Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Скалите надолу, нема врата таму?

Без конкретни податоци за топлотни загуби, овака „од око“, мислам дека 3.5кв клима е лош избор за твојата дневна/кујна. Појака клима треба, 5или 5.5кв.

За малата соба/соби проблем ќе ти биде да одбереш клима со доволно ниска модулација. Имаше некои Тошиби на акција за ~29К... Од Gree има поевтини опции за окулу 20К, ќе греат за греење ама со почести исклучувања вклучувања. На некој не му смета, на некој му смета.

За локацијата на внатрешната единица, не се замарај да дува накај ходник, тоа не е најважно туку гледај климата да не дува директно во места каде седат луѓе. Ако не може поинаку да знаеш дека не е многу сложено и во ќош да се постави внатрешната, мојата е така поставена, имам фотографии некаде низ темава.
Има врата најдолу по скалите.. во дневната дефинитивно ќе се става 5/5.5кв, а во собата 3.5 па нека дуваат, не би требало да ми смета тоа исклучувањето, ваљда можи некако да се подеси со тоа ifell или појма немам..
Што значи ниска модулација ? некоја со мал проток или ?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Не смееш да делиш величини со различни единици мерки. Прво сведи ги на иста единица мерка. BTU е единица за топлинска енергија во британски мерен систем.
Слабо ми оди ова пресметувањево....
Иако еве можеби не е модулација она 30 минути на 50w што го логирало мојот мерач, дајте пример како точно би требало да се пресмета EER, па и COP...
Мислам дека обезбедив доволно информации во овој мој пост.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Мерачот е Broadlink SP3S
Како што гледам Броадлинкот има далеку подобра анализа на потрошувачка од Sonoff.

Во потрага сум по нешто што ќе мери во реално време со графови, логови со све.
Ако пак најдам нешто што паралелно ќе ми мери и логира температура (по можност и влага) частам што сакате.
Па да има да мери и надворешна?! Бооо..
Катарза!

Го користиш 3D-iSee сензорот?
Каков е оној симбол горе десно на даљинското? Econo Cool?

Кај мене (FH50) 3D-iSee "предизвикува" зголемена потрошувачка за 100-ина вати при греење ама пак подобро менаџира со снагата илити модулација та. Очигледно е дека мери температура преку него. Во суштина се работи за рудиментарен PIR сензор.

На ладење (што позитивно ме фрапира) со поднесени 25 степени се има спуштено на 280~320W константно дување. Додуша надвор беше 24~25 степени (навечер)
Компресорот не се слушаше. Потивка и од фрижидер. Надворешната перја вртеше толку споро што лопатите беа видливи со голо око.

Иначе знае да се испонаша прилично диво па така поднесена на 16 степени со 3 вентилатор да шибне на 1800~2000Wсо издув од 1~2 степени (мерено со IR пиштол)
Прилично сурово. Дури и болка под нокти се чувствува ако држиш рака.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Го користиш 3D-iSee сензорот?
Каков е оној симбол горе десно на даљинското? Econo Cool?
3D-iSee ретко користам, претежно кога не сум заседнат пред неа.... мислам дека рачно кога ќе ја поставам подобро го избегнувам директното дување во мене пошто бирото со компјутерот ми е на некои 2 метри директно пред климата.
Тоа горе десно е симболот за NightMode. Во 3 часот наутро е снимано.
Econo Cool исто така не користам затоа што и тој програм постојано ги мрда лептирите вертикално и хоризонтално. Првите неколку дена тестирав и тогаш повеќе работеше он-офф отколку како што ја користам сега.

LN ностат доста поекономични компресори од FH. Можеш да споредиш во табелата тука.
FH35 на пример при минимален капацитет испорачува 3,094 BTU/Hr a LN35 половина од тоа односно 1,640 BTU/Hr. Твојата FH50 4,538 BTU/Hr. Тоа иди 3x споредено со мојата LN35. Затоа и не би ме чудело LN да може да модулира со многу пониска потрошна.

За диво понашање ја имам тестирано и јас пред 1 месец кога ја наместив само не се сеќавам дали на ладење или греење, знам со вклученa Powerful од далечинско тестирав и на WattMetter-от имам Hi вредност логирана од 1397w

Другар, на сум видел никаде во ниедни спецификации клима да може толку ниско да модулира. Се разбира, можеби грешам ама повеќе од веројатно е дека тоа било ситуација каде работел само вентилаторот од внатрешната единица... Еве ти теоретски можна ситуација: климата ти постигнала зададена температура, и како што некоиу клими практикуваат, пред исклучување продолжила да дува за да го исуши изменувачот на внатрешната единица (за да не фати мувла/габични микроорганизми).

Најсигурно е да провериш, во сервисното упатство веројатно е специфицирано колку најниско може да модулира климата, исто и колку трошат вентилаторите.
Во сервисното е специфицирано ама како rated operating, односно мерено под максимално оптеретување.
На руски сајт, кај што најдов disassembly на мојот модел LN35
Разборка сплит-системы Mitsubishi Electric
За вентилаторот на надворешната единица вика:
The electric motor is a fan of the outer unit RC0J50-RB manufactured by Mitsubishi Electric. Pulse Inverter DC engine with a range of regulation from 460 to 940 rpm.
Претпоставувам дека различна е и потрошната кога работи со минимум или со максимум обртаи.

Може спамирам со стримов, ама убаво може да се види дека 95% од времето во 24часа потрошната е испод 100w. Ноќните ~8 чaса (последните 15 секунди од стримот) се целосно испод 75w... не ми се верува тоа да е само фан.... ене се гледа кога исклучува надоврешната единица после луфтирањето со разотворени врати во 9 часот наутро, кренала потрошна на 275w и после тоа исклучила надворешната и одредено време работел само внатрешен FAN со некои 15w. Во ноќниот период никаде нема паднато испод 50w.
Streamable Video
 
Boko

read-only
14 октомври 2010
12
8
3D-iSee ретко користам, претежно кога не сум заседнат пред неа.... мислам дека рачно кога ќе ја поставам подобро го избегнувам директното дување во мене пошто бирото со компјутерот ми е на некои 2 метри директно пред климата.
Тоа горе десно е симболот за NightMode. Во 3 часот наутро е снимано.
Econo Cool исто така не користам затоа што и тој програм постојано ги мрда лептирите вертикално и хоризонтално. Првите неколку дена тестирав и тогаш повеќе работеше он-офф отколку како што ја користам сега.

LN ностат доста поекономични компресори од FH. Можеш да споредиш во табелата тука.
FH35 на пример при минимален капацитет испорачува 3,094 BTU/Hr a LN35 половина од тоа односно 1,640 BTU/Hr. Твојата FH50 4,538 BTU/Hr. Тоа иди 3x споредено со мојата LN35. Затоа и не би ме чудело LN да може да модулира со многу пониска потрошна.

За диво понашање ја имам тестирано и јас пред 1 месец кога ја наместив само не се сеќавам дали на ладење или греење, знам со вклученa Powerful од далечинско тестирав и на WattMetter-от имам Hi вредност логирана од 1397w

Во сервисното е специфицирано ама како rated operating, односно мерено под максимално оптеретување.
На руски сајт, кај што најдов disassembly на мојот модел LN35
Разборка сплит-системы Mitsubishi Electric
За вентилаторот на надворешната единица вика:
The electric motor is a fan of the outer unit RC0J50-RB manufactured by Mitsubishi Electric. Pulse Inverter DC engine with a range of regulation from 460 to 940 rpm.
Претпоставувам дека различна е и потрошната кога работи со минимум или со максимум обртаи.

Може спамирам со стримов, ама убаво може да се види дека 95% од времето во 24часа потрошната е испод 100w. Ноќните ~8 чaса (последните 15 секунди од стримот) се целосно испод 75w... не ми се верува тоа да е само фан.... ене се гледа кога исклучува надоврешната единица после луфтирањето со разотворени врати во 9 часот наутро, кренала потрошна на 275w и после тоа исклучила надворешната и одредено време работел само внатрешен FAN со некои 15w. Во ноќниот период никаде нема паднато испод 50w.
Streamable Video

И јас од скоро монтирав ln35 и околу потрошувачката можам да потврдам дека паѓа под 100w неколку пати ја имам начекано да работи со 70w без да е исклучен компресорот.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Не се сомневам дека го гледате на мерачите тоа што го гледате. Mуабетот е дали компресорот работи за тоа време кога имате толку ниска потрошувачка... Ќе бидам прилично зачуден ако навистина толку ниско модулираат вашиве клими.

Од друга страна не можам ни да тврдам дека не е така додека не се провери официјален податок од произведувач, или сервисно упатство. Но овака во муабет, јас лично мислам дека не климите не ви модулираат толку ниско и повторно, ќе бидам прилично зачуден ако некако навистина испадне дека е така.

Има врата најдолу по скалите.. во дневната дефинитивно ќе се става 5/5.5кв, а во собата 3.5 па нека дуваат, не би требало да ми смета тоа исклучувањето, ваљда можи некако да се подеси со тоа ifell или појма немам..
Што значи ниска модулација ? некоја со мал проток или ?
Ако вратата е долу, тогаш има шанса и 7-мицата што ја зборевме да не биде многу предимензионирана (со сите врати отворени).

Ниска модулација и исклучување вклучување се поврзани.
Тоа ниска модулација е жаргон што почна да се користи по форумиве, значи едноставно на колкава најниска моќност може да работи климата. На пример климата минимално ако може да работи на ~170 вати, хипотетички климата ќе работи цело време без ниеднаш да исклучи. Но ако климата има минимална потрошувачка од ~400+ вати (повеќето кинески клими), тогаш кога ќе постигне температура едноставно ќе се исклучи. Потоа ќе помине време, и климата пак ќе се вклучи, најчесто на посилна моќност од минималната, на пример ~600-700 вати (и со посилно дување). Но така бргу пак ќе постигне температура и пак ќе се исклучи. Па во исклучувањата веројатно ќе направи дефрост циклус. Сите овие процеси може да бидат бучни, и да сметаат. Посебно во спална соба.

Значи климата на колку пониска моќност може да работи, толку поверојатно е дека климата ќе работи цело време што е најдобро, најефикасно, и најмалку смета.

Многу од овие работи ќе ти станат јасни со користење. А ако сакаш да немаш главоболки, едноставно земи ги советите здраво за готово: одбери клима со ниска модулација од барем ~220 вати, и не ставај појака моќност од 2.5кв.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
LN-OutdoorFanControl.png

Еве што најдов во сервисното за Mitsu LN
@mdeni Верувам со овој доказ можеме да ги исклучиме овие 2 пртпоставки?

Мислиш модулира со 54W? Мислам дека тоа се само надворешниот и внатрешниот вентилатор по некоја логика. А ладното доаѓа од резидуална топлина акумулирана во изменувачот. Не верувам да може да работи на толку ниско. Мислам дека 25в за внатре и 30в за надвор дека доаѓа од вентилатори.
Се изгасил надворешниот на фен и еев испуштил.

Исто ова ја поткрепува мојата претпоставка.
Од друга страна не гледам причина за работа на надворешниот вентилатор ако не работи компресорот и ЕЕВ само ја држи компрeсијата 30 минути.

Не се сомневам дека го гледате на мерачите тоа што го гледате. Mуабетот е дали компресорот работи за тоа време кога имате толку ниска потрошувачка... Ќе бидам прилично зачуден ако навистина толку ниско модулираат вашиве клими.

Од друга страна не можам ни да тврдам дека не е така додека не се провери официјален податок од произведувач, или сервисно упатство. Но овака во муабет, јас лично мислам дека не климите не ви модулираат толку ниско и повторно, ќе бидам прилично зачуден ако некако навистина испадне дека е така.
Не можам да најдам таков податок, сето она што го има во сервисните ми се чини дека е за максимален капацитет.....
графикони и статистики за минимален капацитет не гледам....
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Пробав и јас да најдам нешто, ама не ги пишува тие податоци. Но повторно, од искуство со неколку клими знам дека отприлика толку трошат вентилаторите. На пример, на Gree Change во мод на греење сум гледал дека паѓа потрошувачка на ~60-80 вати, на Тошиба слично па и пониско (посебно на исклучување во мод на ладење, кога дува да ја исуши внатрешната единица). Но тоа не значи дека компресорот работи. Од искуство знам дека Gree Change не модулира под ~400 вати, а Тошиба Сузуми ~170-220 вати... Од ова треба да се одземе потрошувачката на вентилаторите, и го имаме минимумот на моќност.

едит: На пример, Сузумито ако вентилаторите му трошат ~60 вати, при потрошувачка од 220 вати окулу 160 вати одат на греење.

На крај пиши еден маил до производителот, пола минута работа а интересно ќе биде да се проследи одговорот. :)
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
мислам дека рачно кога ќе ја поставам подобро го избегнувам директното дување во мене пошто бирото со компјутерот ми е на некои 2 метри директно пред климата.
Ама чекај сега, две работи!

Најпрво твојата LN35 е со вградено Wi-Fi и не приметувам да користиш MELCloud или се лажам? На тој модел може да мери и потрошувачка.

Друга работа. Главната поента (иако така се чини) на 3D-iSee не е „да те бега“ туку да мери преку него. Така, во лето мери околни предмети (зони, како што кажуваат тие) и во зима подот.
Одбегнувањето и Absence се бонуси. Absence работи коректно. Кај мене нема поента затоа што се некој се мота но за проба видов (преку интернет) дека прилично интелигентно се „понаша“ (спушта во зима/крева во лето) температура.

Она што не ми се допаѓа кај таа клима (единствено тоа) е што е страшно комплицирана за растурање. Или пак така мене ми се чини.
FH моделите се расклопуваат за за 2 секунди (комплетно)
 
И MELCloud користам, само поверодостојни ми се резултатите од надворешните мерачи иако еве во споредба се сосема идентични

Streamable Video

3D сензорот како што реков поретко го користам бидеќи 70% од времето сум директно пред климата и рачно можам подобро да ја подесам да не ме дува директно.

За комплицираноста при растурање не би можел да кажам, ќе видиме кога ќе дојде време....
Еве едно видевце кај што ја растураат ако можеш да заклучиш ти :)

View: https://www.youtube.com/watch?v=1Fb_C1QVww8

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
едит: На пример, Сузумито ако вентилаторите му трошат ~60 вати, при потрошувачка од 220 вати окулу 160 вати одат на греење.
Греење е сосема друга приказна, таа ќе ја раскажуваме во Јануари :)
Кај ладењево има повеќе модели на клими кое се доста економични, и има такви што можат да модулираат со ~150w
Поради тоа што овој модел на Mitsubishi носи значително послаб/поекономичен компресор верувам дека може подобро од сите останати....

На крај пиши еден маил до производителот, пола минута работа а интересно ќе биде да се проследи одговорот. :)
И ова не е лош предлог, ако најдам време ќе се потрудам да најдам соодветен контакт и да пишам еден маил...
Ако добијам одговор ќе споделам.
 
Еве успеав да ја фатам како модулира со 70-80w, скоро цел саат работи вака.
https://streamable.com/a33c43
https://streamable.com/acei01

Топ!
Врти вентилаторот надвор така да 100% работи и компресорот.
И тоа што имаш и ти Broadlink мерач, ќе може да споредиме вака убаво...
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Слабо ми оди ова пресметувањево....
Иако еве можеби не е модулација она 30 минути на 50w што го логирало мојот мерач, дајте пример како точно би требало да се пресмета EER, па и COP...
Мислам дека обезбедив доволно информации во овој мој пост.
Како што гледам Броадлинкот има далеку подобра анализа на потрошувачка од Sonoff.

Во потрага сум по нешто што ќе мери во реално време со графови, логови со све.
Ако пак најдам нешто што паралелно ќе ми мери и логира температура (по можност и влага) частам што сакате.
Па да има да мери и надворешна?! Бооо..
Катарза!

Го користиш 3D-iSee сензорот?
Каков е оној симбол горе десно на даљинското? Econo Cool?

Кај мене (FH50) 3D-iSee "предизвикува" зголемена потрошувачка за 100-ина вати при греење ама пак подобро менаџира со снагата илити модулација та. Очигледно е дека мери температура преку него. Во суштина се работи за рудиментарен PIR сензор.

На ладење (што позитивно ме фрапира) со поднесени 25 степени се има спуштено на 280~320W константно дување. Додуша надвор беше 24~25 степени (навечер)
Компресорот не се слушаше. Потивка и од фрижидер. Надворешната перја вртеше толку споро што лопатите беа видливи со голо око.

Иначе знае да се испонаша прилично диво па така поднесена на 16 степени со 3 вентилатор да шибне на 1800~2000Wсо издув од 1~2 степени (мерено со IR пиштол)
Прилично сурово. Дури и болка под нокти се чувствува ако држиш рака.
Јас порачав од Xiaomi AC gateway, се врзува со термометри кои веќе ги имам и надвор и внатре, па кога ќе стигне ќе пишам. Мислам дека апликацијата покажува само моментална потрошувачка,нормално и дневна,месечна но мислам дека нема графикони како се движела потрошувачката во одреден момент.
Едит
Еве како изгледа графиката за температура, слично е и за влажност и притисок

Sent from my Mi using Tapatalk
40ed9bd5331fd4ef8d876aca1c71e7d7.jpg
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
3D сензорот како што реков поретко го користам бидеќи 70% од времето сум директно пред климата и рачно можам подобро да ја подесам да не ме дува директно.
Пак не се разбравме. Сензорот може да функционира без потреба да се надмудрување со климата дали да бега или да те следи. Тоа се прави на Direction (додека го снема човечето)
Не е главна поента да те одбегнува.

Сензорот се пали/гасни најдолу каде што се подесува часовникот, како што знаеш.
 
Не му се вакумирани како што треба или воопшто не му се вакумирани.
Браво. Заради лошо вакумирање троши колку релна од шпорет или таква си е? За еден другар прашувам.
 
bajramo

hello world
25 јуни 2008
491
292
Пак не се разбравме. Сензорот може да функционира без потреба да се надмудрување со климата дали да бега или да те следи. Тоа се прави на Direction (додека го снема човечето)
Не е главна поента да те одбегнува.

Сензорот се пали/гасни најдолу каде што се подесува часовникот, како што знаеш.
 
Браво. Заради лошо вакумирање троши колку релна од шпорет или таква си е? За еден другар прашувам.
Ја имам климата (12ка) и затоа ти кажав дека не троши толку, а него ако му е дефект тоа е друго.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Пак не се разбравме. Сензорот може да функционира без потреба да се надмудрување со климата дали да бега или да те следи. Тоа се прави на Direction (додека го снема човечето)
Не е главна поента да те одбегнува.

Сензорот се пали/гасни најдолу каде што се подесува часовникот, како што знаеш.
Од долу по дифаулт си беше активиран го немам исклучено и сензорот на климата си врти постојано додека работи....
На далечинското на опцијата за Direction не го вклучувам како што објаснив претходно.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Јас порачав од Xiaomi AC gateway, се врзува со термометри кои веќе ги имам и надвор и внатре, па кога ќе стигне ќе пишам. Мислам дека апликацијата покажува само моментална потрошувачка,нормално и дневна,месечна но мислам дека нема графикони како се движела потрошувачката во одреден момент.
Едит
Еве како изгледа графиката за температура, слично е и за влажност и притисок

Sent from my Mi using Tapatalk
40ed9bd5331fd4ef8d876aca1c71e7d7.jpg
Да се надоврзам со уште еден скрин. Ако AC gateway мери потрошувачка како и смарт прекидачите може да се прати со графикони на база на дневна потрошувачка>
8b59b6ac40c5b755cfbeda667415b041.jpg

Sent from my Mi using Tapatalk
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Ако вратата е долу, тогаш има шанса и 7-мицата што ја зборевме да не биде многу предимензионирана (со сите врати отворени).

Ниска модулација и исклучување вклучување се поврзани.
Тоа ниска модулација е жаргон што почна да се користи по форумиве, значи едноставно на колкава најниска моќност може да работи климата. На пример климата минимално ако може да работи на ~170 вати, хипотетички климата ќе работи цело време без ниеднаш да исклучи. Но ако климата има минимална потрошувачка од ~400+ вати (повеќето кинески клими), тогаш кога ќе постигне температура едноставно ќе се исклучи. Потоа ќе помине време, и климата пак ќе се вклучи, најчесто на посилна моќност од минималната, на пример ~600-700 вати (и со посилно дување). Но така бргу пак ќе постигне температура и пак ќе се исклучи. Па во исклучувањата веројатно ќе направи дефрост циклус. Сите овие процеси може да бидат бучни, и да сметаат. Посебно во спална соба.

Значи климата на колку пониска моќност може да работи, толку поверојатно е дека климата ќе работи цело време што е најдобро, најефикасно, и најмалку смета.

Многу од овие работи ќе ти станат јасни со користење. А ако сакаш да немаш главоболки, едноставно земи ги советите здраво за готово: одбери клима со ниска модулација од барем ~220 вати, и не ставај појака моќност од 2.5кв.
Фората е што за повеќето грее/вивакс/тосот неможам да најдам спецификации која на колку најмалку модулира..
Едит. ете ломото има минимално 0.16kw.. како ќе знаам дека тоа е доволно ? Даикинот 5.5кв има 0.23kw

Што ќе биди ако го ставам далечинското во предсобјето со ifeel функцијата ?
 
Последна промена:

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Јас од Xiaomi купив едно wifi камерче, работеше некое време океј и после ми го прекинаа да не можам да го гледам као демек работи само за Mainland China...
Од тогаш ги баталив Xiaomi.... се до пред 1 месец кога си порачав Humidifier, ама обичен не смарт, ми беше страв да не ми го зезнат и тој воа Кинезиве.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Јас од Xiaomi купив едно wifi камерче, работеше некое време океј и после ми го прекинаа да не можам да го гледам као демек работи само за Mainland China...
Од тогаш ги баталив Xiaomi.... се до пред 1 месец кога си порачав Humidifier, ама обичен не смарт, ми беше страв да не ми го зезнат и тој воа Кинезиве.
Само требало да им пишеш меил на сапорт и ќе ти овозможеле пристап на кинескиот сервер сервер со мак адресата. Истото и мене ми се случи и за некои пет шест дена си проработе и до ден денес работи.
Истото важи за сите Шаоми камери кои ги врзуваме на кинески сервер.
Edit:
пушти линк од овлажнувачот, мислам дека оваа година и мене ќе ми треба
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Значи после све прочитано што и да земам можи да ми прави проблеми а можи и не... за попотака ќе се зема и 3.5кв за во собата па ќе видам нахнадно..

Сега моментално имам дилема и ако можи некој нека помогни за што да се одлучам моментално, знам дека поскапите се подобри али дали вреди да се доплати толку пари, сепак со тие доплатата за поскапата ќе ги искористам парите да си купам уште една 3.5кв за во собата...

Даикинот излага 75.000, тошибата 63.000, грее и кариер околу 56.000, виваксот и хаиерот 44.000..
Цените се со се монтажа, треба да се минусира 55.000 денари од субвенциите
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Еве како тоа изгледа кога Mitsu LN35 работи како on-off преку вечер кога внатрешната температура е блиска со она што и е поставено да одржува.

Streamable Video

Streamable Video

Уклучена вчера после полноќ, преку ноќта вклучувала надворешната неколку пати и повлекувала до кај 225w, а останатиот период вртела само внатрешната со некоја минимална фан брзина на ауто која троши ~8w

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно