Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11

Joo80

read-only
25 октомври 2017
1
0
Здраво, ве молам за мислење, за простор од 40м2, дневна со трпезарија и кујна, куќа, висина 2,5м, ориентација североисток, полупоткровје, изолација 5см, пвц прозорци (3 - 1,8х1,8м и лога 2,2х1.8м) одоздола се грее, одозгора плоча и солидно изолиран кров да се земе Amber Nordic gwh12yd или Amber Nordic gwh18ye? Имам моментално Toshiba ras13pkvp и истата не го задоволува просторот при температури под -5 степени.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Да си ставиш една 2.5-3.5кв мала клима од другата страна на станот од постоечката клима. Пожелно парапетна, а може и ѕидна ако нема место.
Кога ќе работат двете ќе има подобра дистрибуција на топлина, ќе се поефикасни зошто се две, ќе имаш бекап во случај на дефект, ретко ќе има дефрост... итн.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Здраво, нов сум на форумот ме интересира мислење за клима инвертер која ќе се користи исклучиво за греење во случај кога температурата е до -7, површината која би ја загревал е 25м2 со можност до 35м2 станува збор за куќа без ПВЦ и без изолација.
Се мислам за msh fh35 ve само дали се исплаќа 57000 за до -7, втора варијанта е грее хансол 45000 или евентуално грее ломо за 31000 или предложете некоја ваша варијанта.
Мислам дека најдобро е да земеш Он-Оф Favorit или ST od 14.000 Денари!? Не е сериозен мојот одговор? Не е ни твоето прашање...Mitsubishi FH35 63карти за греење на 25квадрати до -7... или Фаворит или Ururu Sarara нема трето! Не е сериозно ниту оправдано ФХ 35 за греење до -7!
 

Ragecage

read-only
10 ноември 2016
1
0
Здраво, ме интересира мислење помеѓу овие три инвертер клими :
1. BEKO BHIN 120 EU INVERTER - 27k
2. VIVAX 12ka AERI-28k
3. Gree LCLH 12ka - 31k
За греење на средно изолиран стан од јужна страна, со пвц прозорци, затворен од скоро трите страни. Големина на просторија ~31 m2
Фала однапред.
 

darkstep

read-only
26 октомври 2017
2
0
Здраво,
Ве молам за препорака за инвертeр клима уред за просторија од 25м2 со пвц прозори и добра изолација. Цена до 40,000ден.
 
Последна промена:

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ме немаже неколку дена еве ме и мене

Здраво, ве молам за мислење, за простор од 40м2, дневна со трпезарија и кујна, куќа, висина 2,5м, ориентација североисток, полупоткровје, изолација 5см, пвц прозорци (3 - 1,8х1,8м и лога 2,2х1.8м) одоздола се грее, одозгора плоча и солидно изолиран кров да се земе Amber Nordic gwh12yd или Amber Nordic gwh18ye? Имам моментално Toshiba ras13pkvp и истата не го задоволува просторот при температури под -5 степени.
Тошибата ме чуди како не го задоволува просторот под -5, ако е точен модел се работи за Super Daiseikai, дане нешто не е во ред со нејзе ? Ако е се ОК со нејзе и не го задоволува просторот и втора клима не е опција тогаш Амбер нордик 18ка за да бидеш сигурен да не испадне да купуваш трета клима.
Здраво, ме интересира мислење помеѓу овие три инвертер клими :
1. BEKO BHIN 120 EU INVERTER - 27k
2. VIVAX 12ka AERI-28k
3. Gree LCLH 12ka - 31k
За греење на средно изолиран стан од јужна страна, со пвц прозорци, затворен од скоро трите страни. Големина на просторија ~31 m2
Фала однапред.
Било која би била доволна, тука се сведува на личен избор, колку пари толку музика. Скокни го BEKO, не дека како марка е лоша туку најверојатно имаат вариации во квалитет, некој се задоволни некој не се, многу измешани искуства.

Здраво,
Ве молам за препорака за инвертeр клима уред за просторија од 25м2 со пвц прозори и добра изолација. Цена до 40,000ден.
Ново-стариот Hansol со Sayno компресор -20 што е HANSOL GWH12TB-S3DNA2D
 

zz1990

read-only
16 јули 2017
3
1
@sumi, @mdeni , дечки, ај ве молам ако може совет. Треба да загреам две спални од по 13м2 и една дневна од 21м2. Ова ќе ми биде единствено грејно тело, така да битно ми е и на најниските температури да ми е по 26-28 степени во домот. Иначе куќата има добра изолација.

Во план ми е во спалните да ставам инвертер 2.5kw, а во дневната инвертер 3.5kw. Може се малку предимензионирани, ама некако не ми се ризикува во дневната со 2.5kw поради тоа што ми е единствено грејно тело. Која е штетата од тоа? И ме интересира дали климата во спалната да ја гасам поради тоа што во неа ќе бидам 6-8 саати (на 19 степени) или и таму е поефикасно само да ја намалам до уште пониска температура? Нормално сите овие прашања ми се однесуваат на што помала сметка за струја.
 

zz1990

read-only
16 јули 2017
3
1
FTXZ25N Daikin Ururu Sarara за во спалната, и FTXZ35N Daikin Ururu Sarara за во дневната.

Е фала ти многу, клими од 2000 евра ми препорачуваш. И не беше толку барањето за совет за модел на клими, туку највеќе за начинот на ракување и јачината на климите, поточно за алтернативна солуција доколку не би работеле добро на таа квадратура.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Одлично ќе работат на таа квадратура. Особено ако се малку пониско монтирани. Кажи буџет ако сакаш поефтини клими.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
FTXZ25N Daikin Ururu Sarara за во спалната, и FTXZ35N Daikin Ururu Sarara за во дневната.
:D:D:D Шампион си Дени... да не треба да продава дел од куќа за да ги набави овие два уреда!? Во спална и Џеф Безос не верувам дека има Сарара!.... Не го кажа буџет те колку мисли да потроши тој што прашува... веројатно затоа таков одговор!?
(ах па закаснив јас вие сте си пишувале)
Мене па уште почудно ми е потреба од температура од 26-28*Ц!? Премногу е тоа, и нездраво! Ќе си ја упропастиш слузокожата во носот, грлото! Дури и за новороденче - бебе е многу 28!... Верувам дека е грешка нешто, бидејки и да ја добие таа температура, му треба уште една клима да му олади откако ќе ја постигне ;).... Мене летно време кога ми е толкава температура во соба (во најжешкото надвор) уклучувам клима!
 
Последна промена:

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@sumi, @mdeni , дечки, ај ве молам ако може совет. Треба да загреам две спални од по 13м2 и една дневна од 21м2. Ова ќе ми биде единствено грејно тело, така да битно ми е и на најниските температури да ми е по 26-28 степени во домот. Иначе куќата има добра изолација.

Во план ми е во спалните да ставам инвертер 2.5kw, а во дневната инвертер 3.5kw. Може се малку предимензионирани, ама некако не ми се ризикува во дневната со 2.5kw поради тоа што ми е единствено грејно тело. Која е штетата од тоа? И ме интересира дали климата во спалната да ја гасам поради тоа што во неа ќе бидам 6-8 саати (на 19 степени) или и таму е поефикасно само да ја намалам до уште пониска температура? Нормално сите овие прашања ми се однесуваат на што помала сметка за струја.
26-28 степени е многу за зимно време на греење, инаку тоа е решението 2 х 2.5kW и 1 х 3.5kW.
Решение може и мулти сплит да биде 7мици во спаните 12ка во дневната. Види парапетни ако можеш да наместиш ако не и високоѕидна ке биде ОК.
Климата најдобро е да не ја гасеш нека работи по цел ден а и да не си дома 2-3 дена не ја гаси намести ја 16-19 степени да одржува температура, ем ке ти биде топло ем ке заштедеш на ел.енергија.
 

zz1990

read-only
16 јули 2017
3
1
Одлично ќе работат на таа квадратура. Особено ако се малку пониско монтирани. Кажи буџет ако сакаш поефтини клими.

Најверојатно ќе биде нешто од Gree поради тоа што имам 20 посто попуст таму... Буџет, што знам, околу 90000 заедно со некоја греалица за во купатило.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
@sumi, @mdeni , дечки, ај ве молам ако може совет. Треба да загреам две спални од по 13м2 и една дневна од 21м2. Ова ќе ми биде единствено грејно тело, така да битно ми е и на најниските температури да ми е по 26-28 степени во домот. Иначе куќата има добра изолација.

Во план ми е во спалните да ставам инвертер 2.5kw, а во дневната инвертер 3.5kw. Може се малку предимензионирани, ама некако не ми се ризикува во дневната со 2.5kw поради тоа што ми е единствено грејно тело. Која е штетата од тоа? И ме интересира дали климата во спалната да ја гасам поради тоа што во неа ќе бидам 6-8 саати (на 19 степени) или и таму е поефикасно само да ја намалам до уште пониска температура? Нормално сите овие прашања ми се однесуваат на што помала сметка за струја.
Јас поинаку би го решил тоа, она што јас би направил (не кажувам дека тоа е најидеално, туку мене како би ми одговарало, према моите потреби)
Еден инвертер за дневната 3,5kW а за спалните од 12 квадрати (како велиш со добра изолација а верувам имаш ПВЦ прозори со т-пан стакло) јас не би ставал инвертери! Панелен конвектор и тоа како ќе си заврши работа! Спалната и сам велиш (а и појкето ја користат толку) 6-7 часа... за температурата која ја бараш (19*Ц) во толкава просторија ќе постигнеш со Thermor 1.5kw. На почеток само ќе дигне потрошувачка бидејки ќе работи но- стоп пола саат или саат и да достигне т до 20*С потоа и во најладното 50% вклучено 50% исклучено... имајќи во предвид дека ноќе е струјата евтина 3,2 Денари Кв (нема да потрошиш многу) онли до кај 5 Kw дневно на евтина (месечно трошок до кај 500 Ден во најладното)... клима да ставиш би била и поекономична, иако во најладите месеци (Дек Јан) би требало да биде вклчена и преку ден.... но ризикуваш, ако си осетлив на бука надворешната да не ти овозможи мирен сон, како и можност внатрешната да те дува (ако погрешно ја поставиш :) )... реков јас така би направил за спална те за 6-7 саати и потреба од 19*С.... не би ставал клима, трошок од најмалку +20,000!
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
@Antropos, теоретски е така, но во пракса не баш. Јас така греев како што предлагаш ти, дневната и кујната 24/7 на инвертер, спалните и купатилото по потреба со конвертор и електричен радијатор. Откако ставив уште еден инвертор што дува 24/7 да го покрива просторот со ходниците и спалните, ем ми се намали вкупната потрошувачка на струја, ем целиот стан ми е постојано стоплен.
Нема веќе „затворај врата“ викање по деца, нема тресење клинци кога треба да отидеш до спална/тоалет, ниту алиштата да ти се ладни кога треба да се пресоблечеш.
Интересно е што и првиот инвертор почна помалку да троши затоа што во дневната се намалија топлинските загуби кон останатите соби.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@Antropos, теоретски е така, но во пракса не баш. Јас така греев како што предлагаш ти, дневната и кујната 24/7 на инвертер, спалните и купатилото по потреба со конвертор и електричен радијатор. Откако ставив уште еден инвертор што дува 24/7 да го покрива просторот со ходниците и спалните, ем ми се намали вкупната потрошувачка на струја, ем целиот стан ми е постојано стоплен.
Нема веќе „затворај врата“ викање по деца, нема тресење клинци кога треба да отидеш до спална/тоалет, ниту алиштата да ти се ладни кога треба да се пресоблечеш.
Интересно е што и првиот инвертор почна помалку да троши затоа што во дневната се намалија топлинските загуби кон останатите соби.
Е тоа е тоа што ретко кој го сваќа.
Фала на споделеното искуство.
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Од 1ви Ноември регуларна цена на Hansol S3DNA1D со A2 panel (S3DNA2D) e 39.990ден...со WiFi вградено.

A2Hansol.jpg
Иде со Twin-Rotаry Sаnyo компресор.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв