Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Бидејќи падна муабет неколку пати за топлотна пумпа тука ама никој не се пофали колку што знам дека ја има еве ако сум прв да го скршам мразот.
Кај мене во куќа нова градба со пропратни изолации итн ставив топлотна пумпа GREE VERSATI II+ Значи пазете го оној + , наводно по странскиве сајтови форуми пишува дека тоа + мења работа прилично и нормално поскапи се моделите со него.
Со топлинсата пумпа греам санитарна вода и подно за првиот спрат од куќата и 3те купатила во истата Околу 80-90м2 површина.
На кат бр.2 ходниците и слично се греат со топлината од подното од 1виот спрат ( топлиот воздух оди нагоре ) бидејќи се внатрешни отворени скали кон горе и најбитно имам во дневната галерија што значи топлината од доле слободно си патува нагоре. Галеријата е околу 15м2 и истата нема потреба од дополнително греење и истата е причината зошто и ставив подно и зошто ми требаше топлинска пумпа. Останатите 3 соби ( 1 спална и 2 детски ) за греење користам мулти VRV исто на GREE со парапетни внатрешни единици. Multi VRV-то има уште 3 ватрешни единици и тоа уште една парапетна во трепезарија со кујна, една каналска клима во дневна у уште една високоѕидна единица во галерија во дневна. Овие вториве 3 единици ( трепезарија парапет, каналска и високоѕидна каналска ) за греење не ги користам бидејќи во тие простории повеќе од доволно е подното.

Да напоменам спецификации и модел од уредот се гледаат на сликите и во иднина ке придонесам за попрецизни импресии, сега за сега на кратко сум ептен задоволен, секогаш ми е топло и во горниот дел од галеријата каде што сите со галерија имаат мака дека е ептен жешко и не се дише кај мене е само 1 степен разлика на Т од долниот дел на дневата, и најбино сите што ме кудеа дека нема да се стоплам во дневната доле заради големата висина испадна дека со ваква изведба небитно која е надворешна Т јас сум дома по куси ракави и не сум приметил да ме студи.



20180129_230355.jpg


20180129_230429.jpg


20180129_231532.jpg


20180129_230904.jpg


20180129_230919.jpg


20180129_230932.jpg


20180129_230554.jpg
Те молам кажи ми дали ти е врзано да постоечко парно? Дали е со фреон или со вода? Те молам за информација повеќе околу ова затоа што прашував пред 2 години некаде.

Дали користиш радијатори? Дали користиш подно? Дали користиш бафер за акумулација на вода? Дали користиш плочкаст изменувач? Те молам за ориентациони цени за овие уреди и ориентациона монтажа на истите. Може и во ПП ако не се оформени конкретни цени. Те молам за малку подетални информации на оваа тема.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@sumi ептен си ја утнал прогнозата. :)
Погледнете го атачментот 61853
Погледнете го атачментот 61854
Гри имаат попуст од денес до 15.02 (наводно) по повод Кинеска Нова Година. Пре би рекол дека зимава се погоди топла, а и кај да е завршува. Мислам и лани ова време имаа попусти. Секако на крај на зима и на крај на лето е најповолен период за купување клима. ;)

Како и да е, цениве се пристојно симнати.

.
@sumi, секоја чест за споделување на искуство со Версати+. Тоа е комплексно, но квалитетно решение. За жал ретки се лични искуствата од овој тип, така да продолжи со информирање.
И јас се изненадив ама сепак после 15ти пак очекувам цените да одат нагоре.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Те молам кажи ми дали ти е врзано да постоечко парно? Дали е со фреон или со вода? Те молам за информација повеќе околу ова затоа што прашував пред 2 години некаде.

Дали користиш радијатори? Дали користиш подно? Дали користиш бафер за акумулација на вода? Дали користиш плочкаст изменувач? Те молам за ориентациони цени за овие уреди и ориентациона монтажа на истите. Може и во ПП ако не се оформени конкретни цени. Те молам за малку подетални информации на оваа тема.
Ке соберам инфо и ке ти пишам.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
@sumi ептен си ја утнал прогнозата. :)
Погледнете го атачментот 61853
Погледнете го атачментот 61854
Гри имаат попуст од денес до 15.02 (наводно) по повод Кинеска Нова Година. Пре би рекол дека зимава се погоди топла, а и кај да е завршува. Мислам и лани ова време имаа попусти. Секако на крај на зима и на крај на лето е најповолен период за купување клима. ;)

Како и да е, цениве се пристојно симнати.

.
@sumi, секоја чест за споделување на искуство со Версати+. Тоа е комплексно, но квалитетно решение. За жал ретки се лични искуствата од овој тип, така да продолжи со информирање.
Цените на сите брендови климатизери би требало да паднат (ќе паѓаат и во околината, во Ср БГ Гр)... бидејки 90% се носат од Кина, каде што се тргува (купуваат) со Доларот, а тој депресираше во однос на Еврото, Јенот, Јуанот... и сега курсот е 1,24$ = 1 Eur! А знаеме Денарот е врзан со фиксен курс за Еврото, па логично е да поевтинат. Исто и во ИТ индустријата електроника... барем по некои економски закони и ек. категории.... БИ ТРЕБАЛО!? Или тоа или ќе се зголемат маржите на импортерите... трето нема! Ете некој спомна и Вивакс АЕРИ во Прилеп цената намалена и тоа доста... Флегма ми се чини.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Флегма ги земал со попуст, но можеби сега се намалени и Вивакс, oстанува да видиме. Како и да е, повеќе од солиден попуст. Со оваа цена на Ломо лцлх веднаш ја препорачувам на моите.
едит: Нарачано. :)
 

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Аууу какви неодоливи цени. Се мислам и една Ломо лцлх да земам сега, па ако замрзне, здравје :D
Ќе предложам јас на домашниот состанок утре, ако не помине, сама ќе ја купам :innocent::inlove:
 

Forall

read-only
10 мај 2017
13
16
Интересна Мидеа 24ка за тие што планираат не да се греат туку реално да згреат една поголема просторија или 2-3 помали поврзани од вкупно 40-60м2 зависи од изолацијата и прозорите...
Гледам кај нас цената е (била) дури и најповолна, односно во секој случај помала или слична со цената во соседството, како и цените на Хаиер и Митсубиши што се слични, за разлика од цените на Дајкин, Фуџитсу, Тошиби итн кои кај нас се поскапи од 20-50% односно имаат крајно нереална цена ! Од форуми од соседството лесно се дознава дека Daikin FTX50GV кошта кај нив само 750 ЕУР а кај нас е цели 64.000 ден ! Да не ги спомнувам тек Фуџитсата LFC, LTC...
Инаку вака од прва ако не 100% тогаш тука некаде личи дека оваа Midea е основата за Vivax Z Design (AEZI), но гледам една разлика ! Овој Вивакс за разлика од R design (AERI)НЕМА грејачи а Мидеава ИМА !
upload_2018-2-2_13-34-20.png

Примери на цени кај нас и во соседството ! Немам ценовник од Eko Еnergis (ако се тие главни за Мидеа, или има други, не знам)...Вака набрзина најдов по една цена кај нас во Bg и во Gr ! Кој има информации нека постира ...

upload_2018-2-2_13-38-1.png

upload_2018-2-2_13-38-15.png

upload_2018-2-2_13-38-23.png

Еве ги спецификациите !
https://www.midea.bg/en/midea-air-c...2fu-24hrfn1-fairwind-inverter-air-conditioner

upload_2018-2-2_13-38-51.png

И еве споредба со Виваксот кој е поевтин и кошта на рамно 46.490 ден !

upload_2018-2-2_13-39-35.png

Никаде не пишува дека има грејачи (за разлика од АЕРИ) иако сите други спецификации, тежини, димензии, моќност, м3 изгледаат исти со Мидеата...
Vivax Z design serija, 7,62kw, ACP-24CH70AEZI
 

caki

hello world
1 август 2010
481
152
Веќе околу 3 месеци користам VIVAX ACP-12CH35AERI за греење на една соба од 17 квадрати и висина на плафон не повисока од 2.2м. Станува збор за простор кој што е дел од куќа со два надворешни ѕида без никаква изолација. Да напоменам дека прозорите се обична дрвена столарија со двојни крила.

Првите два месеца додека се користеше климата немав мерач на електрична енергија и климата најчесто се користеше на 25 степени во прва брзина на вентилаторот, без вклучена iFeel функција, бидејќи забележав дека со iFeel функцијата климата работи идентично. Температурата во собата се одржуваше на пристојни 22 до 22,5 степени (мерени со дигитален термометар, поставен на висина од околу 1.5м оддалечен 3м од климата).

Конечно пред нова година купив мерач за потрошувачка на електрична енергија и тој е вклучен во употреба од 30.12.2017. Со мерачот забележав дека просечната потрушувачка на климата во прва брзина и 25 степени е околу 500-600w. Решив да ја променам брзината на вентиларот вклучувајќи го на 2 брзина од вкупно 3 и по само половина час температурата во собата беше повеќе од 24 степени. Потоа ја намалив температура на климата на 23 степени и климата започна да работи со помала потрошувачка од околу 350-500w, a притоа температурата во собата константо изнесува над 23 степени, освен во оној период кога надворешните температурите беа под -2 степени, па потребно беше само да се зголеми зададената температура на 24 степени.

Во почетокот перките на климата беа насочени да дуваат кон подот, бидејќи на темава повеќе пати сретнав дека така било најефикасно, но во мојот случај се покажа дека најефикасен начин на работа е кога перките се насочени кон плафонот во највисоката дозволена точка. Ова се должи најверојатно бидејќи плафонот во просторијата и не е претерано висок.

Климата се користи речиси постојана во текот на денот, освен оние денови кога надвор беше многу топло, па климата мораше да се гаси бидејќи во собата беше претопло. Навечер пред легнување климата се гаси и се вклучува за 3 часа, бидејќи додека да заспијам не сакам да има никакви шумови.

Потрошувачката за овие 33-34 дена е прикажана во продолжение. Да напоменам дека климата е купена и се користи во Велес, по цена идентична како цената што ја има наведено @FLEGMA

IMG_20180202_133437.jpg
IMG_20180202_134858.jpg
IMG_20180202_134918.jpg
IMG_20180202_134940.jpg
IMG_20180202_135012.jpg
IMG_20180202_143615.jpg

П.С. Во првите неколку дена, цената за струјата беше внесена без пресметан ддв, во вкупната сума може да има мала грешка од 50ина денари.

П.П.С. Дали сметате дека потрпшувачката е ОК имајќи во предвид дека просторијата е без ПВЦ столарија и без изолација и дали потрошувачката драстично би се намалила доколку се променат прозорите и се стави изолација?
 

Forall

read-only
10 мај 2017
13
16
Што те чуди разликата во цена, Виваксот не го продава Хидросет.
Не ме чуди разликата во цена ! Ме интересира дали овој Vivax Z e оваа Мидеа само БЕЗ грејачи ! И ако е така, зошто побогу му ги тргале грејачите кога веќе моделот по дифолт си ги имал !? За малку пониска цена да постигнат ?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Па имаш такви случаи, ете го Ломо лцлх е 2к поскап од Ломо регулар. Ама некој ќе се залета да „заштеди“ 2к денари (на грејачи). Така има и такви кои и Мидеата ќе ја игнорираат, иако во Виваксот исто има Мидеа само без грејачи (кои вредат за сите пари).

Тоа за разликата во цена мислев дека ме чуди како Хидросет не ставиле поголема цена на таа Мидеа. Со нивните маржи...

Одамна сум кажал, некој со сенс за бизнис (не Хидросет) да почне да ги носи Мидеите ќе направи бум овде. Настрана муабет за разлики во квалитет, ама во цена ќе ги јадат и Вивакс и Гри. За Фуџитсу да не почнувам да зборам... Хидросет као имаат статус на екслузивен увозник, или навистина никој друг не се сетил да увезува Фуџитсу?
 

ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Веќе околу 3 месеци користам VIVAX ACP-12CH35AERI за греење на една соба од 17 квадрати и висина на плафон не повисока од 2.2м. Станува збор за простор кој што е дел од куќа со два надворешни ѕида без никаква изолација. Да напоменам дека прозорите се обична дрвена столарија со двојни крила.

Првите два месеца додека се користеше климата немав мерач на електрична енергија и климата најчесто се користеше на 25 степени во прва брзина на вентилаторот, без вклучена iFeel функција, бидејќи забележав дека со iFeel функцијата климата работи идентично. Температурата во собата се одржуваше на пристојни 22 до 22,5 степени (мерени со дигитален термометар, поставен на висина од околу 1.5м оддалечен 3м од климата).

Конечно пред нова година купив мерач за потрошувачка на електрична енергија и тој е вклучен во употреба од 30.12.2017. Со мерачот забележав дека просечната потрушувачка на климата во прва брзина и 25 степени е околу 500-600w. Решив да ја променам брзината на вентиларот вклучувајќи го на 2 брзина од вкупно 3 и по само половина час температурата во собата беше повеќе од 24 степени. Потоа ја намалив температура на климата на 23 степени и климата започна да работи со помала потрошувачка од околу 350-500w, a притоа температурата во собата константо изнесува над 23 степени, освен во оној период кога надворешните температурите беа под -2 степени, па потребно беше само да се зголеми зададената температура на 24 степени.

Во почетокот перките на климата беа насочени да дуваат кон подот, бидејќи на темава повеќе пати сретнав дека така било најефикасно, но во мојот случај се покажа дека најефикасен начин на работа е кога перките се насочени кон плафонот во највисоката дозволена точка. Ова се должи најверојатно бидејќи плафонот во просторијата и не е претерано висок.

Климата се користи речиси постојана во текот на денот, освен оние денови кога надвор беше многу топло, па климата мораше да се гаси бидејќи во собата беше претопло. Навечер пред легнување климата се гаси и се вклучува за 3 часа, бидејќи додека да заспијам не сакам да има никакви шумови.

Потрошувачката за овие 33-34 дена е прикажана во продолжение. Да напоменам дека климата е купена и се користи во Велес, по цена идентична како цената што ја има наведено @FLEGMA

Погледнете го атачментот 61883
Погледнете го атачментот 61884
Погледнете го атачментот 61885
Погледнете го атачментот 61886
Погледнете го атачментот 61887
Погледнете го атачментот 61888

П.С. Во првите неколку дена, цената за струјата беше внесена без пресметан ддв, во вкупната сума може да има мала грешка од 50ина денари.

П.П.С. Дали сметате дека потрпшувачката е ОК имајќи во предвид дека просторијата е без ПВЦ столарија и без изолација и дали потрошувачката драстично би се намалила доколку се променат прозорите и се стави изолација?
Ајде да се обидам да ги искоментирам бројките т.е. потрошувачката на таа клима..На првата слика вика 30 дена и под него има 143(најверојатно сати корегирак ако не е точно)..Потоа следува слика со потршувачка тотал од 275квч...Ако се пресмета за 30дена тоа е 275:30=9.16кв дневно или 9.16:24=0.38кв или 380вати на час..Е сега ако се 143ч вкупна работа на климата тоа е 275:143=1.92кв/ч што е огромна разлика и испаѓа дека климата активно работела 143ч т.е. нецели 6дена..Ова ти треба да го искоментираш,што е тоа 143? Според мене потрошувачка од 275кв за 30дена е пристојна, но ти имаш мал простор и мал волумен не сум експерт и неможам да коментирам...Јас имам дупла потрошувачка за 30дена но и дупли простор...Мене ме интересира бидејки јас има модел 12аеци кој излегуваше претходно пред да се појави аери, и на изглед е буквално ист како твојата клима,по спецификации е скоро ист и на мислење сум дека тоа е истиот модел со аери(не мислам дека кинезот би направил подобра клима а за поевтини пари,а да е иста на изглед)..Мојата клима Аеци се однесуваше доста негативно за време на магла и правеше дефрости на секои 35-40мин и притоа дуваше ладен воздух скоро 1мин пред да ги крене крилцата и го прекине тоа ладно дување...Дали се однесува слично кај тебе при дефрост и како се однесува за време на магла..Не сум ја мерел потрошивачката на мојот Вивакс за подолг период бидејки немав мерач имав неколку денови позајмен мерач и ја немав видено да падни потрошувачка под 400вати, сега мерачот ми е поставен на другата клима и не го мерам Виваксот..
Поздрав
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
под него има 143(најверојатно сати корегирак ако не е точно)....Е сега ако се 143ч вкупна работа на климата тоа е 275:143=1.92кв/ч што е огромна разлика и испаѓа дека климата активно работела 143ч т.е. нецели 6дена..
Анте, тоа треба да се саати и минути од актуелниот ден. 30 денови и 1:43 саати (изгледа не се гледаат : на фотографијата), горе се деновите долу саатите од актуелниот ден. Го имам истиот мерач.

Практично од тие 34 денови климата била вклучена во работа 30 дена, еден саат, 43 минути. Ја исклучувал неколку саати на заспивање, таман излегува.


@caki подоцна ќе направам споредба со мојата потрошувачка, чисто за да споредиме.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Конечно пред нова година купив мерач за потрошувачка на електрична енергија и тој е вклучен во употреба од 30.12.2017. Со мерачот забележав дека просечната потрушувачка на климата во прва брзина и 25 степени е околу 500-600w. Решив да ја променам брзината на вентиларот вклучувајќи го на 2 брзина од вкупно 3 и по само половина час температурата во собата беше повеќе од 24 степени. Потоа ја намалив температура на климата на 23 степени и климата започна да работи со помала потрошувачка од околу 350-500w, a притоа температурата во собата константо изнесува над 23 степени, освен во оној период кога надворешните температурите беа под -2 степени, па потребно беше само да се зголеми зададената температура на 24 степени.
Вентилаторот на колку ти беше наместен за време на тестирањето односно кога ја зголеми на 25 и потоа ја намали на 23? Односно како го работиш вентилаторот.
Сличен behavior приметив и јас но не можам да кажам ништо конкретно затоа што климите ги наместив денес и работат одлично...онака субјективно. Немам мерено ни температура во просторијата ни потрошувачка.
Едната клима има 6 метри цевка со висинска разлика од околу 3м. па ставија едно 10-15 грама фреон и нема никаков проблем.

Потрошувачката што ја имаш наведено е слична со потрошувачката кај мој другар кој упорно тврдеше дека потрошувачката му се движи помеѓу 300 и 400 вати.
Скептик бев :)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Посебна тема ни треба за тестирања на клими. Со слики со све..
Да гледаат и да учат овие од кајгана како треба да изгледа форум а не едните да ги пуштаат своите кучиња да лаат на другите.
 

Alekso1981

hello world
4 декември 2017
61
56
Jas odprilika bez merac presmetav klimava toshiba suzumi 16 deka trosi pola kw od smetka t.e od 1200 kw trosi 600 kw a gream 54 m2 18 h dnevno i 40 m2 navecer 8h t.e spalnata ja zatvaram i ukl.panel preku den 23 c navecer 21 c prosek 0.82kw na saat mnogu malku taman zgrean.
Bi bilo ubavo so merac tocno da vidam ama ne mi e nesto prioritet god mozebi dogodina cela sezona da se fati.
 

m_donakov

read-only
28 март 2017
10
1
Потрошувачката зависи од температурата. Кај инвертер климите најголема потрошувачка има кога има најголема разлика помеѓу температурата во просторијата и таа што сакаш да ја постигнеш. Тогаш компресорот работи со најголема брзина. Како што се доближува температурата на просторијата до таа што е наместена на климата компресорот ке ги намалува вртежите и ке троши помалку.
 

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Клима: Carrier Iplus Inverter 3.5kw
дополнително грејно тело тајфун 3kw кој севкупно работел макс 15 саати овој месец најчесто навечер.
Сметка за струја од 15.12-15.0.1 = 3514 денари.
12 дена имав уклучено пробно парно од БЕГ. Тогаш климата 95% од времето не работеше. Останатато време работи на 24-28ц. Становите под,над и до мене се греат. Изолација 10цм,прозори пвц.
Севкупно досега грејната сезона ме чини околу 4500 денари.
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Освен во Логинг што видов, на друго место се продаваат мерачиве за електрична енергија?

Инаку благодарам многу на забелешките од претходно @mdeni @FLEGMA @Lokvan @sumi и некој ако сум испуштил. Во однос на просторијата, бев и премерив, кадот од планот не е баш точен. Долга е 10тина метри и за пола метро потесна. Малтене се решив да одам со две клими, со тоа што една горе во ќошот на косиот дел што ќе дува кон прозорците и ќе циркулира, а другата десно од влезната врата како што е сега.

Skica_Kancelarija2.png

@Lokvan најдов некои грејни тела, еве ги недела дена вклучени и мислам дека некои 5-6 кW ќе биде доволно за тој простор.

Ја видов акцијава на Гри, поминав и до кај нив, и се мислам меѓу Lomo LCLH за 25к или да земам Хансол за 35к, со тоа што сезонава една ќе земам, за следната зима ќе планирам уште една. За слична цена ја мислам и AERI Vivax, така да ќе видам, нешто веројатно од тие две/три ќе биде.

@mdeni поминав до Енерго-Систем, го размислував Мицуто SF50, ама висока е понудата. Можеби ќе издејствував и некој попуст плус, ама па сопругата не била за давање толку кеш за клима во моментов. Инаку супер е моделот.
Конечно пред нова година купив мерач за потрошувачка на електрична енергија и тој е вклучен во употреба од 30.12.2017.
Од каде го купи мерачот друже?
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Ако си се решил за две многу е лесно. Не ставај две одма. Стави една и пробај. Па здравје боже ќе ставиш втора.

А веројатно нема да ставиш, бидејќи ќе е доволно и едната. :)

А јас би одел на FH35VE како главен хиперинвертор во станот за да пумпа топлина со висок COP. И од другата страна некоја најефтина ко аери12 или ломо12 здравје боже ако треба некогаш ќе ставиш. Ама во 90% од времето само хиперинверторот ќе си брка работа за ичпари.


П.С. информација за јануари. Во едниот стан просек беше 605W/h, ама таму се готви, се пуши, се отвара почесто. Бројкава е бајаги климава.

А во другиот стан е 665w/h ама е 100% точна бројка за комплетно греење на станот. Не се готви или многу малку. Не се пуши. Се луфтира по малку секој ден. Нема ниедно друго грејно тело. ПВЦ прозори, изолиран кров, изолирана плоча од доле со паркет. Баш комплетно го покрива станот климата. Сетирани температури автоматски да се регулираат на неделниот тајмер за јануари беше:
05ч - 31ц
07ч - 24ц
14ч - 29ц
16ч - 26ц
Вентилатор на претпоследна дувалка, насочен на претпоследното надоле да дува.

Значи ова е буквално реален тест за климата и просторот. Сама да грее цел стан. Секако ако станот е без многу врати и ходници. 80м2 бања внатре 25Ц стои на термометарот во дневната. Спалните се нешто поладни околу 22ц, и таман за спиење.

Мене ми се бендисува цената и загревањето. Климата потрошила околу 2900 денари за цел месец греење во јануари. Нешто што не е ни приближно возможно да го направи било кое друго грејно тело.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Дали сметате дека потрпшувачката е ОК имајќи во предвид дека просторијата е без ПВЦ столарија и без изолација и дали потрошувачката драстично би се намалила доколку се променат прозорите и се стави изолација?
Друже, еве ако сакаш да споредиш.
smetki1.1.png

Kако за споредба, кај мене од 23ти Декември до 27ми Јануари, потрошени се 671 киловат часови. Тоа е за површина од ~70тина квадратни метри. Висина на плафонoт e нешто над 2.5 метри, на еден мал дел е пониско па секако ќе заокружам на 2.5м.
Кај мене зададена температура е во просек 24с, со дигање на 28 во 2 саати пладневен период на евтина тарифа и првиот саат после 10 навечер. Кај тебе нешто слично беше, ако убаво прочитав.

Треба да пресметаме потрошувачка според волуменот на воздух кој се грее. Површината е една димензија, висината на просториите е втората димензија која ќе ја користиме за да пресметуваме.


Кај мене се грее површина од 70м2 со висина 2.5м дава волумен од 175 кубни метри воздух. Јас сум потрошил 671 киловат часови, значи во просек 3.83 киловат часови на кубен метар воздух, за 34 денови.

Кај тебе се грее 17м2 со висина 2.2м значи кај тебе има 37.4 кубни метри воздух. Ти си потрошил 279.8 киловат часови, значи во просек 7.48 киловат часови на кубен метар воздух, за 33-34 денови.


По кубен метар воздух, 3.83 наспрема 7.48 кв/ч кај тебе, тоа е скоро дупло поголема потрошувачка кај тебе.
Инаку јас барем двапати на ден правам долго луфтирање. Обично наутро, и некаде после 2 часот, освен кога надвор смрди (во тие периоди од 10 до 14 некако е најчист воздухот надвор).


Значи во однос на твоето прашање дали би добил заштеда со изолација и столарија - секако дека би добил. Но од друга страна пошто грееш само 17м2, инвестиција на правење на термо фасада на целиот објект (куќа претпоставувам) е некоја солидно голема сума пари која тешко ќе се врати преку заштеди во сметката за греење на само 17м2. Но затоа би добил повисоки температури и во другите простории кои не ги грееш. Треба убаво да размислиш, посебно ако во иднина ќе ти треба да ги грееш и другите простории, тогаш инвестиција во фасада (изолација) е секогаш добра одлука.

едит: поправена мала грешка во пресметките
 
Последна промена:

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Треба да пресметаме потрошувачка според волуменот на воздух кој се грее. Површината е една димензија, висината на просториите е втората димензија која ќе ја користиме за да пресметуваме.


Кај мене се грее површина од 70м2 со висина 2.5м дава волумен од 175 кубни метри воздух. Јас сум потрошил 671 киловат часови, значи во просек 3.83 киловат часови на кубен метар воздух, за 34 денови.

Кај тебе се грее 17м2 со висина 2.2м значи кај тебе има 37.4 кубни метри воздух. Ти си потрошил 279.8 киловат часови, значи во просек 7.48 киловат часови на кубен метар воздух, за 33-34 денови.

По кубен метар воздух, 3.83 наспрема 7.48 кв/ч кај тебе, тоа е скоро дупло поголема потрошувачка кај тебе.

Не се согласувам со ориентационата математика што ја правиш. Најбитен фактор за загуба на топлина е површината на ѕидови + под + таван, а не волумен на простор, затоа што целата загуба на топлина ја прават ѕидовите.

Ако ти имаш простор од 70m2, да претпоставиме должина на ѕидови 10*7м, тогаш целата површина на ѕидови, таван и под ти е 225м2 т.е. (10+10+7+7)*2.5+70+70. А загубата е 3kW/h по метар квадратен површина (671kWh / 225m2).

Kaj @caki да претпоставиме дека просторот е 5*3.5, што значи дека има површина на ѕидови 71m2 т.е. (5+5+3.5+3.5)*2.2+17+17 и загуба на топлина 4kW/h по метар квадратен (280kWh / 71m2).

Заклучокот е дека @caki има 30%, а не 100% поголеми загуби од тебе.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Јас не „претпоставувам“. Јас пресметав. :)
Го пресметав токму тоа што и го напишав: колку јас и Цаки сме потрошиле за загревање по метар кубен, за еден месец (и некој ден).

Цаки потрошил скоро дупло повеќе електрична енергија од мене, по единица мерка кубен метар. Тоа се фактите.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Не се согласувам со ориентационата математика што ја правиш. Најбитен фактор за загуба на топлина е површината на ѕидови + под + таван, а не волумен на простор, затоа што целата загуба на топлина ја прават ѕидовите.

Ако ти имаш простор од 70m2, да претпоставиме должина на ѕидови 10*7м, тогаш целата површина на ѕидови, таван и под ти е 225м2 т.е. (10+10+7+7)*2.5+70+70. А загубата е 3kW/h по метар квадратен површина (671kWh / 225m2).

Kaj @caki да претпоставиме дека просторот е 5*3.5, што значи дека има површина на ѕидови 71m2 т.е. (5+5+3.5+3.5)*2.2+17+17 и загуба на топлина 4kW/h по метар квадратен (280kWh / 71m2).

Заклучокот е дека @caki има 30%, а не 100% поголеми загуби од тебе.
Точно така. Волуменот нема врска со греење туку топлотните загуби на просторот.

Има 70кв стан со 200кубика со 3kw загуби на 0 степени.

Има и 30кв стан со 80кубика со 4kw загуби на 0 степени.

Се што е важно е загубата.
 

caki

hello world
1 август 2010
481
152
Вентилаторот на колку ти беше наместен за време на тестирањето односно кога ја зголеми на 25 и потоа ја намали на 23? Односно како го работиш вентилаторот.
Сличен behavior приметив и јас но не можам да кажам ништо конкретно затоа што климите ги наместив денес и работат одлично...онака субјективно. Немам мерено ни температура во просторијата ни потрошувачка.
Едната клима има 6 метри цевка со висинска разлика од околу 3м. па ставија едно 10-15 грама фреон и нема никаков проблем.

Потрошувачката што ја имаш наведено е слична со потрошувачката кај мој другар кој упорно тврдеше дека потрошувачката му се движи помеѓу 300 и 400 вати.
Скептик бев :)

Веќе подолг период вентилаторот е наместен да дува во 2 брзина, а и во тој период на тестирање при премин од 25 на 23 степени вентиларот дуваше во 2 брзина. Да напоменам дека во првите 2 месеци климата работеше во 1 брзина на вентилаторот и зададени 25 степени.

П.С. Дали успеа да најдеш како се менува хоризонталната позиција на перките?

@ante1 Сликата каде што е прикажано вкупното време на работење на климата е во формат денови, часови : минути. Во моментот на сликање : се скриени (бидејќи трепкаат на секоја секунда), па крајниот резултат е дека климата работела вкупно 30 дена, 1h и 43 мин.

Во врска со дефростите, за овие 3-4 месеци климата мн ретко влегува во дефрости и тоа најчесто во утринските часови (мислам на оние долги дефрости од по 5-7 мин.). Овие дефрости мн ретко сум ги забележал кога сум во просторијата, само неколку пати и немам приметено да дува ладен воздух воопшто.

@Necromancer Мерачот го купив од Меркур.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв