Не барај една клима од ходник да грее две соби, кој и да ти даде таков совет те лаже.Здраво,
Мислење од ваша страна за инвертер клима што би го греела прикачениот простор: ходник и две соби, одбележани како 1 и 2 , а која е и веројатноста да се грее просторија 3 ? Просторот означен со греалка е вц и би се греел со греалка. Погледнете го атачментот 97686Се работи за спрат, поткровје, 2,20 висина и фасада на надворешни ѕидови од 5 см изолација со стиропол и нови пвц прозори. Единствено место за климата е над врата во ходник и е нацртано и означено со Клима 5,5 kw.
Земи си за секоја соба посебна клима ако сакаш да имаш греење.
Мислењето е автоматски споено:
Иди до Електромеханика, ќе ти дадат супер решение.Почитувани, би ве замолил за помош околу избор на клими за овој мој спрат. Имено се работи за спрат (втори) од стара кука. Од долу на први спрат се грее само третина од мојата дневна соба и кујната повремено. Над мене има плоча и има подкровје, кое е затворено но не е изолирано.
Ставена е ПВЦ столарија, нема надворешна изолација, сите зидови и надворешни и внатрешни се од старата проста (полна) тула (25-30 цм). Висината на спратот е 265 цм, а димензиите на собите се дадени на сликата.
Четири члено семејство треба да се грее на спратот, дневната и детската цел ден, а спалната само за спиење.
Досега (и сеуште) се грееме - дневна со клима 12 - неинвертер (колку што дозволуваат температурите) и главно на дрва, во детската со термо печка 2 или 2,5 kW e, а спалната ја грееме со улјен радијатор само навечер за спиење....
Идејата ми е за дневната да земам 18-ка инвертер, за детската 9-ка или 12-ка инвертер, а досегашната стара 12-ка неинвертер да ја ставам во спалната, а термо печката и радијаторот да бидат во приправност каде биде потребно да догреваат ...
Што мислите за идеата и за димензионирањето на климите према просториите ??? 18-ка за дневната од 36 квадрати и 9-ка или 12-ка за детската од 13-14 квадрати ???
Буџетот е скромен, за двете клими би одвоил максимум 65000 (без монтажи)...
Па би ве замолил уште еднаш према горе опишаното да ми предложите клими кои би одговарале на моите потреби, а сепак да се уклапаат во буџетот... (да напоменам дека се работи за Струмица, релативно потопло поднебје)... Однапред ви благодарам.