Има врата најдолу по скалите.. во дневната дефинитивно ќе се става 5/5.5кв, а во собата 3.5 па нека дуваат, не би требало да ми смета тоа исклучувањето, ваљда можи некако да се подеси со тоа ifell или појма немам..Скалите надолу, нема врата таму?
Без конкретни податоци за топлотни загуби, овака „од око“, мислам дека 3.5кв клима е лош избор за твојата дневна/кујна. Појака клима треба, 5или 5.5кв.
За малата соба/соби проблем ќе ти биде да одбереш клима со доволно ниска модулација. Имаше некои Тошиби на акција за ~29К... Од Gree има поевтини опции за окулу 20К, ќе греат за греење ама со почести исклучувања вклучувања. На некој не му смета, на некој му смета.
За локацијата на внатрешната единица, не се замарај да дува накај ходник, тоа не е најважно туку гледај климата да не дува директно во места каде седат луѓе. Ако не може поинаку да знаеш дека не е многу сложено и во ќош да се постави внатрешната, мојата е така поставена, имам фотографии некаде низ темава.
Што значи ниска модулација ? некоја со мал проток или ?