1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Java помош од поискусните

Дискусија во форумот 'Java' започната од aleksfort, 18 Април 2018.

  1. aleksfort

    aleksfort
    Intern

    2
    0
    17 Април 2018
    Машко
    Поздрав дечки. Нов сум на форумов и би сакал мислење од поискусните програмери кои го користат Java. Имам основно познавање од јазикот но би сакал да започнам да го користам поинтензивно. Би сакал да прашам кој софтвер би ми го препорачале да го користам ( Android Studio или NetBeans )? Колку во денешно време се користи Java како програмски јазик и дали би било правилна одлука да почнам подлабоко да го изучувам? Се наоѓам како на некоја крстосница и што повеќе навлегувам во "светот на програмирањето" се повеќе сум збунет. ( кој јазик да го користам, дали ќе биде одлуката правилна итн ) Секој совет од вас е добродојден. Се извинувам доколку темата се повторува.
     
  2. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,855
    1,388
    10 Август 2010
    Машко
    Што планираш да примарно да кодираш, Android апликации?
     
  3. aleksfort

    aleksfort
    Intern

    2
    0
    17 Април 2018
    Машко
    Да, сакам повеќе да се фокусирам на Android апликации.
     
  4. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,855
    1,388
    10 Август 2010
    Машко
    Немам баш некое искуство со Java и програмирање под Андроид или некоја друга мобилна платформа, но генерална "формула" за програмер од каде треба да тргне е:
    1. Добро познавање на концептите на ООП
    2. Датабази, структура на податоци
    3. Длабоко изучување на програмскиот јазик, во кој сакаш да работиш. Во твојот случај Java, бидејќи сакаш Андроид апликации да правиш.
    4. Работа со алатки за контрола на верзии (Git, ...)​

    Потоа, за Андроид ќе ти биде потребно (дополнително на тоа погоре):
    1. Како функционира самиот Андриод
    2. Програмирање на таа платформа, framework
    3. XML/JSON
    4. Сам ќе сфатиш, што ќе ти треба. :)
    На нет можеш да најдеш огромно количество на материјал.
    Можеш да пробаш да направиш некоја сопствена апликација, почни со некоја едноставна, така многу подобро се учи.

    За работна средина ништо не можам да ти кажам, некој што работи во ова поле може попрецизно да ти објасни. Првите 4 чекори се необходни за било кој девелопер.
     
  5. gordon freeman

    gordon freeman
    Gaining Experience

    113
    54
    1 Јули 2011
    Овој е најдобар курс за андроид, најубаво објаснува The Complete Android N Developer Course | Udemy

    Најдобро е со примери како што е во курсот, набрзо се учи така.
    Чиирс
     
    Последна промена: 19 Април 2018
  6. ScarfaceMkd

    ScarfaceMkd
    Intern

    14
    17
    14 oктомври 2007
    Битно е да се почне од негде. Не се оптеретувај толку со кој јазик ќе го користиш. Концептот и начинот на размислување е битен. Кога ќе се уходаш после лесно ќе биде да се свичнеш. Не е крај на свет ако смениш јазик. Знаењето останува
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Napoli

    Napoli
    Intern

    16
    8
    31 Јули 2018
    Машко
    За да не отварам нова тема. Се надевам дека нема има никаков проблем, да поставам прашање.
    Дали некој знае JAVA?? Ми треба помош во врска со импортирање на - Button Graphics and Application Graphics во Intellij.
    Благодарам однапред.
     
Слични теми
  1. JackDanielsHere
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    771
  2. gevgelicanec
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,290
  3. tazeclence
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    2,510
  4. skandi005
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    3,492
  5. Martin1992
    Одговори:
    49
    Прегледи:
    1,585
Вчитување...

Сподели

Вчитување...