долгорочни проекти во споредба со Symfony.
Поентата ми е дека ни двајцата немаат искуство во ентерпрајз светот за разлика од луѓе како Martin Fowler, Kent Beck, Uncle Bob, Vaugh Vernon итн за да бидат релевантни да зборат на темата. Одамна се менаџери на своите продукти и немаат видено доволно за да знаат како се гради софтвер во различен контекст за да кажат дали ќе треба да читаме код, дали јазикот или фрејмворкот ќе биде важен во иднина и што уште не.

Они живеат во друг контекст и за нив градење продукти од нула до продукција им е таргет маркет, и се маркетери во поголем дел од времето. Кажуваат работи што не се вистинити за сите контексти.
 
zmej gorjanin

read-only
20 јануари 2018
6
2

Не се слагам со тебе. Што требало да направат за да не бидат само маркетари? Да напишат книги ко имињата кои што си ги навел? Како наведениве имаат повеќе врска со ентерпрајз, а не Тејлор и DHH чии продукти, кои сами ги изградиле/напишале (или еве да речеме учествувале во нивното создавање, да бидеме попрецизни), денес ги користат илјадници корисници?

Со Rails светот немам многу допирни точки, али еве ако сакаш да ти пратам скорешни commits од Тејлор на Github? Да не се фатиш за тоа дека исклучиво други му го пишуваат кодот, а он е као некој продукт или проект менаџер само. Дури и најголемиот дел од prs се одобрени од него. Значи човекот секој ден троши значаен дел од своето време за да го разгледа кодот на минимум дузина девелопери и да одлучи дали е во ред или не е во ред. Тоа е несвојствено за еден маркетар.

Самиот Uncle Bob што го имаш спомнато, пред некоја недела го гледам како збори дека : "We should walk away from code". И дека секоја линија на код му е покриена со тестови кои гарантираат за точноста, и дека кодот што му го генерираат агентите не го ни погледнува во IDE. А околу тоа дали работите се вистинити или не, ќе оставиме на времето.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно