Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Мислиш модулира со 54W? Мислам дека тоа се само надворешниот и внатрешниот вентилатор по некоја логика. А ладното доаѓа од резидуална топлина акумулирана во изменувачот. Не верувам да може да работи на толку ниско. Мислам дека 25в за внатре и 30в за надвор дека доаѓа од вентилатори.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548

Помислив и на тоа.... но ме буни тоа што имаше стабилни температури на усис и издув се додека не го сменив во мод FAN кога почна да се качува температурата на издув и потрошувачката падна на 16w.
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Што би избрале најпрво од набројаниве ? Ќе се потрудам да ги пишам по редослед па ако има некој нека ме поправи.. Цените се ориентациони за 5.5кв даикинот е прескап али незнам дали воопшто вреди толку да се доплаќа кога ќе се спореди со тошибата ?

Daikin - 66.000
Toshiba - 59.000
Carier - 53.000
Gree - 50.000
Haier - 39.000
Vivax - 39.000

*последниве три се опремени со вифи и останати работи додека другите немаат скоро ништо..
 
Даикинот е 18 а тошибата 16 (веројатно).

Од овие:
1. Даикин ФТХФ50
2. Тошиба Сузуми плус 16
3. Хаиер Тундра 18
4. Грее Фери 18 и Вивакс Аери 18

Кериер незнам модел, ама има еуровент може да се спореди веројатно. Сличен со тундрата би го ставил.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Се изгасил надворешниот на фен и еев испуштил.
Да, можеби....
Сепак е пад од 38w....

Од друга страна не гледам причина за работа на надворешниот вентилатор ако не работи компресорот и ЕЕВ само ја држи компрeсијата 30 минути.
Streamable Video

2079f74c657c970dbcacfeb42f1645f5.jpg
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Си пресметува таа самата во кои услови има најефикасен мод на работа. Согласно условите така пресметала. Не за џабе е хиперинвертер со 5.1 сцоп. И има меѓу најдобрите резултати во потрошувачка на планетава. Згора на тоа и испорачана моќност огромна на ниски температури и тоа истата со многу голем ЦОП.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Од видевцето може да се види дека потрошувачката во тој период е 54w и е прилично стабилна (бар во периодот од некојси половина час додека ја следев).
Другар, на сум видел никаде во ниедни спецификации клима да може толку ниско да модулира. Се разбира, можеби грешам ама повеќе од веројатно е дека тоа било ситуација каде работел само вентилаторот од внатрешната единица... Еве ти теоретски можна ситуација: климата ти постигнала зададена температура, и како што некоиу клими практикуваат, пред исклучување продолжила да дува за да го исуши изменувачот на внатрешната единица (за да не фати мувла/габични микроорганизми).

Најсигурно е да провериш, во сервисното упатство веројатно е специфицирано колку најниско може да модулира климата, исто и колку трошат вентилаторите.

Даикинот е 18 а тошибата 16 (веројатно).
Да, 16-ката кошта 60К денари... Интересна е цената на 22-ката (7-ца), 70К денари. Да не беше ретардирано предимензионирана за мои потреби, без многу мислење ќе ја купев досега.

edit: oваа треба да е климата.
 
Последна промена:

Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Штом така тошибата 22ка и даикинот 18ка исто ценовно излага.. При што даикинот сепак има појак проток на воздух..
Работата е што кај мене се 80 квадрати али сите се посебно соби (едната од 12 не се грее) па незнам колку е паметно во ходникот (споен со скалите е без врата) над скалите да се стави 7ка па здравје ќе видиме понатака ќе се стави уште една 3.5кв ? Вака е распоредот..

Најверојатно ќе ставам 5.5кв во дневната и една 3.5 во соба 1, и двете да дуваат накај ходникот па ваљда ќе се стопли и собата 3..

4krK0Gh.png
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Клима во ходник?
Не, не... Остави тоа.

Е сега за 40м2 е друга приказна.... За 40м2 просторија 22-ка може да биде предимензионирана. Климава сигурно модулира на ниска потрошувачка, ама не знам, најдобро да прашаш во Енергија или Аиркон која е најниската потрошувачка. Можно е со сите врати отворени кој другите соби, да работи без проблеми. Посебно ако имаш лоша изолација, во тој случај зимај. Инаку размисли си... Но од аспект на клима/пари, ова мислам е најдобра понуда на пазарот (заедно со тоа НЕО-то кое било Гри и коштало ~17К денари).

Инаку мали ти се некако другите соби за 3.5кв клима (12-ка). Дури и 2.5кв (9-ка) ќе треба да биде баш модел со ниска модулација за да нема работење/однесување како он/оф клима.
 
dextermkd

read-only
30 март 2019
24
9
Он мери, т.е. е деклариран до 3600W. Ако 3.5ка клима ти влече и приближно толку фрли ја одма низ прозор.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Ок значи тоа е мах јачина која можи да ја прими мерачот.
Дали тој мери само за 24 часа па се ресетира оти не видов опција дека покажува дата,можно е да има денес го купив уште го изучувам.
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Клима во ходник?
Не, не... Остави тоа.

Е сега за 40м2 е друга приказна.... За 40м2 просторија 22-ка може да биде предимензионирана. Климава сигурно модулира на ниска потрошувачка, ама не знам, најдобро да прашаш во Енергија или Аиркон која е најниската потрошувачка. Можно е со сите врати отворени кој другите соби, да работи без проблеми. Посебно ако имаш лоша изолација, во тој случај зимај. Инаку размисли си... Но од аспект на клима/пари, ова мислам е најдобра понуда на пазарот (заедно со тоа НЕО-то кое било Гри и коштало ~17К денари).

Инаку мали ти се некако другите соби за 3.5кв клима (12-ка). Дури и 2.5кв (9-ка) ќе треба да биде баш модел со ниска модулација за да нема работење/однесување како он/оф клима.
Затоа целта ми е 3.5 клима во собата и да дува накај ходникот, ќе видиме дали во соба 1 или во соба 3 (пошто нема намештај сеуште не се знае кај ќе биди спалната)..
Надворешна изолација моментално нема, али има 4 сезонско стакло со 6, термо блок, таван со плоча и стиродур 3ка, одоздола кошулица 10цм + плоча, долниот спрат се топли преку зима..
yP0jBDO.jpg
 
DarkDeFnx

hello world
20 јули 2016
122
157
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Како продолжение на овој пост, пред точно еден месец на 8-ми јули е монтирана CARRIER Ventus Supreme 42QHC018D8SW / 38QHC018D8SW.

Спецификација по флаер:
CARRIER-Ventus-Supreme-42-QHC-D8-SW--4.jpg

Споредба со потенцијалните конкуренти од Еуровент:
eurovent5k-W.jpg

Климата:
IMG-20200708-104215867.jpg

IMG-20200708-132504121.jpg

IMG-20200708-132614456.jpg

IMG-20200708-132755963.jpg

Поради ситуацијата со ковидот, буџетот се ограничи и бев одлучен за Хаиер Тундрата, но во последен момент се решив за некоја илјадарка плус да ја исчешам крастата за наука и инженерија и да му дадам шанса на ваков модел кој ретко може да се најде во експлоатација во наша околина.
Купен од Клими МК за 47990МКД + монтажа 5000МКД, вкупно 52990 МКД. За Клими МК единствена забелешка е тоа што не направија вакумирање со објаснување дека немало потреба, се останато од првична комуникација до останатиот дел од самата монтажа мислам дека е на место. Има безусловна гаранција од 3 години, па ќе видиме како ќе се покаже.

Приклучен е преку мерачот за електрична енергија од Energenie од Анхоч, неколку пати е веќе споменуван во оваа тема.
При работа само на вентилатор 1ва брзина работи со 8W, 2ра брзина работи со 14W и 3та брзина работи со 24W. На стендбај покажува 0.5W до 1W.

Првата половина од месецот климата ладеше со повремено уклучување пришто мерачот во најекстремен случај на надворешна температура од околу 30 степени, внатрешна температура од околу 27 степени и на климата зададена минимална температура од 17 степени, покажа потрошувачка од околу 1500W некоја минута по што спушти и десетина минути работеше во опсег 800W-900W. Кога надворешната, внатрешната и зададената температура се поблиси (опсег 3-5 степени разлика), работи со 400 до 600 вати потрошувачка.

Втората половина од месецот е оставена уклучена цело време во режим на ладење на втора или трета јачина на вентилаторот со промени на зададената температура од 23 до 26 степени во зависност од осетливоста на понежниот пол. Во овој период не знам точно при какви услови, гледам дека во некој момент достигнала 1717W максимална потрошувачка.

Епилогот после овој 1 месец работа според мерачот изнесува потрошени 45κWh односно некоја сума од околу 200-250 денари при што сум задовелен од климатизираноста на просторот. Следниов месец планирам да ги испитам другите модови на работа, па ќе пишам дополнителни резултати и какво е искуството.
Како прв клима уред кој го користам во континуитет во животот, не знам дали треба да сум задоволен или не. Се надевам дека не преплатив Вивакс ама што е тука е, ќе видиме.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Затоа целта ми е 3.5 клима во собата и да дува накај ходникот, ќе видиме дали во соба 1 или во соба 3 (пошто нема намештај сеуште не се знае кај ќе биди спалната)..
Надворешна изолација моментално нема, али има 4 сезонско стакло со 6, термо блок, таван со плоча и стиродур 3ка, одоздола кошулица 10цм + плоча, долниот спрат се топли преку зима..
yP0jBDO.jpg

Какви се топлотните потреби (загуби) на долниот спрат?
Ова за да имаш претстава за твојот спрат каква моќност ти треба.
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
Какви се топлотните потреби (загуби) на долниот спрат?
Ова за да имаш претстава за твојот спрат каква моќност ти треба.
Долниот спрат е дуќан и работилница околу 50тина квадрати али се грее со дрва по потреба (не 24/7) туку онака колку да се чува температура 20тина степени..
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
За Клими МК единствена забелешка е тоа што не направија вакумирање со објаснување дека немало потреба, се останато од првична комуникација до останатиот дел од самата монтажа мислам дека е на место. Има безусловна гаранција од 3 години, па ќе видиме како ќе се покаже.
Извини, не сакам ни најмалку да делувам препотентно или безобразно ама можам само да ти кажам слободно да ги искинеш сите оние Eurovent резултати кои си ги гледал.
Искрено се надевам дека се трефнало и не ти го помешале фреонот со (многу) воздух. Ќе видиме в зима, ќе пресметаме разлика влез/излез vs потрошувачка па некако да дојдеме до реалниот COP.

Каква штета! Какви чобани човече! Каква безобразност!
За 20 факинг минути + на човекот му ја запустиле климата. Стручњаците од klimi.mk

Нека идат да пасат крави слободно.

Рекламирај!
Барај да ти го заменат фреонот и да се вакумира прописно.

Јас и еден куп луѓе од година во година го мантраме само тоа -вакумирање, вакумирање и само вакумирање.
 
Последна промена:

DarkDeFnx

hello world
20 јули 2016
122
157
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Извини, не сакам ни најмалку да делувам препотентно или безобразно ама можам само да ти кажам слободно да ги искинеш сите оние Eurovent резултати кои си ги гледал.
Искрено се надевам дека се трефнало и не ти го помешале фреонот со (многу) воздух. Ќе видиме в зима, ќе пресметаме разлика влез/излез vs потрошувачка па некако да дојдеме до реалниот COP.

Каква штета! Какви чобани човече! Каква безобразност!
За 20 факинг минути + на човекот му ја запустиле климата. Стручњаците од klimi.mk

Нека идат да пасат крави слободно.

Рекламирај!
Барај да ти го заменат фреонот и да се вакумира прописно.

Јас и еден куп луѓе од година во година го мантраме само тоа -вакумирање, вакумирање и само вакумирање.
Размислувам како уште сега да ги измерам температурите на влезен и излезен воздух, при кои внатрешни и надворешни температури и зададена на климата да лади, и притоа која моќност на електрична енергија ја покажува мерачот во тој момент. Имам еден мултиметар со термопар сонди, веројатно на тој начин ќе пробам да видам што ќе покажи и каков COP ќе се изведе.

Грешката моја што подоцна си ја увидов е што не се сетив да инсистирам да не им го потпишувам работниот налог без конкретно наведено во истиот дека вакумирање не е извршено. Така ќе имав црно на бело за што да реагирам, можеби и ќе се ангажираа да направат вакумирање па немаше да се дискутира сега ова.
Вака останува да правам мерења и ако покажи отстапувања од спецификација да се докажувам. Инаку на кој основ можам да рекламирам?
Да бидам јасен, не ми е целта да се расправам со било кого, целта ми е да имам исправен уред за употреба според тоа што е пропишано.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Инаку на кој основ можам да рекламирам?
Немаш основ. За жал требало да реагираш за време на монтажа
целта ми е да имам исправен уред за употреба според тоа што е пропишано.
Повторно за жал, нема да имаш. Останува да им се јавиш на управа/газди било што и да им објасниш каква грешка е направена и останува на нивна совест.
Мислам дека нема да свршиш работа со нив. 5000 денари ти се во ветер фрлени

Исправка на ова е како што кажав испуштање на фреонот и ставање на нов.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Долниот спрат е дуќан и работилница околу 50тина квадрати али се грее со дрва по потреба (не 24/7) туку онака колку да се чува температура 20тина степени..
Затоа целта ми е 3.5 клима во собата и да дува накај ходникот, ќе видиме дали во соба 1 или во соба 3 (пошто нема намештај сеуште не се знае кај ќе биди спалната)..
Надворешна изолација моментално нема...

Скалите надолу, нема врата таму?

Без конкретни податоци за топлотни загуби, овака „од око“, мислам дека 3.5кв клима е лош избор за твојата дневна/кујна. Појака клима треба, 5или 5.5кв.

За малата соба/соби проблем ќе ти биде да одбереш клима со доволно ниска модулација. Имаше некои Тошиби на акција за ~29К... Од Gree има поевтини опции за окулу 20К, ќе греат за греење ама со почести исклучувања вклучувања. На некој не му смета, на некој му смета.

За локацијата на внатрешната единица, не се замарај да дува накај ходник, тоа не е најважно туку гледај климата да не дува директно во места каде седат луѓе. Ако не може поинаку да знаеш дека не е многу сложено и во ќош да се постави внатрешната, мојата е така поставена, имам фотографии некаде низ темава.

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Притоа, мојата математика е следнава:
1.640 BTU / 54w = 30.4 EER Rating

Ми изгледа легитимно поради тоа што по еуровент за CondD EER@20C e 20.7
Таа е пресметката или пресметувам глупости хухиху :)
Не смееш да делиш величини со различни единици мерки. Прво сведи ги на иста единица мерка. BTU е единица за топлинска енергија во британски мерен систем.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Сепак е пад од 38w..
Кој е уредот/програмава која ја користиш за мерење?
Како функционира мерењето во реално време?

Јас користам Sonoff Pow R2 и како што иди кинезиве се повеќе го засеруваат и клаудот, и фирмверот и програмата.
Супер што не купив повеќе уреди.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Кој е уредот/програмава која ја користиш за мерење?
Како функционира мерењето во реално време?

Јас користам Sonoff Pow R2 и како што иди кинезиве се повеќе го засеруваат и клаудот, и фирмверот и програмата.
Супер што не купив повеќе уреди.

Мерачот е Broadlink SP3S
Програмата е најновата од Broadlink за iOS, не е совршена, доста е спора за користење и сеуште ја оправаат ама барем овој дел го проработија.
Постарата BroadLink e-Control ја користев до пред некое време, ама немаше Updates за iOS повеќе од година дена....

Споредувам со WattMeter кој ми е ставен врз SP3S, и добро логира Broadlink-от спорд она што го гледам во real time на WattMeter-от

ba14bbb73fa63e67439b782b8c8cc388.jpg

84412d35ed711a98917e696d2b73743c.jpg
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв