Важните моменти ги знаеш, одлуката само ти можеш да си ја донесеш. Бираш меѓу комфор и трајност, фина контрола, или контрола преку „играње“ со притисокот на водата. Пластичните цевки наводно не се сервисираат/чистат од бигор, се менуваат.Може ли мала помош во избор на проточен бојлер, до сега некако се размислував ради струјата дали би издржала инсталацијата али гледам комшија од другиот влез стави пред некој месец (Stiebel Eltron од 18kW) и за сега задоволен е, сменил во влез главните осигурачи (автоматски) за станот и нов кабел 5х6mm за бојлерот.
Читав и низ темава али не можам да се решам каков дали хидрауличен или електронски и која марка дали Bosch или Stiebel Eltron, двајца електричари ми препорачаа Stiebel Eltron али мене на изглед некако Bosch ми изгледаат по примамливи и со дисплеј. Од темава колку што разбрав хидрауличен се става во случај ако има слаб притисок, али кај мене не знам каков е притисокот вака супер си тече водата со убав млаз, на трет (последен) кат сум (приземје плус 3).
Друга работа што не ми е јасна гледам назад во темава цевките во бојлерот се пластични колку што разбрав а се препорачуваа бакарни.
Многу недоумици имам![]()
Брендовите си се сите добри, не видов овде некој да се жали од германски бренд на проточен бојлер.