Во однос на мрзнење на водата во цревцето, при монтажата истото прашање му го поставив на монтерот на што добив одговор дека во случај да станува збор за долго црево сосем извесно е да дојде до мрзнење на минусни температури, но во случајов станува збор за црево од не повеќе од 30тина сантиметри со што шансата за мрзнење е минимизирана или отстранета.@mdeni, останати уки дечки - кое е вашето мислење во врска со инсталирање одводно црево на надворешната единица (како на сликата погоре).
Очекувано е то дека функционално и естетски е дефинитивно подобро - бидејки во зима, водата ќе се собира на во “тацната“ на единицата и слева низ цревото, нема да ти се слева и замрзнува цел балкон (особено ако го користиш и во зима).
Но што е во оние услови кога е многу влажно и ладно (< 0С температури, климата прави чести и обемни дефрости - кога постои шанса да и самото црево замрзни, а со тоа и целата надворешна единица?
Нели е подобро да (барем во најладните зимски месеци) таквото црево се отстрани за да водата од дефросите просто се слева надолу, за да се избегни ситуацијата од погоре?
Во секој случај на минусни температури ќе пратам како ќе се покаже во пракса.