Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Сител со најновата LiveView технологија

Goran123

lurker
25 јуни 2010
954
160
Не знам дали некој од вас запримети, Ивона Талевска во неколку наврати спомна дека преносот од пречекот на кошаркарите се врши со најновата LiveView технологија на Сител. Не успеав да најдам видео каде што се кажува ова, па ако има некој да сподели некое инфо (чисто да се посмееме малку, како за “холограмското“ јавување од пред некоја година) :D
 
pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132

Сител отидоа во вселената со оваа технологија...бреј...:)) Исто како јас да имам 128 битен ос би му дошло ова...Уште малку и ке прават пренос од месечината...оф леле :LOL: Сител МК #FAIL..
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
А пик на LiveView технологијата на Сител, е тоа што линкот им е ставен на X6-ka, која не се вози ако надвор паѓа јак дожд или не-дај-боже - град....Значи, нема LiveView известувања за временски непогоди:LOL:
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Македонија, лидер во е-Демократијата....најнов EPIC FAIL на Сител. Кај најдоа е-демократија, башка насловот не соодветствува на “содржината“ на текстот што го напишале. А во 20-25 секунда од видеото се пофалија(цитирам):
“Земјава е пример дури и за Развиените Европски Држави“, леле леле ние пример? Секаде сме на црни листи за е-нешто, изглеа овие не се свртеле околу себе?
Инаку исто така имаат реализирано холограмско јавување од пред некоја година...
I'm just saying...
 
KalEl

Баниран/a
20 август 2011
485
80
USA
SecreLocal.com
Момци имав на оваа тема мислење ама сега го нема па ме интересира што може да е работата...

@ Модераторите ако е избришана темата од вас дали е можно да ми ја кажете причината,поздрав
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.482
5.588
Македонија ако е лидер се прашувам другите какви се...

ЕДИТ

Ооо го видов изворот на веста. Се ми е јасно сеа :rolleyes:
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Браво за сител за ваквиот чекор, отсекогаш биле најдобра телевизија и се повеќе и повеќе се надоградуваат. Значи да тргнеме и од студиото, програмата, персоналот, па се до новата технологија...се е како што треба :) Браво, само напред!
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Браво за сител за ваквиот чекор, отсекогаш биле најдобра телевизија и се повеќе и повеќе се надоградуваат. Значи да тргнеме и од студиото, програмата, персоналот, па се до новата технологија...се е како што треба :) Браво, само напред!

Ха Ха...
double-facepalm.jpg
 
zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689

За жал студиото и технологиите коишто можат да си ги дозволат со средствата заработени од легалното проституирање со власта не им помага на неспособните новинари вработени во таа ТВ куќа. Тие засекогаш ќе бидат новинари-проститутки во мои очи.
 
Извини, ама ова е веќе политика. И покрај тоа што форумов не е наменет за политика туку за ИТ, морам да ти реплицирам на провокацијава.
Дали ти знаеш дека за клевети и невистини за некого можеш да одиш на суд? Ти неможеш со сигурност да знаеш од каде им се средствата на сител тв, значи се додека нешто не се докаже се смета за клевета и лага.
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Ха Ха...
"Обожавам" личности што кога немаат противаргументи се служат со лигави слики :LOL:

Очигледно е дека си заслепена(од Власта?), па неможеше да ги прочиташ и провериш линковите кои беа постирани...пред ти да се јавиш...а немам намера да се разправам со тебе и докажувам, бидејќи сите предходни постови(и на другите) беа со иронија, а не со фалење. Во случајов е “Фали ме усто - оти ќе те чепам“.
 
zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
Извини, ама ова е веќе политика. И покрај тоа што форумов не е наменет за политика туку за ИТ, морам да ти реплицирам на провокацијава.
Дали ти знаеш дека за клевети и невистини за некого можеш да одиш на суд? Ти неможеш со сигурност да знаеш од каде им се средствата на сител тв, значи се додека нешто не се докаже се смета за клевета и лага.

Eyes wide shut. Потпишувај се друг пат кога ми одземаш зелени :)
"За жал студиото и технологиите коишто можат да си ги дозволат со средствата заработени од легалното проституирање со власта не им помага на неспособните новинари вработени во таа ТВ куќа. Тие засекогаш ќе бидат новинари-проститутки во мои очи."
Види, да имаше поим од право, немаше да коментираш во тој "заплашувачки" стил.
Што може да се докаже од мојот исказ? За која куќа јас зборувам? Се работи за чиста логика - изјавите можеш да даваш во соодветна завиткава индиректна форма за истите можат да бидат протолкувани на многу начини. Ти можеш да ги толкуваш на очигледниот. Патем, има и многу холивудски зданија во кои си можела да го заклучиш ова што јас се обидувам да ти го објаснам.
Инаку, и врапчињата ја знаат приказната што ја споменав во кратки црти, нема потреба од докази. За да веруваш во спротивното, треба само да си слеп и глупав.
Јас верувам дека не веруваш.
Исто така верувам дека си умна личност која само сака да отвори дебата без сериозно да застапува одреден став, туку го правиш тоа од забава. Во некој разговор би можел лично да ти раскажам со имиња.
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Очигледно е дека си заслепена(од Власта?), па неможеше да ги прочиташ и провериш линковите кои беа постирани...пред ти да се јавиш...а немам намера да се разправам со тебе и докажувам, бидејќи сите предходни постови(и на другите) беа со иронија, а не со фалење. Во случајов е “Фали ме усто - оти ќе те чепам“.

Јас не сум заслепена од никој и ништо, а за тебе незнам ќе те оставам сам да се изјасниш бидејќи јас за разлика од некои, не глумам Баба Ванѓа, не се замарам со клевети и глупости :)
И сите идни постови на темава ако сакаат нека бидат со иронија, ЈАС имам право на СВОЕ МИСЛЕЊЕ. Дали ви е јасно тоа?
За мене ова е одлично, за вас не е и крај. Немора да се лигавиш со фејспалм и други лигави слики, ако неможеш да читаш туѓи мислења што си се регнал на форум?
 
181148_triple_facepalm_super_RE_The_most_awesome_thing_u_will_ever_see-s600x480-89034.jpg
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Eyes wide shut. Потпишувај се друг пат кога ми одземаш зелени :)
"За жал студиото и технологиите коишто можат да си ги дозволат со средствата заработени од легалното проституирање со власта не им помага на неспособните новинари вработени во таа ТВ куќа. Тие засекогаш ќе бидат новинари-проститутки во мои очи."
Види, да имаше поим од право, немаше да коментираш во тој "заплашувачки" стил.
Што може да се докаже од мојот исказ? За која куќа јас зборувам? Се работи за чиста логика - изјавите можеш да даваш во соодветна завиткава индиректна форма за истите можат да бидат протолкувани на многу начини. Ти можеш да ги толкуваш на очигледниот. Патем, има и многу холивудски зданија во кои си можела да го заклучиш ова што јас се обидувам да ти го објаснам.
Инаку, и врапчињата ја знаат приказната што ја споменав во кратки црти, нема потреба од докази. За да веруваш во спротивното, треба само да си слеп и глупав.
Јас верувам дека не веруваш.
Исто така верувам дека си умна личност која само сака да отвори дебата без сериозно да застапува одреден став, туку го правиш тоа од забава. Во некој разговор би можел лично да ти раскажам со имиња.

Неможеш да веруваш дека не верувам, затоа што ниту ме познаваш мене ниту си ги слушнал моите размислувања. А јас мислам ова е сериозна тема, а не предмет за забава. Ете друг случај каде што едно кажуваш за мене, а јас размислувам спротивно ;)
Инаку не коментирам јас со никаков "заплашувачки" стил, само ти кажувам едноставни работи како оние погоре ;)
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.482
5.588
Браво за сител за ваквиот чекор, отсекогаш биле најдобра телевизија и се повеќе и повеќе се надоградуваат. Значи да тргнеме и од студиото, програмата, персоналот, па се до новата технологија...се е како што треба :) Браво, само напред!

Овоа беше [/irony], така... :rolleyes:
 
zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
Неможеш да веруваш дека не верувам, затоа што ниту ме познаваш мене ниту си ги слушнал моите размислувања. А јас мислам ова е сериозна тема, а не предмет за забава. Ете друг случај каде што едно кажуваш за мене, а јас размислувам спротивно ;)
Инаку не коментирам јас со никаков "заплашувачки" стил, само ти кажувам едноставни работи како оние погоре ;)

Ми делуваш дезориентирано бидејќи во тема преполна со иронија ти се обидуваш да ги убедиш членовите дека твоите коментари се сериозни.

Ајде да дебатираме. Што е според тебе квалитетн новинар? Што е според тебе иновативна ТВ куќа? Што се треба да поседува една ТВ куќа за да и ставиш епитет-квалитетна?
 
важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Ми делуваш дезориентирано бидејќи во тема преполна со иронија ти се обидуваш да ги убедиш членовите дека твоите коментари се сериозни.

Ајде да дебатираме. Што е според тебе квалитетн новинар? Што е според тебе иновативна ТВ куќа? Што се треба да поседува една ТВ куќа за да и ставиш епитет-квалитетна?

На форумов не се регистрирани сите македонци туку многу, многу мал дел. Активни уште помалку. Лица кои реплицирале на темава, ни 1 процент од населението не се. Со ова сакам да ти кажам дека повеќе сме ние кои мислиме дека ова е супер вест, како и други нови работи во државава за кои се мрчи по форуми од одредена маса на народ.

Друго. Темава ја однесовме во оф-топик. Ако сакаш да дискутираме, обрати ми се било каде. На профил или направи посебна тема во боречки клуб за мене ако сакаш, ама јас не љубам да одам оф-топик. Ајде поздрав.
 
Читај потпис. После последните парламентарни станав свесен за тоа. Масата која "мрчи" е далеку помала до таа маса за која се зборува во потписот.

Друго. Ако те носи патот кон Охрид или Битола, може да на кафе да подискутираме. Јас љубам да зборувам.
 
mercury

read-only
20 јули 2011
39
12
Мора да се каже дека zorandesign е во право човекот. важна излези од темниот тунел на невистините. Очигледно е дека си необразована бидејќи сите тука на форумов разбираат дека се што ќе направи Сител е fake во поглед на технологијата а само ти не.
Go back in the kitchen girl!
 
vlatko175

hello world
15 јули 2008
296
134
Извини, ама ова е веќе политика. И покрај тоа што форумов не е наменет за политика туку за ИТ, морам да ти реплицирам на провокацијава.
Дали ти знаеш дека за клевети и невистини за некого можеш да одиш на суд? Ти неможеш со сигурност да знаеш од каде им се средствата на сител тв, значи се додека нешто не се докаже се смета за клевета и лага.

DA DA i plus ti od kaj znaes deka se prostitutki , mozda oni onaka si davaat "bezpalatno"
:D:D:D
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв