• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,264
14,038
Туку @FLEGMA да не знаеш да се подесува пристапот до мобилната HomeAssistant апликација од надвор преку мобилен интернет.... моментално само на LAN ми работи.
The most common approach is to set up port forwarding (for any port) from your router to port 8123 on the computer that is hosting Home Assistant. General instructions on how to do this can be found by searching <router model> port forwarding instructions. You can use any free port on your router and forward that to port 8123.
Цел туториал овде

Или вака
View: https://www.youtube.com/watch?v=fNzngoXfxzw

Или ако ти се даваат пари преку клауд (Nabu Casa) 5$ месечно.
Имаш 30 дена трајал
:портот/config/cloud/register

Или пак, примитивно ама функционира, да ја следиш метриката со тоа што ќе направиш одреден графикон од Grafana паблик

Share [името на панелот] > Snapshot > подеси Expire на колку сакаш > Timeout (дифолт е 4 секунди, стави на 10 ако сакаш) > Publish to snapshot.raintank.io
Почекај да се генерира линк и тоа е тоа.

Сега графиконите се јавно достапни (за тие што имаат линк)
Затоа и ти викам да им споделиш графикон на она билмезине од жутиот форум. Нека гледаат и нека си ја траскаат главата.
Ќе им снимам видеа. Шо ги е*ам!
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
110
154
@FLEGMA за со порт форвардинг ќе се снајдам... ама ќе морам па со браузер да го гледам на телефон...
Јас ова другово со клаудов го барав за преку апликацијата од мобилен, ама не ми се плаќа претплата за глупости :(
 
9 октомври 2017
12
0
Zdravo da prasam imam klima Toshiba suzumi ras-16ka so twin 13cm3 r410 ovie dve nedeli nikako da zgree poveke od 23stepeni bilo kako i da ja pustam dali auto ili vo 3ta ili 4ta manual zo zadadeni 28stepeni.Izduv pravi od 50 do 56 stepeni no nema sila na izduv kako na pola od toa sto bilo lani, hi power ne mi raboti so ista mok kako porano i sum pravel temperaturi kolku ke si posakam bez razlika kooku e ladno nadvor. Klimata redovno e cistena, freonot e proveren, stavena e na heat na greenje, stanuva zbor za 30 kvadrati prostor.
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
161
113

Чудно...а сепак да не имаш проблем со фреонот?

(Јас имам многу помала сузуми, 10ка е, а исто така околу 30квадрати греам - има изолација, ама мака нема за постигнување температура...)

Испратено од телефоно.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,264
14,038
Izduv pravi od 50 do 56 stepeni no nema sila na izduv
Добар е издувот. R410 може (во теорија) да даде 70 степени. Ти добиваш 60 што во пракса значи дека фреонот и испарителот се на 70-ина.

Да го провериш внатрешниот вентилатор дали врти слободно, без тешкотии.
Ова на изгасната клима, од штекер, отвори ја клапната (нежно!) и пробај со рака да го завртиш.
Потоа вклучи ја во штекер за да се "калибрира" клапната во затворена положба па дури потоа вклучи на даљинско.

Иначе тоа лани не беше зима.
Утрово во Прилеп беше - 15. Минативе 4 дена не се крена над - 5
 
9 октомври 2017
12
0
Чудно...а сепак да не имаш проблем со фреонот?

(Јас имам многу помала сузуми, 10ка е, а исто така околу 30квадрати греам - има изолација, ама мака нема за постигнување температура...)

Испратено од телефоно.
provereno od ,,majstor'' za freon i kaza deka e ok isto i za turbinata kao dobra bila i kreva ramenja, iscistena e isperena a cetiri godini nemase gajle kolku sakam tolku temperatura mi pravi i na duvanje mnogu mokna bese sega e napola od toa
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,900
3,610
Утрово во 8ч во кола беше -6 степени. Далеку од оние -15 што ги има по сите прогнози.
 
Nethervor

Gaining Experience
19 јули 2013
133
186
Гевгелија во кола 0 степени, за разлика од -6 според прогнозите во 7:30ч.

Влажност ниска, климите си фучат, друго ништо не ме занима :)
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
161
113
provereno od ,,majstor'' za freon i kaza deka e ok isto i za turbinata kao dobra bila i kreva ramenja, iscistena e isperena a cetiri godini nemase gajle kolku sakam tolku temperatura mi pravi i na duvanje mnogu mokna bese sega e napola od toa
Па во меѓувреме да не ти се случило нешто со изолацијата, вратите/џамојте да не ти се искривиле/собрале(од ладното), па ти бега топлината?

Испратено од телефоно.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,264
14,038
Термистор од VIVAX пријавува -13, термистор од Mitsubishi пријавува -15, Gismeteo пријавува -15, екстерен термометар пријавува -13, графикони за потрошувачка во HASSIO кажуваат скок во тие периоди ама релевантен е сензор од автомобил сместен во преден браник.
Во 08:00
На сонце
 
alkibijad01

Gaining Experience
8 октомври 2016
222
181
Термистор од VIVAX пријавува -13, термистор од Mitsubishi пријавува -15, Gismeteo пријавува -15, екстерен термометар пријавува -13, графикони за потрошувачка во HASSIO кажуваат скок во тие периоди ама релевантен е сензор од автомобил сместен во преден браник.
Во 08:00
На сонце
Го утна најважниот збор - Гевгелија.
 
CeeTour

Gaining Experience
18 септември 2014
125
138
Skopje
Утрово во 8ч во кола беше -6 степени. Далеку од оние -15 што ги има по сите прогнози.

Не знам другар од која населба си, ама во Аеродром во 07:00 сабајле покажуваше -13, исто така во кола.
 
9 октомври 2017
12
0
Па во меѓувреме да не ти се случило нешто со изолацијата, вратите/џамојте да не ти се искривиле/собрале(од ладното), па ти бега топлината?

Испратено од телефоно.
Vo meguvreme samo kondurite mi se skinaa
Мислењето е автоматски споено:

Добар е издувот. R410 може (во теорија) да даде 70 степени. Ти добиваш 60 што во пракса значи дека фреонот и испарителот се на 70-ина.

Да го провериш внатрешниот вентилатор дали врти слободно, без тешкотии.
Ова на изгасната клима, од штекер, отвори ја клапната (нежно!) и пробај со рака да го завртиш.
Потоа вклучи ја во штекер за да се "калибрира" клапната во затворена положба па дури потоа вклучи на даљинско.

Иначе тоа лани не беше зима.
Утрово во Прилеп беше - 15. Минативе 4 дена не се крена над - 5
Vnatresniot ventilator se pridvizuva so duvanje kon nego, bidejki ne mozam so raka da go dokacam (zavrtam) sto znaci se vrti slobodno bez teskotii. Mozno li e saketo da e zapuseno od ne profi cistenje a e cistena dvapati ovaa godina ili nekoj problem so nadvoresna edinica ili nekoj senzor
 
Последна промена:

petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
161
113
Vo meguvreme samo kondurite mi se skinaa
Мислењето е автоматски споено:

Vnatresniot ventilator se pridvizuva so duvanje kon nego, bidejki ne mozam so raka da go dokacam (zavrtam) sto znaci se vrti slobodno bez teskotii. Mozno li e saketo da e zapuseno od ne profi cistenje a e cistena dvapati ovaa godina ili nekoj problem so nadvoresna edinica ili nekoj senzor
Малце да не си претерал со чистење?
(Два пати годишно?
Арен си?)

Испратено од телефоно.
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
161
113
Незнам пријателе, ама мене така ми звучи.
(Кај мене четврта сезона му е зимава, уште не е чистено ништо, освен што повремено филтрите за прашина ги замивам со тушо...)

Испратено од телефоно.
 
Nethervor

Gaining Experience
19 јули 2013
133
186
Јас кога го викав монтерот да ми ги чисти двете после првата зима будала ме направи.
Еве сега поминува третата сезона, ќе го барам кога ќе потстопли да видам шо ќе каже.
За филтри не правиме муабет, тоа е редовно. Еднаш јас со четки за фарбање нежно ги поминав перките, добра прашина истресе.
 
Alekso1980

Intern
23 декември 2019
3
1
Zdravo da prasam imam klima Toshiba suzumi ras-16ka so twin 13cm3 r410 ovie dve nedeli nikako da zgree poveke od 23stepeni bilo kako i da ja pustam dali auto ili vo 3ta ili 4ta manual zo zadadeni 28stepeni.Izduv pravi od 50 do 56 stepeni no nema sila na izduv kako na pola od toa sto bilo lani, hi power ne mi raboti so ista mok kako porano i sum pravel temperaturi kolku ke si posakam bez razlika kooku e ladno nadvor. Klimata redovno e cistena, freonot e proveren, stavena e na heat na greenje, stanuva zbor za 30 kvadrati prostor.
Zdr Imenjak so ista klima gream 40 m2 izolirani bez problem odrzuva 25 stepeni i na minusnive temperaturi ,no najgolem problem imam koga e vlazno i maglovito od cesti diftosti oscilira t no toa e retko .
Bitno koga e ladno navecer minusni t ne ja namaluvaj t neka odrzuva ista t.
 
smeli

Intern
12 октомври 2010
2
0
Почитувани, би ве замолил за помош околу избор на клими за овој мој спрат. Имено се работи за спрат (втори) од стара кука. Од долу на први спрат се грее само третина од мојата дневна соба и кујната повремено. Над мене има плоча и има подкровје, кое е затворено но не е изолирано.

Ставена е ПВЦ столарија, нема надворешна изолација, сите зидови и надворешни и внатрешни се од старата проста (полна) тула (25-30 цм). Висината на спратот е 265 цм, а димензиите на собите се дадени на сликата.

Четири члено семејство треба да се грее на спратот, дневната и детската цел ден, а спалната само за спиење.

Досега (и сеуште) се грееме - дневна со клима 12 - неинвертер (колку што дозволуваат температурите) и главно на дрва, во детската со термо печка 2 или 2,5 kW e, а спалната ја грееме со улјен радијатор само навечер за спиење....

Идејата ми е за дневната да земам 18-ка инвертер, за детската 9-ка или 12-ка инвертер, а досегашната стара 12-ка неинвертер да ја ставам во спалната, а термо печката и радијаторот да бидат во приправност каде биде потребно да догреваат ...

Што мислите за идеата и за димензионирањето на климите према просториите ??? 18-ка за дневната од 36 квадрати и 9-ка или 12-ка за детската од 13-14 квадрати ???

Буџетот е скромен, за двете клими би одвоил максимум 65000 (без монтажи)...

Па би ве замолил уште еднаш према горе опишаното да ми предложите клими кои би одговарале на моите потреби, а сепак да се уклапаат во буџетот... (да напоменам дека се работи за Струмица, релативно потопло поднебје)... Однапред ви благодарам.
 
Атачменти

Chovek1

Intern
19 октомври 2019
3
0
Здраво,
Мислење од ваша страна за инвертер клима што би го греела прикачениот простор: ходник и две соби, одбележани како 1 и 2 , а која е и веројатноста да се грее просторија 3 ? Просторот означен со греалка е вц и би се греел со греалка. 6033B34D-75E7-4D9B-9A63-AE2B27731DD1.jpeg Се работи за спрат, поткровје, 2,20 висина и фасада на надворешни ѕидови од 5 см изолација со стиропол и нови пвц прозори. Единствено место за климата е над врата во ходник и е нацртано и означено со Клима 5,5 kw.
 
Chovek1

Intern
19 октомври 2019
3
0
Знам дека не е најсоодветно место, но може ли инфо и цена од каде ги купувате мерачите за потрошувачка? Може и пп. Фала
 
alfred

Intern
2 декември 2019
12
7
Здраво,
Мислење од ваша страна за инвертер клима што би го греела прикачениот простор: ходник и две соби, одбележани како 1 и 2 , а која е и веројатноста да се грее просторија 3 ? Просторот означен со греалка е вц и би се греел со греалка. Погледнете го атачментот 97686Се работи за спрат, поткровје, 2,20 висина и фасада на надворешни ѕидови од 5 см изолација со стиропол и нови пвц прозори. Единствено место за климата е над врата во ходник и е нацртано и означено со Клима 5,5 kw.
Ходникот и вц - то ќе ти бидат најтопли и соба 1 и соба 2 ќе ги грее, соба 3 ќе пробаш ќе видиш колку ќе ја грее, ама ќе си ставиш јапонска клима, за да може цело време да дува, да не гаси често, за да се тоа ти се грее константно. Оди со дајкин околу 60000 и кусур е 5 ка, или со некоја друга јапонска, зависи колку ти е буџет.
Мислењето е автоматски споено:

Почитувани, би ве замолил за помош околу избор на клими за овој мој спрат. Имено се работи за спрат (втори) од стара кука. Од долу на први спрат се грее само третина од мојата дневна соба и кујната повремено. Над мене има плоча и има подкровје, кое е затворено но не е изолирано.

Ставена е ПВЦ столарија, нема надворешна изолација, сите зидови и надворешни и внатрешни се од старата проста (полна) тула (25-30 цм). Висината на спратот е 265 цм, а димензиите на собите се дадени на сликата.

Четири члено семејство треба да се грее на спратот, дневната и детската цел ден, а спалната само за спиење.

Досега (и сеуште) се грееме - дневна со клима 12 - неинвертер (колку што дозволуваат температурите) и главно на дрва, во детската со термо печка 2 или 2,5 kW e, а спалната ја грееме со улјен радијатор само навечер за спиење....

Идејата ми е за дневната да земам 18-ка инвертер, за детската 9-ка или 12-ка инвертер, а досегашната стара 12-ка неинвертер да ја ставам во спалната, а термо печката и радијаторот да бидат во приправност каде биде потребно да догреваат ...

Што мислите за идеата и за димензионирањето на климите према просториите ??? 18-ка за дневната од 36 квадрати и 9-ка или 12-ка за детската од 13-14 квадрати ???

Буџетот е скромен, за двете клими би одвоил максимум 65000 (без монтажи)...

Па би ве замолил уште еднаш према горе опишаното да ми предложите клими кои би одговарале на моите потреби, а сепак да се уклапаат во буџетот... (да напоменам дека се работи за Струмица, релативно потопло поднебје)... Однапред ви благодарам.
Спрема буџетот, излегува како најдобар избор вивакс аери модел, една 9ка 25000 и една 18ка 40000 ден. И хаиер тундрата е тука некаде излегува со цената(од клими мк се земени цените), ама виаксов го дава како појак на греење и доста фален е тој модел, нека кажат и другите поискусни мислење. За двете може и попуст да обезбедиш ако ги зимаш заедно.
 
Последна промена:

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,048
4,310
SK
Знам дека не е најсоодветно место, но може ли инфо и цена од каде ги купувате мерачите за потрошувачка? Може и пп. Фала
Да таму каде што праша не е соодветно место за прашување - како што впрочем ЈАСНО е објаснето на почетокот на таа тема таму.

Те цитирам овде, за да може да ти се одговори без да се оди во офтопик таму на таа тема: Мерачи побарај во продавниците како Анхоч, Сетек, може да има и во Меркур и други слични продавници. Исто така може да се нарача и од Алиекспрес, Ибеј, итн.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,128
Мислења
838,954
Членови
29,038
Најнов член
Aspasija42
На врв Дно