Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Здраво дечки.

Најпрво најважното, секоја чест на @mdeni , @vlavot , @sumi , @Astraion, @FLEGMA и сите останати кои придонесоа и продолжуваат конструктивно да придонесуваат со своето искуство и знаење на оваа тема.

Лани имав еден краток пост во оваа тема, кој би сакал да го проширам со повеќе детали, со надеж дека некој ќе има корист од истите.
И јас исто како повеќе од вас правев доста детални истражувања по наши/странски страни и форуми, Еуровент споредби, рецензии итн. за да конечно се одлучам за Mitsubishi Electric MSZ-FH35VE.

Повеќе детали:
- Климата се користи како единствено средство за ладење и греење на кујна/трпезарија/дневна од ~35м2 , 2.6 висина (90м3 волумен).
- Станот е на 5-ти од вкупно пет спрата, со тоа што над мене има плоча - 70% од мојот стан е под друг стан-поткровље (не е вселен, не се грее).
Останатите 30% излегува на покрив, кој е изолиран со 10цм стаклена волна, и покрив од дрвена конструкција со штица, терхартија, завршница со пластифициран лим.
- Просторијата излегува само на северна страна, 2 прозорци (4м2, ПВЦ дограма Veka, пет-коморна, двојно термопан стакло), ѕидот е гитер блок 25см, изолиран со 10цм стиропор + демит фасада.
- Остатокот на просторијата е опкружена со други станови, како и остатокот од станот.
- Од Битола сум, каде знае зимските температури да бидат ниски, иако често пати тој факт знае да се преувеличува кога доаѓа во прашање споредба со останатите градови од Македонија.

Климата ја вклучувам во Октомври и останува така до Април.
Кога не сакав да “работи“ само намалував соодветно температура - најчесто ноќе, дури и кога бевме отстутни во викенди.

Зима 2015-та немаше многу јака, но имаше добар период од неколку недели на “незгодна за клими“-зима, т.е. температури на мрзнење + магла + многу висока влажност на воздухот, па си правеше редовно дефрости.

Минатата 2016 пак беше проследена со подолг период на многу ниски температури, но скоро и да не ја видов да прави дефрост.

Досега не сум искористил предноста на неделниот тајмер (scheduler), воглавно заради мрза, а и бидејќи немав некој констатен распоред бидејќи имавме принова првата зима кога се вселивме - што во превод значи грееше 24/7 пошто си буден 70% од ноќта :)))

Знам дека одбирање/одлучување за ваква работа е тежок процес проследено со мал милион број на прашања, па сакав да доловам а со тоа и помогнам што е можно повеќе на оние кои се во слична ситуација.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
И јас мислам дека би одел на Амберот. Нешто поефикасен, и нешто посилен од Хансолот.

@Majestic За тајмер
Стисни SET
Па после стискај на DAYS додека искочат сите денови од неделата
Па после со дугменцата TIME намести 07:00 часот и 25 степени.
Па стисни на 1~4 копчето за да одиш на втор тајмер.
Па со TIME намести на 14:00 часот и со TEMP на 28 степени.
Па со 1~4 на трет тајмер.
Па со TIME намести на 16:00 часот и со TEMP на 25 степени.
Па на 1~4 на четврт тајмер.
Па со TIME намести на 22:00 часот и со TEMP на 26 степени.
И после SET.

И тајмерот е подесен. И со копчето WEEKLY TIMER само палиш ако сакаш сама да работи, или гасиш на офф за да не работи тајмерот.

Толку е целата работа. Ако ти е топло стави на пониски температури. Ама поентата е одма штом дојде ефтина тарифа да крене некој степен за да ја исфорсира климата малку повеќе да грее додека трае ефтианта тарифа. Чисто како малце од малце да си ги искористиш бенефитите што ти ги нуди климата што ја имаш.
 
Последна промена:

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Нарачав Грее Ломо од кај @sumi

Ќе видиме како ќе се покаже. Фала за совети.
Догодина очекувам приклучок на БЕГ па тогаш ќе одлучам дали ќе останам на инвертер или одам на парно.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Абе и ја планирам да идам со Амберот ама ете гуглам ресурси за ефектите на плазма филтриве во климиве пошо тоа ми е едина работа шо ме секира.

Иначе и од мене секоја чест за членовите @mdeni и @sumi кои ептен се информативни и услужливи на темава, а и останатите спомнати од други членови.

Ова е пример за корисна тема со информативни мислења, а не као оние за телефони кај шо се натегаме :))
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Абе и ја планирам да идам со Амберот ама ете гуглам ресурси за ефектите на плазма филтриве во климиве пошо тоа ми е едина работа шо ме секира.

Иначе и од мене секоја чест за членовите @mdeni и @sumi кои ептен се информативни и услужливи на темава, а и останатите спомнати од други членови.

Ова е пример за корисна тема со информативни мислења, а не као оние за телефони кај шо се натегаме :))
Скроз се вади на Амберов:
g357OUy.png

Страна 82: https://kievclimate.com/man/Gree/Amber/Amber 9-12(WIFI) v2017.05.16.pdf

Крај краева, помини до салони/малони речи: „Сакам да го извадите скроз плазма генераторот и во најлонче да ми го дадете, инаку не купувам клима“.

Верувам ќе те услужат или продавачите или монтерите.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Читам повеќе на темава и ова најдов:

У упатството шо го постираше Дени пишува дека сепак има модови за COLD PLAZMA и се наречени HEALTH and SCAVENGER MODE

Screenshot_2.png

HEALTH MODE според ова оптшо упатство шо го најдов јас е уствари баш тоа COLD PLAZMA модулот, и се вклучува и исклучува. Ако нема копче на даљинското за регулирање на овој мод у истиот овој општ фајл пишува дека тогаш е по дифолт вклучен.

Screenshot_3.png

Така шо за AMBER ако е веродостојно упатството од Дени треба да има регулација на овие модови, а само ако нема ондак треба да се исклучи физички ако неќеш да работи цело време.

За SCAVENGER модот не најдов што е и како е реално.

За физичко отстранување, еве ги контакт точките (да, ептен иам OCD коа ќе се зафатам со некоја тема...):

Screenshot_1.png
 

Атачменти

  • Cozy Owners Manual I-Feel Remote.pdf
    2,5 MB · Прегледи: 3
  • ми се допаѓа
Реакции: sumi

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Читам повеќе на темава и ова најдов:

У упатството шо го постираше Дени пишува дека сепак има модови за COLD PLAZMA и се наречени HEALTH and SCAVENGER MODE

Погледнете го атачментот 58588

HEALTH MODE според ова оптшо упатство шо го најдов јас е уствари баш тоа COLD PLAZMA модулот, и се вклучува и исклучува. Ако нема копче на даљинското за регулирање на овој мод у истиот овој општ фајл пишува дека тогаш е по дифолт вклучен.

Погледнете го атачментот 58589

Така шо за AMBER ако е веродостојно упатството од Дени треба да има регулација на овие модови, а само ако нема ондак треба да се исклучи физички ако неќеш да работи цело време.

За SCAVENGER модот не најдов што е и како е реално.

За физичко отстранување, еве ги контакт точките (да, ептен иам OCD коа ќе се зафатам со некоја тема...):

Погледнете го атачментот 58587

Се исклучува на далечинското -проверена работа да не се секираш
 

223-305

read-only
2 август 2017
37
16
Здраво на сите, прв пат пишувам тука, ми треба помош за избор на клима за греење.

Просторот е 30м2, со стара столарија и без надворешна изолација. Климата е за примарно греење. Буџетот е до 600 евра макс, и мора да се земе на рати.

Од тоа што гледав, само во Сетек даваат на рати без камата, ако знаете некое друго место кажете.
Јас ги одвоив овие, мислење за дали се доволни за просторот и изолацијата
PANASONIC CS-KE25TKE/PANASONIC CU-KE25TKE
PANASONIC CS-KE35TKE/PANASONIC CU-KE35TKE
PANASONIC CS-UE12RKE
HITACHI RAS/RAC-K14HCG
Нема никој искуство со конкретниве модели или општо за Панасоник како бренд или за конкретните спецификации? @mdeni @sumi некој друг?

PANASONIC CS-KE25TKE/PANASONIC CU-KE25TKE
PANASONIC CS-KE25TKE/PANASONIC CU-KE25TKE
PANASONIC CS-KE35TKE/PANASONIC CU-KE35TKE
PANASONIC CS-KE35TKE/PANASONIC CU-KE35TKE
PANASONIC CS-UE12RKE
PANASONIC CS-UE12RKE
HITACHI RAS/RAC-K14HCG
HITACHI RAS/RAC-K14HCG
 

moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Здраво
Нова сум тука се зачленив бидејки очајно ми треба некој упатен д ами ги отвори очите и да ми каже што да одберам за греење на 40квардати стан со пвц прозори и феноменална изолација плус од сите страни се грее од околните станови
Гледав модели на вивакс грее ст и за 18ки сите имаат некои цени од да речиме 35,000
Денес прашав за овие климите што ги има во Сетек под назив СТ и 18
ката има цена од 32,000 наводно имале компресор тошиба
Да напоменам друго греење освен инвертер ке нема ,едино као имаме зимо ко ланското ке допуштаме некоја греалка плус
еве ја таа на ст ST TAC-18INV

ако не ја бива таа дај предложите некоја друга до таа приближна некоа сума
Ич не ми се даваат 52,000 ден за панасоник ама ако нема друго чаре ке зеам панасоник
 

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Она што го пишуваме најчесто. Колку пари толку музика.
Ефтино, топло, трајно, квалитетно не одат заедно.

Ако се потрудите да ги расчитате темите не само креирање на профил и поставување прашања, ќе видите дека сите прашања ви се веќе одговорени.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
е се изначитав вчера и денес ама коа не сум упатен аи ен разбирам ништо и уште сто дена да читам исто ке ми биде
а ти ако сакаш можеш да помогниш ако ти е тешко лесно е не мораш
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.818
youtu.be
е се изначитав вчера и денес ама коа не сум упатен аи ен разбирам ништо и уште сто дена да читам исто ке ми биде
а ти ако сакаш можеш да помогниш ако ти е тешко лесно е не мораш
Не е лошо и некоја запирка да употребиш, лесно е!
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Кажете и де.

Зошто 18ка за 40 квадрати ПВЦ и одлична изолација?

Јас би добра 3.5kw во таков простор исклучиво.
 

moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Кажете и де.

Зошто 18ка за 40 квадрати ПВЦ и одлична изолација?

Јас би добра 3.5kw во таков простор исклучиво.
Ти благодарам за одвоеното време за да ми одговориш
18ка сакам од причина што тие 40квадрати не се една просторија него дневна со предсобје мало и мн мала сална од некои 5квадрати
Моментално имам 12ка дома за тој простор ама не е инвертер ,но овој простор таа 12 ка убаво го лади и загрева
Да земам Панасоник 12ка ке не биде ли?или панасоник18ка?вивакс аери18ка?
Ако не ти е тешко предложи ми нешто ти ако овие од погоре не биваат
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Вака е генералниот консензус за избор на клими. Го имаш и поназад.

Буџет:
20000 денари - Грее Ломо Еко12
30000 денари - Грее Ломо ЛЦЛХ12 / Вивакс АЕРИ12
40000 денари - Грее Парапетна12 / Вивакс АЕРИ18

Дупли компресори или понапредни клими.
50000 денари - Грее Амбер Новиов 12 / Грее Хансол 12
60000 денари - Мицубиши FH35VE
100000 денари - Панасоник VE12SKE
150000 денари - Даикин Уруру Сарара

Овие се 3.5KW климите кои треба да ги погледнеш согласно цената. Овие се најзборувани и нудат грубо највеќе во тој опсег на цени. Значи ако се бара поголема моќ на греење јас би одел на подобра 3.5KW клима, а не на полоша 5.5KW клима. Што е поентата? Поентата е што моќноста е зависна од две работи: Температура на загревање и количество на воздух.
Значи треба да се види што е поентата на таа клима која ти е потребна.

Ќе дадам еден груб пример. Еве вака:
Една клима која вади 40 степени издув, со 1100м3 проток на воздух, дава подеднакво исто топлина (киловати) во просторот како и клима која вади 58 степени на издув со 650м3 проток на воздух.
Ама во која ќе ти е поубаво да седиш? Поготово ако е мала соба? Значи важно е издувот на климата да е многу топол, а протокот да не е преголем.
Ефтините клими нудат огромен протох со млака температура, а напредните клими нудат повисока температура на издув и послаб проток.
ΔT1*V1=ΔT2*V2
Кај големи простории тој голем издув на 5.5KW ќе има логика затоа што во 60м3 салон треба да дува силно за да стигне до другата страна на салонот. А не да е топло само на едната страна. Но во станови тоа често е гласно и ретко се користат максималните брзини на климите. Ако инвертер од типот на Панасоник VE12SKE 3.5KW е оставен да работи цел ден на 25 степени нема да има никаков проблем да го загрее станот кој е со ПВЦ и со соодветна изолација. Нема ни да го осетиш дека работи. Секако ако вратите се отворени ширум.

Јас би рекол дека треба да се оди на добра 3.5KW клима во твојот случај. Зошто обично грееме 60-80m2 со такви клими ако се ставени во ПВЦ со изолација. А штом неинвертер ти вршела работа, не гледам проблем инвертерот да неможе да се снајде.

Тоа е моето мислење. Секој со своето нели.
 

z_u_l_u

read-only
30 септември 2017
10
10
Здраво,
барам совет од познавачите. Станува збор за греење на стан од 66м2 на 6ти кат од 7. Просторот каде што би била внатрешната единица односно дневната е споена со трпезарија, кујна и претсобје со некој краток ѕид меѓу ходникот и трпезаријата. Од дневната преку врата се влегува во друг ходник кој води до две спални соби и еден тоалет. Делот од дневната, трпезарија, кујна и предсобје е 37м2, спалните 12м2 и 9м2, ходникот 3м2 и тоалетот 5м2. Зградата е во Ново Лисиче и е на Г.П. Илинден од 1992 год. Станот е со исклучено парно греење, но цевките од 6 вертикали поминуваат низ истиот. Ориентација северо-исток. Буџетот за инвертер би бил некои 60 000 ден. Она што досега ми го понудија е следното од најскапо до најевтино:

1. Daikin FTXB50C/RXB50C (на попуст моментално од 58 900 на 53 000 ден.)
2. Gree Amber Nordic (новиот) GWH12YD-S6DBA2A (49 990 ден.)
3. Gree Lomo GWH18QD-K3DNB4G (49 990 ден.)
4. Gree Hansol GWH12TB-S3DBA2E ( на попуст од 49 990 на 43 000ден.) и
5. Gree Lomo Eco GWH18QD-K3DNC4E (39 990 ден.)

Вработениот во ГрееМак инсистираше дека новиот модел на Amber иако е 12ка има далеку подобри перформанси од сите останати споменати 18ки па дури и од 18ката на Daikin.

Што би ме советувале, за кој модел да се одлучам или имате некој подобар предлог??

Благодарам.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Бројот 1 даикин смени го со Mitsubishi FH35VE кој е околу 60000 денари.

Новиот Амбер треба да е добар.

Ломо 18ка не ти треба. Само ќе бучи повеќе. И онака спалните нема да може да се рачунаат во квадратурата така да 18ка за 37 квадрати е катастрофа.

Хансол 12 ти е исто океј опција слична на амберот само постара клима.

Ломо еко 18 избриши си од памет одма. Никако.

Опциите што треба да ги видиш се Мицубишито и Амберот нордик. Евентуално и Хансолот ако е поефтин од амберот нордик.

Види си и ПАРАПЕТНИ клими. Околу 40000 се.
 

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
1. Daikin FTXB50C/RXB50C (на попуст моментално од 58 900 на 53 000 ден.)
Според Еуровент Даикин климава која се води како наводна 5,5Ka на -7Ц дава 3,22Kw и едвај 2,58Kw на-14Ц, од ова испаѓа дека овој буџетен модел е "5,5ка" само при ладење a на греење на температура +7C и повисока.
FTXB50.jpg
 
Последна промена:

Darko Veleski

read-only
24 октомври 2016
26
19
Пред некое вереме барав мислење за haier tundra inverteri но тие отпаднаа од листата :), можи сум малку досаден но сега ми треба ваше мислење за овие 2 модели кој е подобар.Позз.
Mitsubishi SRK35ZMP-S 43000den
Mitsubishi MSZ-SF35VE 41000den
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно