Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Во врска со темава од аспект на слобода на говорот, претпоставувам дека сите знаете дека е уапсен креаторот на платформата WikiLeaks
Еве една слика за случувањата, иако хумористична, сепак реална:
View: https://youtu.be/1efOs0BsE0g
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
све ми се чини дека појавата на морбили е последица од слободата на говор, како еден пример. Кичево в болница(персоналот) има морбили xD
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
све ми се чини дека појавата на морбили е последица од слободата на говор, како еден пример. Кичево в болница(персоналот) има морбили xD

Tи дечко очигледно не знаеш што е слобода на говор ниту слобода. Оди во Кина, таму нема слобода на говор, но има морбили.
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Слобода на говор ти е измислен термин кој многу се злоупотребува во последниве неколку години.
Поради таа слобода, земјата ке биде плоча, лошите ке бидат добри итн.
Кој нешто ви забранил да напишете или да кажете.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Кој нешто ви забранил да напишете или да кажете.
Seg-assange-arrest.jpg
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
И Марија сакаше да го направи светот подобар, ама не испадна така...
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
Каков подобар свет???
Што напишал/кажал а да е нешто ново?
Дај најди некоја војна каде немало цивилни жтрви.
Од секогаш се прислушкувале телефоните (посебно кога имаше двоници секој можеше да прислушкува), сега со дигитална телефонија е само во прашање на еден клик. Дали има некој изненаден дека се прислушкува?
Мито и корупција не е измислена од нас, постои секаде.
Сега американците се зло, во Втората Светска Војан Гермаците биле зло, ама сега се ЗЛАТООО.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Чекај малку пријателе, ти кажа дека никој ништо не забранува да се мисли слободно и да се пишува слободно. Тоа секако може да биде така, ама извесно така е само додека истото не се коси со интересите на одредени структури. Ете ти го Асанж, нематична држава принудува трети држави да го уапсат и екстрадираат, и нематична држава ќе го суди за „предавство“ иако целиот „грев“ на дотичниот е објавување на дефакто и дејуре државен криминал, односно планетарен криминал.

Кога новинарите се осудувани и казнувани за објавување на криминал, кој општествен поредок е тоа?

Кога живееш во општество во кое медиумите не известуваат реално и праведно за овакви настани, какви се тие медиуми?


Нејсе. Во врска со слободата на говор, можеби реално ја опишуваш реалноста... Но денес (и веќе поодамна) ни се продаваат приказни за „демократски вредности“, и во име на тие вредности се прават многу злоупотреби на мнозинството.

Но нејсе. Ме носиш малку во офтопик, иако сето ова е поврзано со муабетов.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Каков подобар свет???
Што напишал/кажал а да е нешто ново?
Дај најди некоја војна каде немало цивилни жтрви.
Од секогаш се прислушкувале телефоните (посебно кога имаше двоници секој можеше да прислушкува), сега со дигитална телефонија е само во прашање на еден клик. Дали има некој изненаден дека се прислушкува?
Мито и корупција не е измислена од нас, постои секаде.
Сега американците се зло, во Втората Светска Војан Гермаците биле зло, ама сега се ЗЛАТООО.

Ти си еден од тие 99.9 кого мандалото не го боле за ништо. Ретко да видам вакво признание дека знаеш дека општеството не чини ама мандалото те боли, дека е нормално општеството да е корумпирано и дека ништо не планираш да направиш за тоа и дека никој не треба да прави нешто во врска со тоа. После ќе плачеш кога ќе бидат повредени твоите права, но никој нема да те слуша, тоа е нормално.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
И што дека ќе знаеш дека некој покрал 999.999.999.999 евра? Ете наса сега легално ќе си попиет брдо пари због некакви си дупки/галаксии, нотердам ради пожарот, ние ќе си останиме со прстите вуста, па ќе треба да станиме во 7 за на работа, па ќе дишиш ист(загаден) воздух... И оти да ми е гајле кога ништо не ми менува, нити пак можам нешто да сменам?
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
да, сташно е, ко ќе имат некаква контрола и хиерархија секој ќе си ја гледа својата работа и ќе живееме подобро.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
Голема е веројатноста дека таја офцата што се делит дека ќе ја изејт некој волк. Сепак е подобро да се грижи некој за нејзе и да ја шиша него да ја изеде волк.
Е на времето да кажел лош збор против државата или против тито, одма голи отик, не ко сега... Затоа имале сите, сите биле задволни, сега имаат поедицни, нас обичниов народ кој не шиша...
 

hipo

user
27 јануари 2011
1.806
1.692
sistrum.mk
И демократија ни се сервира многу убаво, ама има многу горчлив вкус кока ке почнеме да ја сркаме.
Ајде размислите само дали голбално, не само во Македонија луѓето де-еволуираат, не одиме напред, не не интересира природата околу нас, унишуваме се само да се има интерес.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
На жалост, така е. Но мислам дека тоа што му сметаше на Делфи е мелахоничниот пасивен однос... Никој ништо не коментира, никој не се жали. Како на сите се да им се супер, а не им е. Дури и обратно, луѓето како да се лутат кога некој почнува муабет за ваквите работи, им ја ремети илузијата и глумењето дека се е во најдобар ред.

Еве го примеров со Асанж, дури ни во послободоумна заедница каква е ај-ти форумов, ни овде нема интерес за дискусија. А барем ние овде би требало да разбираме што значи слободата на говор и изразување, за функционалноста на интернет како глобална мрежа за размена на податоци и информации.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
Голема е веројатноста дека таја офцата што се делит дека ќе ја изејт некој волк. Сепак е подобро да се грижи некој за нејзе и да ја шиша него да ја изеде волк.
Е на времето да кажел лош збор против државата или против тито, одма голи отик, не ко сега... Затоа имале сите, сите биле задволни, сега имаат поедицни, нас обичниов народ кој не шиша...
Волкот многу ретко јаде овци.
На крајот сите овци се изедени.
ОД ОВЧАРОТ!

Ама не се замарајте со ова, главата доле и чекајте друг да ви ги реши проблемите. Никако вие сами.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
ретко ги јадит, али често ги давит.
него, гледај ти овчарот да бидиш, не овцата.
Еве секојдневен пример, загаѓење на ваздух, ај реши го. Ќе те блосуаме сите.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
На жалост, така е. Но мислам дека тоа што му сметаше на Делфи е мелахоничниот пасивен однос... Никој ништо не коментира, никој не се жали. Како на сите се да им се супер, а не им е. Дури и обратно, луѓето како да се лутат кога некој почнува муабет за ваквите работи, им ја ремети илузијата и глумењето дека се е во најдобар ред.

Еве го примеров со Асанж, дури ни во послободоумна заедница каква е ај-ти форумов, ни овде нема интерес за дискусија. А барем ние овде би требало да разбираме што значи слободата на говор и изразување, за функционалноста на интернет како глобална мрежа за размена на податоци и информации.
имаме последици од кумунизмот, а писнеш, појео те мрак,... Онда еве што биле луѓе по америкине, ти изигравај демократ, ако сакаш гол шетај се, ок, супер, модерен си, така треба, а писнеш нешто што не им е по ќев, или да им се спетљаш во бизнисот одма ќе те скинат.
имаше на времето анегдота демек некој пишувал како се решавале од непожелни личности т.е. обелоденил многу убиства, па после и него го скинале, со некаков октопад имаше врска, ама одамна беше...
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.687
3.293
ретко ги јадит, али често ги давит.
него, гледај ти овчарот да бидиш, не овцата.
Еве секојдневен пример, загаѓење на ваздух, ај реши го. Ќе те блосуаме сите.
Си бил на протест за воздухот? Едвај 50 луѓе. Епа толку им е битно. На партиски митинг се собираат илјадници.
Секој со своите идеали.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
него, гледај ти овчарот да бидиш, не овцата.
Аха, морковот на крајот на стапчето што ни кажуваат дека се вика Капитализам. Да бидеш овчарот... Само што е еден овчар на стотици илјади луѓе овци.

Шансите да добиеш шанса да бидеш овчар се неспоредливо помали од тие да добиеш лото или спортска прогноза, а ако некако добиеш шанса тогаш за да ја искористиш треба да бидеш (или да станеш) најнемилосрдното, најлажливо, најбескрупулозно и најзаебано копиле од сите копилиња, кое секој ден гази преку живи луѓе. Така да статистиката вели дека никогаш нема да бидеш овчар... Без разлика што филмот што ни го продаваат, дека „секој има шанса да биде овчар“.

Овците и овчарот се разбира се само дел од сликата, другиот многу поголем дел од сликата овците не ја гледаат. Тоа што не се гледа во сликата (таа со морковот на стапче), е каде завршуваат 99.999% од овците, а тоа се кланиците и касапите, и на крај трпезата на газдите.

Во најдобар случај, таму во илустрацијата можеш да бидеш кучето. Што ќе се согласиш и не е баш добитна комбинацика, иако тогаш можеш да се тешиш дека ти е подобро од овците. Додека глодаш некоја коска што ти ја фрлил овчарот.

Сето ова се разбира е метафора, да не бидам само погрешно разбран.
Искрено, ти бајсикл воопшто не си ни одблиску толку глуп како што некогаш изгледаш од пишувањата по форумиве. И тоа како можеш да го разбереш сето ова, само не си седнал доволно да размислиш и да истражиш повеќе, а и перењето мозок во денешното општество е сеприсутно и ефективно (многу повеќе од порано низ историјата). Социјален инжинеринг, или технологија за тоа како овците да седат во трлото и да не прават проблеми (додека ги молзат, шишаат, и на крај, ги носат на кланица).
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно