WiFi небитно, пензионери, стално се дома, битно да има повеќе снага да грее и подобар COP, односно помала потрошувачка.Како што гледам Панасоникот нема WiFi (треба да си истражите) а Тошибата има припрема за вифи што значи дека модулот ќе треба дополнително да го доплатите и да не очекувате да биде евтин како за Вивакс, на пример, каде што кошта 1000 денари.
Очекувајте околу 50-ина евра
Ако ви е гејм чејнџер ова што нема вифи тогаш земете ја Тошибата.
Но што и да земете не го заборавај форумов и пред да викнете мајстори врати се да ти дадеме совет два во врска со местењето затоа што има поплва од шалабајзер мајстори.
Врати се една страна-две наназад па ќе видиш што ти зборувам.
Затоа мислам дека Панасоникот е подобар.
За монтирањето знам се, ми имаат монтирано до сега, се по ПС, монтерите се мои луѓе.
Мислењето е автоматски споено:
Изолацијата ќе биде камена волна 10цм пресована 50кг/м3 со фолијаПрво волна на кровот, добро поставена да нема места кои се непокриени. Да не заборавиме бетонот не само што не е изолатор туку е проводник на топлина. А штом е на таванот тоа значи дека е највеќе изложен на разлика на температури. Ако внатре е 24ц во собата на плочата е минимум 28, реално 30ц. А надвор 0 степени или помалку. Загубите ќе се огромни.
Ако земеме +30 внатре, и -10 надвор, со специфичен коефициент на бетон 0.758 и дебелина 20цм. За 25 м2 добиваме загуба од 3750W/h.
Од друга страна со изолација од 20цм стиропор со коефициент 0.029 загубата се намалува на 175w/h. Ако земеме несовршено покривање и грешки нека е 375w/h што е 10кратно подобрување и разлика меѓу дали една клима ќе е фантастична и многу ефикасна, и муабет "нечини Тошиба ич не ме грее измрзнавме."
Последна промена:
