Поздрав дечки. Нов сум на форумов и би сакал мислење од поискусните програмери кои го користат Java. Имам основно познавање од јазикот но би сакал да започнам да го користам поинтензивно. Би сакал да прашам кој софтвер би ми го препорачале да го користам ( Android Studio или NetBeans )? Колку во денешно време се користи Java како програмски јазик и дали би било правилна одлука да почнам подлабоко да го изучувам? Се наоѓам како на некоја крстосница и што повеќе навлегувам во "светот на програмирањето" се повеќе сум збунет. ( кој јазик да го користам, дали ќе биде одлуката правилна итн ) Секој совет од вас е добродојден. Се извинувам доколку темата се повторува.