Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

nikolaslov

read-only
21 октомври 2017
4
0
купив грее хансол од 39990, меѓутоа изгледа во крива паланка нема монтер за грее, ме интересира дали може на овој модел да се монтираат две внатрешни единица постоечката и една парапетна.
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
купив грее хансол од 39990, меѓутоа изгледа во крива паланка нема монтер за грее, ме интересира дали може на овој модел да се монтираат две внатрешни единица постоечката и една парапетна.
Хансол не е Мултисплит единица, за да приклучиш 2 внатрешни ти треба мултисплит мотор кој има за секоја внатрешна влез за течна и гасна страна, или за 2 внатрешни вкупно 4. Хансолот има само 2 конекции за една течна и една гасна...т.е за една внатрешна. А внатрешната Хансол може да се искористи за Мултисплит систем....но сепак треба моторот-надворешната да е друга.
 
Kristina_tina

read-only
6 ноември 2017
2
0
Здраво дечки, ве молам за помош,искуство и совет:)
Што мислите за инвертер Gree Lomo eco ili Haier Tundra од Сетек, за греење на 35м2??
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.818
youtu.be
Дечкии, што би ми препорачале Gree Lomo Eco ili Haier Tundra од Сетек за греење на 35м2?
хехе, не мораш по два пати исто прашање, имај трпение, сега ќе дојдат експертите и ќе ти дадат супер можен одговор.
btw добредојде :)

ping @FLEGMA
Поздрав4е :D
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
хехе, не мораш по два пати исто прашање, имај трпение, сега ќе дојдат експертите и ќе ти дадат супер можен одговор.
btw добредојде :)

ping @FLEGMA
Поздрав4е :D
Имаш непогрешлив њух. Како ги намирисуваш, еве не знам :)
Камо ASL PLS? :d

@Kristina_tina
Gree Lomo Eco
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
Дечкии, што би ми препорачале Gree Lomo Eco ili Haier Tundra од Сетек за греење на 35м2?
решена си за овие две?па да мораш помалото зло?
мора да е од сетек?
35м2 е отворен простор или не?
дали е поткровје?
имаш ли изолација?
на која страна ти е собата?
имаш ли стари ли нови пвц прозори?
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Хансолот со оваа цена може конечно да не спаси од загадувањето оваа зима.

Мислам дека секој кој се грее на нешто друго што не е клима задолжително треба да го купи. Ако ништо друго затруените му комшии треба насилно да го натераат да го купи.
Или комшиите да дадат по иљадарка секој. да му го платат пола инвертерот, како не би се гушеле од неговиот оџак... се зезам! Државата би требало да ги субвенционира климите - топлотните пумпи, а не пелетите .... пример да ги ослободи од данок (еден период) или стави на мал како што е ИТ опремата! Или на секој што ќе пријави да му ја одземат печката на дрва и зациментираат оџакот и му дадат 30% субвенции од цената, а за останатите да речеме 15% (и тоа еден период од год-две или три) ... еве за овој модел на пр. што може да замени ќумба која грее 20-30 квадрати би можел да грее 30-40 квадрати поквалитетно и поевтино... (поевтино се разбира, само ако дрвата не се крадени, или ако стопанот не работи у некое градежно претпријатие па секој ден носи даски за шаловање стар паркет, OSB плоча, водоотпорна шпер за шалување полна со чементо... и со тоа не труе уште повеќе!..... Во случај на субвенции еден ваков лепотан со Sanyo компресор би чинел колку што сега чини Lomo LCLH да речеме .... незнам колку би ја коштало државата еден таков проект.... но едно е сигуро: дека доколку 50-60% од оние што се греат на цврсто, преминат на термални пумпи, тогаш и загадувањето би било барем 30-40% помало (комбинирано со некоја друга мерка во индустријата и сообраќајот и повеќе).... и секако би значело спас на добар дел од оние кои год умираат поради енормно загадување (1000 во СК ...1300 во цела МК).... мое мислење е тоа, еден период ослободување или од царина или од данок на топлотни пумпи од секој вид, до одредена вредност се разбира... само може да добиеме така, не и многу да загубиме.
Јас да речеме би ги субвенционирал и оние кои се на термоакумулациони ТА печки да прејдат на клими! Еве зошто! Да речеме наместо два инвертера во 60-70 квадрати, користат две ТА печки (пример една 6ка во двевна и 4ка што знам каде!? Или два панелни по 2кв)... не говорам за трошок во пари, (иако со клими ке помине поевтино), говорам за потрошени киловати струја! Овој со климите ке потроши од 500-600kW, додека со TA печки ќе оди и од 1,500 до 2000 Кв месечно .... е сега нема многу скапо да помине, бидејки полни на Евтина (3,2 Дена Кв)... ке плати 5-6,000 Денари за греење.... но АЛООО потрошил ко помала фабрика.... 2,000 киловати да трошиш денес за струја месечно е болештина! Еве да прејдеме повеќето на ТА печки ако е исплатливо! Па вака Ќе се урне системот кој и бездруго е на стаклени нозе, а не да прејдат + 20-30% на ТА... башка што 30-тина проценти како држава во грејната сезона увезуваме струја! Излегоа со податок ми се чини за увоз на струја во една деценија трошиме милијарда Евра.... Во Србија (мислам и во Хр) има посебни тарифи за поголеми потрошувачи во домаќинствата, иако како држави имаат струја за извоз!
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Добра идеја е да се намали данокот на топлински пумпи од 18% на 5% како бенефицирана мерка.

Дури и генијална е идејата, во поглед на тоа што е прелесна за имплементирање.

kvEzrBdHQmC6l-zVqdtM9Q.png

Сегашната царинска стапка е 15% и ДДВ 18%, може комотно и двете да одат на 5% ако се реши дека тоа е чекор кој ќе намали загадување. А истовремено да се вратат стапиките за пелети на нормална сума, и да се исклучат субвенциите за пелети. На парапетните треба да има и 4000 денари субвенција како за точациве што даваат.
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Голема благодарност до sumi
Професионалност во секое поле топла препорака да си земете клима од кај него
И монтажерите корекни брзи услужливи БРАВО
 
Зајче

read-only
13 август 2010
10
9
Здраво на сите,
Имам вивакс аери која ќе биде единствен извор на топлина дома. Ме интересира за најмала потрошувачка како да се мести а секако и да бидеме стоплени. Моментално зашто не е многу ладно кога сме дома ја местиме на 22-23 степени и постигнува 24-25 степени, а преку ден кога нема никој ја ставаме на 18степени и одржува температура од 20. Дали е во ред ова?
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.216
Струмица
Здраво на сите,
Имам вивакс аери која ќе биде единствен извор на топлина дома. Ме интересира за најмала потрошувачка како да се мести а секако и да бидеме стоплени. Моментално зашто не е многу ладно кога сме дома ја местиме на 22-23 степени и постигнува 24-25 степени, а преку ден кога нема никој ја ставаме на 18степени и одржува температура од 20. Дали е во ред ова?
Температуриве ти се ок кога надворешната е околу 10-15 целзиуса.
Кога надвор е под 10, мојата АЕРИ ја оставам на 25-27, ако падне до/под нула (имавме во Струмица втората половина сега во Октомври едно 2-3 дена) ја местам на 28 или ја оставам на iFeel на 25-26, а ако ми е пак ладно пуштам fan speed на максимум, оти мојата е во ходник (9 квадрати) над влезна врата и побавно стига до собите. 18ка АЕРИ
Ако е топол денот 10-15 целзиуса, ја вклучуваме кога ќе зајде сонцето и работи до кај 1-2АМ.
Ако утринската е под 10 ја вклучуваме накај 9 сабајле. Кога нема никој дома ја гасиме.
Лани со поларната зима од -20 до -25 немаше смисла да се мачи и моравме пак да ги активираме двете ЦЕР печки, за 2-3 месеци.
Ако имаш пвц столарија насекаде и добра изолација, нема да имаш никаков проблем и со твоите температури, мислам. (ако си во стан немаш мака)
За потрошувачката ич не му бери гајле, да ја оставаш 24/7 да грее на 26-28 степени, нема да платиш повеќе од 1200ден, 1500 преку сила. Просечно ми стига 1000че од климата (греење), така да фурај си ја како тебе ти одговара. :)

ПС. Избегавај да користиш Auto Mode, сервисерите така ми рекоа.
 
Дефинитивно кога ќе паднат надвор температурите ќе ја местиме на минимум 23-24 степени кога нема да бидеме дома. Ајде баш ме интересира месецов колку ќе ни дојде струја се надевам ќе ни се исплати да земеме уште една за цел стан да може да го згрееме да фрлиме тоа панелките :)
Фала на одговорот :)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Ставајте колку што ви треба кога сте дома, 24-25-26 зависи од времето. А кога не сте дома не симнувајте толку, туку само 2 степени од тоа што ви е за седење. Ако се работи за 8ч работа и слично, ако е за повеќе од 24ч да ве нема тогаш 18 е добро.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
^ ^
@Dux
Имам скоро идентична квадратура и градба како твојата, со тоа што кога ќе отворам врата од собата, имам и 8.5 м. квадратни ходник, како и 4.5 м. квадратни купатило.
После информацијата од @kooks (неколку поста погоре) за намалување на цената на Hansol (-20C со Sanyo компресор), овој инвертер станува Best Buy во својата ценовна категорија. Планот ми е да ја купам, со тоа што би ги греел индиректно (со отворена врата) и ходникот и купатилото.
Ти би можел да поминеш и со послаба и помала клима како LOMO LCLH 3.5 или Vivax 3.5 AERI, дури и Haier Tundra би ти завршила работа. Прати му ПП на @sumi
За така мала просторија му препорачуваш Хансол... Не мислиш дека за греење 16м2 е предименсиониран Hansol (-20 Sanyo компресор)... па дури и Lomo 35 LCLH? Во спецификациите за овие два модела пишува дека се наменети за 40м2 и се со издув 750 и 660м3/час... па толку, ќе те одува во 16 квадрати! Дури и со помала брзина да дува 3,5ка ми се чини би работела како ОнОф клима во 16 квадрати ....
За такви простории, а веројатно и затоа постојат се наменети 2,5ки те 09ки (инаку за која намена би биле тие понудени на пазарот?) ...тоа се клими инвертери кои се наменети за простории 15-20 максимум 25 м2.... на пример Тошиба Mirai Ras 10 ...инвертер 2,5ка, кој од 38 е намален на 28К TOSHIBA MIRAI RAS-10BKV-E/RAS-10BAV-E по супер цена од 27.990 ден. би вршел работа те економично греење во просторија од 16м2!?.... И тоа јапонски инвертер склопен во Малезија!
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Ако се има буџет двоен компресор би требало да е подобро.
Особено што хансолот нема голем компресор и добро ќе се снаоѓа во нали соби. И издувот бајаги може да се намали и да не е 750.
Температурата на издув ќе е поголема и попријатна.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Ако се има буџет двоен компресор би требало да е подобро.
Особено што хансолот нема голем компресор и добро ќе се снаоѓа во нали соби. И издувот бајаги може да се намали и да не е 750.
Температурата на издув ќе е поголема и попријатна.
Дали истото би важело и за Ломо LCLH? На еден англиски сајт прочитав за овој модел на ГРЕЕ “Ideal for use in any size room“ што искрено ме збуни! Не мислиш дека се предимензионирани овие два модела особено ЛОМО LCLH за 16м2 еве да речеме како што вели предходниот член и кога би се греел ходникот 6м2?.... И јас сум со таа дилема, но искрено ми е страв од предимензионираност на Ломо (Хансолот ми е вон буџет) да не работи како он-оф и да не дува ѕверски, знаеш у 16 квадрати на 660 па и на помалата брзина 550 каде и да си ќе те одува... А да купиш машина 3,5ка која би дувала како 2,5ка (под 500м3/х) која е поентата?! Постојат и 2,5ки!
 
Последна промена:

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
@Antropos
Друже, ако го прочиташ постот уште еднаш (со малку повеќе внимание), планирам да греам 16 квадрати соба + 8.5 квадрати ходник + 4.5 квадрати купатило. Значи скоро 30 квадрати, куќа без изолација со стара дрвена столарија.

Хансолот (-20 Sanyo компресор), како и Ломо 35 LCLH според сервисното се наменети за простор од 16 - 24 квадрати. Тоа не треба да се разбира здраво за готово, многу фактори се во игра, пред се изолацијата на објектот.

Хансолот е најголемиот Бест Бај оваа година и мислам дека секој што планира да се грее на клима, треба да грабне еден примерок без многу мислење. Има одлична модулација, може да работи и на 120 вати (колку една класична сијалица), а знае да запне машки и во најтешки моменти. Швеѓаните го имаат тестирано и на -33, немам линк во моментов, но се надевам ќе улета некој од колегиве.

Како и да е, јас својот примерок си го платив, денес беше договорена монтажата, но ќе ја откажам поради временскиве услови, а и струјата (каблите) не ги завршив како што планирав...
Во секој случај, ќе пишам импресии, ќе пуштам и некое кадро. :)

За твојот предлог немам коментар. Можеби е добро климичето, но со надворешна единица од цели 21 Кг (може под мишка да ја носиш), и зими како минатата, јас не би се ослонил на неа...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Треба да се пресметаат загубите на просторот, како што сме правеле наназад во темава. Не секој простор е ист.

16 квадрати со несредени прозори и одоздола гаража може да има исти потреби со стан од 45м2 кој е со ПВЦ прозори изолација и станови кои се греат, под и над станот.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
@Antropos
Друже, ако го прочиташ постот уште еднаш (со малку повеќе внимание), планирам да греам 16 квадрати соба + 8.5 квадрати ходник + 4.5 квадрати купатило. Значи скоро 30 квадрати, куќа без изолација со стара дрвена столарија.

Хансолот (-20 Sanyo компресор), како и Ломо 35 LCLH според сервисното се наменети за простор од 16 - 24 квадрати. Тоа не треба да се разбира здраво за готово, многу фактори се во игра, пред се изолацијата на објектот.

Хансолот е најголемиот Бест Бај оваа година и мислам дека секој што планира да се грее на клима, треба да грабне еден примерок без многу мислење. Има одлична модулација, може да работи и на 120 вати (колку една класична сијалица), а знае да запне машки и во најтешки моменти. Швеѓаните го имаат тестирано и на -33, немам линк во моментов, но се надевам ќе улета некој од колегиве.

Како и да е, јас својот примерок си го платив, денес беше договорена монтажата, но ќе ја откажам поради временскиве услови, а и струјата (каблите) не ги завршив како што планирав...
Во секој случај, ќе пишам импресии, ќе пуштам и некое кадро. :)

За твојот предлог немам коментар. Можеби е добро климичето, но со надворешна единица од цели 21 Кг (може под мишка да ја носиш), и зими како минатата, јас не би се ослонил на неа...
Со најголемо внимание прочитано му одговараш на членот Dux, кој прашува за само 16 квадрати (без да спомне ходник и WC) a после ти си ги надополнуваш своите потреби желби и можности (ако не се лажам и бџетот Dux го спомна од 500Евра, а Хансолот е 640)!.... Што се однесува за климичево за под мишка, тоа е димензионирано токму за 15-20-тина квадрати, а не за 30-40 инаку сите јапонци 2,5кв (освен топ моделот на Даикин 09ka Уруру) барем на на нашиов пазар се од 22-25кгр! Моделите на Mitsubishi, или оној топ модел на Fujitsu, што го немаме LUCA звер од клима 09ка која коja кошта 750-800Евра надворешната тежи само 24кгр... Кај Toshiba климите, дури и Mirai 13 (што би било пандан на 3,5ка) тежи исто 22 кила надворешната... Да не правиме споредби во тежина на една Волга која беше двапати потешка од Голф или Тојота, но сепак не беше подобро возило.
Што се однесува до последнава зима, најладната измерена како велат последниве 30 години... но сепак исто статистиката тврди дека од Ноември 2016та до Март 2017та измерени се само 60 часа пониски од -14 или 100 часа пониски од -12... (говорам за Скопјево и за 90% од територијата на МК)... и верувам дека тие -14 се измерени воглавно кога 90% од народот се во кревет (те минимални - утрински т.)... инаку да се потсетиме СК (ПП БТ тука некаде) најладните месеци Декември, просечна дневна +5, просечна минимална -2, а Јануари +5 и -3) а во такву услови, верувај климичево од 22кила би пеело!... а во наредните 20 или 30 години кога пак ќе дојде зима како минатата, сите 60 часа или вкупно пресметано цели 2,5 Дена во комбинација со Тошиба Мираи за 16квадрати, би вклучил панел конвектор од цели 2кв! ;)
И навистина ме интересира 09ките те 2,5ките ако не се за 16м2, за што се наменети?
 
Последна промена:

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Дечки, ми треба предлог за клима ~50к, 5.5KW инвертер. Треба да загрева и лади релативно коцкаста соба од ~50ина квадрати
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно