Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Не е дека само Л фали, би било добро целосно да се смени насловот. Во нешто посоодветно и поопфатно, на пример: „Слободата на говорот во модерното информатичко општество“.

едит: Многу подобро, фала на модераторот.
 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
„И тоа како можеш да го разбереш сето ова, само не си седнал доволно да размислиш и да истражиш повеќе.....“
Лошо ми влијае на крвниот притисок, а и немоќен сум да сменам нешто, како што кажа мали се шансите да станам овчар....
Во ред е да не води некој, ама не в кланица...
„Социјален инжинеринг......“ према мојот светоглед баш тоа е причината ради која сметам дека е добро да се прајш глуп на форуми, социјални мрежи, телефонски анкети. Социјалниот инжинеринг према мое видување е многу помоќна алатка од Tzar ма и од цунами и од Везув...
После ти треба критична маса, ти си свесен, 2-3 сте свесни, другите ќе те напраат будала или ќе ти речат арно си е....
А дека треба да има некоја контрола треба да има, па те молам не можеш некој „miroljub“ да пуштиш во етер, ќе помисли некој дека стварно е земјава рамна, или пак овие free energy видеа и ред разни глупости... Остај тоа, ќе види некое дете некоја глупост, без очи ќе остани.
Онда кој етиопќанин се побуни дека прецедателот им јадел манџи од не знам тамо колку милиони долари, и оти ништо не превзедоја ?
Ај да не зборам многу...
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Да не ти е можеби подобар животот, пошто ќутиш и се правиш дека се е во ред...?
Инаку за достигнувањето на критична маса, никако не можеш да дојдеш до критична маса без да ризикуваш рандом кловнови да се обидат од тебе да направат будала. Тоа е очекувана реакција кога се јавуваа когнитивна дисонанца кај некои.

Инаку тие Мирољубите и рамните земји, и ред такви глупости, сето тоа е дел од социјалниот инжинеринг. Мора да ти дадат фокус за исмевање на некој, тоа е и дел од тренингот за исмевање на се друго што е надвор од прифатената наратива. Така навежбани од глупостите како рамната земја, сега мнозинството се смее и на опасностите од неодржливото земјоделство, со премногу пестициди и хербициди и гмо. Се загадуваат земјата и водата, ама предупредувањата никој не ги слуша, на таквите им се смеат како за рамна земја да зборуваат. Истиот тренд го гледаме и со последиците од електромагнетните зрачења, итн.

Истото е и со слободата на говорот. Додека да трепнеме, наеднаш живееме во општество во кое не можеш да се пошегуваш без да ризкуваш да ги нарушиш законите за политичка коректност (говор на омраза, и слични гоменици). Ете имаш примери со затворски казни за статуси на социјални платформи. Со нереагирање и пасивност, и до полошо ќе стигнеме.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
„Да не ти е можеби подобар животот, пошто ќутиш и се правиш дека се е во ред...?“-остај има и по бетер xD
Ако си свесен нема да имаат толку утичај на тебе. Колку што имам приметено баш рамноземците веруваат во све што ќе чујат што не е од научна природа, разни теории или слично, другите чекаат некој да докаже и покаже, генерално мал број луѓе се со сопствено мислење. Пробај влези во дискусија т.е, во конфронтација со било кој(не мора да е рамна земја, што било нека е), но завземи став од она што тој спротивно го тврди и ќе видиш дека генерално имаме ниска свест и ќе изиграваш само клон т.е. џабе ќе се мачиш, на крај нема да собериш 10 души за да смените нешто.
На крајот излага дека како поединци сме многу немоќни за да смениме нешто, а како маса сме несвесни(или таков ни е менталитетот), така да џабе ќе трошиме мегабајти. Нешто ако те наошкаат од партија ќе појш ќе полаеш и толку,поготово ако те наместат некаде шефче толу, јазикот само за лижење ќе го користиш.(секако ова не се однесува лично). Не па револуција да прајш или некакви права да бараш.
~~~~~~~~~~~~~~~~
офф, кога спомна пестициди
https://www.google.com/search?q=пом...5j69i57j0l3.8413j1j7&sourceid=chrome&ie=UTF-8

Ако мојш да приметиш ич ниокого не засега оплодувањето на растенијата, и ти низ народ со вакви размислувања ќе бараш критична маса?
 

cele_x

hello world
2 септември 2012
347
443
Еве едно интересно видео во европски парламент.Обраќање на италијанскиот
вицепремиер во однос на слобода на говор
и цензура на медиуми, социјални мрежи,фејсбук...
Мора да се погледне: Обраќање на италијанскиот вицепремиер во Eвропскиот парламент (ВИДЕО со превод) » opserver.mk
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Еве едно интересно видео во европски парламент.Обраќање на италијанскиот
вицепремиер во однос на слобода на говор
и цензура на медиуми, социјални мрежи,фејсбук...
Мора да се погледне: Обраќање на италијанскиот вицепремиер во Eвропскиот парламент (ВИДЕО со превод) » opserver.mk
Значи еден се кренал и собрал доволно маса за да стане премиер.
Значи се она што се заговара дека ние како поединци ништо не можеме се сруши со едно видео од еден премиер.

НА ред е новиот премиер во Украина. Комедијант со 0 денови искуство во политика. Тоа е и Трамп во Америка. Народот бара некој што ќе ги фрли гнасотиите, само некој треба да стане и да каже, јас сум тој што ќе ги фрли работите.
Се свестуваат овците дека овчарот ги јаде, дека волците се во зоолошките, ама па довербата ја даваат најчесто на некое куче :(
 
R

Roncic

Гостин
А кај нас што ќе биде со следниот ни претседник . Склеротична или пијаница . Само албанецот има си некаква нормалност . Ама пак , под знакот на предрасуди и антички македонци , и библиски народ , ние пак ќе ги одбериме или пијаницата или склеротичната .
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
А кај нас што ќе биде со следниот ни претседник . Склеротична или пијаница . Само албанецот има си некаква нормалност . Ама пак , под знакот на предрасуди и антички македонци , и библиски народ , ние пак ќе ги одбериме или пијаницата или склеротичната .
Секогаш имаш опција да не одереш.
Бојкот е легитимен избор и опција да го срушиш системот, со цел правење на нов систем (види италија)
 
R

Roncic

Гостин
Во земја каде и дедоми (починат пред 50 години) излегува на гласање ?
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Во земја каде и дедоми (починат пред 50 години) излегува на гласање ?
Па остави го него да гласа, ти не гласај.
Се додека прифаќаш да играш по туѓи правила кои се кршат, губиш.
Сигурно си го гледал филмот: Единствен начин да победиш е да не играш.
 
R

Roncic

Гостин
Може да се кладиме дека само ти мислиш дека не ја играш играта . Знаеш колку случаеви има каде човек оди на гласање и оп , во записник пишува дека веќе гласал .
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Може да се кладиме дека само ти мислиш дека не ја играш играта . Знаеш колку случаеви има каде човек оди на гласање и оп , во записник пишува дека веќе гласал .
Колку?
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Мнооооогу . Јас лично се имам најдено ...
Лажеш друже.
Ако имало таков момент се прегласува на тоа место.
Нели, веруваш на системот ти?

Не ја играм играта. Знаат дека не ја играм и ме игнорираат а и саботираат.
Нема потреба да разглобувам приватни теми. Сум ги осетил високите игри и на своја кожа, директно како одговор на моја акција и говор.
Глобалниот систем сам нема да го урнеш, ама не постои систем кој не може да се урне. Цигла по цигла...
Во суштина играат на картата дека се премногу големи за да ги срушиш, да одвратат од обидот да ги рушиш. Ама ете гледаш, народот се свестува и полека почнува да ги руши.

Твое е дали ќе седиш дома или ќе се бориш да ти биде подобро (на тебе и на поколенијата)
 
R

Roncic

Гостин
Излишен е секаков коментар после твојов. Особено делот лажго.
Од денеска ти замене си пешко .
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Полека малку.
Природна е дигресијава, но да не забегуваме толку во ваков вид на офтопик (и со навреди).

На некој начин јас самиот сум крив, јас почнав. Само намерата ми беше повеќе да дискутираме од аспект на слободата на говорот и склоноста на денешните луѓе да избегнуваат да зборуваат за проблемите, и да се самоцензурираат (ќути има и полошо, итн). Така да се надевам дека модераторите нема да ни замерат, ама можеме и ние да се потрудиме да не забегуваме толку со дневно политички моменти - без да ги ставиме во јасен контекст на темава (посебно пошто претстои политички молк).


Идеме понатаму. Една од главните алатки за потиснување на слободата на говорот, е наметнувањето на политичка коректност сегде и секаде. Целта е да се самоцензурираме, сегде и секаде.

Еве пример за политичка коректност, менување на секојдневни зборови и изрази во секојдневниот јазик:
banned-words.png
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Нема слобода на говор. Никогаш не постоела. Никогаш не била толку нападната како денес, затоа што и најлесно се распространува говорот. Стравот од слободата е голем за "овчарите".
А за тоа дека овците можат без овчар, погледнете во природата, има еквилибриум, постојат и овци/кози и волци во дивината.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Денес живееме во време кога на цел глас се промовираат човечки права. На жалост таа гласност за човечки права се употребува само кога се работи за права на малцинствата. Тука не мислам стриктно на етнички малцинства, туку на СИТЕ малцинства, сексуални и родови малцинства (ЛГБТ), религиозни малцинства, социјални малцинства, итн, итн.

Но кога се работи за слобода на говорот, која е општо човечко право за сите луѓе, тоа се игнорира и напротив, се повеќе се потиснува. Секој ден читаме за некој што имал правни последици заради коментар на социјалните платформи, дури и овде кај нас. Не зборувам за повикување на насилство, туку за банални глупави изјави кои некој ги оценил како вештачкиот поим „говор на омраза“. Тоа дело „говор на омраза“ има толку релативно и нејасно значење да буквално СЕ и БИЛО ШТО потенцијално може за некоја индивидуа да биде „говор на омраза“.

Како што тргнале работите, да не се чудиме ако утре и официјално се воведе Министерство за Вистина. :eek:ffended:
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Е за река ќе глаза, за инает од сите. Моето животно искуство покажало дека кој и да дојде на власт, исти ѓавол е.
Тој прецедникот прво стана прецедател па зборува за слобода на говор.
Можеш да гласаш, и да ги исчкрташ сите, имало случаеви, ама идај на гласање, ако не гласаш ќе ме избркаат од работа. И пак падна вмро. Секако, не победи ес де ес. Да не беа демократите од надвор никад немаше да победи. ДОтичниот уште ќе си не онадеше. И пак и да не гласаш в парламент ќе изберат прецедател.
Е шо, фикусот да не епоарен од психички растроениот или од кандидатот кој го извадија од формалин?
Геевите ги мразиш оти некој ти рекол да ги мразиш, (ова не важи за пе*ерите), каков проблем имаме ние штоа ако некој е геј? Е ко ќе излезит и ко ќе барат права замо затоа што играл пикадо, е тогаш да, е проблем.
и на крај, ТиСи, знаеш дека во просек секој ден снемува по некој ? Полицијата наводно нема поим.
п.с. Сите што се бореле за нешто, некакви права станале полоши кога дошле на власт од тие против кои се бореле, СИТЕ. Џабе ќе срушиш нешто, едино за тебе чично, ако те стават шефче ќе биде подобро, за остали пак ќе биде исто.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
По неколку пати мора да те препрочитувам. :)
Остај спомнување на партии, пошто ништо добро нема да искочи од таков муабет.

Слобода на говор е да можеш и да кажеш што мразиш.
Се додека не повикуваш на насилство, треба да имаш право да кажеш што мразиш исто како што имаш право да кажеш што сакаш. Слобода на говор.

Но чисто да знаеш, немам ништо против „геевите“. Имам многу против искористувањето на нивната заедница за политички цели. Имам многу против форсирањето на нивната сексуална определба на масовни геј паради, и по сите популарни медиуми, во популарната култура. Интересно е дека имам неколку геј познаници кои целосно се согласуваат со мојава констатација. Низ нос ни ги извадија сите тие геј парови по филмовиве и сериите, врска нема со реалниот процент од популацијата. Плус ги глорифицираат до бескрај, да бидеш геј е да бидеш кул, нов тренд. Ова се прави систематски и целосно. Што е ретардирано посебно во ситуација кога целиот запад се соочува со белата чума, значително намален наталитет. Инаку сето тоа е дел од социјалниот инжинеринг што масовно се спроведува првенствено во „западната култура“, но и општо во целиот свет.

Но ако јавно зборуваш за ова, сеедно дали на социјалните мрежи или било каде, веднаш ќе бидеш осуден како хомофоб. Твоите мисли ќе бидат окарактеризирани како говор на омраза. Може и правни последици да имаш. А твоето право на изразување, на слобода на говор, станува непостоечко. И што е најлошо, мнозинството како да не гледа што се случува.


Џабе ќе срушиш нешто, едино за тебе чично, ако те стават шефче ќе биде подобро, за остали пак ќе биде исто.
Идеме назад на муабетот за овчарите (за кучињата во случајов).

Не ме разбираш, не зборувам за никакво „рушење“ на власт. Зборувам за ширење на јавна свест и практикување на слобода на говор. За разбирање на важноста на слободата на говорот. Критичната маса ќе дојде сама по себе, кога јавната свест ќе се подигне. Тогаш нема да има „рушењена власт“, туку ќе има смена на парадигма.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Менување на систем не е рушење на власт.
Не сум да сменам едни со други, во суштина едни исти, не се ни смениле.
Поентата е да се сруши системот на криви вредности. Да се зачува слободата. Слободата на говор е само еден сегмент. Слобода на движење, на пристап на вода, на чист воздух...

Волците се инфилтрираат и чекаат прилика. Не се страшни, ги знаеш дека се волци и дека се таму за да те изедат. Страшни се овчарите и кучињата, што наводно те чуваат. Од нив не се пазиш, а они те јадат.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
епа ха, истото го пишав за геевите, само во кратки црти. Едноставно ги злоупотребуваат. Може ти немаш ништо, ама многумина имаат, оти тие биле мажишта, овие биле гееви, онака по дифолт. Не ни навлагаат подлабоко како права на гееви или дека било кул да си геј или дека во бус треба да станиш на геј за он да седне ( а може и в скут да ти седне xD ). тука пак ко ќе видиш се злоупотребува слободата на говор, мразат гееви, појма немаат зошто, како што аргхментира(устври ти не ги мразиш геевите како што кажа, туки ја нагласи злупотребата), Уствари истото го зборуваме до моментот кога велам дека не е слобода за нас xD
„Не ме разбираш, не зборувам за никакво „рушење“ на власт. “- не зборувам да симнеш некого од власт, него да се мени начинот на владеење, џабе ќе има слобода на говор, сето тоа(или добар дел) нема да има ефект кон обичниот народ, или ќе се стави под тепихот„теории на заговор“ или ќе се отфрли оти е различно од нивните сваќања.
После како тоа да мразиш нешто а да не повикуваш на насилство, тој дел баш и не ти го разбрав... Тоа ми е некако како да сакам да ставам некого в затвот оти едноставно го мразам, или ми е антипатичен. Па некој што е успешен 99,99% го мразат, само 00,001% сметаат дека треба да се искористат неговите благодети... Баарем овде е така.
п.с.
ЈсСум, како ќе смениш нешто со негласање ?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Каков подобар свет???
Што напишал/кажал а да е нешто ново?
Дај најди некоја војна каде немало цивилни жтрви.
Од секогаш се прислушкувале телефоните (посебно кога имаше двоници секој можеше да прислушкува), сега со дигитална телефонија е само во прашање на еден клик. Дали има некој изненаден дека се прислушкува?
Мито и корупција не е измислена од нас, постои секаде.
Сега американците се зло, во Втората Светска Војан Гермаците биле зло, ама сега се ЗЛАТООО.

Американците и во втората светска војна беа зло и сеуште се зло. Германците тогаш беа помало зло, исто како и сега. Сите тие што се јачаат пред светот се зло.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно