ContentBot
Робот (content unit)
Хрватскиот ланец на маркети Конзум од 1-ви декември на своите купувачи им овозможи плаќање со криптовалути. Ова е првиот ланец маркети за малопродажба во Хрватска, кој овозможува купување на производи со криптовалути и една од ретките продавници во регионот во кои ќе може да се користат криптовалути. Засега купувањето со криптовалути е единствено достапно на купувачите кои производите ги порачуваат онлајн. Плаќањето со криптовалути се овозможени во соработка со хрватската финтек компанија Електрокоин (Electrocoin). Плаќањето е достапно со bitcoin (BTC), ether (ETH), bitcoin cash (BCH), EOS, DAI, ripple (XRP), stellar lumen (XLM), tether (USDT) и USDC.
Повеќе > Плаќање со крипто: хрватски Конзум пионер, македонските угостители бараат поддршка ⋆ IT.mk
Македонските угостители бараат воведување криптовалути
Раздвижување кај криптовалутите има и во Македонија, Независната угостителска комора заедно со своите балкански колеги побара издавање на нов, глобален крипто-токен кој ќе им помогне за прибирање на финансиски средства по тешката состојба предизвикана од глобалната пандемија. Иницијативата веќе е испратена до премиерот, Народната банка, министерствата за финансии и економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар. Комората бара креирање на законска рамка која ќе овозможи алтернативни начини за финансирање во секторот погоден од пандемијата. Дел од барањата подразбираат законско решение кое ќе овозможи регистрација на крипто менувачници, издавање на македонски крипто-токени и поставување на крипто банкомати.Повеќе > Плаќање со крипто: хрватски Конзум пионер, македонските угостители бараат поддршка ⋆ IT.mk
- Кои се позитивните, а кои негативните страни од барањето да се воведе плаќање со крипто?
- Дали во Македонија може да се очекува во блиска иднина поддршка за ваков проект - плаќање со крипто во угостителски објект?
- Дали би купувале со крипто во супермаркет?