Да Lokvan ми одговори дека тоа е 1ч и 43мин тие точките ме збунија што ги немаше... Иако не беше поставено до мене ќе ти одговорам пошто е истиот дизајн и кај мене, хоризонталното движење се подесува рачно на средината има пластичен држач и тој се поместува лево или десно каде сакаш да се наместат перките, значи се фиксираа и не се движат потоа како кај поскапите модели...Добро е што не дува ладно за време на дефрост, мојата Вивакс Аеци ме отепа со тоа за време на магла...сепак кинезите го средиле и тој проблем во овој модел...Веќе подолг период вентилаторот е наместен да дува во 2 брзина, а и во тој период на тестирање при премин од 25 на 23 степени вентиларот дуваше во 2 брзина. Да напоменам дека во првите 2 месеци климата работеше во 1 брзина на вентилаторот и зададени 25 степени.
П.С. Дали успеа да најдеш како се менува хоризонталната позиција на перките?
@ante1 Сликата каде што е прикажано вкупното време на работење на климата е во формат денови, часови : минути. Во моментот на сликање : се скриени (бидејќи трепкаат на секоја секунда), па крајниот резултат е дека климата работела вкупно 30 дена, 1h и 43 мин.
Во врска со дефростите, за овие 3-4 месеци климата мн ретко влегува во дефрости и тоа најчесто во утринските часови (мислам на оние долги дефрости од по 5-7 мин.). Овие дефрости мн ретко сум ги забележал кога сум во просторијата, само неколку пати и немам приметено да дува ладен воздух воопшто.
@Necromancer Мерачот го купив од Меркур.
Поздрав и долго да те служи