Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.136
14.306
Извинете но темава ја затварам. Искрено немам време да читам и проценувам кој прв почнал со навреди и кој дел од постовите е конструктивна содржина. Подоцна ќе пробам да зачистам. Но во секој случај има навреди кои не доликуваат да бидат тука.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.136
14.306
Сега кога се надевам оладеа стѕрастите а пред се на барање на членовите темава е повторно отворена. Но така ќе биде под услов доколку продолжи без лични навреди и препукувања. Се надевам нема да зажалиме.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Аман те, ко Господ ве молам, барем овде не мора политика, ни ојо, ни гласање за или против му е потребно на форумов, а крајно сум оптимиста дека без тие 2-3 теми форумов ќе опстане т.е. нема да претрпи никаква штета. Па ако грешан, нека изгорам. Да ти се плукнам и во едните и во другите и во третите, кај јас пораснав со политика, не мора и детено мое да пораснит. Уместо тато мама тоа од вести научило разни пароли.
Кај и да се свртиш едното исто.
Се извинувам за тензијата, ама баш ми беше пријатна посетава на форумов до пред вакви постови, запознав многумина кои ми се најдоја, кои се пример како треба да се однесува и постапува еден хомо сапиенс, на кои треба да се огледаме и кои се за пример (позитивен, не негативен :) ), и сега ова као гром од ведро небо... Има милион места за партиски препукувања, за од ваков карактер за жал 2-3.
Ви благодарам на рабирањето и вниманието, секако ова е мое мислење, и нормално не мора да се согласиме сите.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Насловот е олеле :D
Па каков да биде наслвот со таква тема? :)
Убаво прашуваат како некој преку интернет ќе биде спречен да гласа?


Аман те, ко Господ ве молам, барем овде не мора политика, ни ојо, ни гласање за или против му е потребно на форумов...
Па не се зборува за политика туку за казнување за „спречување на гласање преку интернет“. Важни работи поврзани со интернет мрежата се тотално во сферата на интерес на форумов... Ако така се гледа, нема ни еден аспект во животов која некој не може да ја протолкува како „политичка“ работа.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.876
youtu.be
Па каков да биде наслвот со таква тема? :)
Убаво прашуваат како некој преку интернет ќе биде спречен да гласа?
Јас тоа го протолкував како гласање преку интернет, нели се гласа со лист во кутија. :)
Како и да е, социјалните мрежи имаат голема улога на влијание врз гласачкото тело.

@bicikle
Не се плаши, ако има политика овде, @simo_bickijata веднаш ќе долета :D
И јас сум против политика овде на форум.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Пак ова беше за свињенко нели и за референдумот нешто. т.е оод тука беше све покренато. И две нормални човечки особи да се спуштаат на нивоу на овие како ги викате пропагатори или нз како, не е ни битно, стварно е жално таков капицитет неповратно да биде залудно потрошен на глупости xD
нека кршат глава и миленко и ојо и мојо :)
Дај прајте си муабети нешто за пиксели, за дронови, вештачка интелегенција, свемир, електроника, па и авто идустрија, идеи, како што ве доликува...
Ај да не забегувам и јас со муабетиве...
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
^
Значи мислиш дека членовите на форумот се недоветни и не знаат да дискутираат нормално освен на одредени теми (за разлика од тебе)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
^ ^
Меѓу другото и за ова зборував(ме) на почетокот на дискусијава - луѓево почнуваат да се самоцензурираат. Баш како во 1984-та (@bicikle за книгата зборувам, не за годината). :-/
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Насловот е олеле :D

Намерно е таков, за да ги исплаши луѓето. Навистина е забрането некој да те спречи да излезиш да гласаш, но не е забрането да зборуваш што мислиш за избори/референдум/итн, тоа е апсолутно твое уставно загарантирано право, а со изразување на твоето мислење ти никого не го спречуваш во извршување на неговото право на гласање.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.876
youtu.be
Потполно се согласувам со тебе, поентата ми беше:
кога го прочитав насловот - првата асоцијација ми беше „гласање преку интернет“, што не е така кај нас.
 

cele_x

hello world
2 септември 2012
347
443
хмм... најверојатно ништо не би било сменете на форумов и после референдумов.
Или можеби (евентуално) it.mk во it.smk
Едит: Тоа му доаѓа исто као кога си добил на поклон рачен часовник од жена ти, па ти се допаѓал или не, мораш да го носиш да не се налути;)
 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Па каков да биде наслвот со таква тема? :)
Убаво прашуваат како некој преку интернет ќе биде спречен да гласа?



Па не се зборува за политика туку за казнување за „спречување на гласање преку интернет“. Важни работи поврзани со интернет мрежата се тотално во сферата на интерес на форумов... Ако така се гледа, нема ни еден аспект во животов која некој не може да ја протолкува како „политичка“ работа.
За ова за цензурава ми беше муабетот. И тоа правниот аспект. Поготово во медиумиве ептен ептен се избега од темата за кликови за тираж и некако од топлината се претопи во референдумот, како тоа Господ ги казнил грците, па ови му се сителе, па од нивна страна дека со договорот грција не признала нас Македонците, па нив ги казнил Господ... бла бла бла.. Оти да те спречам да гласаш преку интернет значи да ти го изтргам кабелот, да ти провалам во системот од кој гласаш, да те зезам да ти ја исклучувам тастатурата ( вака се зезавме по нет кафеа кога игравме цс :) )... А користејќи интермец да те убедувам да не гласаш е сосем друга работа. Пак ќе кажам, ова е мое мислење.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Кодовите за МК си остануваат и понатаму.
Освен (?) за возилата. Како и да е НМК не може затоа што кодовите на земјите барем на интернет секогаш се состојат од две букви.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
За ова за цензурава ми беше муабетот. И тоа правниот аспект. Поготово во медиумиве ептен ептен се избега од темата за кликови за тираж и некако од топлината се претопи во референдумот, како тоа Господ ги казнил грците, па ови му се сителе, па од нивна страна дека со договорот грција не признала нас Македонците, па нив ги казнил Господ... бла бла бла.. Оти да те спречам да гласаш преку интернет значи да ти го изтргам кабелот, да ти провалам во системот од кој гласаш, да те зезам да ти ја исклучувам тастатурата ( вака се зезавме по нет кафеа кога игравме цс :) )... А користејќи интермец да те убедувам да не гласаш е сосем друга работа. Пак ќе кажам, ова е мое мислење.
Министерот намерно даде таква изјава. Не е наивен. Целта е да се влијае психолошки. Нормално тие што се многу гласни ќе ги натера да бидат уште погласни, но некој што ете сака да каже нешто ќе си рече а зошто да ја ставам главава во торба, па и не мора да зборам за политика на интернет. Е тоа е автоцензура поттикната од политичари.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Тоа млатам празна слама, секако дека не се наивни политичарите, ама испаќа дека ние сме наивни па овде непотребно креваме тензии за што ??? А верувам дека ниеден став во темава не е злонамерен или лично препукување, напротиве верувам дека доколку се водеа сите дискусии на маса многу подобро ќе се разберевме и ќе се ширеше многу повеќе позитивна енергија а може и набрзо ќе се сменеше темата на нешто по лабаво, не мора да е од ит свера, да не испадне замо за тоа знаеме да прајме муабет. Баш ради што беше потикната од силен политички аспек темата сметам дека не треба толку внимание да и се посвети, а секако дека е ок да прајме муабет за цензура но не баш водилка да ни е таа поттикната од политичари. Напортив, како и повеќето постови од учесниците така и постовите во оваа тема ги читам со задоволство, едино не ми се допадна што сето тоа беше поттикнато од некои кои како што кажа (или така те разбрав) дотураат бензин во огнот за нивни лични цели. Пак ќе речам, тоа е мое лично доживување и секако тука сме да се (ме) корегираме (да ме горегирате ) со една цел да водиме по квалитетни дискусии. Крај краева може да се отвири тема за цензура поттикната од членот тој и тој, да нема уопште политика, и на сите да ни е мерак да учествуваме, секако конструктивно.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Дали се креваат тензии, и дали наводните се непотребни... Тоа е лична проценка на свидителот. Но таквата лична проценка никако не е пресуда за тоа дали реалноста е таква - непотребно кревање тензии. Многумина би го заклучиле спротивното, и би биле во право колку и тие другите.

Тоа што не може да биде работа на лична проценка, е дека дискусијата за слобода на говор на интернет мрежата - не е политичка дискусија. Без разлика на тоа што политички ентитети секако ќе се обидат политички да ја искористат ситуацијата (таквите секогаш се обидуваат политички да поентираат и на СЕ друго). Реалноста е таа дека овде зборуваме за слобода на говор на најпопуларниот медиум денес, кој патам е целосно информатичка технологија и како таков е целосно во сферата на интерес на еден информатички јавен форум, како што е it.mk

Секој обид да се претстави оваа дискусија за зачувавање на слободата на говорот како политичка ситуација која треба да се збрани со указ, во основа е само банален повик за цензура. А против цензура од петни жили треба да се залагаме сите што макар малку разбираме колку се важни човековите права и што значат истите за квалитетот на животот и за иднината.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
"Тоа е лична проценка на свидителот" епа ха, тоа и јас го велам
„Без разлика на тоа што политички ентитети секако ќе се обидат политички да ја искористат ситуацијата (таквите секогаш се обидуваат политички да поентираат и на СЕ друго).“ Како што кажав, мое лично видување е дека наседнавме на ваквите нивни финти. Да отвореше тема било кој член за цензура и во малце поразлично време, лично мене ќе ми изгледаше ситуацијата многу поинаку.
“А против цензура од петни жили треба да се залагаме сите што макар малку разбираме колку се важни човековите права и што значат истите за квалитетот на животот и за иднината.„ -колку што можам ќе го дадам својто придонес, со сиот мој капацитет за кој се надевам дека не е во - (минус) :)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Toa што го велиш не е само лично мислење туку и барање да ја нема дискусијава, затоа што ти била политичка.
Аман те, ко Господ ве молам, барем овде не мора политика... ни ојо, ни гласање за или против му е потребно на форумов, а крајно сум оптимиста дека без тие 2-3 теми форумов ќе опстане
Се обидувам да објаснам, ама не разбираш. Не разбираш дека првенствено темата на дискусијава се однесува на слободата на говор. Не се однесува на политичките агенди на политичарите кои сакаат или да се приклучиш на агендата или да се самоцензурираш и да се откажеш од инсистирањето на твоите човечки права - права кои некои постари генерации се бореле за сега ти (и сите ние) да имаш (имаме) бенефит.

Го спомнуваш детето твое поназад, сакаш да „не се замара“ со ова. Но зарем сакаш детето да ти израсне и да живее без човечките права кои претците со мака ги заработиле (права од кои ти вака лесно се откажуваш)?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
не е барање, молба е :)
ок шефе :) Ете не барам ништо повеќе :) Моја грешка, лошо сум ве разбрал.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Не бе баче, ти сеуште не разбираш. :)
Не било барање, молба било... За што? За да ја нема дискусијава. Никако не разбираш дека суштината на темава не е политиката низ чија призма политичарите ти натураат да ја гледаш ситуацијава, следствено затоа и сакаш да се самоцензурираме или некој друг да не цензурира.
 

prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Lokvan, во ред е пер, не го малтретирај дечкото, цело време го повикуваш... :)
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно