Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.793
5.513
Не е воопшто просто, ама муабетот е за два метра кабел од уред до штекер. Не планираме инсталација за фабрика.
ОК, ама никаде никој не напиша дали е од уред до штекер, или од табла до штекер, или од уред до дозна и тоа кабелот у ѕид, итн. Еве и да е од уред до штекер на отворено не е исто дали е 3х2.5 или 5х2.5. Ама ОК чим не е за фабрика се може да помине, или сепак не...

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253

Генерално, јапонските клими се поврзуваат така што внатрешната единица се напојува од надворешната а надворешната со уште еден кабел се напојува од штекер.
Ако се погледнат терминалите се гледа и зошто.

Грото наши мајстори, пошто така им е полесно, надворешната ја врзуваат на терминалите од внатрешната и на нив паралелно ја врзуваат внатрешната единица до штекер
Вака заштедуваат еден метар кабел а оваа никогаш нема да си го покаже табиетот.

Има додуша и клими кои се наменети за ваков начин на поврзување ама имаат 5 до 8 терминали.
Необразованиот свет, гледајќи ги блок дијаграмите, смета дека нема врска како се поврзува. Во реалност зад тој „блок“ има релеј ама хеј, така се чувствуваат лагодно.
 
FatCat

hello world
4 март 2022
196
120

земав 2,5 мм2 жица, за во нова куќа ке поставувам 4 клими, сега дур се прави струјата како да им кажам да остават кабли за надворешна и внатрешна како се поврзуваат посебно е правилно? исто прочитав погоре директно без штекер?
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.709
3.372
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Во претходните неколку страни видов доста линкови од клими, ама пошто врска немам од оваа тематика, да прашам пак како некој noob, која клима е добра во некој нормален буџет до 1к еур за 2 соби споени со вкупна површина од 29 м2. Што би бил вашиот предлог за клима за оваа површина? На што да се внимава при изборот? Проширив 2 соби дома па ќе ми треба некоја клима. Најверојатно ќе ми треба 3.5ка, но некои “искусни“ ми рекоа 5ка или 5.5ка(?!). За да имам некакво познавање пред да се консултирам со човек кој ја познава оваа тематика и работи на ова, пишувам прво тука. Thx!
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.793
5.513
земав 2,5 мм2 жица, за во нова куќа ке поставувам 4 клими, сега дур се прави струјата како да им кажам да остават кабли за надворешна и внатрешна како се поврзуваат посебно е правилно? исто прочитав погоре директно без штекер?
Без да се знае климата, може да те излажеме што и да ти кажеме. Инаку да си мирен пуштај 5х2.5 до надвор кај ќе стои климата и уште едно парче 5х2.5 назад за од надворешната до внатрешната, генерално ќе 7маш за сите можни сценарија. Пак ќе повторам најдобро е ако знаеш што клими ќе зимаш да најдеш инсталациски ѕпатства и да се види точно. Инаку може и без штекер ако сакаш да не ти се гледаат штекери горе на ѕид, ама да оставиш доволно кабел за манипулација на секое место кај што сакаш клима, ама тогаш препорака секоја линија за клима да ти е на посебен осигурач у табла.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.216
Струмица
Во претходните неколку страни видов доста линкови од клими, ама пошто врска немам од оваа тематика, да прашам пак како некој noob, која клима е добра во некој нормален буџет до 1к еур за 2 соби споени со вкупна површина од 29 м2. Што би бил вашиот предлог за клима за оваа површина? На што да се внимава при изборот? Проширив 2 соби дома па ќе ми треба некоја клима. Најверојатно ќе ми треба 3.5ка, но некои “искусни“ ми рекоа 5ка или 5.5ка(?!). За да имам некакво познавање пред да се консултирам со човек кој ја познава оваа тематика и работи на ова, пишувам прво тука. Thx!
Ако сакаш апсолутна тишина одиш со 3.5, а чим си со буџет до 1к еур, изборот нека ти се сведе на појаките серии на Мицу и Тошиба. Ако беше буџетот до 50к мкд, Тошиба Seiya 13 и Мицу HR35.
Услов е да имаш ПВЦ столарија и надворешна изолација барем 5цм, 10цм би било одлично.
 
Mercilesss

hello world
20 февруари 2023
396
299
Здраво, ми треба решение за ладење и греење за стан од ~100m2. Моментално ги гледам системите на Даикин со повеќе внатрешни единици и ги контактирав за понуда, дали има некои искуство со овие системи?
Anyone? No one?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
земав 2,5 мм2 жица, за во нова куќа ке поставувам 4 клими, сега дур се прави струјата како да им кажам да остават кабли за надворешна и внатрешна како се поврзуваат посебно е правилно? исто прочитав погоре директно без штекер?
Ако пушташ нови линиии... најдобро е директна линија од осигурач (ќе си го обележиш кој е кај таблата) директно во надворешната единица, без штекери.
Чисти ѕидови и надвор и внатре без штекери и кабли... јас бар така го направив кај мене кога реновирав.
Ако треба да исклучиш напојување знаеш кој осигурач да го турнеш и тоа е....

Без да се знае климата, може да те излажеме што и да ти кажеме. Инаку да си мирен пуштај 5х2.5 до надвор кај ќе стои климата и уште едно парче 5х2.5 назад за од надворешната до внатрешната, генерално ќе 7маш за сите можни сценарија. Пак ќе повторам најдобро е ако знаеш што клими ќе зимаш да најдеш инсталациски ѕпатства и да се види точно. Инаку може и без штекер ако сакаш да не ти се гледаат штекери горе на ѕид, ама да оставиш доволно кабел за манипулација на секое место кај што сакаш клима, ама тогаш препорака секоја линија за клима да ти е на посебен осигурач у табла.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Еве и други се слагаат :)
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.709
3.372
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Ако сакаш апсолутна тишина одиш со 3.5, а чим си со буџет до 1к еур, изборот нека ти се сведе на појаките серии на Мицу и Тошиба. Ако беше буџетот до 50к мкд, Тошиба Seiya 13 и Мицу HR35.
Услов е да имаш ПВЦ столарија и надворешна изолација барем 5цм, 10цм би било одлично.
Па немам ограничен буџет ама не планирам ни 200к за дајкин. Еве која варијанта ти би ми ја препорачал? (секако доколку имаш време).
ПВЦ има и тоа добра, а изолација па и нема некоја не знам порано куќите каква изолација ставале (се работи за куќа).

За греење или за ладење?
Претпоставувам мене ми пишуваш, ако да, за греење се работи. Собата кај што седев беше на југ и беше топла на зима, и се прошири со собата која што е на север (оава соба е ладна секогаш) летово само со отворен прозор од оваа соба немав апсолутно никаков проблем со топлина, беше како да имам клима. Но сега пошто иде зима, а панел нема да помогне климата ќе треба да биде поставена во таа соба и надворешната единица да биде од северната страна.

Така да климава ќе се користи исклучиво само зима (за греење).
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Еве напр. од упатството за инсталација за Мицубиши:

1694095132002.png

Со секоја клима (треба да) доаѓа вакво упатство со сѐ што е потребно за инсталација.

А кој како сака нека пушта кабли, 5х2,5, 5х4... Од вишок не боли глава.
 
Mercilesss

hello world
20 февруари 2023
396
299
Како да прашуваш, што мислите за Ауди А8 за патување Скопје-Белград два пати во неделата. Што да ти одговори човек? Секако дека е одлично, ама и си се плаќа како за одлично.
Чисто барав некое искуство, знам дека Даикин се врв со квалитет, али немам слушнато искуство од некои кои има веќе интегрирано мулти-сплит систем. Дали вреди за парите?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.077
6.013

Побарај си понуди од Мицу, Тошиба и Даикин, и ќе видиш колку испаѓа и дали има разлика голема. Зошто цените варираат. Мултисплит ако ставаш во секоја соба е супер. Јас би видел и Хаиер и Мидеа како најефтини опции, ако се надвор од буџет горните.
 
FatCat

hello world
4 март 2022
196
120
Без да се знае климата, може да те излажеме што и да ти кажеме. Инаку да си мирен пуштај 5х2.5 до надвор кај ќе стои климата и уште едно парче 5х2.5 назад за од надворешната до внатрешната, генерално ќе 7маш за сите можни сценарија. Пак ќе повторам најдобро е ако знаеш што клими ќе зимаш да најдеш инсталациски ѕпатства и да се види точно. Инаку може и без штекер ако сакаш да не ти се гледаат штекери горе на ѕид, ама да оставиш доволно кабел за манипулација на секое место кај што сакаш клима, ама тогаш препорака секоја линија за клима да ти е на посебен осигурач у табла.

Sent from my TELEFON using Tapatalk

зависи што цени ке бидат на пролет изгледа ке купувам ако биде слична цена оваа ке ја земам за во 3 соби 12-14м2, има доста ниска потрошувачка за греење и ладење 771 w греење. ако им е точно.

и за во дневна кујна 35м2

Mercilesss

hello world
20 февруари 2023
396
299
Побарај си понуди од Мицу, Тошиба и Даикин, и ќе видиш колку испаѓа и дали има разлика голема. Зошто цените варираат. Мултисплит ако ставаш во секоја соба е супер. Јас би видел и Хаиер и Мидеа како најефтини опции, ако се надвор од буџет горните.
Мулти сплит од Хаиер и Мидеа исто така? Идеата ми е мулти сплит со 3 внатрешни
 
kostatkb

read-only
6 јануари 2018
42
19
За 100м2 во повеќе простории моја препорака би била една поединечна солидна клима во дневната, 3,5-ка или 5-ка зависно од големината/изолацијата и една мултисплит за останатите соби, таму може и од поефтините брендови. Таа во дневната ќе работи 24/7 и затоа треба да биде најкултивирана и најиздржлива (читај јапонска), а во спалните соби ќе работаат многу пократко а и топлинските побарувања за греење и ладење се пониски од дневниот дел. Можеби ќе дојде малку поскапо отколку мултисплит во цел стан, но ќе имаш поквалитетна климатизација, порамномерно респоредување на оптоварувањата на надворешните делови на климите, поефтини поправки на поединечни кварови и конечно ако застане едната ќе имаш друга просторија каде би се згреал/оладил додека се отклони кварот :)
 
DarkDeFnx

hello world
20 јули 2016
122
157
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Интересно е тоа што имам правено експеримент со греач 3,5kW (16А) на кој ставив кабел 3x2,5 од бивша Југославија (изваден од Sever калорифер) на истото приклучно место и тоа во лето. Кабелот едвај стана млак.

Ова ме тера да мислам дека или овие прават дубара со пресекот или со чистотата на бакарот (најверојатно ова другово)
И двете. Пред околу 3-4 години бев сведок на едно ѓубре од „рефус“ небрендиран кабел декларирано за 2,5мм2, кое заедно со PP изолацијата немаше ни 2мм2 пресек а не пак само бакарот. Квалитетот на лицните исто жалосен. Ни фирмата увозник се уште постои колку што знам, ни кабелот не верувам некој да го носи повеќе.

Не си играјте каде нема потреба за скоро 0 разлика во пари, одете со 2,5мм2 за 5,5кВ инвертери.
 
milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5
Генерално, јапонските клими се поврзуваат така што внатрешната единица се напојува од надворешната а надворешната со уште еден кабел се напојува од штекер.
Ако се погледнат терминалите се гледа и зошто.

Грото наши мајстори, пошто така им е полесно, надворешната ја врзуваат на терминалите од внатрешната и на нив паралелно ја врзуваат внатрешната единица до штекер
Вака заштедуваат еден метар кабел а оваа никогаш нема да си го покаже табиетот.

Има додуша и клими кои се наменети за ваков начин на поврзување ама имаат 5 до 8 терминали.
Необразованиот свет, гледајќи ги блок дијаграмите, смета дека нема врска како се поврзува. Во реалност зад тој „блок“ има релеј ама хеј, така се чувствуваат лагодно.
Мислење за Mitsubishi electric bt 50 дали добро ќе грее во зимо 30 (+10 квадрати кујна или спална)?

И од каде да барам добра цена и монтери кои ќе ја наместат како што треба со нормална должина бакар и вакумирање?
За Прилеп ме интересира
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253
Мислење за Mitsubishi electric bt 50 дали добро ќе грее во зимо 30 (+10 квадрати кујна или спална)?

И од каде да барам добра цена и монтери кои ќе ја наместат како што треба со нормална должина бакар и вакумирање?
За Прилеп ме интересира
Ако имаш изолација и пвц ќе грее.
МИС Електрокомпани, зграда Табана
 
milepp

read-only
24 октомври 2016
20
5
Ако имаш изолација и пвц ќе грее.
МИС Електрокомпани, зграда Табана
А за монтери, важно е од која фирма ќе ја монтираат поради гаранцијата или не.

Мис Електрокомпани подобра цена би дал од Чапкун, пошто гледам дека него си го препорачал на други порано?

И колку се движи монтажата за 5иполка?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.565
19.253
А за монтери, важно е од која фирма ќе ја монтираат поради гаранцијата или не.

Мис Електрокомпани подобра цена би дал од Чапкун, пошто гледам дека него си го препорачал на други порано?

И колку се движи монтажата за 5иполка?
Чапкун не е монтер. За подобра цена не знам.
Исто колку што знам Митсубиши не обврзуваат да ти ја монтира конкретен монтер
 
stojatoni

hello world
3 декември 2012
78
49
Miami, Florida
Другари вака. Имам спрат од куќа од 50м2.
Внатре Отворен е речиси цел спрат.
Има фасада само на едната страна, додека на другата страна е ходникот и купатило кои се дополнителни 8м2 вкупно 58м2

Имам салон со кујна од 50м2 кој е поделен на два дела.
Од по 23м2. Се мислам дали квалитетна 3.5ка би ми завршила работа Или да земам 5ка 5.5ка?

Не ми се зема 5.5ка највеќе од причина што ме плаши силно дување.
Имам две до три прашања
1. Дали една квалитетна 3.5ка би ми завршила работа?
2. Дали е можеби подобро да го преградам салонот на пола или да остане така и да земам 5.5ка?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.077
6.013
Горе што има? Изолација горе?
Доле? Се грее?
5.5ка што спушта ниско мислам ќе треба. Вака од тепка.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Мулти сплит од Хаиер и Мидеа исто така? Идеата ми е мулти сплит со 3 внатрешни
Според мое искуство со милти со голем број на мулти системи од повеќе брендови можам да ти кажам дека генерално сите мулти сплит системи се повеќе или помалку ОК. Ако одеш на буџет верзија VIVAX, Gree како опции ти се одлични. За премиум TOSHIBA дефинитивно.

Пост продажната поддршка и грижа е битен фактор па со овие брендови си солидно покриен.

Барај ме слободно за подетални инфо за секој бренд и можна комбинација.

Другари вака. Имам спрат од куќа од 50м2.
Внатре Отворен е речиси цел спрат.
Има фасада само на едната страна, додека на другата страна е ходникот и купатило кои се дополнителни 8м2 вкупно 58м2

Имам салон со кујна од 50м2 кој е поделен на два дела.
Од по 23м2. Се мислам дали квалитетна 3.5ка би ми завршила работа Или да земам 5ка 5.5ка?

Не ми се зема 5.5ка највеќе од причина што ме плаши силно дување.
Имам две до три прашања
1. Дали една квалитетна 3.5ка би ми завршила работа?
2. Дали е можеби подобро да го преградам салонот на пола или да остане така и да земам 5.5ка?
Со колкав буџет располагаш ?! Ако добро те сватив за распоредот јас во 50м2 не би ризикувал. Се има случено да е доволно и ок ама сепак …
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв