MOPKOB
hello world
- 13 јануари 2008
- 66
- 1
Користам АДСЛ од Т-Хоме 15Gb. Најчесто користам скајп, фејсбук, мсн, по форумчиња, чат-пат ќе турнам малку музика и слично за што претходно, кога пред неколку години користев адсл и ми беа доволни 3Гб, дури и не успевав да ги потрошам до крај. Пред 4-5 месеци склучив адсл договор на една година ми дадоа Томпсон рутер кој си го подесив како што треба ( го исклучив wireless-от) и од претходното искуство со т-хоме се надевав дека 15Гб ќе ми бидат премногу, но се случи спротивното. Брз интернет имам до 10ти најкасно до 15ти во месецот. Се јавував на линијата за поддршка на 0800-12345, каде ме убедуваа дека антивирусот троши сообраќај, некои програми во позадина генерираат сообраќај, дека имам вируси кои исто така трошат интернет и триста слични глупости. Го форматирав компјутерот по 3 пати во денот го менував пасвордот, сменив неколку антивирусни програми и што уште не. И на крај побарав детална адсл сметка која на која детално е опишано колку време трае една сесија и коклу upload/download е потрошено. На деталната сметка карактеристично беше тоа што секој ден имаше по една сесија која трае точно 12 часа, и на секоја од тие сесии се генерира сообраќај и тоа од прилика 1Гб Upload и неколку стотини Mb download. На една таква сесија имаше дури 4Гб upload и неколку стотини Mb download. Се јавив повторно на споменатиот број, и од таму ме убедуваа дека тоа не е сообраќај туку тоа биле периодите кога се менувала IP адресата !!!!!!! Се обидов да ги убедам дека тоа не е точно бидејќи секој ден во различно време се случуваше таа сесија, пример еден ден трае од 07 до 19, другиот ден од 22 до 10 часот наредниот ден и сл. и дека јас речиси никогаш не сум бил приклучен цели 12 часа на интернет. Поднесов и писмен приговор, по кој, добив одговор сличен како оној на линијата за поддршка и сакаа да ме убедат дека скајп со камера троши огромна количина на сообраќај. И што е најинтересно на крајот на деталната сметка стои дека потрошен е сообраќај од 20Гб од кои 18.5 upload, а 1.5 download.
Нормално незадоволен од ова, побарав или да ме обештетат или да го раскинам договорот, за што од нивна страна ова не доаѓа во предвид, освен се разбира со плаќање пенали.
Дали некој претходно имал ваков случај и дали некој знае што се случува и дали има некое чаре за ова ????!!!!
Нормално незадоволен од ова, побарав или да ме обештетат или да го раскинам договорот, за што од нивна страна ова не доаѓа во предвид, освен се разбира со плаќање пенали.
Дали некој претходно имал ваков случај и дали некој знае што се случува и дали има некое чаре за ова ????!!!!