Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Надувани цени на графичките заради mining

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Очигледно е дека си у голема заблуда и ширеш дезинформации за мене. На Коста само ригови му склапам и сервисирам. И тие компаниите твои што те исплаќаат изглеа праваат ујрдуми со повраток на ддв и разни далавери што покрај нив и ти сигурно не си цвеќе за мирисање :D
Хахаха значи јасно ти е сега шо зборувам. Сите знат за ова шо сакам да излези вака од некој кажано, ама си ќутат пошто нема да се смилуваш и да им дајш картици

А за другото, бујрум во пп да ти дадам контакт од фирмиве, нарачај некоја работа па да се увериш кој колку и дали плаќа ддв.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.512
7.821
Скопје
www.facebook.com
смилуваш и да им дајш картици
emoji1787.png
emoji1787.png
emoji1787.png
Нема картици више за тебе тоа е сигурно :D
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Ne be toa vodovodzite, majstorite , elektricarite po doma sto vi idaat ke vi go donesaat toj kesho od stranski firmi. Ili develeperine sto idaat mesecno do kosovska granica da vadaat kesh. Zasto togaj nikoj od niv ne izdava fiskalni smetki???
Никаде не реков дека ги оправдувам нив, пак ќе повторам, од такви снаоѓања сме дојдени до тука и буквално се се распаѓа.
Пак се фати за девелоперите, ете и ти продај ги валутите на странци, извади ги парите во Косово, и донеси ги во државава, така ќе придонесеш за нашата економија. Девелоперите во секој случај внесуваат странски капитал, не се платени од тукашни фирми, туку од странци, копачите од друга страна во најголем број случаи валутите ги продаваат на локалци.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.512
7.821
Скопје
www.facebook.com
Никаде не реков дека ги оправдувам нив, пак ќе повторам, од такви снаоѓања сме дојдени до тука и буквално се се распаѓа.
Значи заради поединци девелопери што у сива зона се снаоѓаат како знаат да не ве мешам вас ( поштените ) девелопери?
Па зашто тогај заради поединци копачи што се у сива зона нас не ставате у исти ќош со нив?
Струја сме краделе сите... Сме трошеле струја многу алооо... Со 4 рига што копам трошам струја колку вие девелоперите да се огреете на таа 3.5кw инвертер климата !!
 
Ај врати се и препрочитај што пишав погоре.
Дури и во сива зона, имаат поголем придонес врз економијата, отколку било кој копач што ги продава валутите локално.

Инаку јас сум далеку од сива зона, се по пропис со подмирени даноци, придонеси за мене, придонеси за вработените, индустриска струја и тн. и во државава придонесувам далеку повеќе од тоа што користам.

Климата ќе работи и ако си девелопер, и ако си невработен, јбг на ладно не се седи, ама без биткоин се живее :)
Пишав и претходно, копајте, немам ништо против, ама да си платите по регуларна цена за бизниси.
 
dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
Значи по твое платата да ти ја исплаќа работодавецот на рака, и да не плаќа никаков друг данок, освен данокот на суровините е сосема доволно?
Каков увоз правиш во државата?
Еве јас ќе ти одговорам да не се малтретираш - НИКАКОВ! Активноста што ја правиш, т.е што ја прави харверот за тебе не создава никаква вредност за државата, туку само продаваш нешто на твојот народ тука кое во даден момент е вреднувано по одредена цена, и само ги вртите истите пари кои веќе се во оптек во нашата држава, т.е само го промениле сопственикот.
Еве ќе ти дадам паралела со фриленсерите за кои се побунивте погоре, тие увезуваат странски капитал во државата и придонесуваат за директно зголемување на GDP.
Не ме читате или што? Значи со самото подигнување на парите од банка плаќам данок од 11% како и сите. Значи државата секако има корист од мајнерот а мајнерот од државата нема. Плус тоа што парите ги трошиме во државава е плус за буџетот.Секој жител на македонија ако има и троши повеке пари во македонија државниот буџет ке биде поголем.
Буквално темава почнува да личи како "Прогон на мајнерите" да не бидам погруб. Осеќам како криптовалутиве и мајнингот да ја уништиле држава па со толкав негативитет пишувате околу мајнингот. Проблем е цената и достапноста на графичките која трае 1 година а мајнингот трае над 12 години. Јас исто сакам хај енд графички да бидат по 500 евра како што беа пред 5,6 години исто. Све оскапува за жал а платите се мали но за тоа мајнингот е можда 1% крив. Идеме веке во економија и закони, дајте луге намалите тензија и не барајте кривец каде нема туку да гледаме здрави и живи да сме, тешко време е и потешко иде.
 
Последна промена:

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.356
5.391
Скопје
hackitfree.github.io
Проблем е цената и достапноста на графичките која трае 1 година а мајнингот трае над 12 години. Јас исто сакам хај енд графички да бидат по 500 евра како што беа пред 5,6 години исто. Све оскапува за жал а платите се мали но за тоа мајнингот е можда 1% крив.
Aј сега прочитај ја темава

Надувани цени на графичките заради mining .​

Не бе не е до вас...:rolleyes:
 
Последна промена:

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.512
7.821
Скопје
www.facebook.com
тешко време е и потешко иде.
За жал точно е овоа... Залихи на карти има , нема интерес никој да ги купува а цената е истата..
Свеопшто пазаров е поскапено све драстично и голема инфлација е...
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.356
5.391
Скопје
hackitfree.github.io
Погледнете го атачментот 108269
Да отвореме нова тема : "Патување до Косово за евтини графички"

Ништо - кај и да е ова и кај нас ќе почнат...
Продавајте тоа картиците дур не ви ги конфискувале :ROFLMAO:

Едит (јас се смеам ама Пане и компанија проблем си имаат - неубаво од моја страна :oops:)
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Не ме читате или што? Значи со самото подигнување на парите од банка плаќам данок од 11% како и сите. Значи државата секако има корист од мајнерот а мајнерот од државата нема. Плус тоа што парите ги трошиме во државава е плус за буџетот.Секој жител на македонија ако има и троши повеке пари во македонија државниот буџет ке биде поголем.
Буквално темава почнува да личи како "Прогон на мајнерите" да не бидам погруб. Осеќам како криптовалутиве и мајнингот да ја уништиле држава па со толкав негативитет пишувате околу мајнингот. Проблем е цената и достапноста на графичките која трае 1 година а мајнингот трае над 12 години. Јас исто сакам хај енд графички да бидат по 500 евра како што беа пред 5,6 години исто. Све оскапува за жал а платите се мали но за тоа мајнингот е можда 1% крив. Идеме веке во економија и закони, дајте луге намалите тензија и не барајте кривец каде нема туку да гледаме здрави и живи да сме, тешко време е и потешко иде.
Најголем дел од мајнерите не ги подигаат преку банка, и не ги пријавуваат во УЈП, пишав и погоре.
Како немаш бенефит? Па фураш бизнис, а плаќаш utilities како и обичен човек. Да не правиме муабет дека со данокот сме Мека во Европа.
 
Dajman

Баниран/a
19 септември 2020
765
1.205
Ништо - кај и да е ова и кај нас ќе почнат...
Продавајте тоа картиците дур не ви ги конфискувале :ROFLMAO:

Едит (јас се смеам ама Пане и компанија проблем си имаат - неубаво од моја страна :oops:)
Наводно (според reddit) малцинството срби во северните делови не плаќале струја а копале многу, дури и иделе од србија да копаат во тој регион.. па поради тоа се забранило демек шо ти знам, звучи малце ко deja vu?
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
Читам и читам...
Имате ли интернет вие (т.е го користите ли за друго освен за порнхаб)? Сте влегле некад во продавница? Сте купиле некад нешто?
Веројатно 99% сте дечишта што плачат дома да им купат графичка за да „гејмаат“.
Цена на возила рипната за 60-80%, фабрики за автомобили застануваат производство, цена на метали и други суровини рипнати по 50-100%, има глобален недостиг на СЕ, ама копачите се криви.
Да беше ова форум на кајгана, фемина или што и да е не ит, да разберам. Ама тука очекував бар малку да има некој осет за тоа што се случува во светот.
(Ок има неколкумина, ама жално е колку малку)
 
Dajman

Баниран/a
19 септември 2020
765
1.205
Имате ли интернет вие
Pretty strong words од човек шо сеуште не научи што е бумер.
Веројатно 99% сте дечишта
Гледам убаво си ја проценил толпата, остави тоа шо најжестоките кавгаџии на темава се релативно постари електро инжинери/програмери/фриленсери...
али таман е дечиштата плачат :ROFLMAO:.
плачат дома да им купат графичка за да „гејмаат“.
Прашувам како „хипотетичко детиште“, зошто си ставил наводници на гејмаат?
Каква друга скриена корист би имал гејмер од графичка?
Нели е пологично да им речам дека работам/копам а хехе јас си гејмам уствари? But I digress
Цена на возила рипната за 60-80%, фабрики за автомобили застануваат производство
И за тоа во главно самите си се криви, панично ги прекинаа сите нарачки за чипови бидејќи мислеа дека нема да има побарувачка ради короната.
цена на метали и други суровини рипнати по 50-100%, има глобален недостиг на СЕ, ама копачите се криви.
Покрај сето тоа сепак има рекордно производство и продажба на графички. Истовремено на најкористената платформа за PC Gaming (Steam) на месечниот попис за хардвер сеуште доминираат графички од 2016 година, а наводно побарувачката и продажбата на новиот серијал била страшно голема... некако не штимаат работите, крај краева 90% од луѓето кои се бават со оваа проблематика дошле до заклучок дека исплатливоста на ethereum mining-от е најголемиот фактор во цените на графичките.
Соодветно и цените на графичките не се базирани толку на гејминг перформанси колку хешрејтот и исплатливоста за копање, ради тоа има и случаеви каде стари графички (RDNa 1) ги надминуваат новите графички во цени на секундарниот маркет и покрај тоа што имаат послаби гејминг перформанси.
Мислам стварно е апсурдно да се правиме демек мајнингот е крив за само 1% од инфлацијата на цените на графички...
 
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Јас сум дете ама не гледам тетки на порнхаб, си имам едни книги страст се викаат. Ама тетките не мрдаат :unsure:

он топик, да криза е. Што сега да се убиеме сите? Копачите се криви, покрај се друго. Тука немаме претставници на ФАС 11 Октомври иначе и на нив ќе им се дереме.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.356
5.391
Скопје
hackitfree.github.io
Читам и читам...
Имате ли интернет вие (т.е го користите ли за друго освен за порнхаб)? Сте влегле некад во продавница? Сте купиле некад нешто?
Веројатно 99% сте дечишта што плачат дома да им купат графичка за да „гејмаат“.
Цена на возила рипната за 60-80%, фабрики за автомобили застануваат производство, цена на метали и други суровини рипнати по 50-100%, има глобален недостиг на СЕ, ама копачите се криви.
Да беше ова форум на кајгана, фемина или што и да е не ит, да разберам. Ама тука очекував бар малку да има некој осет за тоа што се случува во светот.
(Ок има неколкумина, ама жално е колку малку)
Значи како се познава „копач„ ко ќе напише пост? Сите се „гејмерчиња„ за него - спомнува високи такси - високи цени на производи и суровини - а „мајнингот„ го смета за „светла иднина„
Едит Оу је.. И „порнхаб„ као не гледа !
Мислењето е автоматски споено:

И за тоа во главно самите си се криви, панично ги прекинаа сите нарачки за чипови бидејќи мислеа дека нема да има побарувачка ради короната.
Ќути ја последен воз фатив да купам кола Септември ...Тамам работа со Коронава да се трткав по автобуси или такси зимово...:sneaky:
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.630
19.389
Многу ми се симпс реториките "Збеснати дечишча, ништо не знаете"

Како да му објаснам дека сум растел во држава каде што имало дневни инфлации колку сега во една година?
Или дека сум современик на неколкукратни деноминации на валута (кратење на нули)

Нема графички? Чудо големо! И без графички се може.

Производителите утнале па останале без "компјутери" и автомобилите поскапеле за 80%.

Е ова веќе е проблем! Македонците на апарати. Пошто беа научњни да се ушетаат во салон и да купат кола а овие сиротиве мораа да произведуваат на слепо и не плански за да ги задоволат хировите на македончиштата. Наместо да се стрпат по еден, два месеци додека не му пристигне тоа што го одбрал. Како во Америка на пример.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.849
5.016
Писти Охту
Краен заклучок : Developerite ne plakjaat danok. Odnosno ostavale na kompaniite da go resaat nivniot status...
A ja sum pravel povrat na ddv so kesh plateni kartici.
Шо убо си ги вртиш зборојве, барабанон од Лото не ти е рамен :)
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.512
7.821
Скопје
www.facebook.com
Шо убо си ги вртиш зборојве, барабанон од Лото не ти е рамен :)
Абе ме тераш да ти докажам дека си целосно у криво и лажни дезинформации ширеш. Ама ај ке ти пратам у порака.
 
StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Немам намера повеќе да коментирам беспотребно на темава, само ке кажам едно нешто. Иако ме изругавте сум мешал политика, сето ова е политика, на овој или оној начин. Ви чинели или не, вистината е таа.

Друга работа е тоа дека, овде на форумов (и општо зборувам) има многу луѓе што копаат а јадат хејт по копачите. Многу луѓе, без разлика дали почнале пред 5,6 месеци или години.

Имам пријател што пред 5 години копаше со 2GH/s (пола ригови ги продаде, ама моментално е околу 1+GH/s), па пред други луѓе се жалеше како немало графички за лек, за играње му требало графичка за синот. :)

Инаку, така многу копачи се изнасобраа последниве година и пол од кога рипна маркетот, барем да се најде некој паметен да сподели сетинзи, биос модови, типс и сл. Јер нели, ИТ заедница сме. Нема да некој да му земе на некого од лебот ако каже на кој начин тјунува карти и сл.

Доста е од мене тука, кога (ако) ке има некој нешто паметно да пише тогаш.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно