Здраво дечки.
Најпрво најважното, секоја чест на @mdeni , @vlavot , @sumi , @Astraion, @FLEGMA и сите останати кои придонесоа и продолжуваат конструктивно да придонесуваат со своето искуство и знаење на оваа тема.
Лани имав еден краток пост во оваа тема, кој би сакал да го проширам со повеќе детали, со надеж дека некој ќе има корист од истите.
И јас исто како повеќе од вас правев доста детални истражувања по наши/странски страни и форуми, Еуровент споредби, рецензии итн. за да конечно се одлучам за Mitsubishi Electric MSZ-FH35VE.
Повеќе детали:
- Климата се користи како единствено средство за ладење и греење на кујна/трпезарија/дневна од ~35м2 , 2.6 висина (90м3 волумен).
- Станот е на 5-ти од вкупно пет спрата, со тоа што над мене има плоча - 70% од мојот стан е под друг стан-поткровље (не е вселен, не се грее).
Останатите 30% излегува на покрив, кој е изолиран со 10цм стаклена волна, и покрив од дрвена конструкција со штица, терхартија, завршница со пластифициран лим.
- Просторијата излегува само на северна страна, 2 прозорци (4м2, ПВЦ дограма Veka, пет-коморна, двојно термопан стакло), ѕидот е гитер блок 25см, изолиран со 10цм стиропор + демит фасада.
- Остатокот на просторијата е опкружена со други станови, како и остатокот од станот.
- Од Битола сум, каде знае зимските температури да бидат ниски, иако често пати тој факт знае да се преувеличува кога доаѓа во прашање споредба со останатите градови од Македонија.
Климата ја вклучувам во Октомври и останува така до Април.
Кога не сакав да “работи“ само намалував соодветно температура - најчесто ноќе, дури и кога бевме отстутни во викенди.
Зима 2015-та немаше многу јака, но имаше добар период од неколку недели на “незгодна за клими“-зима, т.е. температури на мрзнење + магла + многу висока влажност на воздухот, па си правеше редовно дефрости.
Минатата 2016 пак беше проследена со подолг период на многу ниски температури, но скоро и да не ја видов да прави дефрост.
Досега не сум искористил предноста на неделниот тајмер (scheduler), воглавно заради мрза, а и бидејќи немав некој констатен распоред бидејќи имавме принова првата зима кога се вселивме - што во превод значи грееше 24/7 пошто си буден 70% од ноќта
))
Знам дека одбирање/одлучување за ваква работа е тежок процес проследено со мал милион број на прашања, па сакав да доловам а со тоа и помогнам што е можно повеќе на оние кои се во слична ситуација.