Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Плаќање со крипто: хрватски Конзум пионер, македонските угостители бараат поддршка

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
249
805
www.IT.mk
Хрватскиот ланец на маркети Конзум од 1-ви декември на своите купувачи им овозможи плаќање со криптовалути. Ова е првиот ланец маркети за малопродажба во Хрватска, кој овозможува купување на производи со криптовалути и една од ретките продавници во регионот во кои ќе може да се користат криптовалути. Засега купувањето со криптовалути е единствено достапно на купувачите кои производите ги порачуваат онлајн. Плаќањето со криптовалути се овозможени во соработка со хрватската финтек компанија Електрокоин (Electrocoin). Плаќањето е достапно со bitcoin (BTC), ether (ETH), bitcoin cash (BCH), EOS, DAI, ripple (XRP), stellar lumen (XLM), tether (USDT) и USDC.

Македонските угостители бараат воведување криптовалути​

Раздвижување кај криптовалутите има и во Македонија, Независната угостителска комора заедно со своите балкански колеги побара издавање на нов, глобален крипто-токен кој ќе им помогне за прибирање на финансиски средства по тешката состојба предизвикана од глобалната пандемија. Иницијативата веќе е испратена до премиерот, Народната банка, министерствата за финансии и економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар. Комората бара креирање на законска рамка која ќе овозможи алтернативни начини за финансирање во секторот погоден од пандемијата. Дел од барањата подразбираат законско решение кое ќе овозможи регистрација на крипто менувачници, издавање на македонски крипто-токени и поставување на крипто банкомати.

Повеќе > Плаќање со крипто: хрватски Конзум пионер, македонските угостители бараат поддршка ⋆ IT.mk

  • Кои се позитивните, а кои негативните страни од барањето да се воведе плаќање со крипто?
  • Дали во Македонија може да се очекува во блиска иднина поддршка за ваков проект - плаќање со крипто во угостителски објект?
  • Дали би купувале со крипто во супермаркет?
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1.802
1.688
sistrum.mk
Циркус. У кафана не добиваш фискална, пола од објекти немаат терминал за картички...они барале крипто плаќање да се воведе.
У Куманово има поговорка : Кд на врбу роди гројзе.
 

Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
272
293
  • Кои се позитивните, а кои негативните страни од барањето да се воведе плаќање со крипто?
Нема позитивна ниедна засега, секаде каде што можеш да употребиш кеш употреби си кеш.

Се што ќе оставиш онлаин трага денес, ќе биде употребена против тебе еден ден кога ќе има подобри алатки за chain analysis. Ќе бидеш на мета за рекет и од уличните криминалци шо мислат оти имаш премногу пари, и од УЈП шо не си им дал третина или половина од тоа шо си имал.
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.273
12.118
Скопје
androgaming.com
Нема позитивна ниедна засега, секаде каде што можеш да употребиш кеш употреби си кеш.

Се што ќе оставиш онлаин трага денес, ќе биде употребена против тебе еден ден кога ќе има подобри алатки за chain analysis. Ќе бидеш на мета за рекет и од уличните криминалци шо мислат оти имаш премногу пари, и од УЈП шо не си им дал третина или половина од тоа шо си имал.

Чудно, мене УЈП никогаш ми нема земено третина или половина плата.

Него.... отисоци иструга или со киселина ќе ги вадиш?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.260
Мислења
977.609
Членови
35.570
Најнов член
arbenneziri
На врв Дно