nikolaslov
read-only
- 21 октомври 2017
- 4
- 0
купив грее хансол од 39990, меѓутоа изгледа во крива паланка нема монтер за грее, ме интересира дали може на овој модел да се монтираат две внатрешни единица постоечката и една парапетна.
Хансол не е Мултисплит единица, за да приклучиш 2 внатрешни ти треба мултисплит мотор кој има за секоја внатрешна влез за течна и гасна страна, или за 2 внатрешни вкупно 4. Хансолот има само 2 конекции за една течна и една гасна...т.е за една внатрешна. А внатрешната Хансол може да се искористи за Мултисплит систем....но сепак треба моторот-надворешната да е друга.купив грее хансол од 39990, меѓутоа изгледа во крива паланка нема монтер за грее, ме интересира дали може на овој модел да се монтираат две внатрешни единица постоечката и една парапетна.
хехе, не мораш по два пати исто прашање, имај трпение, сега ќе дојдат експертите и ќе ти дадат супер можен одговор.Дечкии, што би ми препорачале Gree Lomo Eco ili Haier Tundra од Сетек за греење на 35м2?
Имаш непогрешлив њух. Како ги намирисуваш, еве не знамхехе, не мораш по два пати исто прашање, имај трпение, сега ќе дојдат експертите и ќе ти дадат супер можен одговор.
btw добредојде
ping @FLEGMA
Поздрав4е![]()
Gree lomo eko za 35 m2 nema da ti zadovoli.Дечкии, што би ми препорачале Gree Lomo Eco ili Haier Tundra од Сетек за греење на 35м2?
Old school
решена си за овие две?па да мораш помалото зло?Дечкии, што би ми препорачале Gree Lomo Eco ili Haier Tundra од Сетек за греење на 35м2?
Или комшиите да дадат по иљадарка секој. да му го платат пола инвертерот, како не би се гушеле од неговиот оџак... се зезам! Државата би требало да ги субвенционира климите - топлотните пумпи, а не пелетите .... пример да ги ослободи од данок (еден период) или стави на мал како што е ИТ опремата! Или на секој што ќе пријави да му ја одземат печката на дрва и зациментираат оџакот и му дадат 30% субвенции од цената, а за останатите да речеме 15% (и тоа еден период од год-две или три) ... еве за овој модел на пр. што може да замени ќумба која грее 20-30 квадрати би можел да грее 30-40 квадрати поквалитетно и поевтино... (поевтино се разбира, само ако дрвата не се крадени, или ако стопанот не работи у некое градежно претпријатие па секој ден носи даски за шаловање стар паркет, OSB плоча, водоотпорна шпер за шалување полна со чементо... и со тоа не труе уште повеќе!..... Во случај на субвенции еден ваков лепотан со Sanyo компресор би чинел колку што сега чини Lomo LCLH да речеме .... незнам колку би ја коштало државата еден таков проект.... но едно е сигуро: дека доколку 50-60% од оние што се греат на цврсто, преминат на термални пумпи, тогаш и загадувањето би било барем 30-40% помало (комбинирано со некоја друга мерка во индустријата и сообраќајот и повеќе).... и секако би значело спас на добар дел од оние кои год умираат поради енормно загадување (1000 во СК ...1300 во цела МК).... мое мислење е тоа, еден период ослободување или од царина или од данок на топлотни пумпи од секој вид, до одредена вредност се разбира... само може да добиеме така, не и многу да загубиме.Хансолот со оваа цена може конечно да не спаси од загадувањето оваа зима.
Мислам дека секој кој се грее на нешто друго што не е клима задолжително треба да го купи. Ако ништо друго затруените му комшии треба насилно да го натераат да го купи.
Температуриве ти се ок кога надворешната е околу 10-15 целзиуса.Здраво на сите,
Имам вивакс аери која ќе биде единствен извор на топлина дома. Ме интересира за најмала потрошувачка како да се мести а секако и да бидеме стоплени. Моментално зашто не е многу ладно кога сме дома ја местиме на 22-23 степени и постигнува 24-25 степени, а преку ден кога нема никој ја ставаме на 18степени и одржува температура од 20. Дали е во ред ова?
Температуриве ти се ок кога надворешната е околу 10-15 целзиуса.
Кога надвор е под 10, мојата АЕРИ ја оставам на 25-27, ако падне до/под нула (имавме во Струмица втората половина сега во Октомври едно 2-3 дена) ја местам на 28 или ја оставам на iFeel на 25-26, а ако ми е пак ладно пуштам fan speed на максимум, оти мојата е во ходник (9 квадрати) над влезна врата и побавно стига до собите. 18ка АЕРИ
Ако е топол денот 10-15 целзиуса, ја вклучуваме кога ќе зајде сонцето и работи до кај 1-2АМ.
Ако утринската е под 10 ја вклучуваме накај 9 сабајле. Кога нема никој дома ја гасиме.
Лани со поларната зима од -20 до -25 немаше смисла да се мачи и моравме пак да ги активираме двете ЦЕР печки, за 2-3 месеци.
Ако имаш пвц столарија насекаде и добра изолација, нема да имаш никаков проблем и со твоите температури, мислам. (ако си во стан немаш мака)
За потрошувачката ич не му бери гајле, да ја оставаш 24/7 да грее на 26-28 степени, нема да платиш повеќе од 1200ден, 1500 преку сила. Просечно ми стига 1000че од климата (греење), така да фурај си ја како тебе ти одговара.
ПС. Избегавај да користиш Auto Mode, сервисерите така ми рекоа.
За така мала просторија му препорачуваш Хансол... Не мислиш дека за греење 16м2 е предименсиониран Hansol (-20 Sanyo компресор)... па дури и Lomo 35 LCLH? Во спецификациите за овие два модела пишува дека се наменети за 40м2 и се со издув 750 и 660м3/час... па толку, ќе те одува во 16 квадрати! Дури и со помала брзина да дува 3,5ка ми се чини би работела како ОнОф клима во 16 квадрати ....^ ^
@Dux
Имам скоро идентична квадратура и градба како твојата, со тоа што кога ќе отворам врата од собата, имам и 8.5 м. квадратни ходник, како и 4.5 м. квадратни купатило.
После информацијата од @kooks (неколку поста погоре) за намалување на цената на Hansol (-20C со Sanyo компресор), овој инвертер станува Best Buy во својата ценовна категорија. Планот ми е да ја купам, со тоа што би ги греел индиректно (со отворена врата) и ходникот и купатилото.
Ти би можел да поминеш и со послаба и помала клима како LOMO LCLH 3.5 или Vivax 3.5 AERI, дури и Haier Tundra би ти завршила работа. Прати му ПП на @sumi
Дали истото би важело и за Ломо LCLH? На еден англиски сајт прочитав за овој модел на ГРЕЕ “Ideal for use in any size room“ што искрено ме збуни! Не мислиш дека се предимензионирани овие два модела особено ЛОМО LCLH за 16м2 еве да речеме како што вели предходниот член и кога би се греел ходникот 6м2?.... И јас сум со таа дилема, но искрено ми е страв од предимензионираност на Ломо (Хансолот ми е вон буџет) да не работи како он-оф и да не дува ѕверски, знаеш у 16 квадрати на 660 па и на помалата брзина 550 каде и да си ќе те одува... А да купиш машина 3,5ка која би дувала како 2,5ка (под 500м3/х) која е поентата?! Постојат и 2,5ки!Ако се има буџет двоен компресор би требало да е подобро.
Особено што хансолот нема голем компресор и добро ќе се снаоѓа во нали соби. И издувот бајаги може да се намали и да не е 750.
Температурата на издув ќе е поголема и попријатна.
Со најголемо внимание прочитано му одговараш на членот Dux, кој прашува за само 16 квадрати (без да спомне ходник и WC) a после ти си ги надополнуваш своите потреби желби и можности (ако не се лажам и бџетот Dux го спомна од 500Евра, а Хансолот е 640)!.... Што се однесува за климичево за под мишка, тоа е димензионирано токму за 15-20-тина квадрати, а не за 30-40 инаку сите јапонци 2,5кв (освен топ моделот на Даикин 09ka Уруру) барем на на нашиов пазар се од 22-25кгр! Моделите на Mitsubishi, или оној топ модел на Fujitsu, што го немаме LUCA звер од клима 09ка која коja кошта 750-800Евра надворешната тежи само 24кгр... Кај Toshiba климите, дури и Mirai 13 (што би било пандан на 3,5ка) тежи исто 22 кила надворешната... Да не правиме споредби во тежина на една Волга која беше двапати потешка од Голф или Тојота, но сепак не беше подобро возило.@Antropos
Друже, ако го прочиташ постот уште еднаш (со малку повеќе внимание), планирам да греам 16 квадрати соба + 8.5 квадрати ходник + 4.5 квадрати купатило. Значи скоро 30 квадрати, куќа без изолација со стара дрвена столарија.
Хансолот (-20 Sanyo компресор), како и Ломо 35 LCLH според сервисното се наменети за простор од 16 - 24 квадрати. Тоа не треба да се разбира здраво за готово, многу фактори се во игра, пред се изолацијата на објектот.
Хансолот е најголемиот Бест Бај оваа година и мислам дека секој што планира да се грее на клима, треба да грабне еден примерок без многу мислење. Има одлична модулација, може да работи и на 120 вати (колку една класична сијалица), а знае да запне машки и во најтешки моменти. Швеѓаните го имаат тестирано и на -33, немам линк во моментов, но се надевам ќе улета некој од колегиве.
Како и да е, јас својот примерок си го платив, денес беше договорена монтажата, но ќе ја откажам поради временскиве услови, а и струјата (каблите) не ги завршив како што планирав...
Во секој случај, ќе пишам импресии, ќе пуштам и некое кадро.
За твојот предлог немам коментар. Можеби е добро климичето, но со надворешна единица од цели 21 Кг (може под мишка да ја носиш), и зими како минатата, јас не би се ослонил на неа...
WEB CAMERA ELGATO FACECAM 4K STUDIO USB TYPE C, Black, 10WAF9901
15.260,00 ден
MOUSE WIRED USB A4TECH Bloody Gaming W60 Max Stone, 10000 cpi, 1ms, RGB, Black
1.400,00 ден
CASE CORSAIR FRAME 4000D WOOD RS, White/Oak, CC-9011341-WW
9.850,00 ден
PSU 2200W SEASONIC PRIME PX-2200 ATX 3.1, 80 Plus PLATINUM FULL MODULAR, SRP-PPX222-A5A22ST
35.950,00 ден
KEYBOARD MECHANICAL KEYCHRON Q6 ULTRA 8K RGB FULL SIZE Metal body, HS Keychron Silk POM Brown Switch Multi-Device (2.4Ghz & BT), Black, w/knob,Q6U-M3
16.460,00 ден
MICROPHONE BOYA BY-M1 PRO II, 1x 3.5mm jack, 6m length, Black, BY-M1 Pro II
1.490,00 ден