mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.081
- 6.015
Пишуваме БАШ затоа што кај нас купуваш ексинос, а во 90% од времето читаш ривјуа и гледаш споредби од Снапдрагонот. Затоа што кај нас другите производители нудат Снапдрагон процесори и А13 процесори кои се подобри и поефикасни од овој.Се е кажано веќе 100х, претеравте, 300 страни препукувања.
Не знам зошто толку џева околу продукт кој НЕ СЕ продава во МК и нема никогаш да се продава, кај нас е тоа што е и не само кај нас туку цел ЕУ.
Сите се согласуваат дека како уред е малце послаб од SD865, не е за хард кор гејминг и троши малце повеќе батерија версус ТОЈ уред но тој уред ние никогаш нема да го видиме кај нас така да тука завршува муабетот, ако не пишете протестна нота до самсунг или потпишете ја петицијата за во иднина да не користат ексинос (што е голема грешка бидејќи идните ексиноси ќе имаат сток ARM јадра и АМД графички).
Тоа што се продава тука е 4G верзија и во официјалните дистрибутери (телеком, нептун, сетек и сл.) е прилично скапо за таква верзија, тука јас се повторувам но во функција на тоа каде можеле пример по мое мислење да водиме дискусија и каде би можеле нешто да промениме ако имаме доволно аргументи.
Тука сме за да размениме мислења, совети и искуства но без навреди.
Затоа се пишува.
Да беше кај нас Снапдрагон, а во Нигерија и Мали да беше Ексинос (како што треба) ми е гајле за ексиносот. Си одиш си купуваш салам уред од продавница кај нас и готово. Ама неможеш. Гледаш едно купуваш друго, плаќаш трето.