Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
RSD треба да е MKD ама братјата упорно не ја додаваат нашата валута, засега.
Намерно ова баму татарскио, им имам пишано бар 3 пати до сеа на фб групата!

Макар да мене ми стои MKD од претхоно кога беше обичен инпут полето за внес на валута xD

Screenshot 2023-12-14 at 01.48.33.png Screenshot 2023-12-14 at 01.46.38.png
 
Последна промена:

slavuj

read-only
18 август 2023
19
19
Прашај паталец. Исто размислував и јас како тебе во 2016 год. кога требаше да ја изберам првата клима во мојот живот и нормално, отидов со Вивакс, оти тогаш немав појма од клими и буџетот беше фиксен како твојот. Твои пари твој избор, а ние сме тука да ви укажеме да не го одите истиот пат.

Еве ти го Vivax AERI 5.5KW, горе на втори спрат со не толку фантастична изолација (засега). Јануари истиот период околу Божиќ знаеше да смукне и до 20KW/h дневно.
Погледнете го атачментот 132767
RSD треба да е MKD ама братјата упорно не ја додаваат нашата валута, засега.

Поштувам искуство и сум благодарен, не викам дека грешиш, меѓутоа мојата логика сепак вика да идам пешки :D

Да речеме грубо, Тошибата ќе биде поефикасна за 30%, тоа е можда некој максимум во однос на виваксот, така што ако добро проценив ако просек ти е дневната потрошувачка 100 денари, виваксот ќе биде 130 мкд, или на месечна основа 900 денари или за цела грејна сезона некои максимум 5000 денари помали сметки.

Разликата од 18.000 денари би се иплатила за минимум 3 години, ако цепидлачиме до даске, али не е тоа поентата. Разликата која повеќе ќе ме стопли од овие 2 мислам дека ќе ми бидат занемарливи со оглед на тоа дека 4 години се топлиме со обична клима 2.5 kw која не модулира.

Btw: АЕРИ+ е далеку послаба клима од AEHI+ да нема збунки, башка 5.5 vs 3.5 е неспоредливо.

Поскапото е секогаш подобро и (можеби) се исплати долгорочно, се согласувам со тебе дека Тошибата е премиум решение, но јас сепак би идел со буџет решение.
 
zemakius

hello world
17 октомври 2020
279
286

Најбитното не го спомнав. Ѕидовите се 60цм (со камен) на тој спрат (куќа приземје со цокле 50цм) и ПВЦ џамови/врата. :)
Затоа и му ја предложив строго на @slavuj , се пофали оти има добра изолација.
Фала ти! Супер информации.
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Поштувам искуство и сум благодарен, не викам дека грешиш, меѓутоа мојата логика сепак вика да идам пешки :D

Да речеме грубо, Тошибата ќе биде поефикасна за 30%, тоа е можда некој максимум во однос на виваксот, така што ако добро проценив ако просек ти е дневната потрошувачка 100 денари, виваксот ќе биде 130 мкд, или на месечна основа 900 денари или за цела грејна сезона некои максимум 5000 денари помали сметки.

Разликата од 18.000 денари би се иплатила за минимум 3 години, ако цепидлачиме до даске, али не е тоа поентата. Разликата која повеќе ќе ме стопли од овие 2 мислам дека ќе ми бидат занемарливи со оглед на тоа дека 4 години се топлиме со обична клима 2.5 kw која не модулира.

Btw: АЕРИ+ е далеку послаба клима од AEHI+ да нема збунки, башка 5.5 vs 3.5 е неспоредливо.

Поскапото е секогаш подобро и (можеби) се исплати долгорочно, се согласувам со тебе дека Тошибата е премиум решение, но јас сепак би идел со буџет решение.
Го заборави по мене најважниот дел во споредбата, комфортот, едно е да работи он/офф (Вивакс) друго е да не знаеш дали е пуштена или не.
 
slavuj

read-only
18 август 2023
19
19
Го заборави по мене најважниот дел во споредбата, комфортот, едно е да работи он/офф (Вивакс) друго е да не знаеш дали е пуштена или не.

Па не би рекол дека Vivax e on/off клима, дали го тврдиш тоа или само си го прочитал некаде?

Јас мислам дека Вивкас АEHI не би модулирал ниско како тошибите или други премиум клими, но комфорот овој момент би бил неспоредлив да го купам и најефтиниот инвертер, бидејќи сегашната клима која е имам е обична он/офф.

Разликата помеѓу вивкасот и тошибата би ја забележал можда ако имав до сега некоја мид-буџет инвертер.
 
Немам прочитано (или сум пропуштил) дека било која модулира приближно како јапонска.

Дугар купи 7КW Vivax, ја тестиравме и најниско спушти на 650W пред да се исклучи. Тошиба исто 7KW работи на ~200W а понекогаш знае да спушти и пониско.
Најтивкиот сетинг на дување е погласен исто така.

Али прав си, не обратив внимание на класата, ако оваа е највисока на Вивакс, можда е друг муабетот.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
A што е всушност разликата меѓу AEHI+ и AERI+ ? На енергетска се скоро идентични, исто и на спецификациите?

ACP-12CH35AEHIR32.jpg EL_ACP-12CH35AERI-R32-pdf.jpg
 
mkdboy

hello world
16 септември 2010
175
56
Немам прочитано (или сум пропуштил) дека било која модулира приближно како јапонска.

Дугар купи 7КW Vivax, ја тестиравме и најниско спушти на 650W пред да се исклучи. Тошиба исто 7KW работи на ~200W а понекогаш знае да спушти и пониско.
Најтивкиот сетинг на дување е погласен исто така.

Али прав си, не обратив внимание на класата, ако оваа е највисока на Вивакс, можда е друг муабетот.
Vivax AEYI e najdobroto od vivax
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Ќе пробам и ке пренесам. Само ме чуди нова е климата не верувам да се затнати филтрите. Плус некако млако како да дува. Ставив топлометар измерив 34степени на издув.
Треба да измериш минимум 20 степени разлика од влез до излез за да бидеш сигурен дека се е во ред и тоа после 20 минути работа.

Пуштете ја на 31 (или колку дозволува), наместете 3-ка вентилатор и после 20-ина минути измерете издув.

Ако температурата во собата паднала под 16 степени таа ќе се врти во круг. Затоа се мерат разликите помеѓу влез и излез.

31 степен, 3-ка вентилатор, чекајте 20 минути и мерете.
Идеално би било да имате и мерач на потрошувачка.
Грубо земено, наместена на 31 степен во првите моменти би требало да троши околу 1200W.

Ако повлекува 1200W а има издув од 35-38 степени тогаш нешто не е во ред.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Btw: АЕРИ+ е далеку послаба клима од AEHI+ да нема збунки, башка 5.5 vs 3.5 е неспоредливо.
AERI во 2016-та беше најјакиот модел, и само таа имаше греач на тацна. Сега ако ги споредиш двете 3.5, само во проток на воздух твојава е појака. Далеку е од далеку послаба.
 
Последна промена:

slavuj

read-only
18 август 2023
19
19
AERI во 2016-та беше најјакиот модел, и само таа имаше греач на тацна. Сега ако ги споредиш двете 3.5, само во проток на воздух твојава е појака. Далеку е од далеку послаба.

Не би се согласил. Ако ја споредиме и Тошибата на хартија е најслаба дури послаб проток и од AERI, со релативно слаб коефициент/моќност за ладење, со најмала гаранција (3 год) итн....

еве споредба: КЛИМИ.мк - резиденцијални и комерцијални клима уреди

Но во пракса е најдобра (според многу корисници) и тука би се согласил.

AERI vs AEHI според некои искуства и мерења (во главно муабети од форум и од монтери) се покажала како "далеку" подобра. Затоа сакав да слушнам релеватно искуство од некој за баш конкретниов модел.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.213
Струмица
Ако ја споредиме и Тошибата на хартија е најслаба дури послаб проток и од AERI, со релативно слаб коефициент/моќност за ладење, со најмала гаранција (3 год) итн....
  • Кинезите на хартија се дааалеку од тоа што се во реалноста, Јапонците сите имаат Еуровент сертификати, така да некој си подлажнува со цифрите.
  • Ладењето е најмалиот проблем, сите клими ладат лесно и евтино. Фокусирај се на греењето и модулацијата, особено кога ќе падне темп. под нулата до кај -7. Тогаш се гледаат вистинските перформанси на една клима инвертер, затоа и 90% од Кинезите немаат Еуровент.
  • Има непишано правило со гаранцијата за клими, ако не ти извади дефект првата година, ќе те служи 10+ додека не цркне. За да ја продолжуваш гаранцијата на Вивакс (и Грее) ќе си плаќаш дополнително за секоја година (1000-1500 денари), така да сметај ја таа гаранција цца. 6-7000 денари во цената, а Тошибата еве ја трета година никој ми нема побарано пари за проверка и продолжување на гаранција. (За мојот Вивакс плаќав по 800 ден. до 2020-та, последната година решив да не им платам)

Очигледно е дека бараш одобрување од нас уште од стартот, за изборот на твоите предлози, од кои си бил решен за Виваксот уште пред да искоментираш во темата. Ако, барем не си се залетал по Грее, поголемото зло.
Нема потреба од повеќе дискусија за твојот избор, со среќа да те служи Виваксот. Твои пари - твој избор. :)
 
Ти благодарам, и да не се разбереме погрешно, нит го побивам твојот факт дека Тошибата е супер уред, нит јас сакам да кажам дека кинеските клима уреди се подобри, само сакав да ти кажам дека споредбите се лоши.

Го ценам твоето искуство и препорака, но како што кажав погоре во 2-3 наврати, а и самиот сфати, дека сакам да останам во рамките на буџетот од повеќе причини.

Точно, AEHI+ беше мојот прв избор, и затоа пишав листа, со конкуренти со слични перформанси да каже некој дали ќе згрешам со изборот, валда не праам грев ако некој ме посоветува дали го правам добриот избор во рамките на буџетот?!

Да дополнам, Грее, Хаиер, Мидеа... имаат еуровент, Вивакс нема, тоа дополнително ми прави дилема во изборот.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
Денес имав дебата со еден пријател за тоа дали е добро да има клима во соба каде што спие бебе од 3-4 месеци или да се има греалка, па ме занимат вашите ставови околу тоа дали сте за клима во соба или греалка за прва зима на новороденче.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
605
340
Здраво дечки, доста се начитав на темава, но сеуште имам дилема, па да објаснам ситуација.

Живееме во двособен стан од 45 кв, кој има одлична изолација + комшии што греат од доле и од страна, (над нас има има стан такоџе), ориентација север-исток, со одлична пвц дограма.
Кога не грееме дома, температурата не опаѓа повеќе од 19.5 степени. Кога го земавме станот имаше Беко 2.5kw обична клима (on-off, модел кој е од 2013-2014), и еве си тера 4-та зима и си грее (за чудо) без многу проблеми и кога надвор е минус иако знае да прави де-фрост често.

Но бидејќи работам од дома, а оваа Бекото со тек на време станува се побучна, па решивме да ја преместиме во спална (како бекап или по потреба да се употребува) иако поставеноста моментално е во дневна каде што има слободен проток до спална преку мал ходник.

Идеата ни е да купиме 3.5kw со некојси буџет од 500-600 еур.

Во потесен круг (колку што можев да се образувам на темава), се следниве модели:

Vivax AEHI+
Gree Fairy Premium
Hisense Energy Se
Midea extrim save
Tosot Muse
(оваа е доста поевтина од горенаведените, меѓутоа од многу разбрав дека е скоро идентична со Gree Fairy)

Битна карактеристика ми е да има добра сервисна мрежа/резервни делови, да модулира ниско, бидејќи сум сигурен дека ќе постигнува релативно брзо посакуваната температура со оглед на условите.

И дали да размислувам 3.5kw или да останам со 2.5kw би била подобра варијанта?!

Во прилог слика од моменталната клима со која што сум поприлично задоволен.
Стави фотографија од Беко он-офф клима уредот ( да видиме чиво производство е )

Колку м2 сакате да греење со новиот ИНВЕРТЕР клима уред ?

За 600 Евра мој предлог се овие модели

acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје
Денес имав дебата со еден пријател за тоа дали е добро да има клима во соба каде што спие бебе од 3-4 месеци или да се има греалка, па ме занимат вашите ставови околу тоа дали сте за клима во соба или греалка за прва зима на новороденче.
Претпоставувам мислиш на сушење на воздухот, за такво нешто мој другар купи навлажнувач на воздух и така тераше додека му подпорасна малата
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
AERI vs AEHI според некои искуства и мерења (во главно муабети од форум и од монтери) се покажала како "далеку" подобра. Затоа сакав да слушнам релеватно искуство од некој за баш конкретниов модел.
За да добиеш релевантно мислење, тоа треба да е од некој што ги користел двете клими подолг период во ист простор и под исти услови. За жал, такви нема. А сите си го фалат својот коњ.

Најважно е да работи согласно спецификациите и тие да ги задоволуваат топлотните губитоци на објектот.

А дали ќе работи цело време на 200 вати или неколку минути на 400, па неколку минути ќе мирува, ништо не ти менува. А кога ќе залади, ниедна нити гаси, нити работи на 200-300 вати.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Денес имав дебата со еден пријател за тоа дали е добро да има клима во соба каде што спие бебе од 3-4 месеци или да се има греалка, па ме занимат вашите ставови околу тоа дали сте за клима во соба или греалка за прва зима на новороденче.
За мало бебе, новороденче треба панел. Точка!
Потребна е константна температура па и релативно висока (23 редовна до 25 при капење)

Откако ќе потпорасне (18+ месеци) тогаш може клима.
 
Borsa

user
10 октомври 2011
1.183
907
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Треба да измериш минимум 20 степени разлика од влез до излез за да бидеш сигурен дека се е во ред и тоа после 20 минути работа.

Пуштете ја на 31 (или колку дозволува), наместете 3-ка вентилатор и после 20-ина минути измерете издув.

Ако температурата во собата паднала под 16 степени таа ќе се врти во круг. Затоа се мерат разликите помеѓу влез и излез.

31 степен, 3-ка вентилатор, чекајте 20 минути и мерете.
Идеално би било да имате и мерач на потрошувачка.
Грубо земено, наместена на 31 степен во првите моменти би требало да троши околу 1200W.

Ако повлекува 1200W а има издув од 35-38 степени тогаш нешто не е во ред.
Кај мене проблемот беше што дувала климата само нагоре. Сега ја ставив надоле да дува и овие неколку дена е ок. Пробав и како што ми кажа членот @klima fan да ја командувам температурата со далинскиот управувач и засега мислам дека е ок.

Имено го пробав сега на максумум за 20мин и добив 46°C на издув и 24°C во просторијата.
 
Атачменти

  • viber_image_2023-12-14_20-46-03-890.jpg
    viber_image_2023-12-14_20-46-03-890.jpg
    367,9 KB · Прегледи: 39
  • viber_image_2023-12-14_20-46-03-918.jpg
    viber_image_2023-12-14_20-46-03-918.jpg
    353,6 KB · Прегледи: 38
  • viber_image_2023-12-14_20-49-33-119.jpg
    viber_image_2023-12-14_20-49-33-119.jpg
    426,8 KB · Прегледи: 38

slavuj

read-only
18 август 2023
19
19
Стави фотографија од Беко он-офф клима уредот ( да видиме чиво производство е )

Колку м2 сакате да греење со новиот ИНВЕРТЕР клима уред ?

За 600 Евра мој предлог се овие модели

Веќе имам поставено, но еве ја повторно...

Би греел воглавно 24 кв (дневна + кујна) и евентуално спална со директен пристап преку ходник, без агли, значи вкупно околу 35-36кв.
 
Атачменти

  • IMG_20231213_180759.jpg
    IMG_20231213_180759.jpg
    1,1 MB · Прегледи: 26

klima fan

lurker
14 јуни 2021
605
340
Веќе имам поставено, но еве ја повторно...

Би греел воглавно 24 кв (дневна + кујна) и евентуално спална со директен пристап преку ходник, без агли, значи вкупно околу 35-36кв.

BEKO он-офф клима уредот ти е произведен во AUX со вакво далечинско ти е беко он-офф моделот

global-air-asw-h12a4-ej-2-remote-control-substitute-1621404.jpg

Е сега за нов клима уред

Мој совет е или Haier Tundra или Vivax AEHI+ или AUX

Кај мене проблемот беше што дувала климата само нагоре. Сега ја ставив надоле да дува и овие неколку дена е ок. Пробав и како што ми кажа членот @klima fan да ја командувам температурата со далинскиот управувач и засега мислам дека е ок.

Имено го пробав сега на максумум за 20мин и добив 46°C на издув и 24°C во просторијата.

Сега нека работи на Auto Fan speed брзина а кога ќе залади на Fan speed 2-ра или 3-та брзина нон-стоп без гасење нека работи 24/7 не ја гаси
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
За мало бебе, новороденче треба панел. Точка!
Потребна е константна температура па и релативно висока (23 редовна до 25 при капење)

Откако ќе потпорасне (18+ месеци) тогаш може клима.
И јас се слагам со тоа освен за темп за редовна сепак јас би ја спуштил онаа редовната за степен или степен ипол подолу кога е за спиење. 21.5 до 22 за спиење е супер зошто тоа новороденче или бебе од 3/4 месеци има поголема циркулација и повеќе се потат.
 
slavuj

read-only
18 август 2023
19
19
BEKO он-офф клима уредот ти е произведен во AUX со вакво далечинско ти е беко он-офф моделот

global-air-asw-h12a4-ej-2-remote-control-substitute-1621404.jpg

Е сега за нов клима уред

Мој совет е или Haier Tundra или Vivax AEHI+ или AUX

Сега нека работи на Auto Fan speed брзина а кога ќе залади на Fan speed 2-ра или 3-та брзина нон-стоп без гасење нека работи 24/7 не ја гаси

Да, баш такво...

Никогаш ама баш никогаш не сме ја ставиле на Ауто, секогаш било на минимум fan speed, кога е најладно може на 2ка, и максимум температура (32), и сме проаѓале без проблеми. Најмногу што имам платено струја за неа било околу 1200 денари во јануари 2022.

3 години ја гасевме навечер, последнава година не ја гасиме само мемаџираме со температурата, и не почуствувавме разлика на потрошувачка, можда зголемена сметка минимално, занемарливо.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
И јас се слагам со тоа освен за темп за редовна сепак јас би ја спуштил онаа редовната за степен или степен ипол подолу кога е за спиење. 21.5 до 22 за спиење е супер зошто тоа новороденче или бебе од 3/4 месеци има поголема циркулација и повеќе се потат.
Прашај педијатар не вака на памет. Новороденчињата едноставно немаат термална регулација и мора да се помага (мислам дека до 6 недели, не ме држи за збор)
Не дека апла немаат но не е развиена.

Плус климата каква и да има филтрација сепак прави повеќе прашина од пасивно греење.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв