mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.058
- 5.992
Те молам кажи ми дали ти е врзано да постоечко парно? Дали е со фреон или со вода? Те молам за информација повеќе околу ова затоа што прашував пред 2 години некаде.Бидејќи падна муабет неколку пати за топлотна пумпа тука ама никој не се пофали колку што знам дека ја има еве ако сум прв да го скршам мразот.
Кај мене во куќа нова градба со пропратни изолации итн ставив топлотна пумпа GREE VERSATI II+ Значи пазете го оној + , наводно по странскиве сајтови форуми пишува дека тоа + мења работа прилично и нормално поскапи се моделите со него.
Со топлинсата пумпа греам санитарна вода и подно за првиот спрат од куќата и 3те купатила во истата Околу 80-90м2 површина.
На кат бр.2 ходниците и слично се греат со топлината од подното од 1виот спрат ( топлиот воздух оди нагоре ) бидејќи се внатрешни отворени скали кон горе и најбитно имам во дневната галерија што значи топлината од доле слободно си патува нагоре. Галеријата е околу 15м2 и истата нема потреба од дополнително греење и истата е причината зошто и ставив подно и зошто ми требаше топлинска пумпа. Останатите 3 соби ( 1 спална и 2 детски ) за греење користам мулти VRV исто на GREE со парапетни внатрешни единици. Multi VRV-то има уште 3 ватрешни единици и тоа уште една парапетна во трепезарија со кујна, една каналска клима во дневна у уште една високоѕидна единица во галерија во дневна. Овие вториве 3 единици ( трепезарија парапет, каналска и високоѕидна каналска ) за греење не ги користам бидејќи во тие простории повеќе од доволно е подното.
Да напоменам спецификации и модел од уредот се гледаат на сликите и во иднина ке придонесам за попрецизни импресии, сега за сега на кратко сум ептен задоволен, секогаш ми е топло и во горниот дел од галеријата каде што сите со галерија имаат мака дека е ептен жешко и не се дише кај мене е само 1 степен разлика на Т од долниот дел на дневата, и најбино сите што ме кудеа дека нема да се стоплам во дневната доле заради големата висина испадна дека со ваква изведба небитно која е надворешна Т јас сум дома по куси ракави и не сум приметил да ме студи.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Дали користиш радијатори? Дали користиш подно? Дали користиш бафер за акумулација на вода? Дали користиш плочкаст изменувач? Те молам за ориентациони цени за овие уреди и ориентациона монтажа на истите. Може и во ПП ако не се оформени конкретни цени. Те молам за малку подетални информации на оваа тема.