Арангел
read-only
Фрустрациите на страна. Респект за постот. 
@apollo440
Во странство ќе добиеш едно, а ќе изгубиш друго. Ќе добиеш попристојни услови за живот и можност да напредуваш во струката и кариерата. Но затоа ќе треба пред се да си го избришеш сиот живот до сега и да се прилагодиш на самотен живот, за нас непоимлив. Ќе немаш другари и пријатели со кои ќе можеш во било кое време, онака спонтано да се видиш, да седнете во кафанче да се изџигерите, без притоа многу-многу да му удираш рецка на саатот и на сметката.
За мене постојат две квалитетни решенија за одење во странство:
1) Да одиш 10 години на печалба, да работиш црнечки и по тој период да се вратиш со доволно пари за комотен живот на тебе и твоето поколение
2) Да одиш и да се преселиш таму засекогаш. Да станеш американец, германец, енглез, австралијанец, француз и шо ти ја знам на каде ќе зафатиш.
Сите останати други варијанти се дебилни, а наголем неуспех е да отидеш во странство и по неколку години да се вратиш без пари, односно залудно да си го потрошиш тој убав дел од животот.
Што се оденсува до примањата. Мислам дека игра улога и тоа колку ќе си ги пуштиш нозете на чергата.
Сепак, според мојот есап, 1000 евра месечно не се доволни за да можат двајца млади самостојно да создадат дом и да имаат културен живот. Во наши услови мислам дека се потребни минимум 2000 евра месечно.
Џабе везете. Стриптизетите сечат повеќе и од хирурзи и од адвокати и од судии...Додади ги тука и криминалците, ама и тие си имаат издатоци, како дел на цариници, дел на полицајци, дел на судии, дел на адвокати, и живеат некој така побогат живот. И они се за жалење
Шансите да се случи такво нешто се минимални. Во Македонија има многу стари и етаблирани синдикати, па досега ретко успеале да се договорат. Можеби во фирма-две, но сите одеднаш -- се сомневам.
За да има ефективен штрајк, треба да се штрајкува (нели?). Тоа значи да не се доаѓа на работа, па така работодавецот да попушти.
Програмерчињата се (извинете на израз) „меки газиња“ -- веднаш ќе им фали макијатото во омиленото кафуле, нема да можат да го купат омилениот гел за коса, шминкерските маички ќе мораат да ги заменат со некакви крпчиња од Бит-Пазар, и најбитното: Од што ќе го платат достапот до Интернет? (кој инаку дотогаш бесплатно го имале на работа)
Не, нема да успее, сиурно. Одам уште да ги намалам платите![]()
Инаку (@Arangel) првиот текст што го постирав, не е напишан под дејство на никаква фрустрација. Го напишав најкултурно, при чист разум и свест.Тоа е и можеби затоа што сум отрпнал веќе од фрустрирање.
поздрав
Не мислев на кафана како начин за бегање од реалноста. Мислев како начин за дружење и опуштање без обврски. Значи наместо кафана може да биде пецање риби, одење на кино, возење точак и друго. На запад нема да можеш ненајавен да му поминеш на другар ти дома, да му пиеш едно кафе, да доручкуваш со него и да го собереш за да идете на аутопазар. Всушност, на запад е прашање дали е воопшто ќе имаш пријатели. А ако имаш пријател за да се видиш со него ќе треба една недела однапред да му закажеш средба од 18:00 до 19:15 часот.Околу кафаната, таа и не ми е некој предизвик, поготово не да ми стане рутина за олеснување на душата. Ако не ми е се средено, не би можел да се орасположам во кафана, а кој би одел поради разбивање на тешкото секојдневие, тоа е според мене мизерно. Со тоа се влага во еден магичен круг во кој што кафаната е главен психолог. Не ми се допаѓа тоа.
Мислев како што работеле црнците робови, од кога ќе се реазбудат па се додека не дојде време за да си легнат.Црнечки би работел и овде и таму. (бтв црнците најмалку работат во странство)
Многу рекле како тебе, а сепак се вратиле, пред се од носталгија.Јас кога би отишол не би се вратил.
И мене ми сметаат многу нешта во општествово. И јас размислувам да се преселиме во странство секој пат кога ќе излезам од бедново ни земјиче. Покрај тоа, кога ќе ми текне колку ќе заработуваме на истите работни позиции, ми доаѓаат чувства на омраза кон општествово и гнидите на власт кои ни ги по*баа државата, стандардот, и сигурноста. Од друга страна пак, овде животот не ни е толку тежок за дефинитивно да се одлучиме да се одселиме. За наши години овде доста сме постигнале, имаме некој статус во општествово, другари и другарки, круг на пријатели и познаници, до некаде сме обезбедени материјално и заработуваме доволно за пристојна живеачка. Ако одиме да живееме во странство ќе треба се да почнеме од ново.Лош филинг, ама мене тука највеќе ми смета животниот стил и начинот на функционирање на луѓето околу мене. Кој би имал пари, можда и би ме болело.. к...ц. Ама вака не. Ама и кога би имал, пак е голема веројатноста да отидам.
Ти можеш да си останеш македонец само во Македонија. А во Германија или ќе бидеш германец или ќе си се вратиш во земјичево ко усран голуб.Јас ќе си останам македонец,
Децата ако се родат/растат во странство ќе се однесуваат и ќе размислуваат странски. Нема да ги имаат проблемите кои ние сега би ги имале доколку се преселиме.а децата мои, битно е да се луѓе пред се, со квалитетен живот, што нема да си бидат граѓани од втор ред во сопствена држава.
Има луѓе во ИТ секторот кај нас кои земаат многу поголеми плати од 1000 евра. Но се малку и, се разбира, не се почетници. Ако си добар, снајди се па и ти земај ко нив.2000 евра = 1000 евра по човек, горен плафон на македонска ИТ плата 1000 евра, шанси да ги добиеш како константна и сигурна плата за да можеш да исплаќаш кредит, хмм, шанси да ги добиеш додека си млад...КХммм кхммм
(има една сцена у еден филм бред пит нешто му кажуваат, и кроз искашлување вика bullshit - ако можете да го доловите)
.... Не постои некој масон што во позадината решава да ја држи Македонија во криза....
...Програмерите имаат мали плати пошто фирмите немаат пари да ги платат. Фирмите немаат пари пошто се, просто и едноставно, некомпетентни. ...
prestanete so toa deka firmite nemaat pari...... Namesto eden programer da zeme + 300 evra plata, gazdata ke vozi ferari i nema da znae kade da gi trosi parite. Platata na programerot se osnova na toa kolku e lakom gazdata.
Ispaga deka firma kako seavus nema pari da gi plati vrabotenite??? cista glupost
За каков стартап зборите и дали сте нормални? Во држава која што не функционира ништо и во замена за ИТ услуги се добива компензација 20 кубика дрво (ова се има случено), со среќа нека му е на оној што планира да почне со своја фирма а нема братучеди у партија или татко му не крадел у последнава деценија. Треба да имаш гз шо се вика да отвориш своја фирма било каде, ама за да го напраиш тоа сега и во Македонија треба да немаш грам мозок и да не размислуваш појше од она од-денес-за-утре.
Знам дека не им е сеедно на оние што отвориле фирми и нормално дека ќе си се борат за да опстанат како знаат и умеат, ама според мене да се решиш на таков потег во државава е еднакво на тајмирано самоубиство пошто ако си сам и сакаш чесно да заработиш, кога тогаш ќе го јадеш.
Appolo440 кај би одел да работиш/живееш, дали досега си бил таму, и ако си бил во која улога си бил и колку време?
За мене ова е програмер.
Апсолутно се сложувам со тебеБтв 20 кубика дрво не е шала. Ај исечи ги да те видим. Тајмирано самоубиство е заебана работа, може да ти откаже тајмерот..сепак..да не забораваме...ова е балкан.
Инаку, не сакам во никој случај да навредам некого на форумов, ама има сеуште премногу идеалисти што летаат во облаци и се занесуваат дека можат да ја опраат цела состојба. Има и премногу такви што напамет зборуваат што е добро кај нас што не е во странство. Има и многу такви што слепо ги согледуваат работите кај нас, од типот ќе се уштеди пара и ќе се отвори фирма. Во превод, еден куп млади ИТ дечки што секојдневно се манипулирани од страна на работодавците.
Не ме разбирајте погрешно, и јас самиот сум визионер по природа, имам милион идеи како да се средат милион работи, не се плашам од работа да седнам и да реализирам тоа што сум замислил..арно ама..немам моќ..и финансии..и..братучеди у партија на власт..а и да ги имав.. најверојатно ќе ме заебеја.
Во контекст на станување индивидуалец у струка, најдобро е да мигрирате во некој занаетчиски бизнис. Таму никој не ве чепка и да работите без фирма, и на црно итн. Строго се барата у кеш. А башка може и многу подобро да се заработи од колку да се црнчи на биро по цел ден (без разлика дали одржавате ремоте сервер, или развивате програма у дот нет.)
И најдобро од се - знаете зошто е тоа така кај нас? Затоа што сеуште народот нема осет да вреднува апстрактни вредности. Да му ставате некому плочки у купатило, можете да преговарате пристојно за 500 еура, ама резултатот е видлив и опиплив (tangible values), се гледа. Од друга страна, ај земете на некое домаќинство или бизнис 500 еура за инсталација на windows.
Поздрав
@apollo440
Многу се согласувам со тебе, да на запад има подобар стандард има подобри услови во било кој смисол, меѓутоа и таму не е платата многу висока, за наши услови е меѓутоа во однос на нивните не е нешто многу голема. На пример, во Франција што имам гледано огласи платата е 2500Е и тоа во француската ревиера, каде што и цените не се ниски со оглед на тоа што е светско туристичко место. Но, во франција имаш синдикат, ако ти дадат отказ, државата 15 месеци ти дава 80% од платата, работното време е 7 часа, кога жена има дете државата и доделува бесплатна дадилка за да може по дома да и помага и многу други интересни работи.
Заборави да спомнеш дека ова важи за француски државјани...