Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.224
18.920
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech MX Master 4
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6
Monitor
Dell U2725QE
OS
Windows 11 + MacOS
Читајте малце погоре ќе видите дека @gOJDO се исправи за тоа кои компоненети се вградени во конфигурацијата... Доколку некој сакал жолни расправи или да води хајка против вас можеше да се измислат многу повеќе вакви работи со цел да се наруши угледот на вашиот сервис и да се постираат одеднаш, но целта на постот е да се отворат очите на вашите сервисери и на потрошувачите. Кај нас се е обратно продавачот испаѓа дека секогаш е во право, а не потрошувачот. Од каде се сигурни потрошувачите дека платил за да се монтира тој кулер а сервисерот не го ставил тој во џеб и му утрапил некој друг. Се заинтересирав и отидов лично да ја видам спорнава конфигурација и пошто стручњакот што ја монтирал конфигурацијата и наместил напојување какво што наместил каблите се прекратки и едвај стигаат до конекторите...дури самите конектори од матичната плоча беа накривени.
А вие продолжете со штитење на сервисерите

А ти вчера се зачлени само за коментаров? Од Нексио си или од Зоте? Ако си од Нексио бар пушти ценовник, најдобро чувана тајна ви е тоа ценовникот.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135

Кога има обвиненија од овој вид се работи со факти и докази. @gOJDO изнесе „факти“ верувајќи 100% на другарот, @Anhoch изнесоа факти од нивната датабаза.

Приказните за мали деца дека кулерот е сменет во сервис за друг и залепен со WARNING стикер се за мали деца и никој не може да ги докаже. Заедницава е со респектабилни членови и да пишеше гојдо - „Јас бев таму, со свои очи видов и ова се случи“ повеќето ќе му верувавме и без докази.

Негова грешка е што комплетно му верува на другарот и го брани на нашиот форум, тука неколку членови пишаа дека му веруваат на гојдо, но на другарот не.

Сума сумарум:

1. Кулерот не е купен во Анхоч и согласно со тоа не е монтиран во Анхоч
2. Компонентите се купени во Анхоч, но имаме само приказна од втора рака за тоа шо било побарано и што било дадено

Според ова, нема никаква основа за била каква кривица од страна на компанијата. Дополнително, тоа што се заангажираа да проверат и да истражат темелно според мене е за пофалба, бидејќи многу лесно можеше да излезе дека проблемот со кулерот е кај нив и тогаш ќе мораа јавно да признаат. Значи, уште пред да се знае исходот они се огласија и се инволвираа јавно, понесувајќи ризик од ситуацијата.

Гојдо исто се ангажираше јавно за другарот, така да сега чекаме да се произнесе и да ни пренесе нов став од другар му.
 
Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Мислам дека е време да се смени насловот на темата, бидејќи мислам дека не личи да стои вака на форумов, поготово после одговорот од Анхоч, кои за разлика од (едит - друга фирма за која се затвори темата бидејќи немаше крај) реагираа уште при првиот пост и се јавија џентлменски и барем потрошија време, не мора да значи дека 100% се во право или грешка.

Исто не гледам кривица и кај Гојдо , долгогодишен почитуван член, со кој сите сме имале позитивно искуство, и би можел да кажам дека можеби не исто но слично би реагирал секој кој би наидел на слична ситуација.

Третото лице беше сомнително на повеќето и насанка 5 страни непотребно ругање на фирма која според многумина не е без мана, но е попристапна, покоректна од било која во Македонија.

едит - чудно е како многу членови првото мислење го имаат токму на оваа тема.
Нек се угоде!
 
Последна промена:

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Ко второ од сервисот на Anhohc му го вратиле компјутерот како исправен и покрај тоа што на човекот му се рестартирал. Наводно таму не можеле да го репродуцираат рестартирањето. Го советувале да смени ладење на процесор, по што му шитнале DeepCool водено ладење и при промената не му ги вратиле двата вентилаторите од таванскиот дел од куќиштето(за што не беше свесен дур не му кажав јас дека треба да има плус 2 вентилатори).

Ова е можда најголемиот проблем и дури не запазив дека бил враќан на сервис компјутеров.

Ако компјутерот ко шо е бил вратен у сервис, и они го проверувале и пак не виделе дека има лепенка на кулерот а не термална паста - е тоа е веќе показател за непрофесионален сервис.

По која основа утврдиле дека водено ладење треба? Пробале да заменат термална паста? Очигледно не пошо ќе ја виделе лепенката и бар ќе си ја поправеле таа грешка...

@Anhoch се надевам си чувате у база сервисна историја (се шалам сум носел на сервис кај вас знам дека убаво е се евидентирано) па де проверете кога и како бил приман и сервисиран компјутеров кај вас. Пошо сеа ќе излезе и на сервис примате и не детектирате проблеми ко шо треба, а нудите решенија кои само пари коштаат. А да не мешам мои искуства со ваш сервис дека знам дека пола од времето не ги ни погледнувате работиве шо ви се оставени на сервис само ве чекаме да ги вратите со „нема проблем“ или „доплати за нов дел“.

За делот со вентилаторите кои фалат... @gOJDO има свртено под негови раце хардвер колку што можда не Анхоч ама помала фирма продала у цело нејзино постоење, така шо верувам дека знае колку вентилатори треба да има едно куќиште - но тука мислам дека пошо сервисов сигурно не се замарал ни да го чачка унутра компјутеров се десило друго сценарио:

- Сервисот примил компјутер, и го тестирал (само софтверски) и увиделе дека грее повеќе од шо треба и покрај огромен air cooler
- Не се замарале да сменат термална паста ни па да го отвараат - одма предложиле дека треба човекот да си доплаќа за кулер иако они првично ја предложиле конфигурацијава со ваков кулер

(тука сеа се тригерирам одма заради една поента шо подоле ќе ја спомнам)

- Го вратиле компјутерот

@gOJDO јас мислам дека конфигурацијата му била продадена без тие 2 горни кулери, во кој шо случај може да се извадат @Anhoch пошо не се должни секое штрафче и делче шо доаѓа со индивидуални компоненти да го достават коа продаваат веќе склопена конфигурација - пошо така декларираат повеќето фирми. Склопена конфигурација за нив не е исто со поединечните делови од истата. Можда е пракса некоја кај шо за да ќарат троа повеќе намалуваат на кулери и истите ги наплаќаат дополнително дали у други конфигурации или пак индивидуално... или си ги користат за нив.

Ова последново за како ги хендлуваат делчињава и ствари е шпекулација, но да не се зезаме коа купуваш конфигурација не ти ги даваат сите кутии од сиот хардвер, и сите додатоци шо идат со него - па може и кулерите да кажат дека спаѓаат у таа кофа и они ставаат доволно кулери колку шо е оптимално за конфигурацијата...

Е сеа делот шо ме тригерна највеќе:

КАКО МОЖЕ ДА НЕ ПРОВЕРУВАТЕ СТВАРИ КОА ВИ ИДАТ НА СЕРВИС???
Ова и јас сум имал такви искуства, кај шо ми викале отворивме видовме за после недела дена коа ќе го земам делот (тастатура у овој случај) видам дека нема ни трага од отварање (стикери врз штрафови стојат, штрафовите никакви знаци од штрафцигер итн.).

Гледате проблем со прегревање пример, не проверувате како е монтиран кулерот, не пробувате да го решите со подобра паста... туку не! Го праќате назад и велите: ај бе купи поскапо и подобро ладење.

Ко шо сте тргнале ако монтирате и водено со се стикер ќе треба LN2 да му продавате на човеков.

Секоја чест на поединци кои работат за вас а се трудат! Они ве одржуваат у живот да знаете. Ко дечко еден шо саат време утепа пред мене со некоја госпоѓа со разгалено детиште за на лице место да им инсталира бежичен џојстик на лаптопот. (ама пак се навраќам тука на проблемот од претходен пост, пошо јас морав да чекам 15 минути пратејќи го се тоа пошо 2ца вработени не може да постигнат со народов кој шо сака и кафе да му се свари и да му се инсталира и да му се покаже и се тоа - и добро па и тоа е дел од услуга).

Се откажувам од темава, ова е абсурд и пак ќе кажам најнепрофесионално во се ова тоа што кога и да македонска компанија излезе да се соочува со поединци или заедница има еготистичен став. Све тоа у корпа!

ЕДИТ: сеа ја видов и репликата на Анхоч, барем кулерот не го монтирале они така веројатно (освен ако бил кај нив монтиран и вториов хахах) ама пропустиве со сервиси стојат. А и зошо тогаш ставиле дипкул 120ка ако после прегревање со поголем кулер од сервис нудат водено ладење ко решение. Не бе сериозно сум разочаран од сиве фирми, никогаш не би им верувал да ми продадат конфигурација и крај. Се тригернав со постовиве, точно дека повеќе драма од шо треба излезе темава и се согласувам со @TylerMkD дека дури и ако е преувеличено вакви теми треба да стојат а не да се бришат. И СЕТЕК се исти и катастрофа, и АМЦ се исти и катастрофа - се е под стандард кај нас. Анхоч од 3те ми била порано најарна фирма, и често купувам се уште кај нив - ама веќе очекувањата ми се на толку ниско ниво шо бар ете само у вакви ситуации на некоја ваква тема се тригерирам.
 
Последна промена:

Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.100
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
А ти вчера се зачлени само за коментаров? Од Нексио си или од Зоте? Ако си од Нексио бар пушти ценовник, најдобро чувана тајна ви е тоа ценовникот.

Od ovoj nekonstruktiven komentar mozam da primetam samo deka ocigledno vo oci ti bodat godjo, neksio i zote. Znaci tuka druga tema e na diskusija, ne da se brecas so drugite koi ustvari diskutiraat na temava.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Ова е можда најголемиот проблем и дури не запазив дека бил враќан на сервис компјутеров.

Ако компјутерот ко шо е бил вратен у сервис, и они го проверувале и пак не виделе дека има лепенка на кулерот а не термална паста - е тоа е веќе показател за непрофесионален сервис.

По која основа утврдиле дека водено ладење треба? Пробале да заменат термална паста? Очигледно не пошо ќе ја виделе лепенката и бар ќе си ја поправеле таа грешка...

@Anhoch се надевам си чувате у база сервисна историја (се шалам сум носел на сервис кај вас знам дека убаво е се евидентирано) па де проверете кога и како бил приман и сервисиран компјутеров кај вас. Пошо не само шо ќе излезе дека не сте го склопиле ко шо треба со кулеров сеа ќе излезе и на сервис примате и не детектирате проблеми ко шо треба, а нудите решенија кои само пари коштаат. А да не мешам мои искуства со ваш сервис дека знам дека пола од времето не ги ни погледнувате работиве шо ви се оставени на сервис само ве чекаме да ги вратите со „нема проблем“ или „доплати за нов дел“.

За делот со вентилаторите кои фалат... @gOJDO има свртено под негови раце хардвер колку што можда не Анхоч ама помала фирма продала у цело нејзино постоење, така шо верувам дека знае колку вентилатори треба да има едно куќиште - но тука мислам дека пошо сервисов сигурно не се замарал ни да го чачка унутра компјутеров се десило друго сценарио:

- Сервисот примил компјутер, и го тестирал (само софтверски) и увиделе дека грее повеќе од шо треба и покрај огромен air cooler
- Не се замарале да сменат термална паста ни па да го отвараат - одма предложиле дека треба човекот да си доплаќа за кулер иако они првично ја предложиле конфигурацијава со ваков кулер

(тука сеа се тригерирам одма заради една поента шо подоле ќе ја спомнам)

- Го вратиле компјутерот

@gOJDO јас мислам дека конфигурацијата му била продадена без тие 2 горни кулери, во кој шо случај може да се извадат @Anhoch пошо не се должни секое штрафче и делче шо доаѓа со индивидуални компоненти да го достават коа продаваат веќе склопена конфигурација - пошо така декларираат повеќето фирми. Склопена конфигурација за нив не е исто со поединечните делови од истата. Можда е пракса некоја кај шо за да ќарат троа повеќе намалуваат на кулери и истите ги наплаќаат дополнително дали у други конфигурации или пак индивидуално... или си ги користат за нив.

Ова последново за како ги хендлуваат делчињава и ствари е шпекулација, но да не се зезаме коа купуваш конфигурација не ти ги даваат сите кутии од сиот хардвер, и сите додатоци шо идат со него - па може и кулерите да кажат дека спаѓаат у таа кофа и они ставаат доволно кулери колку шо е оптимално за конфигурацијата...

хахахаха - конфигурација шо прегревала ради тоа шо не била добро склопена и шо очигледно ако ја тестирале пред да ја продадат ќе знаеле дека прегрева и ќе си кажеле можда дај овие 2та кулери шо ги извадивме да ги ставиме пошо кулеров огромен на процесорот нешо не лади (еј брат да провериме да не не е монтиран ко шо треба? не бе шутие остај таму ако се жалат ќе им продадеме водено ладење).

Е сеа делот шо ме тригерна највеќе:

КАКО МОЖЕ ДА НЕ ПРОВЕРУВАТЕ СТВАРИ КОА ВИ ИДАТ НА СЕРВИС???
Ова и јас сум имал такви искуства, кај шо ми викале отворивме видовме за после недела дена коа ќе го земам делот (тастатура у овој случај) видам дека нема ни трага од отварање (стикери врз штрафови стојат, штрафовите никакви знаци од штрафцигер итн.).

Гледате проблем со прегревање пример, не проверувате како е монтиран кулерот, не пробувате да го решите со подобра паста... туку не! Го праќате назад и велите: ај бе купи поскапо и подобро ладење.

Ко шо сте тргнале ако монтирате и водено со се стикер ќе треба LN2 да му продавате на човеков.

Секоја чест на поединци кои работат за вас а се трудат! Они ве одржуваат у живот да знаете. Ко дечко еден шо саат време утепа пред мене со некоја госпоѓа со разгалено детиште за на лице место да им инсталира бежичен џојстик на лаптопот. (ама пак се навраќам тука на проблемот од претходен пост, пошо јас морав да чекам 15 минути пратејќи го се тоа пошо 2ца вработени не може да постигнат со народов кој шо сака и кафе да му се свари и да му се инсталира и да му се покаже и се тоа - и добро па и тоа е дел од услуга).

Се откажувам од темава, ова е абсурд и пак ќе кажам најнепрофесионално во се ова тоа што кога и да македонска компанија излезе да се соочува со поединци или заедница има еготистичен став. Све тоа у корпа!

Тоше прочитај поубаво дека тоа со сервисот е ВТОРА ситуација со сосема друг член.

@gOJDO отвори тема базирајќи се на искуствата на два члена, а на форумов за компаниите се палите како за политички партии, дај оладете се малку.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Тоше прочитај поубаво дека тоа со сервисот е ВТОРА ситуација со сосема друг член.

@gOJDO отвори тема базирајќи се на искуствата на два члена, а на форумов за компаниите се палите како за политички партии, дај оладете се малку.

Хахаха епа ондак ќе си молчам. Ги помешав моите лични разочарувања со сервиси и со услуга у фирмиве наши со случкава до толку шо избрзав со спојување. Сеедно секако и јас и темава и се се претера :)

Допишав само дека сепак треба да стојат вакви теми (ко и таа за СЕТЕК пошо у право си - не треба да се затвараат), за лекција и за фирмите дека не се семоќни и дека ќе има backlash ако не си работат ко шо треба и за нас ко корисници да не избрзуваме стално до заклучоци.

ЕДИТ: членот шо спомнал дека анхоч може било каква измена у систем да направи ептен ме заинтригира - хахаха замисли стварно ја измениле конфигурацијава или била едитирана подоцна пак од нив и пак излезе они го ставиле кулерот :D замисли корисников најде фактура испечатена црно на бело со фискална кај шо тој кулер е а не дипкул 120ка... океј идам и јас по пуканки XD
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Јас само ќе кажам, на брат ми некогаш не му верувам, а камо ли на колега шо го знам само 6 месеци. Немам ништо против тебе @gOJDO , само колегата од погоре изнесеново ко шо гледам не ти пренесил се, подлажил тро :) со среќа во разрешување на ситуацијава :)
 
Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.100
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Би сакале да ве известиме дека Gojdo ни прати дополнителен податок со кој ја лоциравме точната испорака и работен налог и го увидевме следното:

- Конфигурацијата е склопена и испорачана од страна на Анхоч во Септември 2016
- Во испорачаната конфигурација SSD дискот е Samsung 750 Evo 250GB, наместо 120GB Kingston како што е наведено, меморијата е 2133 Mhz наместо 2666 како што е пишано, графичката карта е верзија G1 Gaming, наместо Aorus како што беше пишано...

Најважно - Кулерот кој е во конфигурацијата е Deepcool Ice Wind Pro, поточно следниов: ICE WIND PRO DEEPCOOL- CPU Air Coolers , односно НЕ Е оној кој е постиран на сликите.

Сега може со сигурност да заклучиме дека кулерот од сликите со лепенката кој му послужи на Gojdo неосновано жолчно да не нападне НЕ Е монтиран во Анхоч !

Башка многу е рано да заклучите било што, а камо ли со сигурност. @gOJDO не ве нападна нити неосновано нити жолчно, туку вие сте тие што жолчно ни ги вадите живците со вашите пропусти и некомпетентност, несоодветно однесување како во живо така и на форум. 10 години се збори тука за вас на форум, се споделуваат маки и искуства, а сега кога ви дојде зор се зачленивте и нарипавте како мачка на очи во одбрана што само покажува дека си имате мува на капа. Тука проблемот е многу поголем од тоа што @gOJDO ве нападна, и сега кога имате прилика да бидете на форумот разлистајте го и најдете ги сите искуства и воочете ги вашите грешки. Иако ве советувам профилот да дадете да го менаџира некој друг а не некоја пасив-агресив особа што ќе си го брани егото тука на форумот. ФАКТ е дека имате пропусти, имате направено смешни работи и непрофесионални, посебно кога доаѓа збор за сервис. Целовкупниот настап на форумов ви е малце прост, одговорите ги почнувате професионално со изнесени факти за да на крај напишете некоја пакост и глупост, нешто што не и личи на компанија како Анхоч и затоа треба да припазат кој ги претставува тука. Од вашето однесување можам да заклучам јас лично дека кулерот е 100% монтиран во анхоч, статистички гледано толку сте способни.
 
Последна промена:

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
@Anhoch

Деловите од конфигурацијата кои ги пишав во првиот пост се оние кои ми ги кажа колегата и кои јас ги напишав без детално да ги прегледам. Најверојатно е точно дека RAM-от 2133, а графичката е G1 Gaming, ќе проверам дополнително и ќе приложам слики. Пишав во мојот претходен пост дека конфигурацијата не е таа од првиот пост откако воочив дека SSD-то дека е Samsung 750 250GB, а не Kingston 120G како што мисли колегата. Како и да е, доблесно ќе беше да кажете дали сериските броеви од сликите на компонентите кои ги постирав овде се оние кои се вградени во конфигурацијата! Вака излегува дека сакате да кажете дека јас лажам и измислувам.

Што се однесува до кулерот, колегата тврди дека со тој сте му ја испорачале конфигурацијата и дека не е променет од кога е купена. Излегува дека некој лаже, или колегата дека со тој кулер го купил компјутерот или пак вие лажете дека со друг кулер сте му го испорачале. Колегата вчера неможел да ја пронајде испратницата/гаранцијата бидејќи некаде ја имал претурено при преселување од една локацијата каде живеел кога го купил компјутерот на локацијата каде сега живее. Во интерес на случајот рече дека ќе ја побара подетално кога ќе има повеќе време за тоа. Но бидејќи вие веќе сте ја нашле испратницата со листата на компоненти, која секако би требало да има и потпис од колегата, Ве моалм испратете ми ја по приватна порака. Доколку е вистина дека на неа е пишан друг кулер (со соодветна цена) јас јавно ќе ви се извинам за тоа што ве обвинувам, т.е. жолчно напаѓам.

А ти вчера се зачлени само за коментаров? Од Нексио си или од Зоте? Ако си од Нексио бар пушти ценовник, најдобро чувана тајна ви е тоа ценовникот.
Многу избрзано реагираш :) Не работи ни во СЕТ ни во Нексио, во Македонски Телеком работи, инжињер и хардкор електроничар, неќеш пенис да мериш со него од електричен аспект. :) Беше сведок на работите, т.е. на отварањето на куќиштето такво какво го начекавме и 6600K отиде кај него.

Ако компјутерот ко шо е бил вратен у сервис, и они го проверувале и пак не виделе дека има лепенка на кулерот а не термална паста - е тоа е веќе показател за непрофесионален сервис.
Тоа е за друга конфигурација која нема врска со оваа, пишува у прв пост. Не дошла уште на ред таа.
 
Последна промена:

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Башка многу е рано да заклучите било што, а камо ли со сигурност. @gOJDO не ве нападна, нити неосновано нити жолчно, туку вие сте тие што жолчно ни ги вадите живците со вашите пропусти и некомпетентност, несоодветно однесување како во живо така и на форум. 10 години се збори тука за вас на форум, се споделуваат маки и искуства, а сега кога ви дојде зор се зачленивте и нарипавте како мачка на очи во одбрана што само покажува дека си имате мува на капа. Тука проблемот е многу поголем од тоа што @gOJDO ве нападна, и сега кога имате прилика да бидете на форумот разлистајте го и најдете ги сите искуства и воочете ги вашите грешки. Иако ве советувам профилот да дадете да го менаџира некој друг а не некоја пасив-агресив особа што ќе си го брани егото тука на форумот. ФАКТ е дека имате пропусти, имате направено смешни работи и непрофесионални, посебно кога доаѓа збор за сервис. Целовкупниот настап на форумов ви е малце прост, одговорите ги почнувате професионално со изнесени факти за да на крај напишете некоја пакост и глупост, нешто што не и личи на компанија како Анхоч и затоа треба да припазат кој ги претставува тука. Од вашето однесување можам да заклучам јас лично дека кулерот е 100% монтиран во анхоч, статистички гледано толку сте способни.

Мао друже, како тоа не ги нападнал? Ај те молам фрли еден поглед насловот на темата како гласи?

Околу остатокот од постот, се сложувам дека PR-от не им е најјака страна и измешаа емоции малку во приказната.
 
Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.100
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Мао друже, како тоа не ги нападнал? Ај те молам фрли еден поглед насловот на темата како гласи?

Околу остатокот од постот, се сложувам дека PR-от не им е најјака страна и измешаа емоции малку во приказната.

Моја грешка, сум стави запирка измегу "Не ве нападна, нити неосновано нити жолчно"
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
Најважно - Кулерот кој е во конфигурацијата е Deepcool Ice Wind Pro, поточно следниов: ICE WIND PRO DEEPCOOL- CPU Air Coolers , односно НЕ Е оној кој е постиран на сликите.

Полека малце со болдираните букви.
Најважно но најсомнително. Дајте доказ дека е вгрден Ice Wind Pro...

Ќе ми дадете принт во ПДФ дека таму стои тој кулер? А да прашам, уште ли сте на стариот ERP систем на кој никој од таму не верува? Ниту ти, ниту магацин, ниту продавници, ниту пописна комисија кога не сака да се потпише?

Ништо не сте докажале додека не дадете доказ што е вградено наместо тврдење. Пошто ете, купувачот тврди дека лажете, вие тврдите дека тој лаже. Вие сте прозвани, вие треба да докажете, сносите burden of proof. Дали сте му покажале на корисникот што сте вградиле пред да ставите пломба на куќиштето и дали тој потпишал?
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
@Astro
Јас колку што знам можат да прават измени во базата на податоци, но затоа треба да имаат копија од испратницата каде е потпишан купувачот. Исто така лесно се докажува со цените на кулерите, треба да се поклопат цените на деловите со уплатата. Е сега и испратницата може да се фалсификува со фотошоп и слично, но делот со цените ќе биде потешко. Јас не сакам да верувам дека Anhoch ќе си дозволат да лажат за кулерот затоа што ќе излезе се на виделина, а тоа е катастрофален минус и голема антиреклама за нив. Исто така му верувам на колегата и не гледам зошто би ме лажел ниту основа во приказна дека некој дошол да му смени кулер за подобар и тоа за таков кој бара демонтажа на матична плоча, а притоа колегата да не се сеќава и да не знае. Верувам дека колегата го купил компјутерот таков каков што е со налепницата. Но може и да не е така, останува на @Anhoch да ми пушти по ПП копија од испратницата па да видиме.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Полека малце со болдираните букви.
Најважно но најсомнително. Дајте доказ дека е вгрден Ice Wind Pro...

Ќе ми дадете принт во ПДФ дека таму стои тој кулер? А да прашам, уште ли сте на стариот ERP систем на кој никој од таму не верува? Ниту ти, ниту магацин, ниту продавници, ниту пописна комисија кога не сака да се потпише?

Ништо не сте докажале додека не дадете доказ што е вградено наместо тврдење. Пошто ете, купувачот тврди дека лажете, вие тврдите дека тој лаже. Вие сте прозвани, вие треба да докажете, сносите burden of proof. Дали сте му покажале на корисникот што сте вградиле пред да ставите пломба на куќиштето и дали тој потпишал?
Чисто ме интересира каков доказ бараш дека е вградено то шо е напишано на испратницата?
 
Anhoch

Верификувана компанија
16 јануари 2019
4
133
anhoch.com
Се надевавме дека претходниот наш пост ќе биде доволен за се, меѓутоа сепак изгледа треба да напишеме малку повеќе бидејќи упорно се подигнуваат прашања за кои мислиме дека се веќе одговорени а и реакцијата на Gojdo очекувавме дека ќе биде поинаква после тоа што го заклучивме.

Како заклучок - со темата, посебно со насловот кој е смислен ( наменски навредлив дури и да беше во право ) му е наштетено на имиџот на Анхоч и директно се навредуваат вработени. Gojdo нападна безпотребно, на крај излезе дека некој сосема друг го има монтирано тој кулер. Колку членови го прочитале насловот и првиот пост и нема да го прочитаат нашиот одговор, колку од нив денес прераскажале приказна за сервисот во Анхоч дека незнае да монтира кулери ? Зошто Gojdo ја отвори темата без на пример да прати еден е-маил до корисничка поддршка во Анхоч како жалба или како повик да се произнесеме пред да биде објавено со наслов како критика на векот.

Gojdo отворено не крие дека соработува и форсира друга компанија и целата тема во најмала рака и користи на таа компанија и на сите останати кои ние ги почитуваме како конкуренција.
Се надеваме дека Gojdo како искусен член и член со големо влијание ќе го исправи барем првиот пост и насловот и го повикуваме во иднина него или било кој друг член доколку има или мисли дека има било каков проблем да не контактира, бидејќи задоволството на купувачите е наш приоритет, ние опстојуваме од нашите купувачи и посебно од многу ИТ образовани ентузијасти како што се многу од членовите на форумов. Не викаме дека сме безгрешни, меѓутоа ако некогаш има грешка тука сме истата најбрзо да ја исправиме.

Сега кога се расчисти главното прашање, би сакале да дадеме уште неколку забелешки во однос на некои работи искажани во темава

1. Неколку членови реагираа како тоа дека сме можеле да ја лоцираме испораката од сериските броеви од сликите. Мислиме дека сега е јасно зошто не можевме да го направиме тоа бидејќи веднаш наидовме на контрадикторни податоци.

2. Во темата препознавме некои членови кои се придружија на нападот а кои лично ги познаваме, кои сега од одредени причини настапуваат како најголеми критичари. Се е тоа во ред, секој има право на свое мислење и на критика меѓутоа кога би останало во рамки на цивилизиран настап и со аргументи, докази и слично.

Сепак, ова би го одвоиле :
од кога почна да вработува цицлести вработени неписмени девојки да продаваат хардвер по продавниците (најбитен услов беше англиски да знаат), а со самото тоа си влече и позадински неквалитетен персонал
Томи, лично се познаваш со повеќе вработени во Анхоч и знаеме дека за разлика од порано сега настапуваш критички, меѓутоа вакви зборови кои не прв пат ги употребуваш не доликуваат ни на малолетници, се надеваме дека во иднина ќе користиш речник кој доликува за ваков јавен форум. Настрана што ова е чиста навреда и те отсликува повеќе тебе отколку вработените во Анхоч.

3. Во оригиналниот пост имаше наведено уште еден „случај“ меѓутоа истиот нема да го коментираме бидејќи немаме никакви докази дека навистина постоел и се сведува на шпекулации, само би сакале било кој што можеби поверувал во такво нешто да се запраша дали мисли дека во компанија како Анхоч ( каде сите процеси се снимаат, каде работат 10 вработени во сервисот заедно, каде вработените се луѓе со долгогодишно искуство и меѓусебна доверба ), би можело некој вработен да извади кулери од куќиште ? Или можеби мислите дека компанијата наложила такво нешто, да го наруши реномето пред самите вработени, да вади кулери од куќиште кои потоа неможе да се продадат посебно и слично ???

4. Бидејќи некои членови повторно коментираа околу напојувањето, неколку кратки одговори
- Напојувањето е Gembird PSU7X-12-B, може истото да го најдете на интернет бидејќи Анхоч повеќе го нема во понуда бидејќи е стар модел. Повикуваме ако некој е заинтересиран да ни се обрати за тестирање на некое слично напојување.
- Членови кои немаат искуство со некоја марка не би требало да коментираат за квалитетот на истата. Gеmbird никогаш немал „цемент“ во напојувањата, некој го помешал со Хантол каде се сеќаваме имаше случај на имитација на PFC во најефтините напојувања а ги декларираа како PFC .
- Повторно напоменуваме дека во Анхоч многу е важен процентот на расипливост. Дали мислите дека на просечен купувач во Анхоч му е побитно да има внaтре некое извикано напојување со јапонски кондензатори и испеглани до перфекција напони и да дојде на сервис после некој месец отколку некоја понепозната марка и 3 години да нема никаков проблем ?
Ентузијасти како вас тука на форумот сами одбираат напојување, а кога изборот е оставен на Анхоч ние ќе понудиме нешто што знаеме дека ќе функционира добро за намената и има најмала веројатност да се расипе.
Дали мислите дека може да се потпрете повеќе на некој сајт за рецензии каде добиваат едно одбрано напојување и го тестираат претежно помалку од 2 дена отколку на компанија која продава стотици и го гледа резултатот после месеци на користење ?

Интересно беше што исто земав вакво Гејмбрд напојување некое 700 вати рил пауер (ЃУБРЕ) бла бла и нормално РИКНА за три дена хахахахаах со RX 480 nitro и i6600k клокнат на 4.3, а остај тоа им викав дајте ми друго напојување поскапо боље од ова Гејмбрдов, „а не дечко немаме ова добро е“
Почитуван, може ли да ни покажете докумет од купувањето и бидејќи напојувањето „рикнало“ за три дена документ за враќање или сервисен налог како доказ. Најчудно е тоа како тоа вие сте побарале поскапо напојување а ние сме немале, иако со години наназад имаме во понуда напојувања многу поскапи од наведеното. Во вашиот случај испаѓа дека сме ви вратиле веднаш пари, така да ова би требало да биде позитивна критика.

Од вашето однесување можам да заклучам јас лично дека кулерот е 100% монтиран во анхоч, статистички гледано толку сте способни.
Почитуван, благодариме за сите критики, секако дека ќе ги разгледаме, со тоа што последново дека кулерот е монтиран во Анхоч, најверојатно не ја прочитавте нашата претходна порака каде напишавме дека тој кулер НЕ Е испорачан со таа конфигурација туку сосема друг кулер кој ние сме го монтирале.

Како и да, доблесно ќе беше да кажете дали сериските броеви од сликите на компонентите кои ги постирав овде се оние кои се вградени во конфигурацијата!
Сериските броеви оние кои се гледаа потврдуваме дека се тие, не се поклопуваа производите. Од друга страна кога збориме за што е сега доблесно да се направи ќе ја почекаме вашата реакција.

Колегата вчера неможел да ја пронајде испратницата/гаранцијата бидејќи некаде ја имал претурено при преселување од една локацијата каде живеел кога го купил компјутерот на локацијата каде сега живее. Во интерес на случајот рече дека ќе ја побара подетално кога ќе има повеќе време за тоа. Но бидејќи вие веќе сте ја нашле испратницата со листата на компоненти, која секако би требало да има и потпис од колегата, Ве молaм испратете ми ја по приватна порака. Доколку е вистина дека на неа е пишан друг кулер (со соодветна цена) јас јавно ќе ви се извинам за тоа што ве обвинувам, т.е. жолчно напаѓам.
Gojdo, испаѓа сега вие после се не ни верувате нам ? Зошто ? Дали мислите дека би лажеле со ризик да покажете утре други документи??? се надеваме колегата ќе ги најде документите , а доколку не ги пронајде или сеуште не верувате повелете кај нас да се уверите. Документи од стара архива и од трети лица несмееме да ви пратиме по пп.

Поздрав со сите членови, тука би застанале на оваа тема, се надеваме дека Gojdo барем ќе ја избрише или исправи темата бидејќи истата не ја отсликува вистината.
 
Mao

user
5 јуни 2007
1.342
1.100
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Поздрав со сите членови, тука би застанале на оваа тема, се надеваме дека Gojdo барем ќе ја избрише или исправи темата бидејќи истата не ја отсликува вистината.

Добра одјава, класична разврска и желба да се избрише доказот за нечие сра*е. Ама ова не е влада на рм и нема политика, не се прекрива ништо и не се амнестира никој.

a12.jpg
 
crash

hello world
6 декември 2013
111
160
Се надевавме дека претходниот наш пост ќе биде доволен за се, меѓутоа сепак изгледа треба да напишеме малку повеќе бидејќи упорно се подигнуваат прашања за кои мислиме дека се веќе одговорени а и реакцијата на Gojdo очекувавме дека ќе биде поинаква после тоа што го заклучивме.

Како заклучок - со темата, посебно со насловот кој е смислен ( наменски навредлив дури и да беше во право ) му е наштетено на имиџот на Анхоч и директно се навредуваат вработени. Gojdo нападна безпотребно, на крај излезе дека некој сосема друг го има монтирано тој кулер. Колку членови го прочитале насловот и првиот пост и нема да го прочитаат нашиот одговор, колку од нив денес прераскажале приказна за сервисот во Анхоч дека незнае да монтира кулери ? Зошто Gojdo ја отвори темата без на пример да прати еден е-маил до корисничка поддршка во Анхоч како жалба или како повик да се произнесеме пред да биде објавено со наслов како критика на векот.

Gojdo отворено не крие дека соработува и форсира друга компанија и целата тема во најмала рака и користи на таа компанија и на сите останати кои ние ги почитуваме како конкуренција.
Се надеваме дека Gojdo како искусен член и член со големо влијание ќе го исправи барем првиот пост и насловот и го повикуваме во иднина него или било кој друг член доколку има или мисли дека има било каков проблем да не контактира, бидејќи задоволството на купувачите е наш приоритет, ние опстојуваме од нашите купувачи и посебно од многу ИТ образовани ентузијасти како што се многу од членовите на форумов. Не викаме дека сме безгрешни, меѓутоа ако некогаш има грешка тука сме истата најбрзо да ја исправиме.

Сега кога се расчисти главното прашање, би сакале да дадеме уште неколку забелешки во однос на некои работи искажани во темава

1. Неколку членови реагираа како тоа дека сме можеле да ја лоцираме испораката од сериските броеви од сликите. Мислиме дека сега е јасно зошто не можевме да го направиме тоа бидејќи веднаш наидовме на контрадикторни податоци.

2. Во темата препознавме некои членови кои се придружија на нападот а кои лично ги познаваме, кои сега од одредени причини настапуваат како најголеми критичари. Се е тоа во ред, секој има право на свое мислење и на критика меѓутоа кога би останало во рамки на цивилизиран настап и со аргументи, докази и слично.

Сепак, ова би го одвоиле :

Томи, лично се познаваш со повеќе вработени во Анхоч и знаеме дека за разлика од порано сега настапуваш критички, меѓутоа вакви зборови кои не прв пат ги употребуваш не доликуваат ни на малолетници, се надеваме дека во иднина ќе користиш речник кој доликува за ваков јавен форум. Настрана што ова е чиста навреда и те отсликува повеќе тебе отколку вработените во Анхоч.

3. Во оригиналниот пост имаше наведено уште еден „случај“ меѓутоа истиот нема да го коментираме бидејќи немаме никакви докази дека навистина постоел и се сведува на шпекулации, само би сакале било кој што можеби поверувал во такво нешто да се запраша дали мисли дека во компанија како Анхоч ( каде сите процеси се снимаат, каде работат 10 вработени во сервисот заедно, каде вработените се луѓе со долгогодишно искуство и меѓусебна доверба ), би можело некој вработен да извади кулери од куќиште ? Или можеби мислите дека компанијата наложила такво нешто, да го наруши реномето пред самите вработени, да вади кулери од куќиште кои потоа неможе да се продадат посебно и слично ???

4. Бидејќи некои членови повторно коментираа околу напојувањето, неколку кратки одговори
- Напојувањето е Gembird PSU7X-12-B, може истото да го најдете на интернет бидејќи Анхоч повеќе го нема во понуда бидејќи е стар модел. Повикуваме ако некој е заинтересиран да ни се обрати за тестирање на некое слично напојување.
- Членови кои немаат искуство со некоја марка не би требало да коментираат за квалитетот на истата. Gеmbird никогаш немал „цемент“ во напојувањата, некој го помешал со Хантол каде се сеќаваме имаше случај на имитација на PFC во најефтините напојувања а ги декларираа како PFC .
- Повторно напоменуваме дека во Анхоч многу е важен процентот на расипливост. Дали мислите дека на просечен купувач во Анхоч му е побитно да има внaтре некое извикано напојување со јапонски кондензатори и испеглани до перфекција напони и да дојде на сервис после некој месец отколку некоја понепозната марка и 3 години да нема никаков проблем ?
Ентузијасти како вас тука на форумот сами одбираат напојување, а кога изборот е оставен на Анхоч ние ќе понудиме нешто што знаеме дека ќе функционира добро за намената и има најмала веројатност да се расипе.
Дали мислите дека може да се потпрете повеќе на некој сајт за рецензии каде добиваат едно одбрано напојување и го тестираат претежно помалку од 2 дена отколку на компанија која продава стотици и го гледа резултатот после месеци на користење ?

Почитуван, може ли да ни покажете докумет од купувањето и бидејќи напојувањето „рикнало“ за три дена документ за враќање или сервисен налог како доказ. Најчудно е тоа како тоа вие сте побарале поскапо напојување а ние сме немале, иако со години наназад имаме во понуда напојувања многу поскапи од наведеното. Во вашиот случај испаѓа дека сме ви вратиле веднаш пари, така да ова би требало да биде позитивна критика.

Почитуван, благодариме за сите критики, секако дека ќе ги разгледаме, со тоа што последново дека кулерот е монтиран во Анхоч, најверојатно не ја прочитавте нашата претходна порака каде напишавме дека тој кулер НЕ Е испорачан со таа конфигурација туку сосема друг кулер кој ние сме го монтирале.

Сериските броеви оние кои се гледаа потврдуваме дека се тие, не се поклопуваа производите. Од друга страна кога збориме за што е сега доблесно да се направи ќе ја почекаме вашата реакција.

Gojdo, испаѓа сега вие после се не ни верувате нам ? Зошто ? Дали мислите дека би лажеле со ризик да покажете утре други документи??? се надеваме колегата ќе ги најде документите , а доколку не ги пронајде или сеуште не верувате повелете кај нас да се уверите. Документи од стара архива и од трети лица несмееме да ви пратиме по пп.

Поздрав со сите членови, тука би застанале на оваа тема, се надеваме дека Gojdo барем ќе ја избрише или исправи темата бидејќи истата не ја отсликува вистината.
Озбилни сте дека почнавте да ги карате и подучувате членовите, почнувајќи од админот, па еден по еден? Како заклучок ваш од темата!? Браво, многу професионално...

Патем убаво рече некој да го дадат анхоч акаунтот од форумот на некој кој разбира ПР, а можеби и најкадарниот моментално управува со иститот.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
Чисто ме интересира каков доказ бараш дека е вградено то шо е напишано на испратницата?

Не е битно јас каков доказ барам. Битно е каков доказ Анхоч имаат пред себе. Пред се каков доказ имаат пред себе, а после и пред другите.

Мене ми е сосем јасно, тоа ми е струка. Затоа го поставив прашањето кој е нивниот доказ. Чунки види што пишува:

Се надевавме дека претходниот наш пост ќе биде доволен за се, меѓутоа сепак изгледа треба да напишеме малку повеќе бидејќи упорно се подигнуваат прашања за кои мислиме дека се веќе одговорени а и реакцијата на Gojdo очекувавме дека ќе биде поинаква после тоа што го заклучивме.

Они може да се надеваат на чудо, но чуда не постојат.
На кој начин е доволен пост без докази само со тврдења? Они мислат дека прашањата се одговорени но не се.

Gojdo, испаѓа сега вие после се не ни верувате нам ? Зошто ?
А зошто да верува? Мислам, веруваш и самиот во тоа? Не знам, само прашувам, може имаш основ да веруваш но не го истакнуваш или па не.

Во случајов јас не завземам страна. Подеднакво не верувам ни на другарот на гојдо ни на анхоч. Како распали @Anhoch на почетокот си реков ова ќе биде интересно, но ништо од тоа, но некако не ми изгледа дека се сигурни што зборуваат (до овој момент секако). Јас мислам дека Анхоч не знае и нема начин да биде сигурен каков кулер ставиле, односно нема начин да знае дали и ставен вистинскиот кулер од нарачката и нема начин да знае дали нарачката, налогот и испратницата се отпосле сменети. Довербата према вработените е во ред, но објективно не проаѓа тврдењето на база на доверба. Истото важи и за гојдо и другар му, ама топката е кај Анхоч :)

Имам уште едно многу незгодно прашање до Анхоч, но мислам да не го поставам јасно зошто е многу чувствително. Чекам прво коментар од нив на моето прашање кое не го одговорија во претходниот пост, но во ред е, знам дека не се доаѓа брзо до одговорот:

Полека малце со болдираните букви.
Најважно но најсомнително. Дајте доказ дека е вгрден Ice Wind Pro...

Ќе ми дадете принт во ПДФ дека таму стои тој кулер? А да прашам, уште ли сте на стариот ERP систем на кој никој од таму не верува? Ниту ти, ниту магацин, ниту продавници, ниту пописна комисија кога не сака да се потпише?

Ништо не сте докажале додека не дадете доказ што е вградено наместо тврдење. Пошто ете, купувачот тврди дека лажете, вие тврдите дека тој лаже. Вие сте прозвани, вие треба да докажете, сносите burden of proof. Дали сте му покажале на корисникот што сте вградиле пред да ставите пломба на куќиштето и дали тој потпишал?

@Anhoch немој сега да ме ставате во тој кош на членови кои го менуваат мислењето бидејќи тоа е и навистина така. На стара слава не се живее. Јас во случајов сум ептен објективен. Ме обвинуваа дека премногу сум ве фалел, ако не верувате проверете. Сум се карал и со гојдо на многу теми, и тој ми е другар и вие сте ми другари. Меѓутоа овде сега правиме сериозен муабет, ситуацијата ескалираше. И вие сте премногу храбри и гојдо, ми го разбудивте интересот и кругот мислам дека е време да се затвори :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Бреј, потраја да ја дочитам темава...

1. Лепенката == Лепенка не-лепенка, ако има проводно тело под неа сосема е можно да истрае ваква работа. Сепак е подобар проводник отколку воздух (празно место) кое би било изолатор. Заборавате дека веќе некое време компјутерите се лимитирани на макс температура и ја контролираат со throttling (а не као порано коа идеа и над tјmax и умираа процесори ако не се добро ладени). Најдобар пример (и не ми се верува дека го пишувам ова) е ако имате ѓезве со некоја лепенка одоздола (ко шо знаат мороните да ставаат у продавниците за ѓезвиња) и да го користите на индукциска рингла. Лепенката ќе се изненадите колку време ќе истрае и нема да направи пожар иако е подложна на високи температури. А лепенкава на процесоров изгледа ептен durable.

Али кој успеал такви црвени драчливи букви да не ги види е гение на векот. Значи ТЛ;ДР и те како е можно и очигледно дека процесоров работел со добар кулер и без паста, со лепенка као TIM - и преживеал ради тоа шо масивен кулер ги ладел и лепенката и процесорот доволно за да одржуваат некое си ниво на перформанси и одредена температура.

2. Конфигурација == не спорно е дека многу луѓе зимаат делови и ги склапаат, но не доликува на фирма да се вади со тоа „кој знае кој ја склапал“. Треба да проверат. Ако е купена склопена конфигурацијата, ондак криви се па како сака нека се десило ова. А лесно е да се провери, ко шо кажа @gOJDO - човекот стави слики од сериските броеви на бар 5-6 компоненти - еден од тие компоненти да најдат анхоч и може да проверат каква гаранција имал (дали као конфигурација или пак како посебно купен дел). И ако имал као конфигурација и у таа конфигурација го има и кулерот со ист модел (пошо не е ко да на кило има такви кулери по продавнициве) - ондак некој гадно заебал.

Така шо место да повторуваат @Anhoch дека Гојдо не им дал документи, нека потрошат 10 минути да напишат едно квери у база или да срч'нат на софтверот шо го имаат за менаџирање на гаранции/продажби/сеедно.

Шо е повеќе (а ќе се надоврзам на ова и подоле) - ако се работи за понуда на конфигурација, и целата конфигурација коштала над 65000 денари, и те како се тоа значи дека фирмата требало да понуди балансирана и соодветна целина од компоненти инсталирани на професионален начин кој ќе ја крепи гаранцијата.

3. Напајањето == Gembird и сите останати надуени напојувања од 300+ вати за кои не може на интернет ни OEM ни па ниту едно REVIEW да се најде се шит. Посебно ако парите не биле лимит у скапа конфигурација, и ПОСЕБНО ако веќе некој платил 3000 денари за напојување. 3000 денари за гембрд, коа за иста цена или за малце повеќе има Corsair, CoolerMaster, Antec и останати кои се проверени и најчесто делат OEM и имаат квалитетни компоненти.

Напојување за кое нема рецензија на PSU Review Database со оценка од барем 7ца - не само шо не вреди, не смее да се стави во скапа конфигурација.

Како сериозна фирма баш треба да знаат (а и не е ко да не знаат) дека напојувањето е срце на системот, и ако отиде тоа, има шанси цел систем да отиде со него.

На страна муабети за нивни тестови и искуства колку продале а колку се вратиле - коа и они не прикажуваат интерни документи за тоа туку се треснати бројки.

Реалноста е дека сите сакаат поголема профитна маргина. Гембирд напојувањето од „реални“ 500 вати кошта 1500 денари набавна, ако не и помалце. Корсер или пак Антек коштаат 3000 или 2500 соодветно. И сите мора да ги продаваат отприлика тука негде во ранг на 3500 ради тоа шо конкурентите толку ги продаваат, па зашо да продаваат со маржа од 200-500 денари коа може гембирд шо изгледа као да е јако напајање (црно, исфарбано, наџиџано) да го продаваат со 100% маржа?

Тоа е реалноста со напојувањата - а впрочем и со многу други компоненти за кои просечен корисник не ја знае важноста - ко етеЧ случајот со една версус 2 плочки рам - и кој и да тврди поинаку лаже. Од овде 50, од таму 500 - ќе се собере профит.

Да не си мачкаме очи сите знаеме како идат муабетиве, склапаш конфигурација:

- абе дај 2 плочки од 4гб за дуал чанел да работи
- абе ајде шо се заебаваш глеаш 1000 плочки од 8гига имаме, стај една од осум мислиш ќе знаат разлика

или применето за било кој дел од бизнисот

- дај ова поарно да го изведем
- абе ајде кој се замара со тоа кој ќе ти замери

или така нешто. Битно у македонски фирми почесто одошто не не се гледа да биде квалитетно и добро средено туку да биде брзо и „задоволително“.

4. Анхоч == @Anhoch коа почнуваа се замараа малце повеќе. Лично никогаш не ми биле нешто нај, пошо имаше фирми кои во почетоците на македонските IT фирми работеа 100 пати попрофесионално (неоком можда?) и имаа многу поексклузивна роба во раните 2000 (нико, риверсофт можда?) ама на еден или друг начин опстанаа овие Сет, Анхоч и АМЦ (лол за АМЦ).

И сите си имаат огромни маани. И сите спаѓаат во таа класична категорија македонска фирма = коа ќе порасне сака со шо помалце вработени да заврши шо повеќе работа за да добие шо повеќе профит. Огромна продавница во сити мол - 3ца вработени на смена, а на времето имаа дупло од тоа у помали продавници. Чекаш на ред за да некој ти објасни шо те интересира, и најчесто знаеш повеќе и од нив. Ама кој ќе ти се замара повеќе од тоа коа не ги мотивираат со поголеми плати валјда...

Ама ај да не навлегуваме во тоа.

Она во кое шо сакам да навлегувам е нивниот официјален однос тука. 3 поста и веќе ме нервираат. Не дека Гојдо тотално има bulletproof случај тука, се е во моментов „колегава вака кажа“ а самиот тој колега стварно може да пробал сам да намести кулер (пошо има слика од процесорот со сток кулер).

Проблемот тука е шо едно е форумџии да напаѓаат ама друго е гигант фирма да зазема став као да е на суд и да се подбива со обвинителот кој има слаби докази.

Сериозна компанија секогаш ќе ги има нивните ПР застапници во понизен моуд. Затоа македонските компании не се сериозни, пошо сите имаат претставници со ЕГО поголемо од нивните дипломи.

Место секоја реченица да е: се извинуваме, ќе провериме - на балканот лесно ни скурчува и идеме почесто со: абе ајде ние со ова искуство ти ќе ни кажуваш, немаш ни докази, глеаш ти побаравме уште не си ни дал докази (фискални/фактури). Као шо сакаш ние да ги најдеме у база? Не ме смеј, ајде бе кај ти се папирите од пред 3 години (пошо нели понормално е некој да чува парче хартија одошто компанија запис у база нели)?

И така натака. Дај опрајте значи, не се водете според Сет и други исти ко вас. Фирмиште сте, со техномаркет ако ве броиме половина од пазарот за технологија ваш е.

Мислите овој пост ви е едино нешто шо ви ја црни сликата за вашата големина? Не е - секојдневни работи се. Сакате фидбек, у секоја од вашите продавници работиве шо ги имате де ги нема, де не се по таа цена шо се излистани, де се лажно претставени (гембирд биле супер, сталаков бил квалитетен) итн.

И никогаш ама никогаш да се наведне глава дека муштеријата е во право, туку мора до закани од пазарна да се стига (на кој му се замара). Ајде доста рантам и јас, веќе не е ни до кој згрешил или како згрешил реалноста е дека фирмиве кај нас СИТЕ ДО ЕДНА СЕ КРШ, и место да гледаат да се подобрат тие идат да се докажуваат и караат.

Се шо фирма како Анхоч требаше да напише е: Се извинуваме секако дека ќе истражиме како дошло до пропустот и ќе излеземе пресрет на муштеријата.

И потоа да го решат проблемот, ако бил кај нив до толку да се извинат и да надокнадат, ако не да успеат да објаснат на засегнативе (приватно) како и шо се десило уствари и после они усрамени да си молчат а Анхоч никако и по никоја цена да не ги распне после као демек ете гледате они си беа криви цело време.

Понизност и квалитет у работа, и други ќе ве фалат.

Ајт чао идам да спијам, ми пука филм стварно од тоа колку добиваме значи под-стандардна услуга у земјава.

Глејте оправете пошо моментот коа ќе престане да има царина и данок за нарачка на компјутерски делови онлајн (ако влеземе во Европа и прекинат да не дерат ДХЛ за пратки) сиве фирми во МК ќе пропаднат поради тоа шо не само шо не нудат ништо плус, туку и прават киксови и имаат напиздан став.

Гојдо не е човек ако не го постави ова за „најдобар одговор“ во темава. :)
 
esquimaux

lurker
16 јануари 2016
621
1.039
Скопје
Пошто ете, купувачот тврди дека лажете, вие тврдите дека тој лаже. Вие сте прозвани, вие треба да докажете, сносите burden of proof.

Не знам околу другото али burden of proof работи сосема обратно, тој што обвинува треба да изнесе доказ. Доколку поседува топката се пренесува на обвинетиот.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.223
16.377
Не знам околу другото али burden of proof работи сосема обратно, тој што обвинува треба да изнесе доказ. Доколку поседува топката се пренесува на обвинетиот.
Во право си. Меѓутоа двајцата се обвинители тука. Купувачот нем обврска да чува документација во архива, продавачот има :)
 
9 јуни 2015
1.390
2.210
Скопје
Не знам околу другото али burden of proof работи сосема обратно, тој што обвинува треба да изнесе доказ. Доколку поседува топката се пренесува на обвинетиот.

Карактерот и однесувањето на гојдо до сега покажале дека е сериозен и човек од збор. Конкретно во ситуацијава никој не може да докаже ништо, а искуството треба да се сподели.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно