Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Вон грејна сезона сметките ми се 900-1100,- Денари
хронолошки за период од 15 Дек - 15 Јан. ф-ра од ЕВН за струја сум плаќал по год:
2012та.........3,200,- Ден.
2013та.........4,970,-
2014та.........3,300,-
2015та.........3,250,-
2016та.........3,400,-
2017та.........4,600,-
целиот овој период греено со Термор панел конвектор 16м2... температура 20-22*С
Сезонава греено 16+6м2 со Haier Tundra 3,5 сметка за период (15 Дек до 15 Јан) 1,900,- ден
Период од 15 Јан до 12-13 Февруари по години
2013та........3,500,- Ден
2014та........2,900,-
2015та........2,300,-
2016...........2,500,-
2017та........3,300,-
Сметка за истиот период (15 Јан до 13ти Февр) 2018та... 1600,- Ден
Неизолиран станбен простор стара столарија, ориентац југ-југозапад, приземје - подземни подруми (ладен под)... климата монтирана од 17 Дек, тогаш вклучена и работи нон-стоп сет 24*С и ноќе 22*С (на метро висина и далечина од внатрешната од 4метри постигнува степен помалку, на 1,2 веќе ги постигнува бараните 24*Ц)... одлично грееше и поларното денонокие те периодот кога минималната а се спушти под -10...
Сега за сега со климава задоволен, за 22К Денари колку е купена - ТОП!
Догодина ќе видиме...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Mомци, до вчера имавме снег. А како што велат, „Марта е со сто ума“. Почекајте со резиме на сезоната, за тогаш кога целосно ќе ги исклучиме климите... Башка што сега е најголемиот кеиф за греење со клима, додека пациентите сеуште (навечер) ложат ќумбиња - ни уживаме во ултра-евтино греење со највисоките можни СОР вредности. :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Она кога не ги дослушуваме работите до крај... Пошто човекот многу јасно и недвосмислено кажа: „Норвежани се греју строго на струју“.
Ама во твоја одбрана, на типов му требаа цели 4 минути да дојде до поентата. :p

Инаку го имам слушано ликов и во друга прилика, еден другар сака да емигрира во Норвешка па едно негово видео испадна кога пребарував на нет. Не е лош, некое чиче е со вишок време и досадата ја тепа со снимање видео блог.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Да . Ликов поентираше дека дрвата ги користат чисто од забава и за добивање ефект на "топлина" во домот.

Никој, од оние коие се греат на дрва, не сака да се грее со дрва. Гњаважата е неверојатна со дрва.
Загреваат една до две соби без да добиваат топла вода или да готват.

Маката ги тера друже Lokvan, маката.
Да им дадат кредити со 1% камата за да наместат топлотни пумпи наместо котли на дрва сите ќе наместат. Или пак гасификација .

Сплит клима не е решение за топлење во ладни зими (оваа не беше )
Супер е да се има добра изолација и дограма (кој е тој што не сака?) ама во MK грото немаат.
Куќите градени претежно во 80-те со блокови, фасади "колку да има", дограма дрвена... сето тоа овозможено со кредити.
Оние кои ги направиле социјала сега добиваат одмазда во формс на пе-ем.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Tие за кои зборуваш, се во хациенди и вили на Водно и друга периферија, така да колку што гледам кармата слабо нешто функционира.

И друже, поентата на гастербајтеров беше јасна: греење на струја (топлотни пумпи се популарно решение таму) и горење дрва само за кеиф понекогаш. Туку нејсе. За клима уредиве, колку и да постојат подобри решенија - сите тие се прескапи за овдешниот стандард. Како што кажа и сам, прво изолација треба да се реши а потоа се друго.
Но мометално од климите нема поисплатливо решение, а лошата изолација е проблем за било кое греење. Ако јас се греам со 3.5кв модели, некој што нема добра изолација ќе купи 5кв модели, и иако ќе ги плати поскапо, и иако ќе плаќа поголеми сметки, пак секако ќе помине поевтино одколку со било кој друг вид на греење.

Всушност не разбирам на што точно ти се однесуваат критикиве. Се жалиш на стандардот? На комфорот? На неразбирањето дека треба да се вложи во изолација?

Епа тоа е друже, што е. Секој со својот ум. Со користење клими сепак и најглупите ќе имаат помали сметки за греење (помали од алтернативите), а како бонус - нема да не трујат и нас останатите.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
По киловат час топлина нема збор дека ќе се најефикасни хиперинвертери. Едноставно тоа го прави SCOP5 и нагоре.

Дури и крадени дрва треба да ги цепиш, чуваш, сушиш...
 
sasoxmkd

hello world
16 ноември 2011
83
65
Здраво на сите да не отворам непотребна тема ќе ве замолам за совет, сакам да купам клима за простор од 37-38 квадрати(дневна,трпезарија и кујна) би се користела за греење напролет и есен кога не се толку ниски температурите бидејќи се грејам на парно на пелети. И секако за ладење. Буџет отприлика 22-23000
Фала однапред
Заборавив да напоменам дека имам ПВЦ дограма со обична фасада без стиропор и абрип и се работи за куќа
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Здраво на сите да не отворам непотребна тема ќе ве замолам за совет, сакам да купам клима за простор од 37-38 квадрати(дневна,трпезарија и кујна) би се користела за греење напролет и есен кога не се толку ниски температурите бидејќи се грејам на парно на пелети. И секако за ладење. Буџет отприлика 22-23000
Фала однапред
Стан или куќа? Изолација и PVC или не?

По мое скромно мислење тебе ти треба минимум 5,5-ка без разлика на изолацијата затоа што не се работи за квадратура само на една соба. Просторот е раскршен.
И на крај, буџетот ти е мал. Ќе испоскокаат да ти предлагаат 3,5-ки но нема да свршиш работа.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Здраво на сите да не отворам непотребна тема ќе ве замолам за совет, сакам да купам клима за простор од 37-38 квадрати(дневна,трпезарија и кујна) би се користела за греење напролет и есен кога не се толку ниски температурите бидејќи се грејам на парно на пелети. И секако за ладење. Буџет отприлика 22-23000
Фала однапред
Заборавив да напоменам дека имам ПВЦ дограма со обична фасада без стиропор и абрип и се работи за куќа
Ако не е за 3,5 ка, тогаш, по мое мислење и Он-Оф 5,5ка, би бркала работа, бидејки ти е за намена греење 38м2 пред и по сезона (доцна есен и рана пролет)... симната е од 30К на 24К Денари https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_143&product_id=225585 Беко, има разни мислења и задоволни и помалку задоволни од овој производител (прочитај си информирај се овде и на жолтиот форум), тука некаде (иљадарче поише) оо твојот буџет за ова намена. Веројатно за нијанса подобра опција (или немора да биде) би биле Он-Оф 5,5ки од Vivax или Gree... но тие се нешто поскапи. Клими - Најголема понуда Доволно моќни да загреат толкав простор пред и по сезона на греење (кога минималните се над нула)... не е толку ефикасна и економична како инвертер, да речеме инвертерот би бил 20-30% поекономичен... но сепак и тоа како економично средство за греење во споредба со другите (дури и од пелетите)! Дури и во услови на вака “мека“ зима би ја користел 90% од целата грејна сезона. Оваа зима (со исклучок на два дена) комотно можеше да се помине со Он-Оф!
Да не бидам погрешно сватен.... сепак инвертер технологијата има многу предности и е иднината во термалните пумпи воздух/воздух... а ОнОф полека одат во историја!
 
Последна промена:

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола

оваа 18ка има добра цена во моментот

GREE LOMO GWH18QD-K3DNB4G по супер цена од 41.990 ден.
Pdizajn на греење 5300вати

споредено со виваксот
VIVAX ACP-18CH50AERI по супер цена од 38.990 ден.
со Рdizajn на греење 4200вати

споредбата е по енергетски налепници или по каталог
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Буџетот му е 24.000
Да има 42.000 сигурно не би ја зел шугавата Gree (пошто има безобразна цена)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
клима за простор од 37-38
Буџет отприлика 22-23000
...
имам ПВЦ дограма со обична фасада без стиропор и абрип и се работи за куќа
Добронамерен совет: Потсобери пари и растегни буџет за уште 20 илјади, па наместо 3.5кв земи си модел од 5.5кв. Потоа после следната зима врати се овде и кажи ни фала што те спасивме од 5-пати поголемите сметки што ги плаќаш со пелетите, иако си се греел 24/4 наместо само повремено. :)

Инаку за конкретни модели, ете тој погоре предложениот Gree Lomo e ОДЛИЧНА понуда за тие пари. Дури и тој предложениот Вивакс не е лош, ако не ти пречи да земеш послаба клима за слични пари. Но што и да земеш од двете, ќе не благословуваш после следната грејна сезона (и ќе се нервираш што џабе си купил пелети за сезоната).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
За 22-23 има и после ќе слушаме „КАКО СЕ ГРЕЕТЕ НА КЛИМИ“ „ТОА НЕ ГРЕЕ“. И слични смешки.

Најефтина клима што ќе му заврши колку толку работа е 18ka AERI. А реално му треба 60к буџет најмалку, ако сакаш да купиш грејно тело соодветно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Ако може да вложи 60 илјади, нема да се заебе. Ама ако не може... Барем до 40-тина илјади да стигне и пак ќе заврши работа со 5.5к климите предложени погоре. Плус мислам дека има јаки шанси да му дадат попуст, пошто е офсезона, ако знае барем малку да се ценка. :)
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Три месеци поседувам Haier Tundra 3.5-ка, ако ви се верува синоќа прв пат видов што е дефрост! Не беше многу студено (зимава иако беше потопла од просекот, сепак имаше и поладни денови нели!?)... но вчера беше многу влажно имавме снежни врнежи добар дел од денот.... Ја приметив надворешната од попладне некаде како задниот замрзнува (саќето како да кажам од долниот дел нагоре - некаде до половина во мраз) како никогаш досега!... а ја гледам надворешната секој ден барем 3-4 пати (на приземје сум, блиску до балконската е...па често некогаш истата ја користам како влезна и сакам-нејќам ќе удрам у неа!)... Значи вечерта на надворешна т* од околу нула (или мал минус беше!?), прекина со работа внатрешната (кратко некој чуден звук и мируваше), надворешната си работеше, ми се чини посилно од вообичаено, а мразот почна да се топи и да се рони дури ... толку траеше околу 5-6 минути. Ја видов потоа надворешната “стакло“ чиста!...внатрешната ми се чини поврело првото дување по дефростот од вообичаеното (иако реков предходно мерено развива до 52*С)... и натаму сѐ вообичаено во рутина како и минатите три месеци! Ваљда е сето тоа нормално!? Не издржа уште еден ден да ја помине сезоната без дефрост! :) Да потсетам во неизолиран простор, со стара столарија на приземје 20 квадрати.. нон-стоп уклучена! Преку ноќ и кога сум отсутен на 21-22, дење на 23-24.... сметките за струја ги постирав предходно.... апдејт последната 11,02 до 13,03... 1650,- (вон грејна сметките 900-1100)... Се надевам вака ќе ме служи барем во гарантниот рок (5 г)... потоа што биде нека биде! Не ми е жал што земав Тундра, која ме чинеше толку колку чинат денес AESI 3,5 Vivax или GREE Lomo 3.5 ECO 22К... LCLH е можеби подобар уред но чини 31К. Сега е можеби со попуст бидејки отворива нов салон!
BTW кога ги спомнав GREE, интересно е темата слична на оваа (економично греење), на “жолтиот форум„ која е една од најпосетените има 2,5мил прегледи, скоро 18,000 мислења (постови) ... ја затворива ПОРАДИ.... ПОРАДИ НИШТО! Никакви навреди, никакви закани, никаква верска или расна нетолеранција... ЕДНОСТАВНО САМО ЗАТОА ШТО ТАКА ИМ СЕ ПРИСАКА! А не!... уствари поради БАНЕРЧЕТО НА GREE (платена реклама) кое го краси жутилото! Па сега таму владее едноумие... нема друго мислење освен она на GREE!.... Сметам дека овде админите (или како се нарекуваат) се објективни, толерантни, отворени за секого.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Со снегов навечер влажноста надвор идеше до 100%, и јас приметив повеќе дефрости на двете клими. Би било фино да ставиш некои резултати од потрошувачката на Тундрата, ако имаш мерачи (има линк во првиот пост). Малку корисници сте со Хајер клими, посебно во куќи. Треба повеќе искуства за да се стекне консенсуз.

Инаку таму на тој другиот форум не сум ја посетил дискусијата откако зимава ја купив 4-тата клима (па да ѕирнам што има ново), многу напорно за читање со сите пациенти кои таму хараа. Всушност таму на таа тема никогаш и немало модерирање (минус неколку ситуации кога морале), слично како што им е и во сите други посетени дискусии таму. Дисфункционални се целосно, и очигледно не им се замара со водење нормален форум. Во тоа барај ја причината, не во спонзорството на Gree. Разликата меѓу таму и ваму е што овде нема да дозволат платени тролови да пишуваат милион постови од по два реда, со 0% аргументи и со 100% навреди.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Три месеци поседувам Haier Tundra 3.5-ка, ако ви се верува синоќа прв пат видов што е дефрост! Не беше многу студено (зимава иако беше потопла од просекот, сепак имаше и поладни денови нели!?)... но вчера беше многу влажно имавме снежни врнежи добар дел од денот.... Ја приметив надворешната од попладне некаде како задниот замрзнува (саќето како да кажам од долниот дел нагоре - некаде до половина во мраз) како никогаш досега!... а ја гледам надворешната секој ден барем 3-4 пати (на приземје сум, блиску до балконската е...па често некогаш истата ја користам како влезна и сакам-нејќам ќе удрам у неа!)... Значи вечерта на надворешна т* од околу нула (или мал минус беше!?), прекина со работа внатрешната (кратко некој чуден звук и мируваше), надворешната си работеше, ми се чини посилно од вообичаено, а мразот почна да се топи и да се рони дури ... толку траеше околу 5-6 минути. Ја видов потоа надворешната “стакло“ чиста!...внатрешната ми се чини поврело првото дување по дефростот од вообичаеното (иако реков предходно мерено развива до 52*С)... и натаму сѐ вообичаено во рутина како и минатите три месеци! Ваљда е сето тоа нормално!? Не издржа уште еден ден да ја помине сезоната без дефрост! :) Да потсетам во неизолиран простор, со стара столарија на приземје 20 квадрати.. нон-стоп уклучена! Преку ноќ и кога сум отсутен на 21-22, дење на 23-24.... сметките за струја ги постирав предходно.... апдејт последната 11,02 до 13,03... 1650,- (вон грејна сметките 900-1100)... Се надевам вака ќе ме служи барем во гарантниот рок (5 г)... потоа што биде нека биде! Не ми е жал што земав Тундра, која ме чинеше толку колку чинат денес AESI 3,5 Vivax или GREE Lomo 3.5 ECO 22К... LCLH е можеби подобар уред но чини 31К. Сега е можеби со попуст бидејки отворива нов салон!
BTW кога ги спомнав GREE, интересно е темата слична на оваа (економично греење), на “жолтиот форум„ која е една од најпосетените има 2,5мил прегледи, скоро 18,000 мислења (постови) ... ја затворива ПОРАДИ.... ПОРАДИ НИШТО! Никакви навреди, никакви закани, никаква верска или расна нетолеранција... ЕДНОСТАВНО САМО ЗАТОА ШТО ТАКА ИМ СЕ ПРИСАКА! А не!... уствари поради БАНЕРЧЕТО НА GREE (платена реклама) кое го краси жутилото! Па сега таму владее едноумие... нема друго мислење освен она на GREE!.... Сметам дека овде админите (или како се нарекуваат) се објективни, толерантни, отворени за секого.
Кога ќе имаш повеќе време подобјасни ни на подолго се за климата зошто имаме малку информации, а битни се.

Потрошњи низ времето, дали си задоволен, како е потрошња во однос на други грејни тела, дали има потреба да штедиш, дали грее доволно, дали е топло дома, дали дува ладно при дефрост, и општо како се однесува климата еве низ месециве.

Помина веќе зимата. Ако имаш информации за потрошњите имаш нели и друга тема за потрошњи, ама пошто немаш мерач со сметките колку толку ќе се долови.

Како и да е баш ми е мило што ете уште едно позитивно искуство со греење на клима.
 
За климава Haier Tundra 3,5 напишав понешто во неколку наврати на форумов, еве уште нешто со ризик да бидам досаден. :)
прво ф-рите за струја ги наведов малку погоре на истава страна (како сум плаќал за најладните зимски месеци те периодите од 15 Дек - 15 Јан и од 15 Јан до 15 Февруари за 5-6 години (колку изнесувале греено со конвекторен панел, а колку сега со климава) малку погоре е постот!...
Ете и последната фра за период 11 Февр - 14Март, реков во износ 1,650,- Денари. Можеби не опишав добро предходно, па Локван ме свати дека сум во куќа (но сепак во зграда)... да слабо изолиран простор, стара столарија (две страни граничам со станови, но што ако, празни станови се!) ... на приземје сум (под мене се подземни подруми) и прилично ладен е подот! Ориентација југ југозапад (и незнам што би рекол друго околу тоа)... Загревам 16м+6=22м2 но сепак мора да бидам искрен кога е поладно (кога се поголеми минусни т*) преку ноќ затоплувам само 16м2 (ете ако тоа може да се нарече штедење) Самец ...ете износите на ф-рите можеш да ги видиш, но за жал немам мерач (ватметар ли се вика!?) за да видам и објавам прецизно колку троши само климата... за мене се доволни сметките, кои споредено со неколку години порано кога греев со панел конвектор Thermor, сега се драстично помали...се разбира апстрахирајки ја минатата зима кога беа измерени најниските температури во СК како рекоа во последните 30 год ...без да ја земам репер таа зима, сепак сега се доста помали ф-рите за струја!.... За штедење не штедам премногу, како реков вклучена е од кога ја монтираа на 15-16 Дек и до ден денес, си работи нон-стоп, да повторам преку ден ја држам на 23 (кога надвор е потопло над +5) или на 24 кога е поладно, а ноќе на 22*С.... исто на 22 е кога излегувам од дома преку ден на саат два три...! (Но воглавно сум дома).... Е да, застана сосема со работа, кога надворешните температури неколку дена се качива над 17-18*С! И како паѓаше температурата, те како се ладеше собата, климата нормално се вклучи!... Не се разбирам многу во клима инвертери.... но за режимот на работа би рекол дека 99% од времето ја користам на најслабиот издув (ретко на фан) - мала површина грее и доволно е на првата најслаба (мислам дека е 330м3/h!?), дали еднаш-двапати ја пуштив на втората (од вкупно 4 брзини)....инаку усмерувачот на воздух или како да го наречам жалузина...!? Кога дува топло се спушта надолу (и воздухот дува надолу - појако и топло) така зависно дали брка степен два (од зададеното) или повеќе дува некои 3-4 минути, потоа усмерувачот се подига на 90* а брзината приметно опаѓа како и издувот (ептен слаб) млак издув нагоре трае некои 7-8 мин... и така во циклуси (со помали отстапки) надолу топло, нагоре млако...така 3 и кусур месеци... И си велам вака тешко да издржи климево појке од 3 год. :).... Инаку на термометар (живин) на 4 метра од неа на висина од под 50цм дава степен два помалку (21-22) реков проблем ми е ладниот под, а веќе на 1метар висина и погоре термометарот ги покажува испорачаните (бараните) 24*Ц.... Не е нешто екста (иако мене ми изгледа... и за моите потреби од греење е ептен ОК) сметам дека за 22,000 на попуст од Сетек вреди и тоа како! Очекувано нема некој јак Eurovent, Pdesign само 2,8kW, COP 4, на -7 дава 2,4kW со COP 2,6 на -10 испорачува 2,1кW со 2.3 COP... и сходно на класата TOL само -10... но, (фала на совет Дени, си работеше таа и на оние минус два-тинаесет!) ... и како што реков вчера го приметив првиот дефрост сезонава (едино ако сум преспал уште некој) но пак ќе кажам вчера прв пат приметив околу пладне на плусни температури дека замрзна, половината од задниот дел на надворешната (прв пат за нешто повеќе три месеци иако имавме поладни денови)... одмрзнувањето траеше 5-6 минути (при што внатрешната воопшто не дуваше!), по кои 5-6 минути мразот на надворешната сосем го снема од и климата си продолжи во вообичаениот ритам да работи како и досега...
Тивка е, многу тивка е (мислев дека се погласни, а сум на галами осетлив)... сепак само 22dB има копче (за ноќна работа) Quiet... надворешната ми е 3м далеку, неа не ја ни слушам во соба...
Тоа би било, жал ми е што неможам да дадам комплетна и детална слика, но мојот впечаток е дека сум задоволен, многу задоволен! Она што јас го очекував (верувам и многумина) тивка е топли, економична....е сега колку ќе трае и не дали, туку колку ќе губи од употребната вредност...!? Кинески производ иако со Mitsubishi компресор, ама сега за сега си ја брка работата!
Маани (недостатоци) незнам што би напишал, освен што сега ставам почесто Operil капки :)....
кога брка температура од да речеме од 22 ја сетирам на 24 знае да крцка пластиката... усмерувачите десно-лево ептен тешко одат, и како со тесла да се правени. Пет пати поквалитетна пластика имам во On Of Vivax-от 2.5ka кој е постар од 10 год... тоа е.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
BTW кога ги спомнав GREE, интересно е темата слична на оваа (економично греење), на “жолтиот форум„ која е една од најпосетените има 2,5мил прегледи, скоро 18,000 мислења (постови) ... ја затворива ПОРАДИ.... ПОРАДИ НИШТО! Никакви навреди, никакви закани, никаква верска или расна нетолеранција... ЕДНОСТАВНО САМО ЗАТОА ШТО ТАКА ИМ СЕ ПРИСАКА! А не!... уствари поради БАНЕРЧЕТО НА GREE (платена реклама) кое го краси жутилото! Па сега таму владее едноумие... нема друго мислење освен она на GREE!.... Сметам дека овде админите (или како се нарекуваат) се објективни, толерантни, отворени за секого.

GSM.MK беше многу добар форум. Го уништија само неколку ликови со нивната агресивна пропаганда за ајфон, а најзаслужни се Крале и Оли-хауг. Крале продаваше ајфони а неколкумина негови пријатели добиваа попусти и тролаа за ајфон. Газдата на форумот добиваше гратис ајфони и не му беше гајле што се случува на форумот. Имаше супер ликови таму како psysyde кои многу допринесуваа за форумот, но еден по еден сите се откажаа, затоа што за секој добар пост на Psyside имаше по 20 кретенски на Крале и дружина. ГСМ.МК веќе не постои како форум и тоа е голема штета за нашата мала интернет комуна.

Кајгана е на потполно исиот пат да пропадне, само овојпат не е ајфон, туку од еден продавач - пијаница од продажниот центар на Грее Сторе со 5-6 дупли јусери. Беше фатен како користи повеќе профили од иста IP адреса, но не го банираа. Во помош на овој има 5-6 членови со грее клими кои за попуст од 5% му маваат лајкови и се однесуваат исто како него, ги вреѓаат сите останати членови, го уништуваат форумот и никогаш не добиваат бан. Газдата се продаде за еден банер и пола клима и ги банира сите кои се обидуваат да го разобличат продавачот-манипулант од Грее. Кајгана нема да тера уште долго. Скоро сите членови се банирани или заминаа самите бидејќи кајгана стана ненормално место за престој, таму остана уште Грее лобито да зборува само со себе и да си маваат лајкови еден на друг.

Зошто го кажувам ова? Крале и дружина и Грее и дружина уништија по еден форум. Лесно може да се случи истото и со овој форум за еден телефон или една клима или нешто трето?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв